Руми рекол „If destiny comes to help you, Love will come to meet you. A life without love isn't a life.“ но внимавајте чувајте ги само оние кои ве чуваат вас, се борат за вас, зошто некои „дарови на судбината“ ќе сакаат само вие да се борите за нив, а тие не е дарови, казни божји се , верувајте, рани по душата, најтешките лекции се тие во животот!
Во Октомври ти пишувам,со звукот на олуците,дождот во нашиот град секогаш доаѓа навечер,понекогаш крај прозорецот ги гледам контурите.Сенките крај патот итаат кон домовите,река од чадори,во минатиот живот се сеќаваш ти реков,за книгите на моите изрезбани полици утрово продадов три,една на детето со сини очи како морската шир,онаа со тврди корици на старицата покрај огништето а третата ја оставив на пристаништето да го чека својот сопственик.А тебе ти испраќам редови,вечно месечината да те прати.Понекогаш мислам дека поминаа векови,можеби децении. Можеби неколку животи.
Јас не сум јас ако не ми тргне денот наопаку... Еве на пример денес, за пола саат треба да излезам за на работа а пеглата за коса ми пукна во рака И како сега да идам со неиспеглана шишка...?
Ти си младо жапче пишувај кај што ти е местото, не се мери со оние што пораснале и самостојно скокаат. Нормално дека се зезам @zhap4e, еве за тебе од INXS да не се лутиш. Мене не ми смета возраст кај луѓето и спротивниот пол, сакам се што е квалитетно, паметно, интелигентно пропратено со одредена доза сексапил, згодност и неопходност. Ете така. Еве песниче за утринско размрдување. Имајте full ден, работете/учете, сакајте се, љубете се, сексајте се, пошто животот е спој на сите овие нешта. Земи малку од ваму, од таму, па од 3-то место, 4-то место итн. и ете ти компонента што се вика живот.
Како што комплиментот не придонесува на подобро кај глупавиот, така и навредата ништо неможе да му штети на паметниот
Кога ќе видам полицаец, секогаш исти мисли ме демнат: -Моментално си го враќам филмот да не сум направила прекршок во последните 5 минути, месеци, години наназад, -Се прашувам како тоа меше влегло во кошулата -се мислам да му го земам пендрекот и да го тупнам по глава колку да му ја разбијам монотонијата -се вртам назад за секој случај
СДК имајте убав продолжен викенд другарки и другари Опијанете се смејте се сакајте и несебично делете прегратки затоа што фали љубов и топлина во ова студено и дождливо време ... И имате една најголема прегратка од мене поради тоа што сте супер друштвоо
Да можам некаде да го најдам тоа чувство на рамнодушност, знам оти поарно ќе биде. - Ако помагаш некому, помагај на оној кој заслужил. Море, строго по критериуми.И не, не е себично и арогантно. - Си патиме од едни лигави суштества кои не знаат шо зборат, па не внимаваат дека обичен збор повредува. И после, ко ќе поставиш граница, одма си лоша особа.Небитно тоа што појма си немаат колкав товар си носиш со тебе.
Која е границата меѓу најдобрите пријателки? До каде смее да се оди и дали треба да се даваат совети кои не се побарани? Дали треба да се кажат некои работи "за нејзино добро"? Ахх, толку би сакала да ти кажам дека по којзнае кој пат ја правиш истата грешка, дека не можеш да очекуваш нешто ново, ако пак исто постапуваш. Сепак ќе си молчам, од искуство знам дека се додека сам не сфатиш некои работи советите на другите ги гледаш како напад и навреда. Не сакам да те доведам до ситуација да се браниш, нема за што. Која сум јас да ти судам што правиш. Тука ќе бидам ако побараш мислење, поддршка. Твојот став кон оваа работа не може да ја намали љубовта која ја имам спрема тебе.
Како се работи во Македонија Платен производ од пред неколку дена, доставен погрешен, никој од телефонските броеви не функционираат за да ги известиш да ти го сменат па мора да идеш до местото кај што си го купил. Таму вработениот ти вика па што ако ти е сменето нема врска слични се (платениот и добиениот производ) според него, само што јас сум платила поскап производ а ми бил доставен поефтин. На тоа вработениот вика дека ќе ми го заменат денес и до крајот на работното време не е заменет. И притоа нормално 1000000 пати вртиш на телефон да ги добиеш ама нема шанси. Ме интересира дали доколку имаа доставено поскап производ исто ќе се однесуваа? Или тогаш требаше да реагирам јас како они сега? Ако некој знае како да го решам овој проблем нека одговори на форумов.
