Секогаш треба НАЈПРВО да бидеме СРЕЌНИ па се понатаму. Најдобрите не се секогаш најсреќни,но најсреќните секогаш ср најдобри.
Значи кога ќе слушнам или прочитам две и повеќе особи да си контраат - јас сум интелектуалка, јас сум ваква, таква, онаква, јас имам право на ова, она, бла бла бла ми иде со чекан по глава и на место да ја оставам.. Да ти се намочам на интелектуалниот памет што го имаш...кога потценуваш се живо и диво. Такви интелектуалки ми се ..ај да не кажам што
Боли кога пред неа ги криеш солзите и разочарувањето,зошто знаеш дека и неа ја боли исто толку многу,ги крие и таа,траеш неколку саати и се смешкаш на секој збор,а се читате и разбирате дека не е сеедно,за на крај да ја гушниш и вриштиш од болка...другарка,сестра,најискрена,чиста љубов,ретка е..затоа уште повеќе боли
Кога во животот се зближуваш со некој и кога таа личност оддеднаш ја снемува ти паѓа многу тешко,така е и со форумов кога со некоја членка секојдневно разговараш,комуницираш и оддеднаш ја нема ти станува многу тешко се чувствуваш како да ти фали разговор со некој близок,а не со некој кој го знаеш неколку месеци.. Чудна работа ова форумов
Нездраво е, да си девојче; уште понездраво е, кога си девојче со +20 години зад себе, а притоа сè уште да не научиш како се пакува употребена влошка, пред да ја фрлиш во корпа за отпадок. Ми доаѓа да напишам и нацртам прирачник, да го испринтам во милион примероци и да ги испоналепам до секоја wc-школка, ма и во секој дом ако треба. Зашто повеќе од очигледно е дека постојат многу кои мислат дека сите треба да им ја осознаат содржината на изнутриците за време на циклус, или пак, уште пожално - ништо не мислат, не се замараат со ништо и немаат ниту осет, а богами ниту култура. СРАМОТА! Сум видела многу гадотии низ животов, женско сум и самата јас, меѓутоа ова е одвратно и ги минува сите граници. Засрамете се, гадни сте и заради такви понекогаш се срамам што сум девојка.
Мразам се околу менеее! Зашто не постојат вистински другарки? Зашто не постои вистинска љубов? Кај сте сега кога ми се сруши цел свет? Секогаш бев тука за сите , секогаш знаев да ве ислуша и да бидам со вас... Господ е голем и се ќе се среди , а ти клошар еден ќе ме бараш еден ден! И да ти посакувам ќеркати да ти личи на мене!
Не била пораката од баба, добро е ...Ама морам да признаам дека сум позитивно изненаџена од мене, каков озбилен муабет за професионалност сум плетела јаоо All good, no panic
Незнам каде прочитав: "Мачка незнае љубов да ти покаже." Молим? Дали тоа озбилно? Ако на мачка и пружиш голема љубов таа секогаш ќе е со тебе, секогаш ќе ти се гали, секогаш ќе ти го разубави денот уште рано сабајле како ниеден човек што неможе, а тоа ќе го направи само со нејзиното галење и умилкување. #љубовнајголемамисе #сонивутротоепоубаво #секојмигесмеа #мачкаркаводуша
Стравот е најголемиот непријател на човекот. Пострашен е и од смртта, затоа што си жив а заробен со сопствените мисли. Затоа што можеш, а не превземаш ништо, затоа што дозволуваш да те влечат за нос или слободно да го кажеш своето мислење. Преземање нови иницијативи, што беше тоа? Не, ќе си седам во зоната на комфорот, таму ми е најубаво, веќе видено, никој не може да ме повреди. И не, нема ништо полошо од страв. А што е страв? стравот е измислен, не постои. Ете на пример јас многу ситуации ги доживувам лично, од многу работи ми бие срцето, многу стресови си ставам на срце, а најголем дел од нив се за џабе. Се поминувало и подобро од очекуваното. И да не помине, подобро да пробаш отколку цел живот да се каеш за нешто.Ќе му покажам јас него
Моите спомени од градинка и забавиште... со комбе во кое имаше кокошки во кафези ,не однесоа во соседната градинка, каде како улава се вртев на вртелешката во круг, па си ја исповратив цела коса ; имав другарка Јуле, која најблиску што ја погодував како се вика беше Ѓуле, па затоа решив ич да не и се обраќам, или пак друга другарка да ми ја викне ; со сила ме тераа маргарин да јадам, а на богаташчињата крем им мачкаа, па се исповратив врз лепчињата и им ги вратив ; научив течно да читам на 3 години, па во забавиште им читав за да заспијат ; секогаш ја глумев Касандра и се онесвесував нели, па докторот додека ме ,, спасуваше ,, , ме бацуваше, и го бркав низ занимална ; играв на Макарена со маичка врзана во гол стомак ; се давев во чајот со рум ( ако знае некој рецепт, помошшшш!!! ) и во манџата со кисела зелка ( и за ова ! ) ; стравот оти наставничката ќе ми вика затоа што цела коса и цел кревет со песок и земја ми беше, па ќе ме каже на мајка ми, па и она ќе ми вика, заради ова...
Не памптам од забавиште, ама од основно сега ми текна на две работи.... - Ги фаќавме девојчињата за гз и бегавме. А оние што не ги фаќавме, потајно се лутеа од завист кон другите - Еднаш наставничката ми стави кец и потоа го украдов дневникот за да го избришам и при бришење се скина листот. Ме дозна и пиев шамари (тогаш беше дозволено наставничка ќотек да ти даде)
Додека одев утрово до пекара случајно ги видов Со зум сликав бидејќи во туѓ двор не влегувам не е доловено баш малку е матно ама се многу убави ,маче и куче има ли чудење ..нема , низ години приказните дека мачето и кучето не се сакаат.. И на нив им треба пријател, иако се животни.
СДК - ЧУВАЈТЕ СЕ !! Се чувам од луѓе кои што мислат дека дрскоста е храборост а нежноста кукавичлук. Исто така се чувам од луѓе кои мислАт дека дрдорењето е мудрост а молчењето е незнаење. Во поново време научив дека треба да се чуваш од луѓе кои кога се смеат ликот им огрднува.Размислете сами зошто.
Премалку се гушкам за некој што премногу сака гушкање. Друга работа, не читам веќе хороскоп бидејќи верувам во Бог а не во некои си глупи астрологии. Зборувајте ми за религиозност. Трета работа, сум била поценета и посакана отколку што сум мислела. Е да, заслуга.
Ако не те сака, не те сака, тоа е... но ако те посакува можеш да направиш да пати и да му е криво. Прекрасен ден, морам да одам во банка и да си ја земам картичката што ми ја голтна банкоматот. Не ми требаше до сега, па си престојуваше во банката можевби еден месец Ќе одам ама прво кафето, па ако си најдам нешто поинтересно воопшто и не одам, не ми треба
Премногу самоувереност е лошо,иако знаеме за своите квалитети убаво би било потврден одговор и пофалба да се добие и од друго лице.