Во најлош случај ако на бивши си му ставила лајк ќе ти се јавиќе рече ти бараш изговор за да ти пишам, после иди правдај се да те видам. СДК Убав сончев ден ми делува позитивно на расположение, некако посебна енергија и смиреност ме обзема кога сонцето ми го гали лицето, косата а притоа не е многу жешко туку баш пријатно за прошетка.Имам нова пријателка во реален свет, друштвена позитивна личност иако е повозрасна, реализирана како мајка и сопруга сепак си наоѓаме доста заеднички теми на муабет. Секогаш повеќе се вклопувам меѓу повозрасни наместо меѓу врсници не знам можеби оти порано стареам или созревам, дилемата сеуште не ми е разрешена, по се изгледа ќе да е второто, вака на изглед малечка сум и младолика. Има што да се научи од новата пријателка би сакала кога ќе се реализирам како мајка и сопруга да бидам како неа, сеуште во форма на изглед, негувана, средена, млада во духот. Секогаш кога ќе ја видам си помислувам децата се најголемо богатство и најголема среќа истовремено затоа што влеваат нова надеж, ведрина, енергија, го исполнуваат животот.
Ми фали најважната личност во мојот живот, сакам да е тука да ја нервирам и да ме нервира, да ја гушнам. Ми фали систерот мнооогу.
Денеска конечно шетнав сама Сама со мислите, најубаво. Навратив кај баба ми, си помуабетивме и како и секогаш најубаво си поминувам со неа Си го уживам секој момент во ова малко градче.. знаејќи дека еден ден многу ќе ми фали ... И сега кога после долго време сакам да изгледам филм , компјутеров си игра со мене за никаде ми е... Имајте убав викенд, одморете се убаво .. and get a little drunk
Не бе, тој е стар човек и споделува само за вмро има по 5000 лајкови на објавите и не се знае кој му кликнал од толку гужви... Камо кај него да бев Убаво Joy рече, под камен и дрво сум сега оставете ме, се кријам
Во Тафталиџе...За ,, полесно ,, да сме заспиеле. Они сеа да ми плаќаат пијачки што од литро црвено вино ништо не ми е! Све е тоаааа поврзано со овие алкохол што продаваат, море мафијааа!
Значи каков филпзоф сум станала, од зрно песок/едно зборче правам драми/спротивно на ситница Свака ми част Зш бе толку се замарам? Едно АХ? Многу заборавам во последно време, нз зошто така, чирс за сите постови што сум имала намера да ги напишам а сум изумила И едно прашање ме мачи - од кога почнало да се брои времето вака како што се брои денес( 365 дена, 12 месеца, 30/31 ден, 24 часа). Знам зошто е така само ме копкаше она кога ќе речат 1250 година а ако од тогаш сеуште не се броело така времето како што се брои денес од кај знаат дека е таа година?И како тоа во времето на Сократ, Платон луѓето биле толку ли паметни што без никаква технологија откриле толку работи а денес покрај сите услови и придобивки да не можат да откријат како да летаме на пример или како... заборавив, нема врска Имав уште нешто да кажам ама нека остане во длабоката тишина, тишината сама ќе го рече.
Сериозно?! Рум? Ја па бев убеден дека е у прашање некоја метафора или дека едноставно така го викале чајот. Значи, сум бил дете у погрешно време. И после, ќе се чудат зашто младите денес пиеле. Е па ете, старите ги научиле, и тоа од мали нозе.
Денес бев во теретана.Вишокот на мене мора да се топи па освен Водно пошто заладува морав да најдам опција плус за пешачење и трчање. Се качив на орбитрекот па на лентата и трчај. За се си треба време и волја. Така друштво.
