Ви имам ли кажано дека го сакам форумов? Најверојатно не, а го сакам. Со текот на годините ми стана најдобра другарка со која помалку или поинтензивно го пијам утринското кафе и секојдневно се муабетам. Епа дојде време за еден ретроспективно сентиментален пост. Преку 5 год. виртуелно дружење при кое оставив делче од себе, од моето секојдневие, од моите мисли и моите емоции. Личен дневник кој ме придружуваше на патот од моето созревање, самосознавање, болка, тага и воздигнувањето кон новите радости. Чудно. Се потсетувам на споделени настани и случки тука, на фемина, но од оваа перспектива се останати длабоко во минатото, заборавени. Сеќавања на пишан збор но не и на нивното вистинско доживувања. Туѓ живот, запишан низ страните на фемина. Низ истите тие страни, во текот на годините, ја зауздав младелашката импулсивност, ја надминав детската наивност и ја градев сопствената емоционална интелигенција. Животот ме тресна онака квалитетно од земја, ми покажа што значи да го изгубиш тлото од под нозе и да ти се урне кровот над глава. Добро познатите моменти кога секој молекул од телото боли и се чуствуваш како заробеник во своето тело кој сака само да врисне...а нема глас. Се движиш како зомби, како робот, како програмиран а всушност чуствуваш како да не можеш да мрднеш. Како некој друг да го управува далечинското. Во тие најтешки моменти кога немаш сили да се појавиш на дневна светлина, да отвориш уста и да сврзеш два реда муабет ова катче беше тука за мене. Моментите, кога макар и со најблизок, немаш сили да обајснуваш нешто со кое ниту сам сеуште немаш сила да се соочиш а најмалку енергија да зборуваш или пак да го издржиш сожалувачкиот поглед во нивните очи јас се ``криев`` тука. Когами се урнале сите надежи тука сум добила совет, утеха...или едноставно пишан збор преку кој за момент сум заборавила на таа болка која ми го распарчувала срцето и душата. Глава горе за сите кои минат низ некоја лоша фаза од животот. Ќе мине, ќе биде подобро...и на крајот после дождот стварно иде сонце. Дајте си време да ги обработите и прифатите нештата, дајте си време да се залечат раните пред да го презедете следниот чекор. Најважното, не заборавајте да се сакате. Не е страшно да старее човек, не е страшно да биде возрасен , не е страшно започне нова етапа од сопствениот живот. Страшно е да живееш во страв. Страшно е истиот да те спречи да се развиваш и еволуираш, страшно е да се лишиш од толку ногу прекарсни нешта во овој краток живот. Прифатете го таков каков што е, извадете максимум од него и зграбчете го. Среќна сум што сум сопруга, мајка и ќерка. Исполнета од неограничената љубов која секој ден безрезервно ја разменувам со најблиските. Не жалам за трнливиот пат кон мојата среќа, не жалам за некаква кариера, не жалам што секојдневието ми е сведено на каши, пелени и прошетки до паркче... Напротив, ќе зажалев доколку заглавев во онаа предходна етапа и пропуштив најважниот и клучниот дел од животот. Да дадам шанса на љубовта и да уживам во мајчинството. 5 и кусур години на Фемина. Животот се менува, тече, исто и ние. Се сменив и јас и фала му на бога за тоа.
За мене многу потценувачки израз за дефинирање на односот помеѓу работникот и работодавецот, кога е употребен во таква конотација секако...
Вчера уште еднаш се докажа дека здравството ни е лајна.Видоа дека се работи за постар човек и не акаа по болници од 19 часот до 2 часот по полноќ од болнца во болница,абе почна да ми се гади од све више преку главаааааа ми е.
Ова мој термин е најглупавата работа во Македонија. Порано се знаеше одиш на лекар ќе чекаш два-три саати ама бар ќе завршиш со сите испитувања,прегледи,а сега со месеци мора да одиш низ разни оддели и институции. Случај на моја познаничка:Од месец фебруари оди на преглед на кардиологија додека трае прегледот качува висок притисок што не е во граница на нормала за неа.Докторот (кој очигледно дипломата ја добил со помош на парите од мама и тато) и сестрата ја пуштаат пациентката да оди да си ја земе книшката. Тоа ли се образовани медицински лица? Размислуваат ли дека со толкав притисок недајбоже може да падне да и се слоши.За живот се работи,за живот Ете го нашето 'здравство'.. Нека завршуваат факултети со врски правници,економисти ама не медицински лица НЕ!
