Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.850
    Допаѓања:
    80.874
    Пол:
    Женски
    за ова имаш пиво од мене :beer: :D
     
    На joy1, Rama, DeepBlue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Abril

    Abril Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Денес јaдев јaдев ли јaдев...
    Знaчи не oстaнa нештo вo кујнa штo не гo прoбaв.Се oсеќaм кaкo шифoњер дa имaм гoлтнaтo.Пoкрaј другoтo,стрaшнo ме нервирa некoј штo ми нaредувa.Кaкo демек "немoј дa мислиш декa ти нaредувaм aмa нaпрaви гo oвa,не прaви гo oвa.":envy:
    Еден ден кoгa ќе ми се oтвoри oвa устaвa..ќе ги oтерaм сите у.....хaјт!
     
    На Crna Dama, zhap4e, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.699
    Пол:
    Женски
    Онаа кога гордоста и инаетот ти се поголеми од желбата за него, ама на крај сепак ги потиснуваш и нив за него.:dance::inlove:
     
    На galapce, Viktorijaaa5, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Денешниот ден да не се повтори никогаш,ќе го запишам како најмалерозен ден!
    Арно рекле по утрото се познава денот,а јас некако станав на лева нога :D
    Уште неосвестена од кревет станав успана цела да средувам низ дома,ко да не беше цел ден пред мене,ок тоа,зедов да ги редам алиштата да се сушат,и насекаде имаше штипки околу мене а јас слепа при очи барав,и ги најдов по 100 саати.
    После си одам до маркет и си купив што треба,ми паднаа 10 денари кога преминував улица и застанав несвесно да ги земам,еј човече ќе загинев за 10 денари,барем да беа повеќе да вредеше.
    После иако не бев во форма ич зедов да ја фарбам снаа ми и отиде по ѓаволите цел паркет дома,изтечија огромни црни дамки а јас доцна видов.
    Си заминав во соба се изнаплачив онака убаво,не знам од каде ми дојде таква река од солзи,ама знам ми дојде подобро..човече колку тежина и солзи лежеле длабоко во мене...
    Ај си реков секое лошо поминува,останува зад нас,утре е нов ден,се ќе биде ок,ама не еве сега мораше да ми се скине и бројаницата од рака,а колку си ја сакав од Манастирот Св Василиј Острошки ми беше подарок од Татко ми ;(
     
    На galapce, Kukla994, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  5. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Уште еден посебен човек ми покажа, дека сум една од најсилните личности.Фала ви што имате доверба во мене.
     
    На elimkd, Summerlover и Rama им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Update vol.2: Се рачунам за запишана веќе, иако процедурата не ми е завршена се уште.
    Епа, бруцош повторно. :)

    ...и друго, позбунета у живот не сум била.
    Дајте рум. :drunk:
     
    На SV1911, IronLady, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Во есен најмногу го сакам мирисот на печена тиква, вкусот на топло какао со цимет, топло огниште, мачињата околу мене, добра книга, филм и силен дожд кој паѓа како солзи од нечија повредена душа и скршено срце.
    Наутро воопшто не ми се излегува од топло ќебенце.
    Денес интересен ден имав, корисен затоа што практикував нешто ново од фактури, биланс на состојба, биланс на успех, банкарски картици, изводи, табели само со бројки и податоци,(facepalm)кога видов што се е пред мене во главата почна да ми се врти рингишпил од бројки. :drunk: Не сакам бројки ама ич:envy::!:ама за поздравување е тој што може секојдневно да се бави со бројки, со такви некои документи, за мене реално чудни и воопшто неинтересни, повеќе сакам сложувалка, логика и динамика наспрема табели, шеми и што ти не.(facepalm):!:
    На сметка ми легна некој денар, ептен ситно и минимално:envy:колку да не биде салдо на нула ама одлучив не ги чепкам парите, дури ќе почнам и да штедам.:!:Ќе си скратам од грицки, чоколади:envy::!: и тие пари во касичка ќе ми одат, заштедата ќе ми биде наменета за есенска и зимска облека. Се надевам новинава ќе ми успее освен ако моиве не ми крадат пари за цигари.:envy::devil:
    Секоја ноќ си легнувам се порано, добриот сон ми влијае на убавината:makeup: и добро расположение.:dance:(poolparty)
    Добра ноќ и имајте сладок сон.:angel:
     
