Некогаш, ми иде да се закопам работејќи и тоа во недела , да го избегнам светов малце и колку ми е подобро само и ме исполнува во свој свет работа, музика, филм, позитива Позз
Е затоа турските серии се добра работа, таму никогаш нема такви непријатни сцени, па може слободно да си ги гледа цело семејство без да се чувствува непријатно. И јас сум се нашол во такви непријатни ситуации кога сум бил со моите дома, али сега ако пуштам некој филм и тие се тука, прво гледам во која категорија спаѓа, ако е 16+ или 18+ одма мењам канал .
Пред малку ми заѕвони некој на врата, отварам, прашувам кој е - нема никој?! Гледам пред вратата пакет и на него ружа Го земав и влегов внатре... Отварам и што да видам, внатре прекрасно кратко фустанче, пликче и обетки а на ружата стои писменце на кое пишува: "За 2 часа биди готова принцезо Ке дојдам да те земам !" Знам од кој е! Само не знам дали тој го донел или го пратил по некој Ма не е важно, одам да се спремааааааааам * ова мислев само на филм го имат *
Пиши им човекот што извршил моч нужда во палетите пиперки за ајвар ( бидејќи вцто му било далеку) и како да купуваме ајвар? Или за мајсторот што му претече котелот со еурокрем па кога го собраа со лопати да го враќаат, и ај како да купиме ? Како? И јавноста не знае ,е не знае бидејќи се фрлаат пари за да си скријат гзот а на вработените закани,ама ги кажаа и богами за се ќе ги кажат, ќе забушаат пак работа како со смоките црвените само ај..
Некои ќе ти зборат со саати и ништо нема да кажат. Други само ќе те погледнат и одма се ти станува јасно.
Не сакам празници, не ја чувствувам нивната магија туку баш тогаш најмногу чувствувам студенило и недостаток на личности кои би сакала да се покрај мене.
Мене ми е преку глава од луѓето. Од категории на луѓе кои бараат внимание по секоја цена. Од луѓе кои мислат само на себе, од користољубливи, дволични. Луѓе кои те газат, луѓе што не те прашале како си, што не ти рекле ајде едно кафе да пиеме. Од луѓе што не излегле кога ти ќе посакаш. Денес посакав да ме нема, да избришам се, да запалам нешто. Незнам од каде оваа негативност влегува во мене. Понекогаш е најдобро да преспиеш се па со ладна глава да размислиш за се. А понекогаш се бара и алтернатива.
Колку повеќе ги запознавам некои луѓе,толку повеќе ги сакам животните.Само злоба,љубомора наоколу.Толку се празни некои луѓе страшна работа,очигледно немаат доволно внимание,па упорно го бараат онлине
Скромно гнезденце, црно винце, румени и топли образи и јас во негови прегратки! За ова се живее, се друго е небитно.
Кога читам во темата Љубовни проблеми морници ме лазат. Зарем има луѓе што и на 30 години мислат дека имаат 15 и дека може да си играат топло-ладно ? Што им е на тие машки створења ? Не мислат ли некогаш да созреат и да мислат на тоа дека треба да имаат девојка со која би било убаво да го поминат остатокот од животот. Таквите играчи ( мангупи) ми се одвратни. Едноставно за да ги плукнеш во фацата се само. Не знам само до каде ќе одат со таа нивна тактика. Мило ми е што никогаш веќе нема да си имам работа со расипана душа и што секој ден ќе се будам до најдобриот човек, најдобрио пријател и најдобар маж. Ве молам девојки внимавајте. Не дозволувајте никој да си мисли дека може да се однесува со вас како што него му одговара. За таквите само вреѓање треба, да му плеснеш или напишеш се за да се спушти на земја. Можеби многу бурно од моја страна, но стварно ми е смачено секоја жена да има по некој таков. Дај боже да си завршите сите со некој што нормално знае да се однесува. Најважно е да ве почитува женски, да знае да се однесува како што треба, а не како морон
Знам дека ако ти се вратам пак ќе ме повредиш, знам дека пак ќе се затрескам и ќе бидам немоќна.. Единствено решение е да глумам дека сум се откачила, дека не си ми важен како порано, да бидам иста како тебе, кога ќе ме бараш да ти откажувам во последен момент зашто таа вечер можда ќе најдам подобар. Да бидам девојката која секогаш е средена, која сите ќе ја посакуваат, која е забавна и луѓето сакаат да бидат во нејзин простор. Да, баш таква ќе бидам, тогаш нема да ми биде важно да си ти до мене. Еднаш ме напушти, а јас ја затворив книгата, и повторно да се сретнеме никогаш нема да бидеме истите. Ама фала ти, ме научи да се сакам најмногу самата себе. И не, не те обвинувам повеќе ме напушти зашто така си сакал исто како јас го напушќам сега дечкото кој ми е досаден, зашто едноставно не можам да го сакам како дечко и нема да му го трошам времето. Знам дека не би му се вратила, ама зошто ти се враќаш како ништо да не се случило, не требаше никогаш да ми пишеш, нема потреба да се предомислуваш, ама овојпат ги менуваме улогите јас нема да паднам во замката а што ќе се случи со тебе нема да ми е гајле. И можеби кога ќе те видам повторно ќе се затрескам но ти нема да го осетиш тоа.
Јас сум од оние типични балканци што без леб не можат да замислат да седнат на маса да јадат. Се фатив во ситуација и макарони да јадам со леб и уште пострашно и потрагично и салатa
Доколку има некои феминки што студираат во Љубљана ги замолувам да ми пишат ЛП да си прашам 2-3 работи