Биле15 и ти знаеш дека се допишувавме и се мислам дека си ОК и се тоа, ама види вака, не може сите да грешат, а само ти да си во право, значи проблемот е во тебе, види што е тоа, обиди се да го пронајдеш и реши го. Ова најдобронамерно ти го кажувам. Поздрав.
Така е, не и молчи, она на тебе...ништо да не и кажуваш веќе кога те прашува, не заслужува да и одговориш на ниедно прашање, се да и вратиш мило за драго, и во јуни да не и одговориш ништо, па да види она со кого ќе се заебава. Не да немаш среќа, ти бре девојче немаш мозок, или слабо го користиш. Со тој памет нема да стигнеш далеку. Затоа освести се, учи и одговарај, не те праќаат твоите во школо да гаиш симпатии кон наставници и да се инатиш на твоја штета, туку те праќаат за да се образуваш. Колку побрзо го разбереш тоа, толку подобро за тебе.
Ме прашаа зошто толку ги сакам книгите-одговорот е многу едноставен,затоа што барем на момент ме тргаат од секојдневиетоо и ме носат во еден поинаков свет,за момент барем не морам да ги слушам вашите глупости и да ги читам досдните статуси на фејсбук. Ете затоа !
Болки во стомакот. Лечење од прв степен - со чај. Не поминува. Баш да преминам на лечење од втор степен (со лекови), знам дека не се лечи, тоа се пеперутките во мојот стомак. Аман бе вандали некој лом ми го направивте желудникот Добро, никој ли не им кажал на пеперутките дека кога ќе се вселат во стомакот (љубовта) боли?
Да знаеш во право си не и ќутам. хахха само да знаеш минатиот час што и кажав. Ја отерав кај што и е местото. Ама сепак криво ми е. Сите си направија 4 и 5, јас 2. Не за друго, ај да немав научено добро,ама вака.. Ако. Се се враќа.
Како е кога ќе се заљубиш по втор пат? Што се дешава со пеперутките, ги теппат предходните? Хаос. Смешно и жално ми е кога ќе видам по фејсбук некој цури од 15/16 години објавиле слики вмро/сдсм, па се сликаат во такви блузи, имаат слики горди на митинзи. Како што прочитав нешто вчера, тие на 18 години не се способни факултет да изберат не пак влада. Која е работата со тоа? Кога ќе ви дојде време гласајте. А не немаат ни 18 години а они знаат се за владите и знаат кои се најдобри. А според мене е мислам вака, ќе навиваат за тие чија боја е поубава плава/црвена. Вакво нешто само низ Македонија има.
Оваа кујна, ќе ме дотепа. Значи штом дојде викенд, јас не се делам од кујната. Постојано им правам некои специјалитети. Ќе најдам нешто на интернет и едноставно МОРА да го испробам. Вчера им направив и ручек и вечера. Денес пак ручек. До вечер сигурно уште нешто ќе направам. Мислиш со храна ги терам да гласаат за мене, на избориве. Ќе гласаш за мене, ќе гласаш? Спојлер Молаам? Спојлер Ќе гласам. Имам мали трауми од овој филм. Се гледа, нели? Море бегај таму, некој ќе помисли стварно. И ај ќе Ве замолам, пополека со реплицирањава. Да не Ве терам и Вас да гласате за мене.
Денес е Цветници,денот кога Исус влегува во Ерусалим. Секогаш е една недела пред Велигден. Епа уште 1 нед. и Велигден е. Ама денес мене ми е името и ве чека вечер сите! На сите Цветанки,Цвети и на други кои им е именден денес,нека им е ЧЕСТИТ!
Се е превара, секој гледа на било каков начин да те повреди, да ти нанесе болка, да незнаш од кого да се пазиш, па некогаш и најблиските знаат највеке да те повредат.Онаа која што стално беше покрај мене и единствената која што знаеше да ме разбере си замина во друг свет. На кого да си кажам сега маките, со кого да ја споделам тагата и болката. Ке дојдат ли подобри времиња? Прашање кое секојдневно си го поставувам но немам сеуште одговор.
