Ако патот ти е по угорнина и тежок, продолжи да одиш. Тоа е затоа што е наменет за да стигнеш повисоко.
Прв пат пишам CV за мене и некако ми потскокнува срцето, прескокнува чукања. Па шо ако ме викнат на разговор, како ќе почнам? Шо ако не го слушнам телефонот ако ми јават? Шо ако CVто ми е промарш. Накратко, сакам да кажам, дека моментално не знам кај сум. Пс. утре сум на забар.
Збор. Многу зборови. Со зборовите можеш да кажеш многу работи. Ама, исто така, многу работи не можат да се кажат со зборови. Просто, нели? Откако ќе се родиш, луѓето веднаш почнуваат да раскажуваат за животот, за патувањата, за светот, љубовта, пријателството. Ти кажуваат колку е топло Сонцето, колку светла месечината, колку е студен снегот, како е сив дождот. А ти се обидуваш да ги запаметиш зборовите. Кога врне дожд, седиш настрана и го набљудуваш. Искра на возбуда ти бликнува од градите, сакаш водата што паѓа од небото да ти го допре телото, сакаш капките да ти се слеваат по вратот и нозете. Сакаш да станеш мокра, сакаш да играш чуден танц под небото, сакаш да се смееш и да викаш од среќа.. Не. Дождот е сив. Студен. Ќе настинеш. Така ти имаат кажано. Ја потиснуваш возбудата, чувството, душата. Зошто? Заради зборовите. Заради нешто што нема толкава вредност како твоите чувства. Зборовите - знаци, симболи со неверојатна ограниченост што те заробува. Наместо искуството, мислите и чувствата, преголемо значење им даваме на зборовите. Кога ќе почувствуваш нешто спротивно од она што ти го кажале, го отфрлаш чувството. Треба да биде обратно. Ако сакате да ја дознаете вистината за нешто, видете што чувствувате за него.
И сите скалила ги искачував сама. Додека виулици воздух ми крадеа вгнездени длабоко во мене. И кога никого не можев да видам ниту допрам од маглата пред себе, сончеви жарчиња утроба ми параа во сите дијагонали и во сите бои. И сите тие скалила беа премалку и сите тие студенила беа премали за да го запрат мојот поход, оти јас веќе бев се нашла себе си. И само на себе си ја должев последната битка. Сега знам дека нема последна битка. Битки ќе има се додека воздух ми полни бели дробови. А мирот со себе си го носиш, оти во спротивно никој нема да ти го даде. Овој Октомври вдишал нови божилаци. А Декември плете нови плетки во сите бои од овој неуморен живот. Ќе сакам.
Најголема машка лага е кога демек сака само малку да ти го стави Најгорка вистина е па кога ќе сфатиш дека само и малку имал да стави
Тешко е кога ќе ти прочитаат извадок од претходно изчитана книга, која си му ја препорачал на друг да ја прочита оти сваќаш дека тешко сваќа.
Јас сум од оние типови жени кои како магнет привлекуваат помлади мажи од нив,онакви кои се во брак,и трета категорија оние од друга религија,четврто нема И кога би бирала,ја одбирам првата категорија,да се разбереме другите две ни под разно. Е сега да си прашам нема ли за мене некој нормален? Не дека ми сметаат помлади ама си сакам партнер приближно на моја возраст и согласно моите критериуми кои не се нешто тешки и невозможни де. Дај само нека се појави некој вреден !!
Зш, каков е по дома? Да не прогнозирам сега Инаку нз како но најмногу ме привлекуваат момци родени во 1980те, т.е. слаба сум на нив. Идеја за скриена камера - Наоѓаш рандом девојка, ја гледаш седната напната, пробува да работи нешто и само и ги земаш тоа листовите, и ги вадиш наочарите, одма идат 2-3ца масажери по купаќи, носат лежалка, шампањ и јагоди, во позадина свират виолини на увце, со пердуви ладат масажерите а еден посебно згодан полу гол момак со ружа во забите и носи чоколадо. Ја оставаш така во транс едно пет минути дур се навикне и и велиш на нејзе е само да ужива. Која фаца би ја имала?Исто и за рандом машко само обратноИ после ги трескаш од транс во земја али невермајнд ај вил фајнд самвон лајк ју
Во ерата на модерното општество луѓето се во заблуда дека знаат што сакаат. Несвесно создаваат навики низ кои почнуваат да го сакаат тоа што се очекува од нив наместо тоа што навистина го сакаат.
Година ипол подоцна, можам гордо да кажам дека без проблем сама седнувам на кафе или доручек Некогаш дури се случува да не извадам ни книга, ни мобилен, туку само да си седам и да си размислувам... Пред некое време седнав во еден кафич со топла атмосфера и пријатна музика, се сместив покрај прозорот, си порачав едно кафе и го пуштив мозокот низ скопскиве улици. И да ви кажам право, ептен ми годеше.
Sekoja vtora Era Ishtefi. Se izvinuvam na site sto kupija kaput kako nejziniot ama mene voopsto ne mi e privlecno nesto so sekoj go ima. Pozdrav I ubav den