прошетај,читај,напиј се кафе,купи си некоја ситница ако си во можност ...наполни си ја душата со мир јас знам одвреме -навреме да си се почастам со ваков мир и мн ми е убаво после тоа Воопшто не се замарај дали те погледнал некој додека читаш или пиеш кафе сама
„Ние, луѓето, што знаеме еден за друг? Се разминуваме како туѓинци во далечна, непозната земја. Призрачна средба со погледи. Празни зборови. Скриени таги. Измислени радости. И самотија. Темна како последната ноќ. Светла како првата зора на светот.“
Два дена ми звони мобилниот и ме прашуваат за парфеми и скафандери,денеска да проверам и гледам некоја упорно си става огласи на моја гардероба со мојот број да не мисли јас да и ги продадам
Сакам да кажам дека животов е едно ГОЛЕМО СРАЊЕ, една претстава турлитава, каша попара од човечки маки..и Господе навистина сум ти љута!!! Голема утка имаш направено кога си не стварал
Есента ми е омилено годишно време. Има нешто посебно убаво во неа. За некого е тмурна, депресивна, меланхолична, за мене е дефиниција на мојот карактер. Тоа е период кога уште ги чувствувам топлите, се' уште летни, сончеви зраци, а од друга страна воздухот кој повремено ме штипе за кожата ме потсетува дека не е лето. И покрај тоа што природата ја доживува својата метаморфоза, својата трансформација, сепак е побогата од кое било друго годишно време. Надвор студено, а во очите и душата топло од сите тие, истотака топли, бои од спектарот. Греат дури и кога е облачно. Сето тоа надополнето со боите и раскошноста на хризантемите и љубичиците. Убавина. Особено задоволство ми причинуваат ваквите денови. Без разлика дали ќе седам дома, стуткана под топло ќебе, со врела шолја чај в рака, чија пареа носи мирис на цимет, каранфилче, портокал и лаптоп до мене... или пак треба да се натоварам со омилените топли алишта во есенски бои и со чадор в рака да се упатам некаде по мраков среде бел ден, уживајќи во звукот на дождот. Есента ми е годишно време на писатели, поети, уметници, инспирација... Има нешто мистично во неа. Настани кои допрва чекаат да бидат доживеани, тајни кои допрва треба да бидат откриени, љубови кои допрва треба да бидат искусени... Постои нешто во тоа студенило, во тој мрак, во маглата што ме влече, што ми ја разигрува душава и прави да се радувам додека сите се нерасположени. Постои некоја магија...
Ако вашиот партнер, маж, дечко, влечко, не е горд да ве држи за рака додека шетате пред јавноста и оние кои што ги познавате, треба да му ја пуштите раката и најсамоуверено да чекорите сами напред! Дај опаметете се бре, девојки и жени, ценете се!
Розевилото во животот згаснува ден по ден, едни се фатираат други се матират трети кризираат. Мислам дека е доволно сторено грабеж во оваа држава , младинава ни замина, доста се залажуваме со административни плати и глупости кога ништо од економијава не мрда. Сите кубуриме со кредити за кога ќе дојде ден да не можеме да ги вратиме и крахираме. До кога бре вака ако не е Глујко е Зујко фамилиите нивни милиони на сметка до 15 колено младинава наша по денар два во џеб.
Уште еден "шамар" кој ја потврди,по милијардити пат, онаа народната "Каменот од блиску паѓа" Ех... И пак, по милијардити пат - Прости им Господе,незнаат што прават...
Сдк Читaм мислењa пo темиве и се чудaм.Немa темa дa не пoмине без кaвги.Некoј пoедници кaкo oд стрaнa дa демнaт и чекaaт некoј нештo дa пише,и нaместo културнo мислење,стaв oдмa нaпaди нaвреди,исмевaњa.Пa увредени.Стрaшнo.Дa ти е стрaв нештo дa пишеш. Кaкo беше тoa..."дo плaдне ги мрaзaм сите,пoсле плaдне и сaмиoт себеси"
Уште кoлку пaти требa дa се рaзoчaрaм?Зoштo се штo ќе нaпрaвaм не излегувa кaкo штo требa?Зoштo? Еве,втoрo кaфе денес,дo пoлa филџaн испиенo.Не oди.Туркaм aмa не oди.Зедoв пaрче пицa,пoлa јa oстaвив.Туркaм ,џaбе кoгa не oди.Истo и живoтoв.Гo туркaм aмa не oди.Нa сите нaчини се пoтрудив,џaбе.Ништo не ми oди oд рaкa.Зoштoooooooo... Веќе немaм сили..Oд кaј дa црпaм сили сегa? Синoќa гo сoнувaв мoјoт херoј...Тoлку мнoгу ми фaли.Кaмo дa беше сегa и дa ме пoдучеше кaкo дa си ги земaм кoнците oд живoтoт вo рaце.Кaкo дa гo упрaвувaм.. А сaмoдoвербaтa? Хух..пoсле тoлку удaри,јaс не ни знaм кaкo е дa се имa сaмoдoвербa......
