Таа ноќ кога ќе заминам небото ќе добие поинаква боја.Таа ноќ дури ни ноќните чистачи на градот нема да ги соберат лисјата на Октомври,фенерите ќе треперат,а ветрот мојот следбеник ќе биде без милост кон душите на талкачите.Таа ноќ кога ќе заминам дождот ќе те разбуди.Таа ноќ ти ќе заборавиш како ми беше името па под месечината ќе ми коваш судбини,во ноќта ќе претураш по снопот писма,и на чистачите ќе им раскажуваш три ноќи по ред,за неа.Три ноќи за да можам душата во вечноста да си ја оковам.Таа ноќ кога ќе заминам ќе се сетиш дека ти реков оти вечно ќе останам.Таа ноќ градов ќе ја добие најубавата за тебе боја,талкач низ улиците негови ќе те стори,вечно ветрот за мене да го прашуваш.Таа ноќ ќе ме најдеш ма улиците врежана во спомените.И чувај ги оти умеат да ти ги украдат.
Конечно после толку години несоница го прифатив тој факт и еве си седам и си уживам. Има ли нешто поубаво од мир и тишина.
СДК дека почнува да ме нервира кога секоја итроштина и ја препишуваат на лисицата а секој глупавштилок на кокошката
Ако некогаш ова писмо ти дојде до раце,а ти горејќи од љубопитност желно го прочиташ,за миг наврати се на нас и на она што некогаш го имавме. А ги имавме "Љубовта и Среќата" ги делевме заеднички. И ќе видиш едно неискусно девојче како стои пред тебе и во рацете држи едно срце што ти го подава. Ти само и го вртиш грбот . Тогаш срцето се крши во девојчинските раце , од очите протекуваат солзи. Кутрата девојка плаче од преголемата болка ,но и од пресилната љубов што ја чуствува за тебе. Ти продолжуваш напред ,чекориш гордо ,но оддеднаж нешто чудно се случува. Таа ја крева главата ,си го брише солзите ,насмевката пак и се појавува на нејзиното лице. Ти застануваш ,се свртуваш назад и го довикуваш нејзиното име но се е залудно,неа ја нема. Слушаш гласови,извици на смеа ,задоволство. И понесен од некоја чудна сила тргнуваш напред ,следејќи ја во чекор. Во еден миг ни самиот не можеш да си поверуваш . Девојчето кое до пред малку беше тажно и скршено,сега се смее и е во прегратките на едно симпатично црномурно момче. И што? Ти паѓа мрак пред очите и сваќаш тоа што си имал безмилосно си го отфрлил од себе. Каде се сега оние што ти делеле "Совети" да те отргнат од лошите патишта по кои си тргнал следејќи ги твоите "другари" и бездната во која западна. Можеби во некој друг свет ,друг живот повторно ќе се сретниме,но не сум сигурна дали ќе остани нешто од онаа љубов што сме ја имале. Дали пак ќе бидиш среќен со девојчето кое те сакаше повеќе од својот живот ? Спојлер Кога и да го читам текстов ме наежува, го препишав од детскиот весник Наш свет ,спомени ми се ,пак прелистувајќи наидов и решив да го запишам тука
Бегај од оние лигушки што ги знаеш едвај 2дена, а ти се обраќаат со : златна, срце, мила, душо или " како си мии? ". Не 2 туку 102 лица имаат...
Јас среќа со вециња ама ич немам, сега кога идам негде не се заклучвам туку стражар си земам Имам заглавено во кафич, два пати на различни места, на факултет и кај роднини, арно си имале некој „трик“ без да се кршат врати ама по толку пати со клучој јоооок. А и општо со клучој не само од тоалет си имам мака. Еднаш ми се заглави надворешната врата а сама бев дома, а ко за малер дојдоја овие шо се за попис, значи одамна, и шо да прам, низ џам си влегоја зошто од терасата релативно голем џам имам во смисла до долу И за затнување на шолја ... бев кај другар спремна за изл од таму и кога пуштив вода, се скина нешто казано и цела вода падна врз мене. Од тогаш си трпам. СДК, значи денојве демек учам, денес решив да играм. Извини факултет, не дека си ми небитен ама доста ми е и од тебе.
