Кога денот мие преку глава или нешто ме фаќаат негативни мисли си идам овде и ве читам, толку ме враќате во нормала, ме смеете, абе ве сакам од еден до последен
Најверојатно, постоиме за некого. Некому да му ја просветлиме иднината, да му помогнеме да го заборави минатото, да му покажеме што е ЧОВЕК, што значи да се биде ДОБАР ЧОВЕК. Да го утешиме, да му ги излечиме раните... И обратно. Љубов... Знаете, ми недостасува да си бојам со водени боички, темперни .... Да си шлакам на едно ливче, да си играм со боите иако имам 25...Понекогаш го забораваме да го играме детето во нас. Обврски, работа... Секогаш ама баш секогаш треба да најдиме барем еден час за да си поиграме, нели? Па и животот не е се така црн, како што најчесто слушаме... Тежок е животот, тежок. Добра ви ноќ
Има деној, како денес, кога пишам мислење, па дури и од една реченица и пол сат го поправам зошто не сфаќам ни јас самата шо сум сакала да кажам.
Спијат, речиси секогаш. Немирно, постојано со кошмари. Од нив денес еден се разбуди. Се плашам, дека ќе станат премногу гласни и ќе ме занемат, а јас ќе се сокријам тивко во некој ќош. Моите демони.
Задачите, бројките и формулите се за паметни и талентирани луѓе. Учењето теорија и бубањето се за уште попаметни, како мене пример. Испив две нескафиња досега, а прилично долга е ноќта.Живеам за утрешниот момент кога ќе се вратам од училиште и ќе си легнам. Дотогаш, му се враќам на учебникот по физика и теоријата, јер задачите и бројките "се за помалку паметните".
Она на Ајнштајн, со рибата и качување на дрво? Е многу е лошо кога рибата сепак ќе си уврти дека може да се качи по дрво, па и лута е кога ќе и воочат... Нејсе... Леле бе колку боли животов. Цел ден едно та исто вртам и не ми се верува дека е вистина.
Имам вино дома стои ете го не е чепнато се мислам дали да си го отворам да си се напијам бе онака една чашка мхм шудапрам незнам се мислам
Во мене има толку многу љубов што почнува да претекува од очите како што млекото претекува од тенџерето.
сдк сабајле звони аларам 7:30 викам ај за минута станувам демек да одморам од лежењето. Го зимам тел гледам 8:10, е кога поминаа 40 минути свашта.... сега се расонувам со кафето и идемо даље за исте паре...
Не е битно на која станица чекаш да пристигне делот од душата кој ти недостасува, се додека ти доаѓа.. И ништо не е битно се додека рака со рака се поклопува таму некаде на крајот од тунелот.. и кога очите си го наоѓаат нивниот рај. Ноќеска украдов малку светлина од највисоката ѕвезда од моето небо. За малку надеж за денес и утре.
Денов облачен не ми е мерак за да излезам до слаткара или на кафе можеби вечер, вака нешто ме влечи дома, затоа си направивме топло чоколадо ,ги спуштивме ролетните ,се покривме со ќебенце и си пуштивме божиќен филм , мн среќни сме,ја учам од мала да има спомени со мене, додуша она секако ќе има.. Но и овие посебните ,кога ќе порасни да се сеќава и да вели со мама стално си гледавме цртани, филмови,емисии така покриени и си уживавме
Делумно не се е во финансиите, НО чуството на меланхоличност во себе си.. да прошеташ и да се освежиш со некој шопинг да наполниш батерии со по некое кафе и доза шопинг сам со себе си, е далеку подобро. Всушност самата работа, обврските, брзањето и воедно репродуктивниот живот се далеку поисполнети од човек што не знае што со себе си.
Западното европско студенило полека се вселува и кај нас... Срцата почнуваат да ни замрзнуваат, се повеќе фали искрена и топла насмевка на нашите лица за да го стопи мразот во нас, во нив... Фали мотивација и инспирација за да не замрзнеме целите.