Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ќе ти реплицирам само овој пат,бидејќи ми се упати на мене,ама нејкам да ја полнам темава со офф топици и да ја мачам Реин да бриши мислења и да не кара :D

    1.Никаде не реков дека сум совршена.
    2.Јас ги нагласив другите што ми наштетуваат поради завист,а не поради убавина или мозок
    3.Секој треба да се труди да се направи самиот среќен,ама со свои доблести,а не со омаловажување на другите и повредување на другите

    Ти очигледно си тука за расправии,а фактот дека ти реплицирав пред некој ден тебе те копка,па сакаш да ми вратиш со некој демек длабок одговор.
    ТИ објаснив се убаво,а сега престани да бараш кавга онаму каде што нема потреба.Биди ми поздравена.
     
    На cresa-jagoda, Viktorijaaa5, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Не ми е за расправање. Немам ништо против тебе. Само сакав да кажам не осудувајте без да знаете како е. Ти кажувам од искуство. Сфати ги, тешко им е. Еве јас. Не завидувам, ама тешко ми е. Зошто јас да се утепам од учење и да имам двојки? А некој да има петки? И што сум јас крива што сум грда, дебела и ниска? Ај за дебела, добро до мене е, ама јас сакам да сум грда, сакам да сум ниска? Јас сум крива што сум грда?
    Ти кажав, не ми е за расправање, ама разберете дека се луѓе, дека имаат чувства.
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Драга Биљане, убавината е многу релативна работа и тука нема простор за дискусии затоа што се што е релативно на некој начин варира, капиш? Значи ако ти себеси се гледаш како грда некој може те гледа како прекрасна и обратно.

    А за 10ки на факултет и 5ки нашколо Биле, не треба среќа, треба столот да го подгрееш. Бааѓи и тоа.. За 5ка и така и така, ама за 10ка колку два пати за петка, затоа е 10ка.
    Биди ми поздравенка и секое добро.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски


    Биле е во право !! :!: И таа не е крива што е глупава, тоа е вроден хендикеп во најголем број од случаите.


    А кога сме веќе кај емпатијата, јас сум толку пристрасна што неможам а да се воздржам да учествувам во туѓа несреќа. Затоа што знам како боли. Денес во ординацијата за инфертилитет млад брачен пар дојде по резултатите. Убавата девојка го прочита резултатот и срамежливо и се стркала солза по лицето. Мажот ја бакна во вратот во обид да ги прикрие солзите и разочарувањето. Веќе немаше начин да се воздржи, плачеше силно со уште посилна воља да се престане. Го тргаше погледот да не се сретне со туѓите љубопитни, осудувачки на малограѓанските озборувачи кои чекаа за преглед кај другиот доктор. Беше толку несреќна, двајцата беа. Ми беше жал. Почувствував како и моето срце да се кршеше со нејзиното. Посакав да и кажам дека ми е жал, ама незнаев како. На крајот на краевите само почнав наместо неа да ги гледам озборувачите, со остар и укорен поглед. Престанаа да шепотат.
     
    На Domino и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  5. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Не сум глупава. Зошто така ме понижувате? Ако сум дебела, грда и ниска, не значи дека сум глупава.
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Никој не знае како изгледаш. Анонимен форум е.
    А глупава е нешто сосем различно од грда.
    Секој си има убавина.
    А некој да наречеш грд, не те прави поубав.
    Доколку си глупава, тоа боли лепотице. Убавината е пролазна кај сите. :lol:
    Тешко тебе.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Исто како што нарекувањето некого грд нема да ве направи поубави така и нарекувањето некого глупав нема да ве направи попаметни.
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Убавината е релативна работа. За еден си убав, за друг си грд.
    Тресни тоа.