И се уште не можам да го разберам и да се навикнам на менталитетот на срединава. Пред да се омажам беше прашањето „Кога свадба“, сега е прашањето „Кога дете“. Зарем мора веднаш по свадбата да се прават деца? Една година и неколку месеци во брак, а веќе слушам прашања од загрижени луѓе дали сме по некоја случајност болни па не можеме деца да имаме. Не ми е јасно како по ѓаволите може некој да си дава право и да ме малтретира со прашања кои секако не треба да му паѓаат на памет. Не ми е јасно зошто само тука тоа се случува. Не, не му е на секој зацртано во животот одма првите денови од брак да почне со процес на размножување. Кога ќе дојде време на тоа дете ќе му се пружи љубов поголема од се, а до тогаш ќе уживам сама со маж ми. Ќе се борам за подобро утре на моето идно, проширено семејство, ќе го сакам маж ми само како што јас умеам. И ќе се заседнувам со него до понекогаш и до 3 сабајле со мезе и пиво, затоа што ете, така ни се сака.
Пред многу години дедо ми и брат му заминале во друга земја на печалба. Имале по 20-24 години. Брат му бил помал не бил женет, а дедо ми имал и жена и мали дечиња, бебиња. Седеле неколку месеци, заработиле малку пари, и неколку дена пред да си се вратат во земјава, имале сообраќајка.... дедо ми загинал. И брат му бил со него, ама ништо не му било...дедо ми му умрел на раце. Наместо да се врати здрав и жив дедо ми, дома го чекале жена и дечиња, него го донеле во ковчег. Во сите тие шокови, неверувања, созли и плачови, баба ми не знаела што да прави, не можела при себе да дојде, мајка ми имала само 2 години....тој, брат му, решил да му ги земе сите пари на дедо ми и да не ги предава на семејството. Им ги зел парите на вдовица и сирачиња. Викал дека не ги заслужувала баба ми парите туку тој ги заслужувал....ок, пошле и на суд во земјата кај што се случила несреќата. Судот одлучил парите да и се дадат на баба ми и децата... таму нема врски, таму не е ко во мкд.....од тој момент изгубен е секаков контакт со тој човек...не пошол ни на погреб кај брат му.... Лани летото бевме на свадба кај фамилија на мајка ми од по таткова страна. Таму бил и тој (брат му). Сите овие години живеел во странство и јас не ни знаев како изгледа, ни пак му ги знам децата и внуците негови. Имав слушнато за него и за цела оваа приказна, ама не го познавам. Излегов надвор на воздух, зборував на тел и таман сакав да се вратам, ми зборна некој и ме допре. Гледам непознат човек. Ми вика: Ти си ќерка на (името на мајка ми) ? Јас онака зачудено му викам да....Ми вика те видов до неа....И човекот почна да плаче, ми викаше: Знаеш ли дека јас сум ти дедо? Ти си моја крв, ти си иста како дедо ти, истите црти ги имаш, а мајка ти буквално главата како да му ја зела на татко и......Зошто толку ме потсетува на брат ми? Како да ја погледам во очи мајка ти, кажи ми?....Сето ова со плачење ми го зборуваше...може имаше и малку испиено алкохол.... Јас здрвена останав, му викам извини јас не те познавам, не знам кој си..... дури и се исплашив и гледав наоколу некој познат да дојде за да се спасам............................................... Што и да правите запамтете дека душата и совеста тоа не ви го забораваат. Може мозокот ќе заборави, може вие ќе заборавите, ќе уживате во секој момент ама и 40 години да поминат, душата ви пати. Ве гризе, ве јаде, ве унишува, не ви дава мир...совеста ќе ве убие.... Иститот тој човек викаше дека нема да може да умре ако не му простат баба ми и нејзините деца....истиот тој човек после 40 години од тоа што го направил...ПЛАЧЕ.... Истиот тој човек вратен е сега во мкд и вчера заедно со мајка ми на улица го сретнавме......Го познав дека е тој, ама поминавме покрај него како покрај воздух....Се насмевна, сакаше да ни зборне ама му беше срам, се закопа во земја од срам, се топи покрај мајка ми.... Зар вреди за глупи небитни пари да го повредиш семејството?