Едно не ми е јасно само, прво мразам многу политики и не се мешам во такви глупости и многу ми е жал како да речам кога ќе видам како деца зеле се тепаат за тоа. Ама како цело време слушам нови работи места, толку вработени не знам колку, а ние шо завршивме факултети ? ФАбрика за кабли нова, ваква фабрика таква, добро па шо не се затворат барем факултети нема да учиме ете во фабрики ќе работиме. Сега ние со дипломите да се сликаме или дома прашина да фаќаат и одма ќе трчаме во фабриките да работиме Друго конкурс за работа во болница демек конкурс, пред време се знае тоа кој е примен ама да се објави колку ради реда, е сега тој шо не беше партиски опрделен нормално одбиен, а тој шо е со дебела книшка и пријатели ако неписмен примен, ништо чудно. А и онај кредиот колку е дали 3000е не знам точно не се фаќам за бројка, демек отвори свој бизнис, исти к*рац ти е, другарка ми беше одбијана оти конкурира така, и после вториот пат со 300 врски ова она и одобрија. Ме интересира само кога прават будала, како очи замачкуваат, па после неко ќе ме праша како некни, шо толку сакаме да бегаме, шо фалело овде
Добив ПРЕКРАСЕН и потполно неочекуван фидбек на мојот текст. Еден куп убави зборови, честитки и пофалби за изразување на чувствата и на емоциите... Без зборови сум. Не верував дека толку многу ќе го импресионирам. Прееенајсреќна сум, ако може вака да се каже, а не може, ама гајле ми е! Јас сум! Среќнеам! Никогаш не сум се сомневала во своите способности, ама не сум ни верувала во себе премногу. А тој стварно почна да ми ги отвара очите. Добив желба и сила да работам уште понапорно и уште повеќе да чувствувам и да љубам. Навистина можам да го освојам светот. Човече... Почнаа солзи да ми течат од возбуда и среќа! Спојлер Само уште оној кој го љубам да ме гледаше на тој начин...
Да ми извините, не знам кој - како ќе си сфати, ама да немаш леб да јадеш, да живеш во шупа без струја, вода, канализација, и деца упорно и упорно да правиш?! И после ќе плачат на телевизија како децата гладни им биле! Абе жал ми е само за тие деца живот што нема да видат и душата ќе им се мачи, а родителите скоро па ич не ги жалам! Секој сака деца да има, ама ќе си размислиш дали можеш да ги изгледаш - а не роди ги, па фрли ги на буниште! Ајде едно дете, ќе речеш ќе сврзат некако , па и непланирано било , ама за второ ќе се подразмислиш...Па уште и на трето, четврто , петто тераат! И не ,не е исто како порано во ваше време кога во една соба 100 души спиеле, а живееле од една нива или аргати биле! Тогаш немало трошоци за комуналии, за школување, па и за баналности како сладолед, патичиња да му купиш, или пак на роденден да одело кај другарчето, па мобилен сакало. Ај оди објасни му зашто сите имаат, само тоа нема - оти мама и тато си правеа мераци, а за децата додека не ги родија, не ги заболе! А да не правам мубет ако некое се разболе, или пак се роди хронично болно! Парови со 20.000 заеднички примања месечно се мислат барем едно детенце да имаат, да не им се мачи, колку - толку да има пристоен живот, а некои со социјално дури, па удри на весеље! За мене тоа е себичност, личната потреба за дете да ти е поголема од грижата за тоа каков живот тоа дете ќе ти има. А да не правам муабет за оние кои воопшто не им е ни гајле дали и колку деца ќе имаат - ете демек биднало...Пу!!!
Сметам дека сум премногу млада за да се мешам во политика кога всушност не го сфаќам ни самиот поим.Но,сепак сакам да кажам каков е овој "систем" каде што се плискаат милони за патишта,споменици и други работи,а не се дава средства на младината.Младината бега во странство,а тие со сила ги бркаат.Пример,мој познаник сакаше да оди на турнир по боречка вештина,му требаа средства,поднесе барање (немојте да ме сфатите погрешно,навистина не се разбирам) и го одбиле со изговор дека државата нема пари.Државата има милиони за споменици,ама за младината не може да издвои 100 евра.И се сомневам дека ова е единствениот ваков случај.Ете до таму сме стигнале.
Сдк Жените навлезени во позрели години се најопседнати со својот надворешен изглед, да слушнат дека изметот го подмладува лицето-без мислење ќе стават, инспирирани се од останатите жени, нешто како натпревар меѓу нив, живеат за да слушнат: Леле женска па ти не старееш, се дури не го заврти грбот и каже: Леле ама збрчкана во вратот....
Те поддржувам за хороскопот, ама пред да викаш на другите ,,зборувајте ми за религиозност" види се себеси. Сум те прочитала напати како спомнуваш песни како Take me to church како да се нешто многу religion-friendly песни иако оваа е напишана во сарказам и практично лом ја прави црквата и нејзиното неподдржување на геј луѓето. (I'll worship like a dog at the shrine of your lies. I'll tell you my sins so you can sharpen your knife.) Just saying.