Кога имаш мали деца треба бурно да ги следиш со поглед во присуство на гости, пошто во секој момент може да кажат нешто што не треба, или да извадат нешто скриено низ дома и ужасно да те засрамат Братучетка ми не знам по кој пат ја доведува вујна ми во awkward ситуација. Бев кај нив на гости и си седиме. Братучетка ми е инаку многу темпераментно дете, ни две секунди не може да седи мирна. Појде во соба зеде кармин, се шминкала, лом се направила...ете ги зела и штиклите и со нив одеше, беснееше и туку одеднаш ја снема. Ние си зборувавме и не приметивме дека ја нема и туку се појави на врата и вика: Мамоооо, мамооооо....ние пак не ја приметуваме толку....таа пак вика: Мамооо, ова може да го земам, отвори ми го, што е ова??? Да си играм сакам, мое е овааа, мамооооо.....и кога ја гледаме кондоми зела, цело пакување и се обидува да го отвори .....рекцијата на вујна ми.... Мене така едно незгодно глупо ми падна и туку баба ми се јавува од позадина: Дојди ми кај баба, јас ќе ти го отворам. Дојди, да видиме што е, не викај по мајка ти, мастики ли се тие? И вујна ми само извика: ЧЕКАЈ!! Мое е тоа, и со брзина на светлината и ги зеде кондомите, ја фати за партал и неа и ја однесе во соба. Па баба ми уште ми вика: Што се случи? Зошто така направи вујна ти? Влажни мармачиња или мастики беа?....Ќути и викам да не си го добиеш и ти, какви марамчиња После само замислете колку непријатно беше кога се врати вујна ми од соба...Да не знаеш што да искоментираш... Ама колку и да те нервира, сепак нема да можеш за долго да му се лутиш на тоцкаво палаво ангелче
Нема ништо поубаво од широко отворени раце за прегратка, топла и искрена. Ниедно богатство не може да ги замени тие раце.
Сите оние разговори за кои храбро вежбаме во себе и одлуки што цврсто ги донесуваме во глава во ноќните часови пред спиење... колку само би ни бил поинаков и полн со промени животниот пат доколку светлината на разумот не ни ги потисне следното утро?
Што кога не му си била желба на желбата? Кога на тој што ти е се', не му си се' - туку во душата уште си го носи претходното се'? Што тогаш кога го слушаш тоа, кога го гледаш, кога го осеќаш? Што тогаш кога те боли? Што треба да се направи? Да се замине ли? Изгледа и не останува друга опција кога човек е веќе преморен... Нели?
Синоќа заприметив дека меѓу многуте бради што ги красат лицата на хипстерите, јас го барам најнежното бебешко лице. Меѓу сите темни коси јас ја барам твојата смеѓа. Толку многу погледи вперени во мене, а ниту еден да не ме натера да погледнам и јас. Сфаќам дека таквите како тебе се мој тип, тоа што јас сакам.
Нема ништо поубаво од есенско сонце,кое ѕирка низ облаци некое време па на кратко ќе го снема и пак ќе се појави
ме нервира то шо се пуши во диската ВНАТРЕ, посебно па дека му се дозволува на младите под 18 години ем да пушат ем да пијат.....прекршување на законот....срамота
СДК чудна работа со луѓево. Она као сите скоро се умислени дека само нивното мислење е најважно и они се само у право, као ние другите немаме право на свое мислење. Ж стил ми е овој начин... Али ок, добра страна е што е форум ова па не можат да забранат да имаме свој личен став и мислење на одредени теми. Егото кај тие луѓе знае да биде многу кршливо. Што ке им правиш... Игнор му е мајката само
Е денес мие мачен и неубав ден. Од све мие дојдено преку глава. Сакам одмор, ми треба еден убав одмор далеку од све, и од сите. Толку тешко мие, што незнам више ни што да правам, ни како да правам.И фб, и вибер, и телефон ми иде да исклучам и ајт да ме нема засекогаш. Ама засекогаш. Убаво викаат оној што е горе,затворил очи, не гледа повеке ништо, се спасил едноставно од сите маки, ама баш од сите маки. Незнам што да кажам повеке. Толку.
Ме загрижува фактот што земјава не ја напуштаат само онаа категорија на луѓе со поплиток џеб, ами и оние кои се финансиски стабилни ....
Сакам да кажам нешто. Прееска кога бев во продавница во парк имаше еден татко и ќерка. Девојчето може имаше 15 години. Не е битно. И му вика нс својот татко, тато ајде да се прошетаме малце, ама оди дотерај се, да бидеш убав сакам.И татко и, и вика ама зашто керко што ми фали вака, нели сум и ваков убав, па не одам на свадба за да се дотерувам, за во населба сум добар облечен. Татко и си беше облечен како што треба во трењерки. Сакав да кажам нека го имам покрај мене, па како сака нека биде облечен. Не мие битно тоа. Кога ги видов и двајцата како си се шетаат душата ме болеше. Посакав и мојот татко да беше тука покрај мене. Да ме шета и он мене,да ме гушне, кога мие најтешко да ми каже дека све ке биде во ред. Луге многу ми фали, неможам да живеам без него. Неможам да поверувам дека го изгубив, дека више не е покрај мене. Зашто баш него господ ми го зема, ми го зема баш кога ми беше најпотребен.Секој ден мие се потешко, и потешко. Немам сила више за ништо, не ми се ни живее овој скапан живот без него. Да имам една прекрасна мајка, внука, и сестра, ама се осекам пак празно. Да можам да го вратам пресреќна би била. Све би дала да можам. Душата би ја дала. Ама неможам. Ми фали многу ми фали. Сакам да го гушнам, да го наречам тато, да му кажам колку многу ми фали, колку многу ми треба. Ах дедо боже ах вратимиго. Се извинувам несакав да ширам негативна енергија ама ич. Ама морав да се искажам да се олеснам на душава.
Признавам, темата "Како са се извлечете со убиство" првпат ја отворив, мислејќи дека стварно пишува како И денес, сеуште се надевам ќе наидам на одговор ..Кога некој ме изнервира де