Решението е едноставно ти треба одличен адвокат. Ќе речев и нешто друго ама ептен поттикнувачки ќе делувам ќе си задржам мисла во глава. Сабота убав, релаксаторен ден. Чистев, направив брз десерт кој нема текстура инаку вкусен е ама не е за приказ за во јавност. Се предозирав со кафе и јадев благо пред ТВ гледајќи ги дечките од куманово со нивната хумористична емисија "Нема љутиш". Потоа си пуштив музика и си денсав,си пуштив и мозок на пасење. Некогаш ми е тешко кога сум сама и се чувствувам отфрлено но многу полошо се чувствувам кога сум во лошо друштво. Се навикнав на самотија, ми годи тишината, уживам во друштво со себе, пиејќи кафе слушајќи музика и размислување за тоа што е следно што мора да се реши и од каде, што, како да се почне. Се обидувам да си ги променам мислите, да си всадам позитивни мисли во умот, за да го привлечам доброто. На крај има луѓе кои болат како сол на рана но има и такви кои ни доаѓаат како мелем на скршено срце и душа.
Ама кога првата е вистинската... @Crna Dama Добро знам како е, и воопшто не е лесно, ама мора да живееме, а они живеат со нас во нашите срца. Толку ми се зафатени деновиве и исполнети со луѓе, дружење и забава немам време 100 страни да дочитам. Уште помалку да седнам да пишувам, а имам премногу инспирација. Малите работи ме прават многу среќна. Не ми требаат ни луксузи, ни скапи подароци, шетања, ресторани и хотели. Веќе не ми сметаат ни облаците, ни дождот, ни тмурните луѓе, ме грее сонце во душава и насмевка на лицето.
Да кажеш дека си експерт, во денешно време е лесно. За жал, факти, докази, не се бараат, па паушалот станува критериум за споредба и вреднување. Да покажеш, е лесно. Само ако добиеш шанса. Ако си создадеш шанса. Е, пред тој испит, на тој чекор, ретко кој се нафаќа. Бидејќи неговиот "експерт" е Аматер, со вредност нула.
Фактот дека некому му е забава нечија состојба, а и љубопитство прави да ми се блуе. Кога не ти е грижа, зошто побогу прашуваш? За да си задоволиш ќејф? За да имаш информација плус за да си во тек? За да се ситиш? Не разбирам... Деновиве ја живеам оваа реалност и се повеќе сум разочарана од луѓе кои мисмев дека се на место. Ме згадува фактот колку лиѓето се очарани од материјалното, од себичноста. Кога тогаш, се доаѓа на свое место и секому според заслугите. Трач до трач... Патолошка, не труење со печурки, не срцева болест, не, емболија, не... И сто телефони небаре имаат кладилница отворено. Кое такво бре кога не ви е гајле? Збогом памети. Не е грев што буквално отерав у курац? Не е. Ете зошто не ми се одеше никаде. Ќе ме зачекаше кај што не треба, уџум. Фала ти интуицијо.
Бабееее се мислам дека е до болдираниот збор кој боде очи на некого. СДК Се прашувам дали политичариве се слушаат што зборуваат и дали и самите веруваат во бајките т.е лагите што им ги кажуваат на народот?Кое намалување на невработеност, која црна просечна плата од 60.000 денариили овие што се во завод за статистика слабо им оди со бројки и пресметки, некој греши од незнаење или некој лаже? Многу сакам оваа специјална обвинителка да ми беше теткабарем и ја да фатев некоја позиција во СЈО , па што нели тоа не е непотизам?
Многу убаво е кога си со твој близок човек на кој што можеш да му се отвориш и да му кажеш се што ти тежи. Уживам кога знам дека сум со луѓе кои вистински ме сакаат.Нивната грижа и љубов ја чуствувам во секој момент.Некогаш не е потребно и збор да се каже а веќе сме се разбрале.Немав многу тежини но и тие малкуте ги споделив со човек од доверба Полесно е кога имаш на кој да се потпреш и да се осигуриш дека во ништо не си сам.