Пред некој ден чинам Нана19 имаше напишано еден долг револтирачки пост за родителска негрижа и неодговорност кон децата. Испровоцирана од непријатно искуство кое го доживеав синоќа, сакам да апелирам до идните и сегашните родители кои не водат грижа за децата да си ги воспитаат и научат на основните манири на култура и однесување, бон тон. Внимавајте, светот заради вашата негрижа секојдневно има работа со крајно невоспитани и безобразни разгалени мамини мази и татини принцези кои без нималку грижа на совест навредуваат наставници, професори, повозрасни личности кај и да стигнат. На улица, во училишта, по форуми. Дрско кочијашко псуење добив, безопасни закани од мало невоспитано детиште на форумов. Не се навредив, но се запрепастив.
Морам да заборавам на минатото,да оставам се зад себе, да се обидам да не мислам на тие работи што поминале и многу ме повредиле. Но, некако тешко иде, не можам , незнам зошто секој ден се повеќе и повеќе размислувам за нешто што не смеам.Оф ! Тешко е ! А да си викнам јас еден кардиолог-хирург ,тој можеби може да те извади од тамо кај што си,длабоко впиен во срцето,како мала пијавица,која постојано ме јаде одвнатре
Hello ladies... no time read Немав време, апсолутно ич време, обврски еден куп кои беа поважни.. Бурен период имав, и то ептен Гостите од Америка, колоквиумите, дружењата, забавите и се со ред...(кои патем се најважни од се) 4-тиов семестар ми е катастрофален, слободно можам да кажам ужасен, ако успеам да го исчистам до јуни многу ќе бидам среќна, и искрено седнувам пополека уште од сега да си учам.. Конечно викендов да си прошетам низ родниот крај со месеци немам излезено навечер ама денските шеми не бегат , најмногу ме исполнува утринското кафе низ Широк Сокак со сакани луѓе и еден убав муабет. Вчера по незнам колку време излегов навечер овде дома, таман зедов да се спремам немаше топла вода, ми го немаше корсетот, немаше паста за заби, немав пудра.. Не можев поизнервирана да излезам.. ама како и да е сето то се должеше на преубав помин до сабајле.. Денес го искористив правото на глас, за полоша иднина, кој и да дојди исто ни се фаќа,ионака никогаш не е поарно од ова , можи да води кон полошо Претходната недела добив и понуда за брак, оти вакво чупе ко мене не можело да се најди, лепотица а и паметна... Лудила ми е периодов, искрено сакам вака да си остани, ама многу сакам... Тука нема да бидам многу активна, ќе ве потчитнувам и можи нешто ќе потпишам за сериите.. мрза ме има фатено огромна некоја, и само ми се лежи да се излежавам, и така ќе напрам да ви кажам.. Иди Велигден, а јас после една недела се префрлувам на шетање на Македоничкава наша мила... Ви посакувам се најубо кис4е.ком.мк http://www.youtube.com/watch?v=hHUbLv4ThOo Патем ве поздравувам со мојот омилен хит периодов
Никогаш нема да разберам како може да има толку безчувствителни луѓе и толку злобни. Се сеќавате дека пред некој ден ве прашував како се однесува трудно маче, е сега баш тоа маче некој ми го отровил. Криво ми е и тешко ми е и крајно сум изреволтирана, како може да нема некој грам сочуство и да отрови маче кое е при крај на бременост и кое е толку мило што ни не знаело што го чека. Сабајле ја хранев и си играа со кутрето мое, а сега ја најдов безживотна и уште топла.... Срцето ми се кине значи ми се иде да одам од врата на врата и да ги колнам комшиите, знам дека е некој од нив, знам.
