Која е потребата да го преживуваш минатото? Тие моменти веќе ти се случиле, нивното преживување може само да го расипе впечатокот, ништо повеќе. Затоа пре би искусила нешто ново, навраќање на старото не ме интересира баш. Од друга страна пак, кога ќе излезам и го гледам нафураниов народ сфаќам зошто си го сакам времето поминато дома со маж ми, пред тв, со филмче и грицки, со зафрканции и сè што следи потоа, или да си седам дома задлабочена во некоја книга. Па и да си се собереш со друштвото во домашна атмосфера, сè ми е некако подобро и поинтересно од тоа да држам пијачка во рака во гужва и да пазам да не ме згази некој или да не ми здене некој лакт. Мора да сум остарела.
Еве легам и се чудам,што им стана на луѓево? Дали грешката е во мене што сакам на секого да угодам и да помогнам,или до нив што незнаат да го ценат она што го правиш за нив. Постојано бараат помош,ајде еве ви помагам и што после,чувствувам изневерување од нивна страна со нивните непромислени постапки.Не сакам и не барам сега ордени за благодарност,ама луѓе барем потрудете се да возвратите на тоа со некој убав збор,насмевка,било што,само да се примети дека го цените тоа. Но,не,кога мене ми треба помош нема никој,едно кафе место да ти направат,викаат ај стави кафе да пиеме заедно,а јас утепана од помошта која сум за пружала. И уште еднаш се потврдува она што го мислев.Премногу поврзаност,блискост не треба да има,зошто потоа сите очекувања паѓаат во вода.Потоа ти е криво зошто си дозволил на некого кој не ти е многу битен во животот да те прави будала.Тоа е така,кога безусловно сееш само добрина и љубов,а на крај жнееш само неблагодарност и рамнодушност.И да тогаш душевната болка е голема,ама барем еднаш во животот пресечуваш,се опаметуваш и после тоа не треба да дозволиш никој да те гази,биди дистанциран и почитта ќе е мнооогу поголема. Зборам од искуство,блискоста со небитни луѓе е непотребна,и често знае да ви се одбие од глава.Добра ноќ!
Утрово си станав и си реков: Ај биди среќна ! Што ти фали ? Секогаш нешто ти фали... Колку се залажуваме: само уште ова ми треба и ќе бидам среќна. Само уште ваму да појдам. Само уште ова да купам. Само уште ваму да се вработам. И на желбите им нема крај. Викендов ќе си го поминам празнично, расположено и со некоја добра книга. И вие имајте убав викенд...
Се чувствувам како алкохоличар,секој викенд иста приказна до 5 сабајле страв ме фаќа веќе... Пиеш трета,четврта и уживааааш не се замарш за ништо и забораваш на се... Пријатен викенд и уште еднаш Живели Спојлер јас во виното најдов утеха
Се разбудив прекрасно,со светлината од сонцето што влегува во мојата соба ..се разбудив со енергија,среќа,убавина,топлина .. Многу ме радуваат вакви денови сончеви,само не ми се допаѓа што е ладничко . Појадував додека разгледував каде има нови мислења и прекрасно ми ееее ... Ќе уживам во денот и понатаму,дали со кафе со пријателки или средување или малку цртање ќе видам. Ви посакувам на сите пријатен ден.