    Но со оваа за десетката ти самата се правиш глупава.
    Велиш дека не си можела да научиш за десетка. Тоа индиректно значи дека си глупава.
    Следниот пат потруди се повеќе, ако трудот кој си го вложила не бил доволно. Можеби ќе успееш.
    Учењето за десетка нема врска со среќата, за информација.
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.193
    Допаѓања:
    136.107
    СДК Интелегенцијата и убавината се две различни нешто. Убавината е релативна и не се мери оти од различни перспективи е секогаш поинаква. Интелегенцијата, паметот, е нешто што не може да биде различно перцепирано - или си паметен или со глуп.
    Сакам да кажам, можеш да биде убава за мајка ти , а најгрда за дечкото што го симпатизираш.
    А ако си глупа, тешко дека ке добиеш десетка на факултет(со исклучоци- среќа, врски, деколте пред манијак професор), ама ако си паметна, ќе научиш и ке добиеш.
    Не сакам луѓе кои пред да почнат се осудуваат со неуспех, ко, јас не можам да добијам десетка. АКо не си способен да научиш или не ти се учи нема да добиеш.
    И најлесно е да речеш, ме мрази професорот, немам среќа и слично. Најтешко е да научиш.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК Бива ме бе за се ме бива ( Баба Роса ) што вели....И мене ме бива :rofl:

    јас пак сега ке цркнам фалејки се :P

    Сабота вечер е одлична за спроведување на прекрасни идеи....
    Сега си мисам што друго да правам ама ке смислам нешто јас .....
    Паметна сум јас бе , ама понекогаш мрзлива, дури да почнам нешто да работам е проблем , а почнам ли е тогаш веке нема застанување :clap:

    Имајте убава вечер....
    Убав викенд....
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG10076.jpg
      IMG10076.jpg
      Големина на фајлот:
      138,8 KB
      Прегледи:
      228
    На Dream-Girl, Cka, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Си ја сакам таа своја конфузија кога нешто е слатко, а невозможно, блиско, а недостижно, понекогаш дури и отровно за мојата среќа.
    Сепак, среќата ми е релативна состојба, која често пати се граничи со монотонија. Кој ќе ме разубеди во спротивното - не знам, но додека не успее, ќе уживам во мојата лична перцепција на среќата.
    Според мене, среќата лежи во личноста која ме вади од кожа и може да го направи тоа во било кој момент од денот.
    За мене среќа е кога со високо кренат поглед го лоцирам она што е на врвот на кулата, она што не можам да го досегнам ни во сон, без оглед на тоа колку скалила ќе искачам. Сè попатно како да е помалку важно.
    Среќна сум кога недозволеното ќе стане моја лична опсесија, која ме доведува до лудило. Никогаш не сум разбрала зошто некој и нешто ја има таа моќ врз мене, но ете, секојдневно ми се случува.
    Среќна сум со она што никој не може да го има, со она што никој не го посакува. Не затоа што не е доволно привлечно, туку затоа што сите му се плашат. Изгледа сум отрпнала од страв, па се заљубувам во возбудата.
    И сè уште не сум ја пронашла дефиницијата за она што го сакам, ако тоа се прашувате.
    Само знам дека тоа е нешто поголемо од секојдневно испланираните секунди, минути, часови... Многу поголемо од оние клишеа кои сите ми ги посакуваат.
    Најчудно е што, ако еден ден го достигнам недостижното, повторно ќе најдам таква цел, таква личност, таква случка.

    Убаво напишано :) Некако се пронајдов во ова :wasntme:
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Немој да ме сфатиш погрешно, те прашувам со најдобра намера. Колку е тоа утепување од учење? Колку саати во денот посветуваш на тоа? Ако се премногу и пак немаш резултат, размисли дали учиш ефективно или правиш и други работи додека учиш,размислуваш за друго и слично. Или можеби не учиш ефективно,па треба да најдеш друг метод на меморирање. Или да правиш почести паузи,повеќе да одмараш и сл.

    За да имаш 5ки треба да си организирана,исполнителна,мотивирана и темелна во учењето. Иначе и тие со 2ки и тие со 5ки на тој степен од школувањето (основно школо) се исто паметни најчесто,само едните се добро насочени,правилно организирани и исполнителни,а другите не се. Понатаму се прави издвојувањето. Затоа што едните работат на себе и доаѓаат на повисок степен од други.