Скролам така вообичаено по stories на инстаграм, гледам секакви секојдневни работи од другар(к)и и колеги/колешки (слики од излегувања, од храна, пијалоци, подвлекувани скрипти, па и природа и малку креативност)... и така махинално разгледувајќи стигнувам до The Artidote. И одеднаш како веќе да не правам таква површна и секојдневна активност против досада, туку како со некоја мрежа да се поврзувам со чувствата на луѓе од разни делови на светот... Знам дека за сајтов на фб со оние цитати споени со уметнички дела - тука има сонувачи и уметнички души што го следат, за овој нов проект на инстаграм не знам колку се знае... ама баш заради ова би отишла и би го запросила дечково што е создавач на сајтов Шала настрана, можеби не е тука баш место за ова, но имам една длабока поента на која ме инспирира... Имено, луѓе од цел свет испраќаат и споделуваат фотографии само со име на држава од каде пишуваат, колку е саат на таа локација и - тоа како се чувствуваат како caption на сликата. Од љубов, исполнета некоја одамна очекувана цел, па overthinking и некоја важна дилема, до исповеди околу депресија, неприфаќање и гушење од општеството, bullying... И најубавиот дел е што некои луѓе реплицираат на претходно испратените приказни со слика со посвета to the girl/boy who (wrotе this and that...), со емпатија и поддршка кон личности на друг крај на светот. И што сакав да кажам со овој цел реферат посветен на таа прекраснотија од сајт... Во ова време нормално е интернетот за некои луѓе да претставува место кадешто наоѓаат катче во кое чувствуваат припадност, кадешто се поврзува со непознати луѓе какви што на сите понекогаш ни требаат да ги кажеме некои најдлабоки чувства. Затоа, пред нареден пат да осудите некој како асоцијален, можеби и „ненормален“ заради таква искреност онлајн... или пред да кажете дека би се вратиле 40, 50, 100 години наназад кога немало интернет (мислејќи на истиот како на нешто што го отупавува мозокот) - сетете се на описов во мојов пост барем ако не ве заинтересира да ја ѕирнете странава.
Сдк Кoлку и дa сум ситa,секoгaш,aмa бaш секoгaш кoгa ќе влезaм нa ФИ секундaрнo пoчнувa дa ми се јaде,oд се тoa штo гo гледaм.
Сакам да кажам дека некој има нова куќаркаааааааааааааааааааааааааа Не јас, Марли Ааааа преубава му е одма си влезе внатре си легна ја испроба. Само ако му ги искини вратничињата ќе јади по газо. Сите пари си ги дадов за куќарката. Ама it's worth it!
Кога некој си заминува од светот, така млад, така посветен, мил, животот ти удира шамар и ти вика, гледаш мори, гледаш? Два пара очички со многу прашања, животот само што почнал, а веќе толку тешки прашања и празнина. Срцево ми се скрши. Светло небо девојче ... Ебем ти денот.
