Сакам да кажам дека до пред еден месец не верував во машко-женско пријателство. Се додека не почнавме поинтензивно да се дружиме со другаров. А сега, сега ми е најголема потпора и најголема среќа во животов. Така силно ме смее и ми внесува позитивна енергија што секој ден ми почнува и ми завршува со него. И рамо за плачење ми е, и огромна поддршка ми дава. Заедно се смееме на глупостите што ги правиме, танцуваме на сред подиум како луди без срам, се превртуваме од смеење на неговото хејтање кон мене и на тоа колку се нервирам кога ме закача. Во исто време ги споделуваме сите рани кои ни тежат, сите сонови и планови кои ги имаме, и сите желби кои сакаме да ги оствариме. Сакам многу опуштени, весели и насмени луѓе. Луѓе кои шират позитивност, се шалат на своја и на туѓа сметка и сакаат сите да ги развеселат. Најубаво ми е друштвото со него. И се држам кон таа позитивност. Деновиве ми се разубавени. Како доаѓа зимата, така се шири насмевката на моето лице.
Моментот кога ќерка ти самоиницијативно прави колачи,а ти лежиш и ја гледаш е тој момент кога сласта на животот не може да се спореди со сладоста на колачот. Море ,ме дрибла за нов телефон,ја знам јас неа...
Најглупава изрека што сум ја слушнала и што не ми се допаѓа е ,,Ти е гајле си го нареди животот ". Што знаеш ти и кој/а си да ми кажуваш за мојот живот. Си мислат луѓето ако се одлучиш на нешто посериозно и веднаш ти е се под конец. Често се мислам и јас дали постапив правилно, па си викам дека постапив. Подобро вака, од колку да чекав некој друг да ме љуби и да ме сака. Крај е бре на сите нерви, сега се нервирам само за тоа од што ми зависи иднината. Нема веќе нервози за глупаци. Се си има граница, а јас решив да ја поставам мојата. Без разлика колку го сакав другиот, тоа беше неизмерно многу, не си го слушав срцето, зошто таков орган може само да ти прави да се заљубуваш, а не да размислуваш како што треба. Ќе речам не завршува секој со љубовта на нивиот живот, ете јас со мојата не завршив, но затоа завршив со мојот најдобар пријател и поддржувач, кој знам дека секогаш ќе ме сака и почитува. Без сомнежи, без лаги и без лажни ветувања. Ете тоа е тоа.
Секогаш кога ќе наидам на нешто убаво и почнам да се чувствувам прекрасно, ама баш секогаш знае да искрсне нешто наопаку. И, толку беше од убавото....:/ Се прашувам дали ќе уживам некогаш подолго и меѓувремено да не искочи се наопаку ?!
Ете,ете,конечно направив година како сум тука,и сдк, дека не се каам што направив профил овде.Баш сум среќна што ве имам овде и ако не ве знам.Имајте убава вечер каде и да сте. Дамата ве гушка
Денес на работа ни днесоа железни лажичиња со голем камен на крајот, како дијамант. Имаше во розева, виолетова и сина боја... Немав многу пари, па решив само едно виолетово да земам. Но што ако имам две девојчиња, зарем да се караат за едно лажиче?! А ако имам синче? Па земав од сите по една, ќе ги платам од плата... По некое време, без никаква најава и причина, избркаа две колешки од работа, ете така... Со која работа, со која црна плата јас деца ќе гледам... Лажичињата ги вратив...
Мозокот ми е како рубикова коцка, колку повеќе си играш со него толку потешко станува да го разбереш .
Оххххххххх нервааааааа.. Овај деканот не е нормален се да му е*ам! Минатиот вторник го остајв уверението скапано за продолжвање на стипендијата и ми рекоја вторник ела. Ојдов вчера НЕ Е ПОТПИШАНО од деканот не е тука тој. Утре ела. Денес одам уште не е потпишано.. Добро му викам знајте вие до кога е рокот? Салам сте или не сте салам? И на крај седеја таму до 4 сатот и го чекаја и тој уште се испонашал демек шо сме се паничеле имало време. И ќе ми ги носеше едно чупе документите, на крај испадна дека од министерство не примат друг да ти ги носи лично требало. И сега? Кога да одам? Кога да си ги земам кога да одам кога да учам за понеделник за колоквиум? АЈде кажете ми. Каков мајтап си играт сите со нас се да му ебааааааааааааааааааам се! И на крај нема да ја добијам стипендијата заради некој си помочан декан шо куро не го боли за никој освен за себе. Да му се врати на гла да му се врати. Мене тие 500 евра се ми значат, ако него му се кафе пари.
Кога сум тажна тој е со мене. Кога сум осамена тој пак е со мене. Знае да ме расположи ама знае и да ме разочара. Заедно легнуваме и заедно стануваме. Не можам денот да си го замислам без него. Прво и последно нешто што го гледам во текот на денот, е токму тој. Пред испит цврсто ме држи за рака и ми помага да се потсетам што сум заборавила. Па дури и за време на испит е тука и често знае да ме потсети ако заглавам некаде. Кога ми е досадно, тој пак е со мене. ........................................................................................... Да, тој е мојот телефон...што би правела јас без него? Пред некое време ми го спаси животот додека ја осветлуваше хаубата во црната ноќ, пошто колата не ни палеше на сред улица, а немаше жив човек....Дури и татко ми призна дека телефонот ми е најкорисно нешто што сум го поседувала Ми докажа дека премногу ми значи и ми е најбитен предмет во мојот живот. Повеќе работи знае за мене од било кој човек или предмет....ми ги знае тајните, ми ги знае мислите, ми ги чита пораките, гледа кој ме нервира, гледа кој ме сака....Телефонче, си те сакам повеќе од луѓето да си знаеш!
Ден втори. Зима и приватни часови солфеж. Денешниот заврши во 22.30. Утре ќе однесам зејтин и чорапи во црква за наше душевно здравје. Нека е жив и здрав,ама нема талент...
@Lilit Дајте му шанса на детето, не бива од втор ден да кревате раце Во краен случај нека земе на тапани, може полесно ќе му оди Едит ме потсети на една моја внука, мајка и слушнала дека постои школо за балет и го упишала, а тоа кутро дете колку високо толку широко, едвај оди, пируети праело
А-хааа...тапани... ова не може интонација да фати, тапани ќе лупа. И за тапани треба талент. Јас па го бранам, викам трема има од професорката. Го поддржувам, ама порано часовиве нека ги стават, а и родителиве ќе ги помуабетам, до 9 да си легнува, шкоди на глас доцно легнување.
Понекогаш, не може, а да не те заболи кога видиш некој што таблицата во осмо не ја знаел, сега се шета во Барселона. Кога некој што бил злобен, сега има се, сета среќа. Не завидувуваш, но, понекогаш таа некоја чудна неправда знае да го жегне срцето и најдлабокиот дел од умот. Не бидејќи тие имаат се, туку бидејќи и покрај се, ти немаш ништо. Те тера да помислиш дали ги плаќаш грешките на оние пред тебе.