Леле луѓенца, си ги собирав забите од подот утрово... Вчера се изнаслушав како тоа женските требало секогаш да бидат средени и спастрени по своите гениталии, нешто кое не го оспорувам, но не сакам да ми ја надува главата некој кој не си гледа во своите гаќи, а лае наоколу за останатите. Денес се разбудив малку порано, па сакав да се направам многу духовита и вицкаста, и решив да му го кажам вицот на овој троа зашумениот од вчера. Увидов дека спие како заклан, па си ја земав машинката за депилирање и ја приклучив во штекерот до креветот, мудро ја оставив на стенд бај, го тргнав прекривачот, и гледам дека абер нема од реакција. Епа, си ја уклучив машинката и почнав да го кубам, директно во најгустото. Леле, леле... Абе моментално ги отвори очите, и така здраво ми ја ѕвизна една наопачки по лицето, не само што ми ги расклати забите, мислам дека и вилицата ми ја измести... Мислам, она махинално, ми стегна една здрава и тешка машка `шлаканица`, та видов акција и реакција! Не за џабе рекле, `не дирај лава док спава`, ама ете, сега не ми изгледа така смешна и добра идеја... Него, ај да одам јас да го намачкам со некоја помада, некоја кремичка, како што е нервозен да не почне да ме скубе он мене па да ме остави ќелава и да си ја метам косата по подот.
Надвор врне, пак, ништо чудно. Ќе се навикнеме да ова никакво време. Овие пролетните дождови ми се посебни. Поинакви се. Времево е само да излезеш и да трчаш со боси нозе по дождот. Ахх. СДК изреволтирана сум од многу бројните кукања што ги слушам секојдневно. Па на човек преку глава да му дојде, веќе на чело ќе си закачам знак „забрането качување“, па да си знаат. И мене не ми е сјајно се во животот, па и некој кога ќе почне да се жали и жали, мака да ти стане што живееш. Кога луѓето ќе се научат сами да си ги решаваат проблемите? Без да кажуваат наоколку колку проблеми имаат.. Никогаш, знам. Ако, мене не ми смета некој да ми се искаже. Ама секој ден едни исти работи, па зарем никој не сфаќа дека се досадни? Каква е таа доверба што сите ја имаат во мене, на психијатар им личам можеби, или тоа е затоа што кажав дека ќе учам за психијатар, па ми прават тестови. Кој знае..
Насмевката на мамичка ми е причината за убавиот живот што го живеам Се ама баш се би направила за секогаш да ја гледам насмеана ,лепотица моја најубава Убав ми е денот девојки убав ми е животот ... (дајбоже оваа убавина да трае вечено) Уште кога се разбудив знаев дека ќе имам убав ден Се будам се вртам на другаа страна ги отварам очите во тој момент се врти сестра ми ме погледнува и ми вели : добро утро Леле убавини беее нема ништо поубаво да отвориш очи и да видиш насмеано лице од личноста што ти значи се во животот Ааа да си кажам и дека гласав,си ја извршив граѓанската должност каков и да е резултатот т.е кој и да е победникот ама баш ич не ми е галје,важно мене убаво ми е чуството кога одам да си гласам ,па и со сестрами бевме заедно.Оваа година гласаше за прв пат Па трема имала мислиш којзнае што е. Лепотица на дада и она порасна ...и оваа да си кажам Кафенце со пријатно друштво + безброј муабети + насмевки = савршенство без мане А на вас феминки мои ви посакува да имате пријатно неделно попладне
Ех, кога ми текне што сме играле со другарка ми и сме биле среќни По цел ден на тераса кај нив, сонце, ние играме со прстенчињата на батко и и ги читаме неговите списанија, притоа се чудиме што значи циклус Темата за тинејџерски проблеми Имав прекрасно детство
За сите оние кои дебатираат на тема: литературно пишување на сваќам/сфаќам, наведениве измислици се србизми, еквивалент на тој збор во македонскиот јазик е РА-ЗБИ-РАМ. Аман. Чао.
Колку убаво , до вчера тагување по мене, тажни песни и молење да се вратам.Сите ти викаале срамота машко си дигни глава, се знам. А денес се регистрираш у матично. Ама не со мене е многу ова навистина ме здоболе, како со меч некој да ме прободе,ама пак сум жива само духот е извле4ен од мене.Како тоа не прајте голема свадба, не сте се ни облекле како што треба да го одбележите денот.Што да кажам , само ајде со срека , ја не можев ништо да напраам а ти да се потрудеше може ке се сменеше нешто.Те мразам !!!! Уби се !!!!