    Во животот нема нешто што не можеш да го направиш. Само треба да знаеш како да дојдеш до него и да го сакаш тоа. :)
     
    На Bile15 и Dvolicen им се допаѓа ова.
  13. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Љубов е ... кога правиш генералка, заедно со мама, и патем ја правиш најсреќна кога и ги бришеш сите листови од цвеќата дома (нешто што порано го правела редовно а сега не може, старост...)
    Жената се прерадува ...
    Колку ја сакам боже, таа е мојот животен идол.
    Пример за жена, мајка, кралица!
     

    Прикачени фајлови:

    • ....jpg
      ....jpg
      Големина на фајлот:
      80,8 KB
      Прегледи:
      387
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Велат, кучињата може лесно да препознаат кој човек е добар, според нивното однесување, што сосем е поразлично кај сите луѓе.Некогаш можеби зачудува кога негативно реагираат према некој човек, без причина, а нивната таква реакција е поради тоа што тие чувствуваат према тој човек, односно интуицијата е таа која ги води.Само што кај човекот е сосем друго, не дека нема интуиција, туку дозволил да си го преоптовари умот со милион мисли за проблеми и сл.Многу е подобро кога човекот би се ослонил на својата интуиција, големи се шансите да не греши постојано.Бидејки колку е преоптоварен умот, толку повеќе потешко се согледуваат нештата онакви какви што се.Оттука, човек почнува да се занимава со тотално не битни работи за него, иако знае дека не треба, ама сепак се занимава со истите, за да си пополни време, да ја совлада тишината во својот ум.Нешто што му е сосем природно, а се плаши од истата.
    Во животот, нема потреба човек да се нервира за нешто што не му е од суштинско значење, нема потреба од да му отстапува место на своето его, да доминира и онака многу работи не зависат од него.

    Материјалното е минливо, но не и човековата душа.Воопшто не вреди човек да си го помине животот, докажувајки се некому, истакнувајки се себе си како подобар од било кој друг човек, гледајки ги другите луѓе, како од птичја перспектива, џабе не е речено „ кој лета високо, ниско паѓа“, а додека трепне човек, заминал животот, со брзина на светлината, за на крај да излезе дека уствари и немало навистина потреба човек да се преоптеретува себе си со нешта кои ниту може да ги контролира, ниту да ги направи да бидат такви какви што сака.Нервозата, гневот, алчноста не се оправдување за наведеното малку погоре, пропратно со уништување на туѓ живот.Бидејки е џабе, тоа ниту му прави нешто добро на човака, ниту пак има некаква корист од истото.Желбата за одмазда е лоша и би требало да се игнорира.Нема потреба човек да враќа на секој оној кој ќе фрли со камења по него, едноставно не вреди.Постојат многу поубави нешта во животот, со кои човек би требало да се замара, со мерак. Бидејки краток е животот, премногу краток.

    Патем, мојов ми најнов модел на компјутер, „ Крш“ компјутер, опасен е, ептен нежен, толку нежен што на се нешто припаѓа у несвест.
     
