Кога веќе делиш на слогови, правилно би било РАЗ-БИ-РАМ (нели две согласки една до една). Чао. #онакадасевмешам
Каков ден... Гласачки ден, роденден на Анабелка наша, ден за учење на математика, ден за бањање, ден за генералка... Добро де се ова познато ви е, што има јас да ви кажувам. Отишол татко ми во 7ипол се нацртал за гласање, боже до толку е внесен во политиката. И сега Дрим глупавата што не знае дека смениле тоа мастилото, учиме со тато математика и му гледам ноктот офарбан. Ама мастилото од плаво со неколку пати миење црвено станало. И му викам јас на тато, што ти е со ноктот? Си се удрил некаде или немој да ми кажеш си се лакирал?? Тој прво ми се изнасмеа, што ми идеше во земја да пропаднам, а јас цела со ???? во глава си викам што му е на човеков, што ми се смее? И ај што си се изнасмеа ми вика мастило е ќерко од гласањето, го сменија. Абе ајде 300 чуда, ќе го збунат човек со овие новиниве во државава. Ова не било мастило, маркер де, ама ај ме сфативте.
На ТВ, на радио, на Фб, на твитер...секаде секаде резултати, ако не те интересираат опција ти е земи и вези .
Премногу ме боли главата ...Несум наспиена само 3 саата спиев и ке пукнам... Цел ден ми помина убаво си се нашеткав , убаво дружење имаше денеска , и многу ме усреќија луѓето околу мене... Мили мои ве ...Ме изненади и повик од далеко , тоа мило гласче најсладко рече -Си доаѓам за два дена : и јас целата ваква и после тоа среќна сум бе... И покрај тоа што ужасно ме боли главата , оваа гласачка еуфорија во мене не се гаси , чекам конечни резултати , иако немам никаков корист сепак ме радува секоја победа... И на крај сакам да кажам идам да си гледам филмчиња на нет, и од утре е време за посета на салони манникири , педикири , депилација , козметика ---> припрема за сонцето мое кое ке ми стигне од далеку после тооооооолку многу време.... Еуфоријата за велигденските празници почна , а јас како така иновативна и креативна обрнувам небо и земја и барам и барам нови начини како а ги помстам јајцата... Секогаш сакам да се издовјам со нешто посебно , не често видено , ново , интересно.... Едноставно обожавам кога ке ме пофалат за мојот труд... Ааааах тато тато ме изнасмеа денеска ти си закон ..... Мајками и идната свекрва денеска си беа на гости ...Абе срцки се и двете , ги гледам само вака од страна а они се за децата , децата како сакаат , децата како одлучат , они вајца си знаат , не им се мешаме што сакат тоа , ние сме тука само да помогнеме а јас во себе само си викам ЛАЈК.ЛАЈК ЛАЈК .... Денеска кога отидов да гласам, една жена од комисијата ми рече , јас те знам тебе те имам видувано некаде, те паметам и реков можеби , а таа ми рече да да , таква убавина никогаш не се заборава хах јас само ваква Шта речи ? Иначе идам да гледам филм , може ова празн глава ке ми помине ....Добра ноќ драги мои
Денес со обележаниов палец,како доказ дека сум гласала се осеќам ко одбележана овца. Не смееше ваквото одбележување да биде приметливо.И сериозно го сметам ова како повреда на гласањето. Не може на прв поглед да се гледа дали некој гласал или не. Едноставно јас не се чувствувам удобно со тоа. Многу подобра беше варијантата со невидливо мастило и УВ ламба. Мое право и моја приватност е гласањето.
Тоа е за утре понеделнички на работа во државна администрација да се проверат прстињата како на систематски преглед. Или оној во школо, кој има вошки, на кого му се сечени ноктите и секако шамивче кој носи. Мене друго ме буни... Дали и другите 10-тина најдени луѓе за листи треба да се донесат за доказ? М?