Минатата година некако сите се трудеа да ме направат најсреќната невеста што некогаш постоела. Настојуваа да ми го задоволат секој каприц. Татко ми немаше спиено со денови заради работата која од него бара постојано да патува надвор од државата, секој ден. Се сеќавам на таа ноќ, инсистирав да дојде маж ми за да ми помогне да одберам венчаница. не сум суеверна, не ми беше проблем да види како ќе изгледам. Не дојде. Тоа утро се разбудив рано, сонцето уште срамежливо ѕиркаше пред да се издаде над планините. Некое време лежев до маж ми и го гледав. Спиеше мирно. Го погалив по косата и мрзеливо оптегна симпатичен полунасмев низ лицето и малку ги отвори очите. Го бакнав на образот. Му кажав дека гледајќи го како спие на полудневна светлина е најубавото нешто што сум го видела откако постојам. Заминавме и цел ден го поминав во барање на идеалниот фустан. Пробав многу, но ниеден од нив не беше вистинскиот. Во еден бутик за малку што не заплакав, а татко ми сето тоа го истолерира и постојано ми спомнуваше да не го гледам цените. На 8 ми Мај минатата година на патот за дома спиев на задното седиште. За момент почувствував нишање лево и десно и како лебдам над седиштето. За момент ги отворив очите и видов хорор слика од позадината на огромен шлепер и како брзо се движиме кон неа. За момент се беше готово. Мислам дека татко ми заспа зад воланот. Во обид да избегнеме брза и сигурна смрт, сврти лево за ако умреме да умреме пристојно. Мислам дека ако не го направеше тоа, ќе не вадеа со моторна пила на делови. Колата се преврте во длабок ендек неколку пати. Се освестив после некое време кога слушнав викање и паника на непознати луѓе во далечината. Почувствував силен мирис на плин. Мајка ми лежеше со главата раскрварена глава свисната над скршениот прозорец. Крвавото лице на татко ми беше набиено во воланот кој силно го имаше стегнато со крвавите раце. Мирисот стануваше поинтензивен, неподнослив. Се сепнав и ја извлеков ногата од под седиште. Како го направив тоа не прашувајте, незнам ни сама, подоцна ужасно ме болеше. Ја тегнев мајка ми, пробав да ја отворам набиената врата, не успеав, вратата на татко ми беше отворена но не можев да го разбудам. Така застанав кај прозорецот на мајка ми и почнав да плачам. Татко ми непросебно ги отвори очите и инстинктивно излезе надовор со влечење, го запре плинот. Тоа не ја спаси колата, ама не спаси мене и мајка ми. Излеговме токму на време. Еден месец подоцна се омажив. Носев три фустани. Луѓето некогаш имаат поголеми проблеми и радости од обичен фустан.
Јухууууу, не дека сумјав али ипак, конграчулешнс Дрш ракиичка, зашто ништо не правиме ако не прославиме на нашки со ракиичка 'жта и салатича. П.с пижамите ми мирисаат на прекрасен машки парфем...did I miss anything? Не знам од каде, ама не се замислувам дури...лајф ис мистириосли бјутифул. Немам време за ништо неделава, позафатена одамна не сум била, заспивам како бебе во 10ипол ама убаво ми е бе, убаво, не се жалам нит сакам да се жалам. И бегам од луѓе што константно се жалат, плачат, негодуваат, се караат, деновиве, едноставно ми ја црпат енергијата со себечноста и самосожалувањето, за кое немам време ни нерви... Ваков ден заслужува само ваква песна http://youtube.com/watch?v=G-XuW2oEWFs
Конечно убава ноќ помината со другарките. Синоќе, се шетавме четири од нас (една ни фалеше) и од досада ни текна ај да се воземе во лифт како што правевме кога бевме помали И влеговме во зграда што има лифт сите четири, јас стоев до копчињата и ги прашувам до кој спрат ќе одиме и една од другарките претисна на 6ти (најгоре). Тргнува листот две цркаат, една им вика за замолчат, а јас им викам дека има камери (оти знам дека во лифтовите има камери). Гледаме околу лифтот, само огледало, копчиња и една светилка има, од камери ни трага Стигнавме на 6ти и притискам јас на 1ви да се вратеме лифтот не тргнува не работи копчето Една од другарките некако ја отвори вратата, излеговме ајде ќе одиме од 6ти до 1ви пешки, скалите тесни, нема светло и пак назад во лифтот. Претискам јас да одеме на 2ри спрат и пак пискање. Па незнаеаме дали се воземе или застанал лифтот (а тој застанал). Јас - „Дечки вратата не се отвара“, една другарка - „Како бе не се отвара?“, друга - „Да одеме пак на 6ти таму се отвараше“ . Си правеме филмови дека сме заглавени помеѓу некој спрат, јас „Не сакам цел живот да го поминам во лифт со вас“ Па паничење, пискање, тропање (Една од другарките смета дека вратата треба сама да се отворе, јас и другите дека се отвара со лизгање) и влечам јас на лево, па на десно, па ми текна ќе ја бутам и бутам јас и вратата се отвори, сите ме гушкаат, флеш лајт и се симнавме до 1ви. А после како капак ја заебававме другарката што беше со дечкото дека сме заглавени во лифт и да дојде да не ослободе. Божее, толкави магарици не знаат една врата од лифт да отворат
