Кога ќе дадам ветување на некого,го исполнувам до крај и по секоја цена..ама ветување дадено на себе а да биде исполнето се брои на прсти. Ох,колку иронично нели?!
Цел живот живеам на раб помеѓу - оптимизам и депресија - голема емоционалност и ладнокрвност - лудост и интелигенција - спиритуалност и рационалност - опсесија и љубов
Денес добив совет од пратеник (не бивш пратеник, не измислен, туку сегашен и актуелен пратеник), за да си барам дечко што имал заврешно машински или електро факултет да не сум ги гледала тие фраерите со ауди и ферари туку да сум барала скромен електраш, пошто тој ќе успеел во животот Долга е приказната како се најдов во близина на пратеникот, битно заедно се возевме во неговата службена кола, со неговиот личен шофер Јас идам дома радосна со летање да кажам кој ме донел, а мајка ми ми вика: Па и тие се луѓе.... Да мајко, и тие се луѓе ама баш "секојдневно" и "обично" е да се возиш со пратеник....ми љубомори, знам ѓубриња....после на сите им пишав што ги познавам да се пофалам, и уште овде ми остана И најдобиот пријател и колега на татко ми беше во кола со него, па тој ме повика да влезам, и тој е сведок дека се возев со нив Јас ни на крај памет не знаев дека внатре е и пратеникот, не ни знаев дека тоа е службена кола...не сакам да го именувам ама премногу е фин човек и муабет си правевме како со другар....Постар е човекот, над 50 има...и нема врска што е пратеник, многу убаво си зборуваше и најнормално си се понашаше.Имал син женет и ќерка колку мене.... Па всушност кога дозволил и јас во кола да се качам, каков човек може да биде? Срцка си беше. Баш пред да излезам му ѕвоеше телефонот, крена и рече: Да, шефе....Дали Николче го викаат шефе? Во моја близина се јави Никола? лавче мое.... Цел ден сум расположена и на крај со личен шофер си дојдов дома. Сабајле станав конечно после долго време наспана...болна ама наспана. Не дозволив малата температура, засипнатиот глас (додуша секси звучам вака засипнато ) и растечениот нос, да ми го уништат денот. Уште рано станав и го зграпчив денот ....се разбудив со песната во глава.... Ни сум ја слушала во последно, ни знам кој ја пее (сега видов ) не знам од кај ми дошла во сон, па дури и со неа се разбудив... Сега ми се дофати скрос гласот, ама не се давам...пејам ли пејам....безврска, па мора ли да има повод да се пее?
На цела болка со менструацијата, зедов да размислувам за апсолвентската екскурзија. Во средно не бев на екскурзија-немавме пари. Мислам ако запнев ќе најдеше татко ми, ми рече ќе позејмам ама јас нејќев. Си реков е како да не заради мене во долгови ќе бидиме. Ќе си шетам сама ко ќе пораснам. Да беше пак, пак така ќе одберев. Си се тешев дека на апсолвентска ќе одам. И ете, стигна и то. Пари- пак немам. Земам стипендија ама ни пола не ми ја покрива. А од дома не можат 1000 евра да ми најдат. За овие помалите што се 10,12 дена можам да си соберам пари- и ќе пробам искрено. Живот. Се прашвам дали стално вака ќе биди. Ќе си викаш со надеж, тогаш ќе можам, тогаш ќе напрам и на крај никогаш да не можиш? Сфаќам дека е луксуз за наши стандарди ама објективно кога ќе се размисли шансата е one of a kind. И да шеташ пак на истите места, поинакво е чувството како кога си млад со илјадници студенти, на јаки журки правејќи спомени. Единствено што можам да речам е здравје. И дека ќе се потрудам сама да соберам колку што можам поќе пари за да можам да одам барем на помалите.
Може кога ги отворив очите ова утро го видов небото прошарано со облаци полни со дожд, но тоа не го спречува сонцето да сјае во мојата душа и насмевка да зрачи од моето лице. Може дождот и студот ме натераа да ги стуткам рамената кога чекорам, но не ме спречуваат широко да ги отворам рацете за прегратки. Може мрзоволно го напуштив мојот топол кревет, но мислата која ме освести е дека секогаш можам да бидам благодарна на Бога што и овој ден ме дигна од постела, ми даде да го видам денот, да се радувам, да живеам.
Вчера требаше да земам да прошетам едно бебе на кое количката му беше дома кај мене. Додека идев до кај него дома си ја буткав така празна. Тек сега уствари сфаќам колку морничаво сум изгледала од страна... Имајте убав петок. Ваша М,
Имам една колешка на работа која е на возрас над 50години,значи толку е напорна со нејзината ќерка што ми се смачува да ја слушам,секој ден ни зборува на нас колегите за ќерка и,како она била многу убава(а не е),како она била многу вредна како напорно работела(во банка).Секој ден муабети од типот,какво прслуче носела,какви гакички,градите какви и биле,кога имала добиено кога немала,значи неможам да поверувам какви све родители постојат. Па така да знам секој ден девојчето какво прслуче носи,и какви гакичи,и кога има добиено,и кога нема добиено,ок е у реду е.
Интересна работа е како можеш да бидеш речиси се што ќе посакаш, само треба да си дозволиш да бидеш. Добро, не можеш да си риба, ама се разбираме... Колку седиме заглавени во идентитетот кој сами сме си го препишале или најболното, околината кој ти го препишала, а ти си го прифатил. А не сакаш да си тоа... но си, зошто така околината рекла. Е тоа што околината го рекла и ти си решил некако во некој дел да го прифатиш е најтешкото да го надминеш. Затоа што не е вистина и не можеш да му го најдеш коренот и да го отстраниш. Тоа е обично верување, а додека дојдеш до моментот како почнално пак верувањето...ех.. отишол четвртина век.
Она кога со мерак се договараш и планираш викенд, пакуваш куфер, вадиш карта и стануваш со ненормална болка у грло и затната !!! Како камион да ме згазил! Нема нешто поплупо! Кај сам себе се разочаруваш па и на други кршиш филм . Живи и здрави , ќе има пак...
Сакам да кажам Ми недостасуваат твоите кафени очи, твојот поглед како мала исплашена срна. Ми недостасува твоето играње, твојата палавост, твоето весело потпевнување и смеење до бескрај. Посакувам таква да останеш секогаш. Те сакам и премногу ми недостасуваш. Сакам во овој момент силно да те гушнам и да те милувам, сакам таа прегратка да трае вечно ако не во реален свет барем во моиве мисли од каде што никој нема да те одземе, барем тука те имам само покрај мене. Душиче моја