Прекрасно чуство на еден топол и идиличен дом .. не многу совршен но кога забележуваме дека се трудиме да го направиме совршен покрај се несовршено околу и до нас изгледа сосема прекрасен и исполнет со многу љубов и топлина. Одсекогаш сум мечтаела за катче во кое ќе бидеме ние.. нас, катче создадено од љубов и хармонија во кое што ќе ги поминуваме нашите денови.. месеци, па и животот. Се трудевме и успеавме во многу наши неопходни желби.. со љубов, со труд, со хармонија, компромис и разбирање.. неколку зборови навидум толку прости а толку комплексни и сложени. Зборови пренаменети во дела што ја содржат тајната на навидум задоволителен и исполнет брак и живот. Денес тоа го имам.. тоа што човек го прави среќен навидум. Лоши денови колку сакаш, но секогаш ни вреди да живееме за оние солидните, добрите и најдобрите, Навидум пред нас на повидок прекрасни празници.. а пред нив сосема убавата есен што кој не забележал наоколу е навистина штета, штета за оние топли и разнобојни бои кои не красат, ни даваат мотивација и трошка елан низ животот и нашите чуства. Чекорам, неуморно гледам... го гледам прозорецот и прекрасната убавина пред мене.. убавина на животот и убавината на малите нешта низ него.. срцето трепери исто како што трепери и моето второ срце во мене..надежта и малото човече создадено од нашата љубов и нашите делчиња сплотени во едно. Се има своја магија и убавина доколу човек е барем напола среќен и задоволен од себе си најпрвен.
Печени костени - Црно вино - За мене и зимата може да почне. ******* Спојлер: Примитивизам и ренесанса . Единствената добра страна да си женско во Гостивар е тоа што на пешачки или не, ставаш нога на улица и секое возило застанува. Било пиц пец се враќаш од свадба или те избацила поплава, сеедно - женско си. Од друга страна пак, цело време по пат слушаш ој ми љочка или ој ми љепотице како најкласични (ќе ги изоставам хард кор добацувањата и нивните варијанти), некогаш толку дрско што скоро ти шепотат на уво..најчесто во изминувањето, некогаш од кола каде едното од затемнетите стакла е спуштено до пола и од каде трешти некоја сумлива музика. А најодвратното нешто, не ретко дрскоста оди до таму што мали дечиња, машки и женски.. претрчуваат и те удираат најчесто по задник. Зборам за деца, нешто што треба да биде невино и наивно... за постарите секој збор е излишен и недоволен. После град кога не можеш да најдеш саглам такси а не ти се ризикува со некое "илегално" кое шансите да те однесе било каде освен дома се прилично високи, па решаваш да пешачиш. Па те следат сумливи ликови до дома, со коли или не, небитно...па пропратни безобразлуци.. Па после некое време отрпнуваш и тоа ти станува нормално ( а не е!) ама мораш да го прифатиш како такво, ако сакаш да излезеш од дома. Секојдневие ти е. И мал милион други далеку од цивилизација дешавки. Во Гостивар, самото општество ти наметнува примитивизам. Те мава од сите страни. Те гуши. Те осакатува. Те понижува. И во 21 век, те враќа векови назад. А јас сакам да го живеам овој век. Ете затоа никогаш нема да растам деца овде.
Животот бил тежок. Јас не сум веќе мала. Имам 22. Студирам, но периодов ми беше толку катастрофален што се скарав со факултетот и инает ме фатило не сакам да попуштам. Пари требаат, од дома веќе не можам да барам... Шансата за работата по која копнеам повторно пропадна. И сега? Почнав да барам било каква работа. Како изгубена сум, се чувствувам затупавено, глупаво, просто, страв ми е дека ништо не знам. Како ќе се снајдам? Што ќе правам? Убаво беше додека си седев дома, си пијуцкав кафиња, си учев... Ама време е да се биде возрасен. А тешко е да се биде возрасен.
Убаво е денот кога ќе ти почне со чаша црвено вино,и тоа не било какво туку пеено во Црква ,по повод денешниот празник Св Петка! Другарка ме викна на кафе,ама прво пивнавме винце,после кафето Всушност и намерно ставив акцент на винцето,покрај него кафето е небитно