Сите зборуваат за светлото на крајот од тунелот. Тоа светло би требало да значи излез од мрачниот тунел. Но што ако таа светлина е само еден воз кој брза кон тебе? Само го чекам ударот од тој воз. Да го допрам дното, да се сторам пепел, за да можам повторно да се издигнам од пепелта. Понекогаш само една песна може да потсети на некоја личност. Народ околу мене, жива свирка, алкохол и одеднаш една песна повторно ме удира и ме потсетува на неа. Не дека секојдневно не помислувам на неа, ама обично ја тргам од мислите, затоа што знам дека веќе не е дел од моето секојдневие. Ми беше секојдневие нашиот разговор, па затоа сега морам да си го замислувам во мозокот и да ти кажувам за сите мои испади и ситуации во кои ми доаѓало да земам лопатка и да се закопам, ти кажувам кога ми е тешко и кога сум тажна, ти кажувам за моите напредувања, ти раскажувам како полека се менувам. Пробував тие работи да си ги кажам сама на себе, ама дури ни муабетот сама со себе не ми оди како што ми оди(одеше) муабетот со тебе. Кога би знаела колку се сменив, можеби ќе се разочараш. Иако си далеку во секоја смисла на зборот, делчиња од тебе се заробени во мене, како што е твојата приказна, па нашите разговори, твоите совети, твојот лик, твојот глас, твојата смеа, твојот дијалект и акцент, зборовите кои почесто ги користеше, твоте тврдења и секако, начинот на кој правеше јас да се чувствувам. Можеби ти ќе останеш единствениот човек кој некогаш за некои работи ме разбрал, не затоа што ме слушаше, туку затоа што се чувствуваше исто како мене. Па никој не ни беше кажал душо дека вака ќе биде? Барем си одржавме убави лекции една на друга. А што ќе се случува понатаму ќе чекаме и ќе видиме. Јас сум таква, пребрзо реагирам, често имам испади и често правам грешки,а по навика и не се каам, потоа често си имам маки со спомените и минатото. Обично по кратко време ми поминува. Тоа е што е, она што веќе е скршено, никогаш не може да се поправи, ниту пак да се направи исто такво. Затоа не се ни обидов да продолжиме или да почнеме од почеток, никогаш нема да биде исто.
Сакам да кажам дека денес почнувам малку покасно со учење, со кафе за да ми држи концентрацијата зошто само максимум 5 сати откако ќе станам можам продуктивно да учам. Жал ми е за фарбата шо ми остана кај фризерката сто години дури да одам да ме фарба ама можеби некој следен ден кога ќе имам време малку поќе. Така да, тука се расонив, можам среќно да се одјавам сега.
Пред некој период, па месец дена некаде, пишував тука како се гушам од луѓе, како сум преморена психички, и како сум исцрена. Елиминирав една “блиска“ другарка и постепено, неосетно се враќав у форма. Деновиве покрај еден куп работа и учење јас сум енергична и позитивна а без неа во животот. И не е случајност, не верувам во случајност. По којзнае кој пат ми се докажа дека мора да ги елиминираме луѓето кои ни прават да се чуствуваме негативно, може и ја на некој му го правам истото, разбирам и да не ми се јави некој. За почит е и тоа, само на добро нека е. @Lilit у врска со постот твој и со таквите луѓе, уште од прв пат кога ке ги намирисаш треба да ги тргнеш од твој живот. Имав таква и тоа блиска личност у фамилија, дур бев болна она ми беше љубоморна што имав “внимание“ од другите... Игнор му е мајката.