Овој човек за мене беше олицетвори на вистински претседател-Киро Глигоров. Првиот претседател на Р.Македонија. Сите после него беа и се само налик претседатели. Киро Глигоров беше вистински претседател кој достоинствено и гордо не водеше кон вистинскиот пат. Народот му ја даде довербата нему 2 мандати. Тој беше најстариот , најпаметниот и најмудриот политичар. Од неговиот пример требаа да учата деншниве налик политичари. Моја почит и респект. За мене само Киро Глигоров ќе биде вистински претседател и олицетвори кое достоинствено беше тоа што беше-Претседател нa Р.Македонија. Барем малку да имаа денешниве политичари од неговиот ум и мудрост подруго ќе беше. Се сеќавам на едно интервју со него, малечка бев јас тогаш, но никогаш нема да заборавам дека човекот имаше солзи во очите кога зборуваше за моменталната ситуација во државта што беше тогаш-Косоварите т.е косовските бегалци кои беа згрижени во Западна Македонија. Тој плачеше букавлно и кажуваше дека е тоа најлошото нешто што се случило во Македонија, знаеше тој дека денес ние ќе стардаме на овој начин. Знаеше и беше свесен за иднината на Македонија. И точно како што кажа, се така и се случи. Денес допираме некое најмизерно дно. Секој си поигрува со македонската држава и народ како си сака и како му е желба. Прочитајте повеќе на линков. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0% ... 0%BE%D0%B2
Никогаш не завидувајте им на оние коишто се` постигнуваат во животот по свој пократок пат. Знаете зошто? Затоа што оние на кои се` им е однапред подредено во животот, ја немаат онаа сатисфакција, онаа гордост која ја носи заслужениот успех. Исто како и оние кои добиваат пофалби, внимание или постигнуваат некаква цел крадејќи туѓи идеи, китејќи се со туѓи перја. А ништо не може да се спореди со задоволството, возбудата која ја носи успехот после многу вложен труд и неизвесност...
Толку ли се глупи, една реченица незнаат да сврзат? Батали тоа, но пред неколку месеци да не бев јас, таа ке умреше.. И така и така никој повеке не ја гледа со исти очи, а пред неколку часа ми се смее у фаца.. Некој луѓе немаат ни благодарам.. Тоа никогаш нема да го сфатам зошто го прават тоа?
Се вратив. Таму каде што застанав. Таму каде што започнав. Таму каде што се изгубив, истовремено и пронајдов самата себе си. Таму, каде што секоја капка ладна крв навираше. Таму, каде што секоја капка ладна пот се слеваше низ топлиот грб. Таму се видов прв пат. Таму се исплашив прв пат. Таму заљубив. Таму и оставив. Таму пак се вратив. Беше темно и празно. Овојпат, се плашам.
Го знаете она чувство, кога една екстремно глупава - тупава песна Ви се врти во глава? Добро ќе беше да беше само во глава. Туку сите ги замарам, несвесно. Значи тапа е песната. До олку е тапа. Уште кога ќе си го слушнам гласот како ми звучи, уште потапа станува. Ама КАКО да ја тргнам од глава? Додека го пишувам ова, си пеам и сестра ми ја слушам: - Не пак, не пак, не пак. Ако легнам да спијам мислам дека и пејачката ќе ја сонувам. Барем некоја нормална песна да беше... Прво ја пеев, само за да ја нервирам дотичната сестра ми, бидејќи ја мрзи песната. И сега јас се зезнав. Мило за драго, све ти живот врати... Вака се чувстувам, кога ќе се начекам како ја пеам 0:13. https://www.youtube.com/watch?v=NRwl5hA1Sgs
Простор помеѓу нас, простор насекаде околу - море од бескраен простор. Седиме еден до друг, а толку сме далеку. Ти со својот смартфон, а јас на мојот лаптоп. Децата? Хмм, препуштени се на самите себе, да го откриваат светот во отсуство на родителска грижа, родителско воспитување. Децата не ги учиме повеќе како да се социјализираат во општеството, туку несвесно ги препуштаме на тиранот наречен социјална мрежа. Се одродивме едни со други, ни одењето на гости кај најблиските не е како порано, ниту пак пиењето кафе со пријателите е исто. Сега нарачуваме пасворд за вифи, наместо пијачка и како ноеви со главите наведнати ги галиме паметните телефони. Очигледно е дека технологијата се наметна врз секоја индивидуа, кој повеќе кој помалку го губи својот идентитет и станува заложник на виртуелното општество. Се плашам од премногу типкање по тастатурата да не ни израснат пипци, а како цена за сето тоа да го загубиме гласот. Како последниот мохиканец пркосам на овој поредок и си го поставувам прашањето дали сум последен со потреба од глас или има и други во овој празен простор, а сеуште не сум го чул нивниот рев.
