Не знам која е поентата да им верувам на луѓето и да им се ослонувам. Што ќе ми е да му верувам на некој кој за некое време ке си замине од животот мој? Сама сум била, сама сум и ке си бидам исто сама (читај независна). И овој сега што ми се врти наоколу, ме убедува како тоа можам да му верувам како не знам што, па ѕвезди нешто спуштање тук таму некоја далечна планета... и што? Ја на крај пак не му верувам. Може стварно го мисли тоа за мене и се чуствува така, ама ја не му верувам. Фино дете све тоа, ама ај оди пушти се пак у врска, дај све од себе, дај и скапоцено време за накрај да си се разочарам, а може и ја ке сум таа што ке го разочара, па не сум совршена побогу. Факсот ми е битен, побитен ми е од кислородот што го дишам, битен ми е. Имам слика за мене што сакам да бидам и кај се гледам у наредни 5 год. Швајцарија некаде може Италија ако не па... пфф и сега да прокоцкам сон за некој/и што не им верувам? Не вреди. Колку мислам дека ке можам да одвојам за луѓево толку, ни повише ни помалку. Нема да им давам мн од мојава енергија, ќе ми треба...
Тој не ја нашол 2 години што секој ден вози, ние џабе ќе посредуваме А од друга страна па, тука се сите на тие години како потенцијалната пепелашка..што знам
Пишува дека братучетката на пепелашка ја барала шттиклата,ама возачов не ја давал Морало лично да дојде да ја проба,а она сигурно срамежлива
Ааа сигурно..пукнала од срамежливост Колку што тука на форумов за "другарки" прашуваат дали се бремени ако им сврши некаде
Или не и се допаднал потенцијалниот принц И сега секој ден си крои план како да си ја земе штиклата и да стигне дома пред полноќ
Прекрасно поминат ден со личноста што најмногу ми значи, па и времето ни се погоди. Денеска нема да ја симнам насмевката од лицето. Никој, ама баш никој не успеа да ми го расипе расположението. На сите им одговарав со насмевка. Ништо лошо не допре до мене. Се променив, но на подобро. Конечно.
Колку убава професорка ми предава семестаров, баш да ти е мерак на предавања да одиш и со внимание да слушаш. Ајде што е надворешно убава, па и внатрешно блеска. Значи не е милфица, не е надувана со силикони, туку е природна и слатка ама во исто време зрачи со женственост и сексипил Пријатна и фина е со сите, секогаш има насмевка на лицето ама има еден строг поглед што знаеш дека нема зезање со неа. И карактерот и убавината придонесуваат за на нејзини предавања сите да сме нацртани, иако рано почнуваме.... Искрено не планирав дека ќе одам редовно кај неа ама едноставно како магнет те привлекува. Па кој став го има, па кои движења, па облеката боо боо боо да ја грабнеш и да бегаш...не знам што чекаат машките И на пауза сите едно исто коментираат...блазеси му на мажот, леле колку е убава, имам предавање од УБАВАТА, брат устата ќе ти падне, брат ќе ја изедеш со поглед... Ако бев маж или лезбејка, сега знам како би ми изгледала жената Туку да не јадам многу пред време бурек пошто уште не знаеме каква е за тестови, испити и оценки...да не пропадне се во вода п.с. Кога заврши предавањето сите полека си одиме, и таа вика: Само момент колешке дојдете....се завртивме на кого му вика, и гледам кон мене покажува....Си викам што е работата, појдов и ми побара да размениме бројчиња за да имала контакт со некој од групата, во случај ако таа не може да дојде, или ние ако сакаме да ја побараме. Од 30тина души зошто баш од мене број, не знам После ме умреа машките колеги да сум им го дала бројот....демек на зезање ми бараа ама браќа ве сфаќам...издржете мУшки, само во соништата смеете да ја имате
Денес имав мал миг, незначаен , сосема неочекуван времеплов, кој ме врати во миговите кога треперев, кога вредност и глас немав, кога сакав и простував, кога на трње одев, спиев, дишев, кога се заборавив себе, кога заборавив да се смеам, кога заборавив колку вредам. Денес се вратив во секој миг во кој бев небитна, кога гребев залудно, кога бев непотребна, кога бев казна и проклетство, кога молев за трошки и гладна сама заспивав. Денес се вратив во болката, во планината на плеќи што си ја натоварив, кога ме убедија дека грда сум, небитна сум, невреда сум... Денес се вратив за миг, колку да се присетам за навек љубов не постои, не се раѓа и не доаѓа неповикана, денес се вратив само за да повторам дека љубов бзусловна треба да има само за себе!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Сдк Вистинскиот маж секогаш ја затвара вратата од автомобилот после тебе (чисто ради да не ја удреш пресилно) и секогаш секоја наредна чашка ја брои како втора Да живеат вистинските мажи
Ден први. Каратка хорор приказна. Комшичето почнало со часови по виолина...прилично е ентузијастично. Еве цел час ја слушаме нотата фа....
Кога имав нешто премногу да кажам, најчесто тоа било на една личност, и било кажано мал милион пати, но ништо не се променило... Последнава година, кога доаѓаше момент истиот муабет да се повтори, ме фаќаше една мрза, едно чувство на сеедност, и си викав ај батали, немам веќе нерви,а и веќе не ми е гајле... Повеќе не обрнував внимание на тој проблем, а уште помалку на таа личност... И така...
Има едни шо се нон стоп околу тебе, ама едвај чекаат да слушнат некој да каже нешто против тебе. А има и едни други, не ги гледаш многу често, ама не дај Боже да слушнат некој да те оцрнува, очи ќе му ископаат.
Ме нервира многу кога некој ќе ме праша зошто немам дечко, а чекај треба да бидам со некој колку време да потполнувам, да се занимавам ај немам друга работа. Некои луѓе никогаш нема да сфатат како е да сакаш некој, да копнееш по него, да ја чуствуваш неговата болка, да ја делиш неговата среќа, да се радуваш како дете. Дури некни добив коментар џабе сум блескала кога сум била сама, а шо ми фали нешто или дека не сакам да бидам со типот па ме провоцира. ЈА згрешил личноста. Друго го сретнав синот на една поранешна пациентка и човекот ме застана цел насмеан многу му било мило шо ме гледа пак, мајка му многу ме поздравувала само за мене прашувала, толку ми се наполни душата НЕ е свесен само колку ми го разубави не само денот, туку и животот.
Исклучив фб. Толку многу ми треба вечерва само еден убав мир. Знаете сама кога шетам мие многу убаво. Тогаш најубаво размислувам за све. А како што мие деновиве тупан главата, е утре и сама ке си искочам.Ке си седнам во некој парк и ке си читам книга. Баш мие гајле што ке ме гледаат лугето сама. Ич ама не му ја мислам што и како ке кажат. Некогаш е подобро да си сам, да си размислиш убаво за све онака, да си ги средиш мислите. Па и тоа е за луѓе де.Периодот мие таков за сама малце. Олку негатива никад немало во мене, ама баш никогаш. Напротив од мала нога сум била позитивен човек. Што ми стана одеднаш незнам ни самата више. Ама овде кога ке пишам толку многу ми олеснува на душава. Ете толку имав да кажам.