СДК еден тел повик што го чекав долго и да вроди плод ме уништи... Колку е тешко кога звездите не.се.на ваша страна.. Ама баш на сите полиња,задниот период.. Морам свеќа за среќа да палам
@Bitter-Sweet Не ме сфаќај лошо ама си имаш тема за религија пишувај си таму твои мисли, чуства и сл. Напорно ми е дури цело време по секој втор пост да читам твое мислење кое е скоро едно исто. Немам ништо против твое верување ама имаш соодветна тема. Поздрав.
Komplicirani fakti za zenite: -veruvame vo stedenje -veruvame vo stedenje ama sekogas kupuvame skapa obleka -kupuvame skapa obleka a nikogas nemame sto da nosime -nikogas nema sto da nosime a sekogas sme ubavo obleceni -sekogas sme ubavo obleceni a nikogas ne sme zadovolni -nikogas ne sme zadovolni a potajno ocekuvame da ni dadat kompliment -ocekuvame kompliment a koga ke go dobieme nikogas ne veruvame na nego
Темава е Сакам да кажам и ќе пишувам тоа што сакам да кажам Поздрав и за тебе. И да, меѓу правилата на форумот се и овие. Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно
Грешник е оној кој не ја признава грешката, грешник и ќе остане, а оној кој ја признава и бара прошка заслужува да му се прости. Ова како за мене, често сум грешна, ама се покајувам и барам прошка.
Си седам јас така в соба и одеднаш почна да ми се шири пријатен мирис на пита и тоа на мојата омилена, пита со јаболка и цимет Си реков некоја комшивка направила пита, а колку ми се јадеше ... ќе си пукнев. И излегувам од соба за да си земам нешто за грицкање од кујна и кога видов изненадувањеее, мамичка ми направила пита Ах каква топлина, каква љубов почувствував во само тој еден мал гест Си ја сакам најмногу А од сега сите кои што викаат дека ме сакаат ќе им барам пита од јаболка да ми направат за да ми докажат
По билијардити пат - ако не ви се допаѓа некоја нова тема или пак тематиката со која се занимава, не значи по дифолт треба да оди во канта ! Исто како што не значи дека треба на секоја таква тема да одите и да го пишувате вашето небитно оф-топик мислење во неа ! Си има правила на форумов која и каква тема би одела во канта. Ако не ти се свиѓа - игнор! И доста само цмиздрење во оваа тема за тоа колку сте разочарани од вашите односите со членовите на форумов, произлезено од пресериознoто сваќање на истите. На никој не му е гајле ! Да @Bitter-Sweet, на тебе мислам. Поздрав.
Гош душо, што се лутиш, ама навистина кажи што би пишувале во таква тема дали сме се бакнале со девојка..бизарно е навистина....
Море да ти кажам дека не важи веќе тоа.Како на луѓето им се стеснува џебот, така и срцата им стануваат мали. Од искуство
Па не пишувај тогаш...Ма да можеш да пишеш дека не би се бакнала...Или пак воопшто ништо да не пишеш - ете толку е едноставно. И не се лутам конкретно за темава, туку што некој очајно има потреба само да се жали и кука, ко само тој да е на форумов, и само неговото мислење и чуства да се важни.
На фб некој го објавил концертот на Тоше Проевски што се оддржал пред многу години па сега пуштив да го преслушам. Тогаш бев дете и не ми дозволуваа моите да одам во дискотека. Помнам една моја драга другарка од детството го обожаваше. Иако таа беше две години поголема од нас другите сепак немаше со кого да иде и си седевме викендот собрани со пуканки и бевме многу лути. Ех тоа беше за нас најголема неправда во тоа време. Ама затоа подоцна кога не претставуваше на евровизија , како сме се организирале од пуканки, до палачинки, се собравме, навиваме како луди. Ех времиња, кога бев помали деца, па добро де девојки од 15 години. Сум заборавила како изгледала дискотеката пред многу години иако таму ја сретнав првата најголема љубов, ги доживеав најубави спомени од младоста со друштво. Не штедев тогаш, не обрнував внимание воопшто колку ме чини излегувањето почнувајќи од карта, па до пари за такси и сл. Во тоа време не се сликакавме опсесивно, не пиевме алкохол ниту капка како тоа што го прават некои денес ама поубаво сме си поминувале. Има вистина во тоа дека една песна може во рок од три минути да те потсети на најубавите спомени, личности кои биле дел од нашиот живот, да пробуди чувство на носталгија. Не копнеам толку по забавата колку што копнеам по себе. Во тоа време сум била среќна, слободна, опуштена, не сум размислувала на ништо, за жал тој мој период траеше кратко и денес се спомен и минато. И уште една вистина најубавите спомени не стигнуваме да ги сликаме. Тоа е нешто за кое многу ми е жал иако се спомени некаде длабоко врежани во срцето, нема слика да посведочи дека се случиле. Не знам ниту тие тогашни мои другарки дали денес се сеќаваат на убавите работи што ни се случиле кога сме биле помали, колку навистина сме се дружеле пред да се јави таа поделба поради тоа кој е кој, кој со кого смее и треба или не да дружи, кој колку имал или немал, кој каков дечко фатил и како го фатил и дали го заслужува. Заклучок Злоба, љубомора, предрасуди, ценење на луѓе по облека, по некој си статус во општество и ред други погрешни процени доведуваат до загуба на бројни пријатели и уништување на другарства. За некого многу настани се само глупост, емотивноста ја поврзуваат со ниска интелигенција но јас едно би рекла живот е ова, за некого мајка за некого маќеа, никој не знае што носи денот и низ што се поминува и поминал другиот. Лесно е да осудуваш ако не си бил во туѓа кожа. И ние денес што сме разочарани, тажни, предадени од многумина сме биле некогаш среќни. Често се прашувам што се случи, каде исчезна се што имав во тоа време, баш сега ми е потребна таа среќа, сега е битно коцките да ми се поклопат.
Одговорот на прашањето дали одредена личност бара внимание или почит - ми е еден од најважните критериуми за проценување на зрелоста и вредноста на истата.