Ех човек касно сфаќа кои се вистинските вредности во животот, не дека јас до сега не ги знаев само премногу ги преокупирав мислите со некои безвредни нешта. И кога ќе ми велеа немој да се измачуваш за љубовта, не е ни прв ни последен.. погледни околу тебе имаш се што посакуваш... Искрени пријатели кои се секогаш тука за тебе, семејство кое те сака и те гледа како зеница во очите и ти ги приуштува сите задоволства, е во право биле. Колку се чувствувам посреќна кога денот ќе го поминам со некој од моите блиските пријатели кои секогаш успеваат да ме расположат и секогаш кога и да сум изглегла со намуртено лице поминувајќи време со нив сум се враќала насмеана Што ќе ми е да патам по некој кога можам да уживам во неизмерната љубов и поддршка на пријателите и семејството. Среќна сум што ги имам нив.. Среќна сум за се што Бог ми дарил во овој живот и го ценам сето тоа. Човек секогаш не можи да има се.. Мора да постои баланс помеѓу нештата за тој да не стане вообрзен. Ете можеби ја немам љубовта на мојот живот, можеби сеуште не сум го пронашла вистинскиот ама пак затоа имам се останато. Се ќе си дојде на своето место со тек на време. Како и да е.. сфатив дека треба да уживам во животот и во она што го имам зошто некој го нема ни тоа.. Од сега натаму нема да се жалам за ништо како што правев, ќе му благодарам на Бој и на моите родители и моите пријатели што се тука за мене секогаш и што ме поддржуваат. Без нив јас не би можела да пребродам ништо. Ги сакам
Ние луѓето што повеќе имаме, толку повеќе бараме. Зошто не сме задоволни со тоа што го имаме? Пред се најважно е здравјето и семејството и нивната љубов. Ама денес за жал парите се тие кои го вртат светот. Парата е нешто што денес го имаш, утре го немаш, и обратно. Тешко се заработуваат, не паѓаат од небо, а лесно се трошат. Моите до денес многу работи ми пружиле. Не се, но колку можеле ми пружиле. И благодарна сум и со толку. Сакајте ги и почитувајте родители, мајка, таа го носи своите чедо 9 месеци, таа со тешки маќи го раѓа, таа бдее покрај своето чедо кога е болно. Родителите се тие кои што го одгледуваат детето, го воспитуваат и се трудат да го одведат на правилен пат. Немаме мноогу пари, не сме богаташи, ама кога ми треба нешто тие се тука да ме поддржат, да ми помогнат. Тие се секогаш тука за мене. Затоа не правете глупости кои што ќе ја изгубат родителите довербата во вас, тоа е лесно, ама тешко се враќа. Многу млади на мои години се лутат на своите родители како не ги разбираат... И да ве искараат и да ви се развикаат, ниту еден родител не мисли лошо на своето дете. Ехее мајка ми и татко ми колку ме карале, ама знам тоа е за мое добро, да не ми викаа немаше да им биде гајле. Поради се што ми пружиле сакам да ги направам горди на мене. Сакам постојано да бидат насмеани и среќни.
Добро до кога мажачки по концепт го сретнува-останува бремена-се мажи. Урбани девојки...особено од мојов род, закоравена традиција, на 25 ако не си мажена, мислам крај... Затоа ќе ме малтретираат, АЈДЕ МАЖИ СЕ ШТО ЧЕКАШ, ЖИВОТОТ ТЕЧЕ... Не знам, не можам да смислам причина зошто чекам, ама еве да речеме нека бидеее...сакам да ве нервирам! А бре без еден заеднички одмор со тој што планираш да се мажиш не треба да се мажиш, не па рандом, оп цуп за помалку од 6 месеци... И после нали, со чест на исклучоци, бракот напет...не чини, ама ни-ка-ко развод, све тоа со амалгам од пари и швалеранции се пломбира и ајт. Да ти се плукнам во народот чуден.
Деновиве, несоницата ме убива. Час, два, максимум три спиење. Ама не се жалам, и така можам да функционирам правилно. Периодов, како времето ми е. Де убаво, де не. ** Денес, сум посебно среќна. Утрото ми почна со преубава порака. Со нешто што никогаш никој не ми го кажал, посветил.. Најмила моја, те сакам повеќе од се!.. .. Се наежив. Една солза ми се стркала по образот.. Се насмеав. Искрено се насмеав. Колку само може една порака да влијае на расположението. Среќна сум. Ова утро сум навистина среќна. Само се насмевнувам, и размислувам за него... Ми недостига.. Мајка ми ја примети мојата радост, и ме гледа со поглед 'Се смееш без причина ', ама ако. Си ја знам јас причината, и мене тоа ми е доволно. Нема поубаво чувство од тоа да сте сакани. Папучарчето мое , ми го разубави денот. ** Ви посакувам пријатен ден драги феминки! Бидете добри и запаметете, бидете со луѓето кои ви предизвикуваат насмевки на лицето, внимаваат на вас на посебен начин и ви покажуваат дека им значете. Сите останати, кои не се вбројуваат тука, ставете ги на mute!