Многу добро разбирам како функционира принципот „секој за себе“, ама некои луѓе нештата ги сфаќаат толку буквално, што во одредени ситуации дури не можам да се изначудам на степенот на човековата себичност и егоцентричност. Егозентризмот стана една од многуте болештини на денешницата, ко тумор е во највисок - да не речам, речиси неизлечлив стадиум. ... истите тие, паламудат како тоа не постои љубов или не знам што, а речиси и никогаш не погледнале подалеку од сопствениот нос и не му се загледале на светот што се создал во меѓувреме додека биле зафатени со анализирање на сопствената фасада пред огледалото - поважно е да бидеш Барбика пред другите, а тоа што внатрешноста ти е дури и попразна од онаа на пластичната кукла е небитно. Па од каде место за сакање и споделување нешто со некого покрај толку себичност начичкана во секој можен агол од душата?!?! Толку млади, а толку празни и себични...жално. Жални. Останав без зборови.
Mnogu mrazam koga ke mi se pojavit mozolce na jazikov I toa stranicno Moram da go cepkam so zabite postojano, boli do srz Baba mi veli toa se pojavuva ako izlazes nesto...?! Ne re babo, nemam nisto izlazano ...bar ne deneka, I tebe
Денес е денот, денот кој сакам да го заборавам. Денот кога моето срце престана да чука, кога мојата душа замина.Знам тешко е, боли многу боли, незнам дали тие околу мене ме разбираат кога им се отворам им ја кажувам мојата тага одново и одново, но што да правам премногу ме боли Таа ми беше се моја душа, мое срце, мојата надеж за живот, во неа го гледав човекот што сакав јас да бидам, ја гледав како се мачи, за јас да бидам среќна. Сама без помош од никого се бореше за да ме одгледа. Се бореше ама не успеа. Знам дека сега каде и да е ме гледа, ме сака и ме чува, ми помага. Сите ми викаат си се сменила, па зарем оваа болка нема да те смени? Јас оваа болка 9 години ја носам со мене, на моменти сакам да престане но се плашам дека единственото нешто што ми остана и го чувствувам за неа е оваа болка Сепак благодарна сум што ме роди. што се потруди да ме израснеш, јас секогаш ќе се сеќавам на тебе по убавите нешта секако еден ден пак ќе се сретнеме. Јас личам на нејзе и можам да кажам дека со тоа можам само да се гордеам. Те сакам мамо
Не дека се жалам, не сакам да се жалам, само сакам некој да се искажам.... понекогаш се прашувам зошто не ми оди љубовта..знам глупо е, но ми здосади мувањето, врски без обврски и се тоа..Сакам во некого да се за заљубам, сакам некого да ме прашува како го поминав денот и со нетрпение да чекам да го видам. Со запознавањето на секој нов се залетувам високо, а после некој ден старата приказна..се се врти во круг.. Откачи еден глупак, прибери друг, се прашувам дали можеби сум јас проблематична или навистина е тешко да се најде стабилен дечко? Толку блиско а толку далеку. Големиот фраер, зошто пред мои очи се додворуваш на други жити се, и тоа баш во лифт спроти мене, јас сум навикната и да ме здоболи не ми трае многу..Сега испадна само поголем сељак. И најновото, дечкото од читалната, кога ти ги гледам очите се гледам самата себе, а потоа и на улица, дали ова е навистина преголема случајност? Уфф чуството кога некој го среќаваш случајно повеќе пати, живеете на исто место а не знаете како да го најдете..Сакам да те запознаам, па и да изпаднеш идиот, ако.. Со оглед на тоа што се претрпев летото, сега можам да кажам дека сум среќна
Велат дека порано или подоцна се излегува на виделина,секоја тајна е разоткриена. Ме мачи оваа помисла,понекогаш доцна навечер помислувам да не се дознаат две мои големи тајни,ќе ме повредат многу ако се вратат како феникс,а исто и моите најблиски...доволна ми е совеста што не ми дава мирно да спијам. Аман! Само нека остане се како што е,нека бидат и натаму закопани во дното на мојата душа и совест и никако не смеат да помислат да испливаат на бела светлина.