    На Antoninaaa, kate21, ozbilnazena и 5 други им се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    21.186
    Слободно време имам колку ти душа сака.
    Гледам да го користам најпаметно што можам,поработам нешто по дома,прошетам,поткраднам некоја книга од сестра ми,пред компјутер,и најчесто гледање тв.
    Ама што паметно можеш да гледаш на тв. Ставам сител- Фатмаѓул,канал 5- пак некоја турска серија,алфа,пинк сите или турски или индиски серии.Па до кога вака,не ми е јасно? Па уште и синхронизирано,и да не ти е ништо само што ќе ги слушнеш и видиш те заболува глава. И турскиве ми се заникаде,ама па индискиве......цццц
    Па дај пуштете нешто паметно и убаво на програмите.Дајте некои добри емисии,некои добри филмчиња ( како некогаш одамна што даваа филмови) дајте некоја серија со добра содржина и поучна,а не овие жалопојки. Стварно да нема што да гледаш од толку програми.
    Овие сител само серии и вести даваат,по цел ден тпа па тоа.Навечер новите епизоди,после полноќ репризи од веќе емитувани серии или емисии,квизови стари 2-3 год,од сабајле стануваш епизодите од они " на повторно барање на гледачите" и така поминува денот. Ептен ме нервираат.
    Ај барем си ја кажав маката,не дека веднаш репертоарот ќе го сменат,ама да се досадни,досадни се :devil:
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.976
    Допаѓања:
    90.415
    Пол:
    Женски
    Биленцее најубава,ти си ми 'најпозитивната' и 'најдобрата' личност која досега сум јас запознала на ваков начин :*

    Сакам да ви кажам дека колку и да сте заљубени не заборавајте ги луѓето кои во секој момент биле до вас,тие се вистинските кои ќе ви затребат во иднина :)
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не сакам една работа да објаснувам по милион пати.
    Било овде, или надвор некаде...
    Некогаш го кажувам истото та истото и веќе сфќам дека тој другиот одамна ме разбрал, но само ме дрибла и провоцира. :sweat: (или можеби стварно не разбира :tmi: :wasntme: )
    А, јас по принцип сакам да се објаснам и да не бидам погрешно сфатена.
    Но, треба да го променам тоа...
    Отсекогаш ми велеле: премногу се замараш.
    Навистина, треба помалку да се замарам... :)

    **

    Денес е гласањето, а јас како за инает не можам да ја најдам личната карта.
    Не е таму каде беше. :lol: Каде ли исчезна? :^)
    Отидов да ја барам...
     
  18. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Имајте убав ден :)
    Јас денес ќе си се дружам со книгите |-)
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Зошто некои луѓе се непоправливо дебели?
    - Затоа што мозокот е еден од најголемите потрошувачи на калории во организмот. :lol:

    Си го искористив моето право, си гласав, ме шкртнаа на палецот (не знам што им требаше маркеров, лампата беше подобра, ама со црн палец полесно можеш да видиш кој гласал кој не, нема врска)
    Мислам дека е време да си легнам, бидејќи рано станав а синојка исто касно си легнав.
    Недела е ден за спиење и излежување, денес е празник и не се работи, супееер, нема перење, бришење, само миење садови, ама затоа вчера две машини исправ плус нешто на рака. :lol:
    И после некој ќе ми рече-конечно викенд да се одмориме :^)
     
  20. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Waka-waka Долго размислував за тоа што го пиша. Не дека немам научено, учам и се што е потребно сум научила до сега, ама на тест или испрашување се губам, воопшто не мислам дека ке добијам добра оценка. И навистина, добивам 2. Затоа.
    Пример по еден предмет на тест добив 4, на полугодие имав 3 и професорката ми кажа дека имам шанса за 4 да допрашала. А и активна бев, ги носев сите домашни.И сега вечерта пред испрашување, пресреќна што имам таква шанса, учев цела вечер, научив сите лекции, дефиниции, формули, задачите ги извежбав. Се научив.
    И кога излегов да одговарам сфатив дека ме исрашува поради тоа што мислела дека препишувам. Ми го даде тоа до знаење. Тоа ме заболе многу. Кога некој предмет и некоја професорка ми се допага јас давам се од себе, се трудам најмногу. И се што ме праша ништо не и кажав. И 2-ка. А и да и одговоров не верувам дека ке ми ставеше поголема оценка, таква е таа, ненормална. А многу ја поитував и ја ценев. Ама повеќе не. И не и ќутам. За се и враќам. И никогаш нема да преболам. Некој што книга не чепнал има двојка и јас цела вечер што учев и навистина имав научено двојка.
    Ај јас отидов да учам за 2. Тоа е немам среќа. И така никој не сака да ми стави поголема оцека.