Сакам колачиња, кафиња со порака, чоколада со порака на нив, некоја мудра мисла која ќе те инспирира да размислиш, ќе те мотивира да се охрабриш да превземеш чекор и ризик кога веќе нема никој од тие околу тебе да те поттурнат малку кога си исплашен од себе, своите идни поставени цели. Се изненадив кога го отворив својот е маил и добив повратен одговор на едно мое конкурирање за работно место. За жал не сум примена но барем како што налага законот известена сум кои кандидати се избрани и вработени, и секако тука зракот светлина што некој барем го прочитал моето CV и мотивационо писмо и се потрудил да ме извести со повратен одговор иако секако негативен сепак пишува "ве охрабруваме да аплицирате повторно нашите огласи", Си велам без да речат ја упорна сум ова ми беше втор пат да аплицирам, од трет пат трета среќа можеби ќе опали.Напредок има добив повратен одговор, за разлика од првиот пат кога аплицирав ме игнорираа и точно знам поради што. Ми се јаде нешто благо а во куќава нема ништо од производи за спремање на нешто вкусно, нема дури ниту пудинг, се штеди на големо.Ќе морам да се задоволам со некакво сладко од сливи, смокви, што на мене реално тоа ми е премногу посно, повеќе сум по нешто мрсно и многу чоколадно, ама нема ни чоколадо за готвење. Веќе подолг временски период ја немам почувствувано магијата на викендот. Сабота ми е обичен домаќински ден, поминат во чистење, готвење, перење. Нема ноќно спремање за излегување, нема денска шема кафе, тапа ми е друштвен живот. Да имав маж и дете да се осеќам ко домаќинка ама немам, залудно ми минат годиниве.
Ме чудиш душичко, ти да немаш друштвен живот????????? Па ти си толку прекрасно мило суштество, забавно, интересно, ..од твоите реченници и од сите пишани твои постови досега, јас немам почувствувано гнев, омраза, лош збор, зајадливост, провокација....Баш ме чудиш..не, не грешка си ти нешто
Vo zivoto mora da se bide pameten dva pati: -pri izbor na zanimanje -pri izbor na bracen drugar. Ako gi promasis i dvete ondaK ke mora da bides pameten cel zivot
Еднаш ќе излезам и тоа в кафана и НЕГО ќе го видам.Баш него,открши нашата маса,е ај да те видам сега? А,кога ќе сакам да го видам,нигде го нема.... Јас се праам на Тошо ко влегов и ѕиркам после накај него и опаа и тој ме гледа... Шо е бе плавоок? Си заминав порано и сеа му недостигам очигледно хахах Ах,И... Мислам дека кога го видов,се пронајдов себе....повторно.. Поминаа 5 години....Нека покаже времето....
@GirlLove Грл, арна си мор, ќути си таму, во кафуле сте се сретнале Ја на времето кога имав симпатија, дотерај се, среди се, скап парфем, коса топ, тој како во Нигерија да се преселил, а, а излезев: треЊерка, мрсна коса, Џеврие стил, тој се црташе и немаше, еднаш, а да не ме промаши таква ...Сега ми е смешно, a да ме прашaш тогаш ..
Танцувајќи навлегувам по течението на сопствената крв и таму го запишувам своето постоење. И затоа не ме прашувај зошто танцувам! Знаеш која е најдлабокота,суштинска , сеприсутна конверзација? Разговорот со самиот себе. Кога телото говори на јазик кој ги отвара најскриените чувства од душата. Се препушта, и верувај доволно е! Ќе танцуваш ли со мене?
Повеќето мислат дека добриот човек таков се раѓа, отсекогаш имал меко срце и не знае за поинаку. Лично за себе ќе зборам, сум била и многу горда и инаетлива...не сум знаела да простувам, не сум попуштала прва никогаш, мислам дури и во некои моменти сум се сметала за подобра од другите. Не знам што се случи, ни во кој момент се освестив каков сакам да ми биде животот и како сакам да ме паметат. Денес е скоро невозможно некого да го замразам, а ако евентуално ме повреди, секогаш, ама секогаш ќе најдам причина да го разберам. Дали дека не му бил денот или едноставно немал лесен живот, па не знае поинаку со другите. И наместо да им вратам со иста мера, секогаш наоѓам нешто добро кај нив и им го кажувам тоа. Ми велат - ти зашто си добра, не знаеш да ги гледаш луѓето поинаку. Не верувам дека е така. Во колкава мера го поедноставив животот кога разбрав дека е создаден за да уживаш во него, споделуваш емоции, да ја сакаш и да се грижиш за природата и животните...не можам да опишам. Постојано мекнејте го своето срце, не знам со какви зборови да се изразам, не се потсетувајте колку ве повредил нечиј гест или збор, мислите на сите добри особини кои таа личност ги поседува. Има и други нијанси измеѓу црно и бело. И живејте и уживајте во секој момент!
Ми се шета. И тоа сама во некој голем град. Да си се џарам насекаде, да се изгубам во погледите. Да не му се објаснувам на никого... Само да шетам да шетам да шетам. Да уживам. Сакам да го шетам Цирих. Полн е со луѓе секогаш. Да седнам на плоштадот да си се сликам да си уживам. Е тоа сакам. А мразам што сум овде, што имам еден куп за учење, еден куп вежби, еден куп обврски. Мразам што сум заробена во овај град и во оваа пуста држава... Мразам што немам што да правам освен да висам на компјутер, да рошкам по социјалните мрежи, да седам дома и да гледам серии. Мразам што не можам да си спаковам куферче и да одам некаде далеку. Мразам!
И јас како тебе исто, сакам да можам да избегам некаде периодов, на некое патување во Европава... Прага можеби или Амстердам или пак Бриж Есенско патување ми е сон
@Purplelilac @larrachi Девојки и ја сум со вас, само што дестинацијата би ми била Бора Бора Сама, на плажа, со 15-16 Пиња Колади на маса и само да го слушам бесконечниот звук на брановите
Од вчера сакам да кажам дека воопшто не ги сакам стереотипите од типот - излегувањесамозавикенд. Ќе кажев дека ги мразам, ама веднаш си ја преформулирав реченицата. Не можам да ги мразам, преголем и пресилен збор е тоа, само едноставно не ги сакам во голема мера. Излегувам и јас за викенди и се журкам во сабота, само не секоја сабота ми се излегува... Сакам да си отидам и на театар, кино, на некој фин евент...или па да гледам филм кај некоја другарка - периодов стуткани под ќебе со чај или некое вино... Кој го измислил и замислил излегувањето само за викенд? Душичките што сакаат да бидат видени и излегуваат само за да се покажат дека се излезени? Можеби. Се занимавам со општествени проблеми и социјална инклузија ама за ова нема помош. Не можеш да го смениш закованото размислување на масата, менталитетот и општеството полно медиокритети. Ама можеш да работиш на себе и да не дозволуваш да те повлече масата со ваквото размислување. И нема страв. Едноставно тоа си ти и се наметнуваш на сопствен, љубезен а сепак поинаков начин...