Кога ќе си правам девојачка три пати ќе наздравам. Првиот пат за бившиот што мислеше дека ме врти околу малиот прст, па на крај машки му го начукав, нели секој со заслугите. Вториот пат за другарките, без кои не можам да си го замислам животот и кои ми помогнале да сфатам многу работи. Третиот пат за мажот ми, зошто докажал дека тој е тој кој најмногу вреди.
По стоти пат докажано е дека за мене не треба да има викенд/продолжен викенд..Толку нервоза ме тепа затворена дома во тишина , го слушам само одчукувањето на часовникот и звуците од отворениот прозорец. Има денови кога сум вистински среќна со тишината и ја чувствувам како благослов..Но , има и вакви денови.. Само добра финансиска инекција ќе го реши цел проблем.Еден викенд во Берово/Банско/Лутраки..Нова енергија, нов стимул, нов поглед..Кога ЈАС ќе бидам на прво место? Можно е да нема подобро утре? Можно е ОВА да е моето писание?!?
^ А фала ти многу на искреноста Александар,многу утешително од твоја страна, отидов јас да си поплачам и да си попцујам по ксметот мој..
Не си единствена со таков ксмет,дојди заедно ќе си плачеме. СДК затоа што ги проценувате луѓето многу површно по облека, пари, угледни родители ќе пропуштите многу личности кои се вредни да ги имате покрај себе за пријател, партнер.
Продолжените викенди се убава работа, ама се е до тоа како ќе ги искористиме. Јас денес 5 пати се покајав што не проверив вчера какво ќе биде времето па да се договорев со некое друштво до Грчка на плажа да се оптегнев малку.. ми фалеше уште едно такво искуство во Октомври пред врнеживе и зимиве да дојдат. Ама си требала да излезеш во природа некаде, да видиш како ќе се освежиш, греота ваков ден да не се искористи.. ама ајде, нема да е последен, размислувај позитивно, не се депримирај за глупости
Во 80% од моите moods, ако треба да бирам меѓу ова и соба полна со луѓе - како идеална локација би го избрала местово...
Напрај список од оние на кои им посветуваш највеќе време. Сега напрај список од оние кои ти посветуваат највеќе време. Не се истите луѓе на едниот и другиот список, нели? Понекогаш некои од првиот список воопшто ги нема на вториот, токму проади овие животот ни е хаос !! Иронија е што тоа го согледуваме можеби премногу доцна па попатно ги пропуштаме сите подадени шанси, прокоцкуваме се па остануваме сами, потоа ја обвинуваме судбината. Не таа не е виновна ами ние самите и нашите одлуки несвесно донесени !!
СДК, ко ќе ми лајкни некој старо мислење си го читам редовно. 90% од случаите се пцујам шо автоматски не ми се бришат мислењата стари 3 месеци. едит: Само шо се сетив .... сдк .... дека мразам кога имам убав ден и вака ова време ми текнува дека сабајле сум на забар. Е ај добра ноќ.
На кого му требаат личности во животот, што едно се кога се насамо со нас, трети во друшто? На никој. Чисто информативно за оние што се однесувате вака
Купував нешто низ чаршија со внук ми,и ми приоѓа еден стар дедо и ми вели да ти е здрав и жив невесто,леле се пресмеав јас и ајде не ќе објаснувам насред чаршија несум невеста,внук ми е,му велам фала да си здрав и жив и ти дедо А не е прв пат да ме помислат мајка на внук ми Не си личиме воопшто,ама луѓево изгледа се навикнати да ги гледаат децата како шетаат само со мајките
Љубов е кога втор ден упорно го одбегнуваш катчето со омилената тв серија и си решен да чекаш 2 недели за заедно да ја гледаш со мажето .
Чајник што свири кога чајот е готов е измислен за луѓе како мене. Ќе го ставам на шпорет, ќе се заврткам низ дома и скроз ќе го заборавам. Тек кога ќе почне да пишти ми светнува во глава дека сум ставила чај да се свари. Многу често заборавам на некои такви работи што ги оставам во кујна. Освен кога се работи за пица што се крчка во рерна. Таа не ја заборавам