Она кога книга не си фатил пред испит и одиш во црква со колегите, за попот да ве благослови да положите!
Моите се таков тип на луѓе што пред сите ги издаваат моите недостатоци,несовршености и пропусти... Од секогаш им велев и тоа што ќе ме пофалите за нешто ме фалите онака ептен тивко и скромно,а за да ми ги истакнете лошите страни први сте,најгласни сте..зошто е тоа така еве незнам А има и такви што се чукаат во гради и викаат дека децата им се нај нај во се,со многу дипломи,со шетања низ светот,со работливост,се најпаметни и најмили се нивните деца. И сега незнам која група е подобра,дали оние што ќе те прекоруваат и ќе те поттикнуваат да си подобра личност,ама пак така на некој начин ќе се осеќаш помалку вредно,или оние што ќе те тапшаат лажно по рамо и ќе ти викаат браво најдобра си и така опуштајќи се ќе потклекнеш оти нели ќе ти се набилда егото
Денов може да го затвориме. Ништо не сум јадена. И така и ќе остане се до 7. Протеинска диета на мени. Не знам дали е мачето или мачето е причина, денов отиде во курац. Сакам да сум без осет, сакам да е мајка ми без осет, сакам некогаш да одбирам само да ги гледам убавините. Периодов не можам да ви објаснам колку многу мачиња им дојдоа на моите дома, сите ги ранат и ги чуваат. Не ги доживуваат како нивни, ама тука се, си живеат надвор. Прежал ми е... ама и катализатор е за да извадам од себе. Се договоривме. Ќе одложиме за пролет. Без примедба и неразбирање, напротив. Многу отворен и среќен, знам колку му значење па не сакав да го погодам. Светот тука е, стои. Можеби и планот за нова година ќе го реализираме. Лани пред нова година бев не многу далеку од Балканов, ама во сосема друга атмосфера и димензија и добив некои глупи вести на километри од дома, па не уживав како што очекував. Чувствувам дека заврши еден долг период и дека следи нешто повеќе. Тука е, допирливо е, ама мора да излезе болкава. Мора... тоа е како е... и се ќе мора да се менува во една прекрасна насока. Помина еден циклус... Понеделник... како да ти кажам, низок старт и ниски удари, јеботе. Направив кафе, списание до мене, Пинтерест на мени... и ништо друго нема да правам до крај на вечерта. Ама баш ништо...
Никој од нас не е среќен – не вистински и не во правата смисла на зборот. И тоа е океј. Среќата не е некоја крајна цел која може да се достигне, среќата не претставува трајна и непроменлива состојба. Среќата, дури и кога ќе ја почувствуваме, е привремено и минливо чувство. И за кратко време, ја снемува исто толку брзо како што и се појавила. Но, и тоа е океј. Ако човек не е среќен, тоа не значи дека по автоматизам е несреќен. Ограничувањата кои ни ги наметнува јазикот, кој ги дефинира зборовите како „среќа“ и „несреќа“, не значи дека треба истите ограничувања да си ги наметнеме и на самите себе при дефинирањето на својата емоционална состојба. Не сме среќни не поради тоа што сме несреќни, туку поради тоа што „среќа“ е премногу ограничен и едноставен збор, наменет да опише нешто бескрајно разновидно и сложено како човечките чувства. Но, сепак имаме избор. Наместо да го поминеме животот во бркање на илузијата наречена „среќа“ и да се чувствуваме неуспешни поради тоа што таа потрага секогаш ќе биде залудна, треба да правиме работи кои не исполнуваат, кои ги сакаме, во кои уживаме. Најчесто, овие работи се напорни за правење – психички или физички, сеедно – и после завршување на некоја од нив, се чувствуваме целосно исцрпено. Но сепак, се чувствуваме убаво. Најдете ги работите кои ве исполнуваат и правете ги – што е можно повеќе и што е можно почесто. Не е битно што, дури не мора ни да ве бива за тоа – битно е да сакате да ги правите. Читајте додека очите не ве заболат, пишувајте додека имате идеи и инспирација, свирете гитара додека прстите не ви отрпнат, водете љубов додека не ве заболи секој мускул во телото. Бидете исполнети и заинтересирани, бидете восхитени, сакајте и бидете сакани, уживајте во животот. Затоа што за ниту една од овие работи не е потребно да бидете среќни. Затоа што е океј човек да не биде „среќен“.