Газда, шеф или како год кој сваќа и именува, не битно. Е човек кој што самоуверено чекори и се стреми неуморно и борбено пред се за својата фирма, надлежност што ја има. Се стреми кон свое сопствено унапредување и неуморно работи за својата фирма и придонесува за истата. Е всушност оној човек што пред се го цени трудот на работникот и умее да направи муабет и да даде елан за работа заеенички и секогаш сплотено. Не е газда, шеф или надлежен оној што го гледаме секојдневно како седи на шанкот, масата и пие коњак а цигарите неуморно ги троши и бара муабет наоколу додека работниците се убиваат од работа за срмна дневница која воопшто ја касни или не ја дава, бидејки и тој самиот ја нема или ја потрошил од целодневните собиранки и пијани моменти. Не е газда оној што ја раководи фирмата на тате и секојдневно наместо да придонесе нешто околу своите придонеси тој упорного затепува работникот и се смее и покрај настанатите проблеми и незадоволство. Некои луѓе многу сериозно го сваќаат зборот газда, се дур и тие самите не пропаднат од својата неорганизираност и незаинтересираност кон своето, не си газда ако по цел ден се исмејуваш со цигарата и чашата во рака, газда си ако придонесуваш за своето и умееш да го пазиш и работиш неуморно за истото. Газда, шеф надлежен ... не битно или многу битно баш во случајов. Ако самиот се правиш "газда" ипол пред се и сите не си дефинитивно. Не си. За да бидеш истиот некаде треба пред се да поседуваш основна култура, да ислушаш некого и пред се сам да се покажеш и докажеш за својата фирма.
Значи прво требало да ја направам најглупавата работа, за воедно да се случи НАЈПАМЕТНАТА работа. Влегов на профил на фб кај личност што не треба да влезам, не ми е ни пријател, ама ете пуста љубопитност....Мобилен, тач, глупи прсти.....Оставил тој некоја песна, и јас си скролам ама несакајќи лајк му ставив (не ми е пријател и ни на крај памет не ми текна дека можело и така лајкови да се ставаат) Во исто време и позеленев, и поцрвенев и се исплашив и си е*ав мајката....Одма го тргнав лајкот, ама нему известување ќе му дојде.....Пак мини срцев удар доживеав, пак ќе треба на гатање и баење да одам... И цела така испаничена не знаев кај терам, зедов го деактивирав профилот Нему сепак ќе му дојде известување ама јас некако посмирено се осеќам. Веќе неколку минути го немам профилот и подобро ми е на душата....раат, смирено, животот е убав, цвеќиња, сонце, луѓе...
Добро што не ти текнало и лаптоп,мобилен или било што од што си била вклучена да џитнеш да прикриеш врска помеѓу лајкувачот и себе. И пријавиш у полиција: некој ти го украл
не ми текна на ова, ама затоа го деактивирав па во случај ако дојде до прашање демек хакиран ми е профилот...некој друг го контролирал Глупо е бе глупо знам ама се тешам
Pobogu zosto se potresuvas tolku za eden lajk Komu i da si mu go dala ne e do tolku strasno za da se kries pod drvo i kamen
100 пати ми се случило не е толку страшно бе па ти, ке мисли дека си манијак само а у најдобар случај ке ти пушти рикуест. Не му се потрсувај толку па ти за еден лајк
Сакам да кажам .... одговор на сите мои дилеми и проблеми Спојлер: Други (не) вистини - сами одлучете за вас :3 Ме мрзи да листам надолу, онака омилени ми се овие Останете ми поздравени.
Абе да ми беше пријател ај демек ми излегло на почетна па сум ставила лајк, ама сега апла сум манијак ....ај ќе помине некое време, ќе ме заборави човекот. Бев на тераса тоа кога се случи и сега излегов гледам цвеќе сум турнала, земја разлетала ејјјј за лајк човече ја уништив терасата...