    На cresa-jagoda, galapce, Aleksandar1212 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    На кој сељаци му правиш симфониски настап?
    На кој?
    На која проста нација му спремаш КУЛТУРЕН НАСТАН??? :fubar:
    Битно се пицнале и се наредиле први на Џејмс Бонс симфонијата- а културата за дома си ја оставија.
    Ние бевме 5 души со купени карти означени со бројче- секој со свое седиште.
    Одиме таму на нашите места седнале некои рандом луѓенца.
    Ем со културно му викаш извинете на нашите места сте, ем се лутат како да си му ја отепал цела фамилија и демек налутени се тргаат, ем не се дотргнаја сите.
    И нив му ги фатиле местата.
    Па како е тоа мој проблем бе? На мојата карта пиши ред два седиште 22. Јас на тоа седиште има газот да го ставам и на никое друго. Ама со пичиња луѓе бев демек за да не се караат, од на 5 души двајца на СКАЛИ СЕДЕА! Каде што се качват луѓето. А карти купени и платени од пред време.
    Викнавме една чафка таму вработена да си ги страни- ами шо да му праела таа ајде да сме седнеле негде кај што било. :x(facepalm)
    Имате среќа сељаци едни невоспитани шо бев со дечко ми и со другарите негови па ми беше онака незгодно да ја правам големата. Иначе имаше да си станат од таму и оро да си играт и немаше да седнам на друго седиште дури не му текнеше на тие заспаните да СТАНАТ и тие да одат по скали да клечат оти јас не му сум крива.
    Имбецили. :swear:
    Една па се дереше колку што можи и не можи оти јас ги терав да станват да се преместуваат и на крај испадна дека ВО ПОГРЕШЕН РЕД СЕ.
    Џабе се дотеравте и се начукавте први на отмени настани ко умот ви е село затворено од сите страни.
    -----------------------------------------------

    На страна од нервите шо ми ги створија ваквите створења, настанот беше тоооооооп!
    Многу добар! Со цел оркестар, три врвни пеачки, диригент итн и ми е многу мило што присуствував.
    Голден Ај- ол тајм фејврит! Какво пеење мана жената- чудо.
    Три женски вокали Нина Јанева, Наде Талевска и Ирена Димовска. Божици. Свака част на целиот оркестар тотално уживав во изведбата.

    Следен пат некој кој ќе ми седни на мое место коси ќе летаат. Џаст сејинг.
    Еднаш така стоев во автобус од Битола до Прилеп заради такви психопати. Толку можам да истрпам за овај живот.:rofl:
     
    На Espadrila, oblace1, Someonespecial и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Среќен празник 11 Октомври! :*

     
    На cresa-jagoda, Rama, veteruska и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Во последниве две недели ова ми се случува три пати. Значи бидејќи по природа сум амбициозна и ненормален перфекционист и сакам работите да ги направам совршено, често ми се случува да не можам да си ги завршам сите обврски во текот на денот токму поради тоа што се што правам сакам да го направам совршено добро. И потоа сите обврски или проблеми да ги наречам, што ќе ми останат незавршени или нерешени ми создаваат многу грижи и најчесто ми се случувало да не можам да заспијам поради грижи или пак да немам убав сон. Но последниве две недели ми се случува нешто сосема поинакво, чудно да речам. Си легнувам загрижена за проблемот што го имам и се будам наутро со решение. Знам дека звучи глупаво ама така е. Еве утрово како во сонот да ми дојде идеја како треба да ја завршам обврската што ја имам. |-) :D
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Душата ми спие..
     
    На cresa-jagoda и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.428
    Колку треба само да си злобен, за да ја истепаш 15 годишната ќерка до тој степен да е модра и подуена по цело лице, само затоа што си фатила дечко? Па не само тоа, после и да ја казниш на секаков можен начин...
     
    На SV1911, IronLady, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Dragonfly

    Dragonfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    298
    Се додека се споредуваме со другите не можеме да бидеме вистински среќни. Оваа ужасна навика не прави очајни, неблагодарни, незадоволни и огорчени. Туѓите достигнувања не значат твој неуспех, туѓата убавина ни најмалку не ја намалува твојата. Посакувам порано да го сфатев ова, порано да си дозволев себеси да бидам среќна.
     