Нема да е првпат да пишувам на форумов понесен од носталгични емоции... впрочем, мнозинството последни мои постови се со слична тематика. Но, разликата е во тоа што до пред некое време, кога и да ме совладаа носталгични чувства, јас правев се' што беше потребно истите да ги отстранам што е можно побргу. А сега, едноставно ги прифаќам како дел од мене и мојата личност. Без нив, јас не би бил јас. А Фемина... моето некогашно дневно катче, сега е местенце кајшто се' уште можам да го споделам она што сакам да го кажам, а да не го слушне никој. Се враќав од посета на моите и поминав покрај фамозното игралиште во Влае. На времето толку преполно, толку мејнстрим, толку центар на збиднувањата во населбата... А денес болно пусто, облеано со прекрасно речиси-зајдисонце кое порано беше знак да оставиме што и да правевме во моментот, да земеме топка, и да трчаме по неа ко улави, се' додека се гледа прст пред око. Таму, на самата барака слепена со игралиштето, со коректор го забележав мојот потпис; напишан пред точно 10 години, октомври 2006. Непипнат, издржувајќи го тестот на изминатава деценија. Како да сум го напишал вчера. И, знаете она кога си помислуваме што би било кога би отишле во иднината и оставиле совети/препораки/белешки за нашиот лик во сегашноста? Епа, кај мене се случи спротивното - се најдов себеси како се споредувам со оној Најти кој пред точно 10 години се потпиша на алуминиумскиот ѕид со коректор, насмеан од-шеска-до-шеска, испотен ко стока, и после штотуку завршено играње фудбал. Заклучокот? После одредени случки и предизвици во нашите животи, трајно губиме една така-речи невиност, и веќе никогаш ништо не е исто. Ја нема таа невиност што ја носев со себе ноќта кога се потпишував со коректор. Некаде е проголтана или прекриена од лузни кои се сметаат за неизоставен дел во нашите животни патешествија - Се губи со првата покриена кирија/сметка. Се губи со првото доцнење плата. Се губи со првата работа што ќе си ја платиме со лично наши пари. Се губи со првото свесно повредување на друга личност за „наше добро“. Се губи со првото одлучно и независно „НЕ“ што ќе им го кажеме на „мама и тато“. Се губи со првото одење во првобитното дома, кога не се осеќаме како дома. Се губи со секој нов роденден на родителите кога се соочуваме со фактот дека полека влегуваат во една посложена фаза од животот кај која крајот е само еден. Се губи со... уште мал милион работи кои несвесно не' соголуваат и прикажуваат во едно различно, ранливо светло. Пред 10 години, јас немав појма дека невиноста, наивноста, и незнаењето за надворешниот (и неретко суров) свет нема да траат вечно. Се осеќав заштитено и сигурно, баш како потписот што и 10 години подоцна стои недопрен на ѕид исполнет со шкртаници, дупки и (не)човечки траги. Оттаму и едно од главните образложенија зошто некогаш, после изминат напорен и тежок ден, за мене нема ништо послатко од тоа во мислите да се вратам во едно подруго, поодминато, и пред се' изгубено невино време.
Најлесно е со поглед да ги пратиш убавите и силни жени, со збор денот да им го матиш. Ама ај стегни се да ги пратиш во животот да те видам....
Druze, od sevo ova so go kaza, samo boldiranoto go pravam. Ne sum ljubitel na citanje I pisuvanje, mozda bi svirela gitara ama nit gitara imam nit pa zelba I prsti za toa, ama pa zatoa muskul ziv ne ostavam xD Sedi pet
Денoв кaтaстрoфa. Се тoчкaм и тoчкaм цел ден и пaк немoжaм дa си ги сoберaм сите oвци.Немoжaм и немa дa мoжaм вo блискa иднинa. Зa гoспoѓa СOВРШЕНА се штo ќе речaм штo ќе нaпрaвaм не чини.МАНЛИВКА еднa.Амa и мoите 5 минутки ќе дoјдaт и ќе трaaт цееел еден живoт. Пoминa денoв.Утре нoв.Ќе си стaнaм рaнo нaутрo,ќе си свaрaм еднo убaвo кaфе и ќе си гo нaпрaвaм денoт пoубaв.
Дојдов во оној период од животот, каде што и да направам, без разлика колку и да се трудам, ништо не зависи од мене . Не дека иде низ брдо, ами тапка во место... Другарки се во врски, едни се верат, други се мажат, трети дечиња си раѓаат...Завршиле факултети, шетале по светов, работат, си живеат живот, а јас не можам работа да си најдам, сум била до Охрид најдалеку, гладна сум али ме мрзи да станам да си зготвам, а смпатијата ме држеше само за рака завчера, иако сме магариња од 20 и кусур години... Ајде ке биде подобро, што е твое ќе си дојде - жими долнава ! Па што е нај трагично, не ни чекам, него се тегнам, пустам, штурам, и пак со прстот у уста ! А некои ќе си ги прчат, абе чаша вода не си зимаат сами, све на изволте им е дадено! И све имаат ! И после правда имало, како па да не ! Него поентава ми е дека најверојатно задно чаре ми остана да си ја шитнам и тоа малку душа што ми остана на Ѓаолот , еве баш сега барав како на Гугл... Ама ја што сум баксуз, ни тоа нема да ми успее оти не ни верувам у него ...Е ајде де!
Update: „Ајде ова уплати сега, па во среда останатото“ Кратка хорор приказна: Сањичка сепак ни денес не успеа да се запише.
Штом падне ноќ ми паѓа мрак пред очи и на душава. Се што сум потиснувала преку ден, се што глумам лудило, сета шминка и маска паѓа во вода и испливува на површина.Ноќите ми се долги како години! Се чувствувам по пусто и од пустина! Не е до мислите, не е ПМС туку овие четири ѕида ме гушат, ми фалат само едни очи за да бидам среќна. Многу ли барам малку љубов и среќа многу ли е?
Акo верувaш, зa 20 секунди зaвршив пред некoј ден нa студентски кaј вaс . И печaт ми удри, зa зaверкa зa пoзнaничкa и све. Јa мислaм дo тебе е, тaa oд студентски бaш финa ми се виде
Ми фали старото Скопје,она Скопје во кое народот беше насмеан и расположен,Скопје кое незнаеше за делби на народи и вери,Скопје во кое владееше љубовта а не омразата,ми фали Скопје без партиски книшки и платени лигуши.Ми фали она Скопје дружба помеѓу мешани нации,абе ми фали БРАТСТВО ЕДИНСТВО.