Жената е спремна на се кога чувствува опасност. Ќе направи се да си мислите дека сте чекор пред неа, за да на крајот вие излезете со повредено его. Минатата ноќ беше една од поубавите, зошто дојдов до еден многу јак заклучок. Тие што ме читале можеби ќе сфатат што сакам да кажам. Не дозволувајте на крај вие да бидете повредени. Секогаш имајте резервен план. Јас одам да се дружам со фамилија. Недела е ден за смеење
Ако сакаш да знаеш колку си богат, не треба да седнеш и да ги броиш парите, туку треба да пуштиш солза и да видиш колку раце ќе се подадат да ти ја избришат Абе и езеро да направиш од плачење, никој не те гледА СИТЕ ВО МОБИЛНИОТ СЕ ЗАНЕСЕНИ ИЛИ НА ФЕМИНА ФОРУМ
Сакам да кажам ... влегвам во продавница прашвам за слушалки, уште неколку стотки в џеб, а сега иди зима па престојувам во дневната за да не иди висока сметка струја ако стојам в соба и ми вика „1200ден нагоре“. И го гледам чичкото со подотворена уста и ми вика „Ама имаме и кинески“ и си се радвам, имам и друг пат земано и се ефтини и овој ми вика после „од 800ден нагоре“. И си викам, ќе одам во про кинеско место и за 300ки ќе ми трај бар низ зимава. Јбг. Најмногу мразам од оние новите слушалки шо личат на бушалици и се за телефон. Ми дадоа такви со телефонот, шетата старите не одговараат и му ги дадов на дечко ми зошто ушињата ми се мали и буквално не ми берат, ама тие поскапи се од овие за на компјутер шо ги земав и јбг сега кога пешачам по пола град сама, си се потпирам стрикно на фантазијата, а и зима иди, допрва ќе вадам ear warmers. Како и да е, денес во план имав да учам ама сакам да кажам дека .... на инстаграм учев. И последно сакам да кажам е дека со душа чекам да ми се јави поштарот и да му речам: „Запамти овај пат брат, куќата шо е розева како замок за принцези“ и да ми донеси маската со ... џокер ... супермен ... земјата и месечината и ѕвездите и шнолите во форма на ножици (ве молам не ја запрашувајте мојата ментална состојба) и .....
Да му е страв на човек филм да пушти на тв кога е заедно со семејството Демек со Ричард Гир е филмот, прво имаше полиции, мафии, семејство со дечиња, блабла и одеднаш ПОРНО. Не она филмски "водење љубов", туку баш порно. Кога се грабнаа (Ричард и некоја), кога почна да стенка таа, да се дере, буквано да го јава па уште зеде да го задоволува орално и тој и вика: Полека, само со јазикот... Ок...сред бел ден сме...Недела е....повеќето се дома попладне.... Колку е глупо во такви ситуации кога си со постари околу тебе. Да не знаеш од која страна да избегаш побрзо. Да не знаеш дали да го смениш каналот или да се правиш дека ништо не било... Од порано имам приметено дека на Ричард сите филмови му се такви. Абе не постои негов филм без таква сцена, па дури и во најтажниот филм Хачико има таква сцена со жена му Демек мажиште бе... Или пред некое време на тв фаќам емисја со водителка со говорна маана (не знам која е). Имаше некој гостин и на крај му вика: Имаш деца? И тој и вика имам две....И водителката вика епа сигурно не планираш трето затоа еве ти кондоми, за вистинско уживање (и ги рекламира кондомите )...И тој, да да фала ќе се најдат... Затоа одбегнувам тв да гледам...и ова ми е доказ дека треба скрос ќе престанам да гледам. Не знаат за граници дефинитивно...
Спојлер: Стобир...СТОМЕСТЕНКА Едвај чекам мк твитер заедница да распалат по витаминка. Ем очигледна местенка, ем коментари бришат. СРА МО ТА!!!!! Го допреа дното во мои очи. Штета, имав голем респект за нив. Во оваа држава нема нешто што остана регуларно...тажно. Добро.. дечкиве од твитер сеуште не се замолчени,сеуште зборат со страст и без да им трепери гласот! Единствената светла "јавна" точка под наше небо. Наклон! *********** Не памтам кога последен пат сум излегла после 8. Вечерва е грлс најт аут, а ја неам толеранција на алкохол. Имајте убава ноќ људови, под кое небо и да сте!