читам, читам. и не ми се верува почнале и мажиштава да се шприцаат во муда Па јас не сум знаела дека имало и ботокс за тестиси(ај културна да бидам),шприцаш ботокс, рамниш и освежуваш, ако се паднати и осушени, ќе станеле без бори, поголеми, посвежи ајајајјајајајааааааааај
Секогаш има избор, Но по било која патека и да тргнеш ако си опкружен со погрешни личности нитуедна не е вистинска и нема начин да стигнеш да пронајдеш среќа, мир и задоволство. Некогаш часовникот само напразно врти и одбројува изгубено време што скапо чини, а не се враќа.
Не знам да сакам лажно. Не знам да глумам пријателтство. Или ми одговара или се повлекувам. Не знам да гушкам силно лажно. Не знам да речам "ми фалиш" на некој што не ми е до него. Не знам да се смеам со сила ако не ми е нешто смешно. Не знам да кажам некому комплименти , немам навика таква, ете реткост, ако од срце ми дојде. Не знам да правам лице, само поздравував да испоштувам. Не знам да издадам некој за тоа да биде во моја корист. Не знам ни емоции да искажам како што треба Има и уште... Многу работи не знам.
Is this the hardest thing i ever have to do,to walk away from u? Mozebi ke sum kriminalec vaka nelegalno ama si ja slusam najomilenata zabraneta muzika!!! Tose♡
Мене човек кога ќе ми згреши после и светот да ми го подари џабе е. Простував многу. Дури и премногу. И трпев. Трпев секакви срања. За сега да станам личност кај која со една направена грешка, личноста која ја направила повеќе не постои. Среќна сум што го имам него и само тој ми е доволен за да можам да живеам.
Сум загледала турска серија Парампарчеа до вчера зборев аман што не ги укинат. Да се разбереме ми се бендисуваат некои џемперчиња, капути на актеркавауште не и го запамтив името на поскромната убавицаи ми се свиѓа стилот на Дилара госпожа на нивоу.
Типови на луѓе што ги има во секој автобус... и градски, и приватни, и по други држави што оди, и по други градови што оди.... 1. Типот што е обесен на телефон. Значи и 5 саати да трае возењето, тој уста не затвора. Таман со еден дозборувал, одма друг му се јавува на телефон. Најбучен е и не ги остава другите да спијат. 2. Типката што прави селфи. Цел пат се слика и објавува слики на инстаграм и фб. Само слушаш звук од камера или гледаш блицеви маваат, па знаеш дека е во близина. Во сите можни седечки пози се слика. Duck face и де легнува по седишта, де станува, де седи искривено.... 3. Старецот што е во погрешен автобус. Гледа лево-десно и се му е непознато. Си се смешка така исплашен и тивко кажува дека го погрешил автобусот. 4. Типот што го преспива цел пат. Таман влегува, одма заспива и цел пат абер нема да се разбуди....Што човек е тој? 5. Двајцата старци што уста не затвораат. Прв пат се гледаат, а се понашаат ко браќа да се. Цел пат едно исто зборуваат, а 98% шансите се едниот да прича на српски језик... 6. Старицата што заборавила да се симне кај што тргнала. Па го моли возачот да и застане по пат, и тој како што е нервозен ја "исфрла" по магистрала по темница... 7. Мајка и мало бебе. Тоа кутрото плаче, не знае кај се наоѓа, а нејзе и е незгодно па го моли да прекине да плаче и ги вади сите играчки од торба. 8. Љубопитниот. Седи одма зад возачот и се го интересира. Колку плата зема возачот, колку пати на ден вози, кои релации ги вози, гледа кој се качува од автобусот, а кој се симнува. Ако зборува некој и тој одма се врти за да слушне што зборуваат 9. Фамилија на возачот И тој седи зад или до возач, и не плаќа карта... 10. Странецот. ДОјден е од Азејберџан, ни знае кај тргнал, ни разбира што му зборуваат, ни знае кај да се смине, ни се разбира во парите.....ништо...си се вози и си збори на негов јазик... п.с. Ако ги преживеам овие месеци без нервен слом, нема да се жалам никогаш во животот за ништо
Кога жената не е најголема амбиција на мажот, кога не е целта на неговите иницијативи, животот не му вреди ни за среќа ни за тага.