Сакам да кажам дека во последниве неколку дена во нашиот дом и во дворот постојано ни доаѓаат животни, а немаме наши домашни миленици. Прво беше повреден гулаб, па кокошка, којзнае од каде дојде во нашиот двор, многу беше убава бела и оставав по малку лебче, се врткаше неколку дена и после ја снема. Денес имаме чавка или страчка незнам што е со повредено крило во доворот, исто така денес како што си седев и читав нешто во собата мало маче фатив со крајот од окото минува покрај мене кога го видов се уплашив а и оно од мене и ја кидна, ја пуштив да излезе низ вратата што оди во дворот позади, ваљда од таму дошло. Многу ми се мили ама од друга страна ми е чудно, и се си мислам дека има некое значење само незнам какво.
Пред некој ден и правев друштво на братучетка ми за на стоматолог. Оринацијата средена капка. Чекавме 10тина мин и ја повикаа братучетка ми. Седам јас во ходничето ама многу ми се мочкаше, цело време некако ладно ми беше во нозете и насекое ми се одеше во вц. Излезете сестрата и ја прашав каде е вцто, ми покажа таму по едно ходниче, одам, средено и таму, убаво чисто. Си завршив работа, ја отворам вратата...не се отвора. Отклучувам, не се отклучува. Чекај полека смири се...вртам лево, десно, никако не може. Пак одново, пак ништо. Се слуша чк чк чк од клучот ама не се отвара вратата. Почнав понасилно да ја отворам, да се акам од врата, пак ништо. Ме фатија паники....дали овде цел живот ќе останам? Дали овие не се доктори туку убијци, и сега и мене и братучетка ми ќе не убијат, ќе ни ги продаваат органите или можеби ќе не продадат на богат Арапин или некој принц од богато племе, и парите ќе си ги земат за нив? И ѕвонам на братучетка ми не крева. Почнав да вика: Ејј има некој?....ноп....немаше никој.... Се исплашив, паники, узбуни....пак викам да не има некој...пак пробувам да отворам и пак ништо. И туку одеднаш слушам детски глас: Има ли некој во вц? И јас одма: ДА ДА ДА ДА има, пробај од надвор отвори, јас не можам... И детето рече: Чекај да го викнам тато, пак вратата се заглавила...тоа детето било син на докторите во чија ординација се наоѓавме. Дојде татко му т.е. докторот, со него две сестри и плус детето. Пробуваше да ја отвори, и тој силно, па полека, па ми викаше ајде сега отклучи, ајде сега....И на крај ми рече качи се на шолја, а јас ќе ја турнам силно вратата, па за да не те удрам....ајде се качив, силно турна, се отвори вратата, јас како од пораѓај да излагам црвена испотена исплашена. Ми се извинуваше докторот, јас нему му се извинив што им одзедов време, тој пак вика Не не не ти извини, и одма се јави кај некој мајстор. Ние си заминавме со овцата (братучетка ми) и среќа не можеше да ми се смее што ми се случило, пошто устата и беше зафатена Поука: Не одете по туѓи вециња...или ќе се затне шолјата или ќе се заглавите во вецето и ќе треба врата да кршат заради вас.
Како вчера да беше кога се зачленив на форумот... 3 години сум овде и сум среќна што запознав многу луѓе. Да ве почестам по повод мојата годишнина на Фемина да се дружиме уште долго
Во светот ќе сретнеш луѓе со различен менталитет,само што не знаеш колку од нив се за во Бардовци а колку од нив да шетаат слободно.