Денес станав малце порано и си велам да не станувам веднаш можеби пак малку ќе дремнам затоа што имам спиено 3-4 часа а обично сум многу нервозна кога сум ненаспана . Па да не си го расипувам денот уште рано од сабајле се повртев уште малку по креветот . Лежејќи така сватив многу работи . Сватив дека секогаш сум се нервирала за безначајни работи . Дека сум се однесувала спрема некои луѓе кои многу ми значат во жовотот многу глупаво , сум ги понижила без да го заслужат тоа . Но има и моменти кога го заслужиле тоа што сум им го сторила . Сфатив дека треба да се грижам сама за себе без да обрнувам повеќе внимание на другите отколку за себе . Исто така сфатив дека на овој свет не треба во никој да се има доверба освен сама во себе . Затоа што секој те повредува на некој начин безразлика дали го сакал тоа или не . Во моето детство сум искусила многу работи кои ми оставиле доживотен белег во мојот живот . Моето семејство не беше онакво какво го посакував . Моите родители не беа онакви какви посакував да бидат . Детството ми беше исполнето со кавги и недоразбирања помеѓу моите. Но никогаш не сум ги осудила заради тоа што ми го сториле во моите рани години и секогаш сум имала разбирање и почит кон нив . Кога и да видев среќно семејство се кршев самата во себе и се прашував зошто и јас неможам да имам среќно семејство како другите мои врснаци . Зошто , каде е проблемот , каде згрешив , па вака да ме казноваат моиѕе родители со нивното однесување ? Но нели велат времето е лек за се . Јас во тоа не верувам . Мислам дека тоа допринесува само да се забораваат работите , да не мислите одреден период на нив но тие работи се во дното на вашата душа . Тие претставуваат живи рани кои чекаат само момент кога да испливаат на површината . Јас се помирив и со тоа . Мислев дека ниту се први ниту се последни моите родители кои ќе се разведат . Па се помирив и со тоа. Но во суштина тоа многу ве боли . Не можете да го заборавите тоа . Секогаш е во вашата потсвест и многу ве боли кога некој тоа ќе ви го плесно во лице . Како вие да сте криви за недоразбирањата помеќу вашите родители . Но и тоа поминува . Полека растеш и почнуваш да сфаќаш одредени работи . И тогаш кога мислиш дека се е завршено , дека можеш да земеш здив и да се ослободиш од проблемите тука е животот кој ќе ти покаже дека ова не е крајот , дека имаш уште многу работи за решавање . Дека мораш да се привикнуваш на сите новонастанати ситуации . Не смееш да се откажеш од ништо и никого . Не смееш да покажеш слабост пред никој затоа што некој тоа само и го чека . Сфатив дека треба да продолжам со мојот живот напред . Со сите мои недостатоци , проблеми , доблести , успеси , маани . Научив да се помирувам со судбината . Да живееам со моето минато , но да не заборавам на сегашоста и иднината . Си ветив сама на себе дека ќе докажам на сите ама баш сите дека можам да поминам през се , и дека ништо не може да ме уништи . Дека еден ден ќе бидам успешна жена која може со се да се справи и дека ќе си ги остварам сите мои соништа . Се научив сите удари од страна на животот да ги поднесам стоејки и си ветив сама на себе дека ништо не може да ме уништи . Од тој момент сонувам и се надевам само за едно , дека ќе сум успешна на сите полиња и дека ќе си ги остварам сите мои желби . И нема да дозволам на никој и ништо да ме скрши во животот . Научив да не го живеам животот од денес за утре и да мислам и се надевам на подобра иднина . Па девојки имајте убав ден и не зборавајте се што ќе дојде ќе помине само треба да бидеме трперливи .
Умот не може да се види, ама сепак постои. Духот исто така не може да се види, но исто така постои. Ни животот не може да се види, но многу добро знаеме дека сме живи.
Сабота плус генералка плус радио е еднакво на совршена комбинација. Океј де, јас не чистам, моите чистат... јас само си се врткам, ги нервирам, ги замарам. Им командам поубаво да чистат, што да чистат. Meњам радио станици. Не е лесно и ова да се прави, ама некој мора и тоа да го прави. Но, не се жалам.
...И да ви кажам искрено ми недостигаат деновите кога сите деца заедно од малото ќе се зберевме и ќе игравме некоја игра.Од најмало до најголемо.А се знае,најмалото јас Криенки,другарување,берење салфети во разни бои ехее какви времиња беа .... Спојлер ете сеуште си чувам некоја салфета Коленото постојано ми страдаше, модрици на него, ама ако не жалам за тоа.Ете така беше, ќе паднеш и ќе ти подаде некој рака за да станеш. .... Само што сега се е поинаку .. Какви бељи сум правела Ама друг пат за тоа, еден доооолг пост, ветувам ** Колку се чувствувам убаво кога ќе помогнам некому. Сакам да гледам насмевки на другите луѓе. На луѓето кои вреди да бидат среќни, зашто знам дека заслужуваат. И тоа навистина заслужуваат. + мило ми е што се оддалечив од негативните луѓе, послободно се чувствувам, не ме гушат веќе нивните мрачни мисли. Пријатен ден на сите
Не ги судете постапките и желбите на тие што те сакаат. Има пример на форумов. Нема точно да кажам кој е. (незнам дали ќе се пронајде тој што го сакал тој пример од форумов, а за примерот од форумов не смеам да кажам) Само, запамтете, највредно нешто на светов е оној кој ве сака!