СДК дека би одела против цел клет свет, дека мразам авторитет и закон, па рипаме за блискиот и да не е во право
Да се здрави и живи овие од Мој термин,aко не беа тие ќе си го заборавев рингтонот за смс..пошто одамна никој друг не ми пратил смс
Низ животов, сум чувала многу мачки. Но, сите беа диви. Едноставно, кога ќе ги пуштев од дома, повеќе не се прибираа. Иако не смеев ни да ги погалам, сеуште ги ранев. Затоа што нивната среќа беше моето задоволство. По смртта на мојот омилен дифтар Тео, долго време не можев да чувам друго маче. По скоро година, кога ме прашаа што сакам за роденден, реков маче. И така, за мојот роденден се запознав со син ми, мојата најголема љубов, мојата јамболија Нео... Нео не е слеп, туку ќор. Нема 95 % од очите. Но затоа за толку е попаметен, помил и нежен од било кое друго маче кое сум го имала, а гледало. Понекогаш се шегуваме дека не зеза дека не гледа, затоа што за две недели го научи секое ќоше од огромнава куќа. Се крие, трча, се качува по завеси , ми прави заседи и е дежурен ловец на пајаци, комарци и муви во лет. Кога го донесов дома, две недели седеше сам во ќоше, не смеев да го допрам. Бев разочарана затоа што е несреќен, и сакав да го вратам. Додека неколку пати ,, присилно ,, го ловев, за му ги исчистам очите, се зближивме. Сам почна да ми приоѓа, и да ми преде. Од тогаш секоја вечер спиеме заедно. Не е преголема маза - си има лично време, но кога се галиме - тоа е работа која и двајцата сериозно си ја сваќаме, а кога е лош се караме. Многу ме прашаа зашто воопшто сум го зела, што ќе ми е слеп... Многу пати, пред да го земам, се мислев дали ќе бидам способна да се грижам за него, дали ќе биде ,, нормален ,, како и мачка која ќе гледа, како ќе живееме заедно... И сфатив дека не знам...И колку и да размислував, никогаш немаше да дознаам ако не го сторев ова. Сега не жалам, можеби еден ден, ама сега не... Колку и да мислиш и да смислуваш, никогаш не е онака како ќе си замислиш. Во меѓувреме животот си врви, а ти не правиш ништо од страв од полошо, а ни моментално не ти е нешто подобро... Понекогаш, немаш што да изгубиш...Можеш само да добиеш. Во најлош случај, ќе си останеш на тоа што си... Е така е и со луѓето, и со животот...
http://www.femina.mk/новости/животни-стории/видео-бебе-извлечено-живо-од-рушевините-на-бомбардирана-зграда-спасувачот-во-солзи Од членка од тука на фб го видов споделено ,солзи ми потекоа од среќа сепак постои Бог ,тоа мало дете има среќа да биди живо и здраво,нов живот повторно
Едно од најтешките работи што сум ги направила последно беше да се откажам од јадење ајвар, тазе после пржење. "Доволно" беше да пробам со лажица дали е добар, и тоа беше тоа.Ама решив дека ако подклекнувам и си подкаснувам по малце нема да успеам, затоа што ненаситни личности како мене не можат да се задоволат со малку, па затоа подобро воопшто да не конзумирам ништо од забранетото.И нема откажување, уште сеа ако се откажам ќе ми пропадне се.. Имам цел, си зацртав, се жртвувам за тоа. Како и да е, утре на моиве дома ќе им правам трилече(сама во искушение си се ставам ), молете се како за прв пат да испадне добро. Имајте добра ноќ луѓенца , заминав јас биологија да си учам за коски и мускулчиња.
Една од повеќето лаги кои ќе ги слушнеш од луѓето, како тоа ценат искреност пред се, а кога ќе им ја укажеш, тогаш ќе забележиш дека и не било баш така ....
Во автобус денес на радио, пуштаат музика од починатион пејач, „Игри без граници„ - депресија жива станаа луѓето во автобус! Аман више престанете да ги вртите таквите песни на радио, пуштете нешто повесело и инструменталки!!!
Нема никогаш да се борам за нечие внимание. Повеќе сакам да стекнам почит. Ги оставам понападните девојки да заведуваат со својата голотија и површност. Јас ќе си седам настрана. Некој ќе ја забележи мојата вредност. Некој исто толку вреден колку јас.
Зарем сеуште не ме запозна добро?Малце ли време се гледавме за да ме запознаеш?Не сум човек кој би молел во животот знаеш и сама,не дека егото ми е големо едноставно сум таков карактер.Едноставно со убав и културен муабет би можел да ти ги објаснам мојте проблеми и чуства кон тебе,а како ке ме разбереш е само твое.Но едно знај животот не е розев,и животот не е лесен,мораш да се бориш за она што го посакуваш,без пот нема добивка во животот.