    На Mr. Right, cresa-jagoda, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    Како човек кој кога сака ретко се откажува,
    како човек кој чим му влезеш в срце не те пушта така лесно, дури и кога срцето му го направиш ВЦ,
    како човек кој преживеа пустош, за да се роди уште еднаш,
    полош, поладен, побезчуствителен,
    морам да го споделам текстов со вас...

    Зошто некои луѓе се пуштаат со време,
    посебно кога сами сакаат да заминат...


    „Застоени луѓе и алишта не се чуваат“ - Ана Бунтеска
    Има голем марифет во спастрување алишта
    Ете, на есен ги диплиш летните
    Ама полека и со усул
    Да не ги најдиш на лето згужвани
    Та ги ваѓаш зимските
    Ги протресуваш
    Ги ветрееш надвор на студот
    Запеглуваш таму кај шо треба
    И ги редиш во плакарот испрани
    Чисти, ко нови да ти се
    Има голем марифет и во спастрување луѓе
    Да ги одвоиш оние кои радост ти носат
    Да пазиш на нив, да ги чуваш
    Оти и тие се гужваат ко алиштата
    Малку да ги подзаборајш и рана ќе им отвориш
    А потем
    Имаш па и такви кои ги ставаш на страна
    На кои времето за дружба не им е
    Дали тие терсене или ти, сеедно е
    Ама знајш оти се арни луѓе
    Оти лошо не ти мислат
    А и ти за нив само уба мисла имаш
    Ама пусто
    Имаш и такви кои е редно да ги фрлиш
    Ти велам чупе, исто ко со алиштата
    Се смалиле
    Те стегаат
    Неубо на кожата ти прават
    Им минало времето
    И знајш оти појќе за тебе не се
    Тие луѓе да не ги чуваш покрај себе
    Скраја да е да ти дишат во близина
    Оти и ветви алишта кои не ги сакаш појќе
    Ако ги чуваш
    Не ќе се напрај место за нови
    Така е и со луѓето
    Тргни ги оние кои бол ти носат
    Кои гледаат оти до тебе не ги бива
    Ама седат инаетливи
    Абе ко душата со лајче да ти ја сркаат
    И покрај нив убоста твоја ја снемува
    Те оставаат со горчина и тежина
    Луѓе-нелуѓе
    Ете тие без око да ти трепни спастри ги во ќеса
    Од оние црните, големите
    Од оние за смет
    Напикај ги внатре без каење
    Без да ја бараш чоештината во нив
    Оти ако после години не си ја нашла
    Нема никојпат да ја најдиш
    Спастри ги
    И врзи ќесата за да не се премислиш
    Што поскоро фрли ги
    Налет да се
    Таквите не ти требаат
    Ниту место за убај луѓе ќе имаш ако нив ги чуваш
    Ниту себе покрај нив ќе се љубиш
    И памти ми го зборот чупе
    Чувај ги оние кои мелем ти се
    И не се врти кон отровот
    Налет да е, налет да се
    Застоени луѓе и алишта не се чуваат
    Ни за арно ни за лошо
    Ни за венчавка ќе се најдат
    Ниту за погреб ќе завршат работа
    Има, има голем марифет
    Да знајш со време да спастриш алишта и луѓе
    За душата чиста и нескината да ми ти остани
    Чупче мое...пиле
     
    На Espadrila, cresa-jagoda, ♣ Alba Viduam ♣ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Периодов е катастрофален,периодов слушам само како некој починал,вчера пријателче од маало починало,стварно беше добар дечко и културен,ама некогаш сами си нанесуваме болест.

    Пријателе почивај во мир,Господ нека ти даде добро место на небото и нека те чуваат ангелите.
     
    На Crna Dama, Marijana93, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    78.144
    Пол:
    Женски
    Прочитав нешто убаво и мислам дека вреди да го прочита секој. Опис на тоа токму во какво општество живееме. Додека го читав чуствував грутка во грлото, а на крајот солзите сами ми потекоа. Скоро секој од нас има некој што му недостига премногу, а заминал некаде во странство барајќи за себе поубава иднина затоа што во нашата мила Македонија не можел да повеќе да издржи. А оние кои немале можност да заминат остануваат тука и размислуваат како крај со крај да сврзат.