Понекогаш заборавам како е да бидеш заљубен во пролет изгубен во нечии очи,да љубиш силно,да даруваш и градиш. Под мирисот на липите да пишуваш приказна да врежуваш име нечие,во себе длабоко. Да го отвориш срцето. Да се смееш со пролетта,да танцуваш,како ветрот со цветовите од црешите. Денес не е тој ден. Денес паметам. Денес создавам спомени,крадам насмевки,сакам љубов. Верувам во вечноста. Барам место под липите ,за нас. Mигови,бесценети. Шепни му ги тајните на ветрот. Понекогаш знае и тој,да донесе златен прав.
Категоријата Политика требаше да се затвори на полноќ, не е само предизборен молк за рекламите на ТВ, а гледам и се дозволува и агитирање на овој ден. Толку е сериозен форумов.
Да знаев дека ме очекува толкава болка низ борбата за долгоочекуваното „вселување“ на мојот ум во црпката во черепот, порадо би си останала плава и глупава отколку плава и со болни и потечени непца, воспалени крајници и раззуени уши. Болен е патот кој води до она „умен“, убаво си вика баба ми, да ми е жива и здрава.
Дали навистина тревата е позелена во туѓиот двор? Не знам навистина што се случува со народот,секој ти завидува на ронката радост и парче леб за опстанок и гледа да ти наштети на секој можен начин. Оти не си ја направат среќата сами,со свој труд и љубов,туку ја градат на темелите од туѓата несреќа?До кога со вакви љубомори и бездостоинствени однесувања? Најпрост пример:Колешка со која споделувам прашања веќе две години,дискутирам за се и свашта,ми прикрила новости во врска со колоквиум за да не утнам прашања,а плус пак се бунела за големите поени што сум ги добила на крај Мислам сериозно,на поени за испит да љубомориш? Научи си,добиј си 10че,полесна филозофија нема,не дека нешто значат тие 10ки,ама јас сум си горда на тоа знаење.Ете и тоа сакаат да ми го одземат.Една проста работа како радување на оценка. И на дечко ми да не ми завидуваат? Можеби и на работата? А на убавината,хм? Ова не нарцистички настроено,ама никој не знае со колкава пот и солзи сум се изборила да станам човекот кој сум денес,всушност сеуште се борам и до крај ќе биде така.Ама тоа го правам за моја среќа и градење на мојата личност,а нивната љубомора покажува колку подли,валкани и мизерни личности се длабоко внатре,а тоа не може ни 1 грам ниту пак 5кг шминка да го покрие. ........................................................................................................................ Во контра со мојот мрчаторски пост погоре,СДК дека конечно ми заврши колоквиумската,лакше се дишe Вечерва ќе се журкам до сабајле,ќе пијам,ќе љубам,ќе уживам и ќе лудувам! Знаете зошто? Бидејќи конечно можам да кажам,си заслужив! Бидете ми поздравени http://www.youtube.com/watch?v=nP12lN1F64I
А што се тие ако Господ не им подарил убавина? Што ако тие не можат да научат за 10-ка или пак немаат среќа? Лесно судите, ама не знаете како им е на другите. Кој не сака 10-ка? Ама немаат сите среќа. Кој не сака да е убав? Ама не се сите убави. Има и убави и грди. Што се тие криви ако се грди?
СДК САКАМ ДА ВЕ ИЗВЕСТАМ СИТЕ.... многу е важно..... Во случај да ви стигне порака од непознат број немојте да враќате на пораката.... Пораките најчесто се со следната содржина : -Имам нешто важно да ти кажам -Одма пристигам Јави се многу е важно и сл... Тоа е нова хакерска игра, која доколку одговорите на пораката веднаш вашата сметка станува 15.000 денари..... Немојте случајно да одговорите.... Ова е дознаено од сигурни извори и немојте да изгорите..... ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА, МОЖЕБИ БАШ НА ВАС КЕ ВИ СЕ СЛУЧИ..... БЛАГОДАРАМ
ДА! И на мене вчера ми пристигна порака со текст : Ми треба итно ... бројот беше сосема непознат Среќа мајка ми одма ми кажа дека е вирус нешто и дека ќе ми стигне голема сметка, а и најверојатно праќаат само на тие што се на пост-пејд...внимавајте луѓе да не се изгорите сигурно нема да ви поверуваат и признаат сметката мобилните оператори...