    Секое лице, има своја опачина. Секоја паричка има две страни. Во светот опседнат со најновиот iPhone, модни трендови кои диктираат проѕирни чизмички за оваа сезона, скапи парфеми, луксузни станови опремени со персиски килими, бесни автомобили, рачни часовници колку 12 просечни плати, постои и тој – обичниот човек.
    Не можеме со сигурност да кажеме дека припаѓа на средната класа, бидејќи не сме сигурни дека таа воопшто постои.

    Се претопи со ниската класа и остана да сонува за еден сосема пристоен летен одмор.

    И, во светот во кој сè е црно и бело, така некако излезе да се сите богати или сиромашни.

    Не можете да замижите пред луѓето кои купуваат по 4 јајца, 200 гр. ориз или одат уште половина километар пешки до другата продавница, каде што лебот е поевтин за 5 денари.

    Не е можно да не ги забележувате сите тажни лица, на кои како со длето се изрезбани сите грижи и тегоби.

    Некои ги пополнуваат брчките со ботокс, а други со солзи.

    Како ли ќе ја истерам неделава, како ли ќе го поминам месецот до следната плата?

    А, животот не запира, тој си тече, не те прашува дали си подготвен за нов ден во календарот.

    Носи радости, првачиња, матуранти и студенти, свадби и родендени и мекици, а душата се смалува колку зрно кога правиш математика како ќе ги покриеш сите трошоци.

    „За арно, за убаво само нека е“, си повторуваш, но неминовно мораш да си скратиш, дури и од оние малку задоволства кои ти преостанаа, само за да не се посрамотиш.

    Многу одамна имав гостинка, на која ѝ избега возот. Повратната карта пропадна.

    Ја убедував да не се грижи, има автобуси, ќе стигне секако дома.

    „Ама картата е поскапа“, загрижено ми одговори.

    Картата чинеше 120 денари.

    Тогаш пропаднав во земја. Ми доаѓаше да рикнам, да се расплачам, да се распара небото и да се отвори земјата и да нè проголта такви несреќни, кога цели 120 денари претставуваат грижа и проблем.

    Некој се нервира што не може да си го купи капутот од 12.000 денари.

    Некој што не може да си ги дозволи фармерките од 1.200 денари.

    А некој трет, што не може да стигне до дома, за цели 120 денари.

    Ја платив картата и ѝ посакав среќен пат на гостинката.

    Додека ѝ мавтав на автобуската, одвај ги задржав солзите, проколнувајќи го светот, општеството, неправдата и мизеријата во која гниеме.
     
    На Sunshine_1979, Purplelilac, IronLady и 35 други им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.337
    Допаѓања:
    92.304
    Пол:
    Женски
    Утрешната дата со години не ми излегува од глава,а ја мразам и не ја сакам ич ама некои спомени колку и да станале лоши со тек на време тешко избледуваат.
    Да не беше тоа што се случи којзнае каде ќе ме однесеше животот и што ќе правев во моментот,дали ќе бев среќна? Премногу прашања излегуваат само од едно сеќавање ...

    После толку години среќна сум што се заврши и што најдов мир,љубов и разбирање,човек кој што знае да ме цени и знае што имаме кога сме заедно. :inlove:
     
    На SV1911, Purplelilac, IronLady и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Маана или доблест ми е што не инсистирам многу, поканувам само еднаш, не молам два пати? Хмм..ајде кажете ми. Некој сака да го молиш, некој не сака да инсистираш. Ех, секогаш ги мешам кои кои се, и на крај ми е фразата од Dumb & Dumber: "One time we mated a bull dog with a shih-Tzu. We called it a bullshit." :D
    :d::drunk:
     
    На SV1911, IronLady, poenta и 16 други им се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Се крева многу врева за ништо.:!:
    Се глуми лудило на среќа и зрелост која во реалноста ја нема. :!:
    Ако на анонимен форум се носат многу маски што остана во реалноста.:!:
    Луѓето се лутат кога си искрен и ја говориш вистината бидејќи не можат и не сакаат да се соочат со реалноста.:!:
    Секој го вперува прстот во другите наместо тоа подобро би било да земе огледало и да се погледне себе си но не само однадвор туку и во внатрешноста, да се запраша што носи во душата.:!:
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  20. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Ова го пиша испирирана од темата за форумот :D