На молото еднаш,слушнав легенда дека месечината и ноќта навидум биле заколнати непријатели,вечно да си пркосат со мракот и светлината.Ноќта,ги обвива зградите калдрмите,понекогаш во ниедна доба ја слушам како пее,оделнкнува,ретко,кој,ти пишувам умее да ја слушне па од прозорецот и продавам приказни да замолчи оти на месечината и зборувам,и знаеш ниеднаш не ја купив старата темна измамничка,до утрото ги влече своите темни фустани по улиците.Ти пишувам илјада писма,оти ќе ме нема.А кога ќе ме нема пеј со ноќта,никогаш не и пркоси,понекогаш само отвори ги прозорците,пеј ти со неа пеј.Нека ти ја гали душата нека ти го распарчи срцето,до утрото со неа пеј,ако и се предадеш душата ќе ти ја влечка до зори.Дури се вратам ,читај ме.
Секоја од нас пред се треба да се сака доволно, за никогаш да не ги намалувате своите стандарди за погрешни луѓе од крајно погрешни причини. Толку!
Antenna 5 и нескафе... па нема поубаво. Во последно време не спијам како што треба. Цело време се вртам де на една, де на друга страна и не се чувствувам како да сум спиела доволно. Време е за лакирање. Се надевам нема да се залепам некаде.
Уствари, за сарказмот и директноста до екстреми навиваме, ги респектираме и се смееме како знак на поддршка - само кога доаѓаат од онаа страна која според нас е во право и го дели нашето мислење. And it is a universal truth, и јас отворено си признавам за себеси...
Секоја вечер пред да си легнам излегувам на балкон. 2 минути на воздух. Карши има контејнери. Секоја вечер гледам како луѓе претураат низ нив пред да помине камионот за комуналии. Последно време се повеќе и повеќе луѓе. Веќе не се само роми..сега има повеќе познати од непознати. Вчера меѓу останатите, бабичка и дедо. Истоштени од животот. Подаваат, гледаат..чиниш на пазар се, а не пред контејнер. Си велиш, кога се стана толку извитоперено? Зарем заслужиле таква старост!? Со што се заслужува таква ужасна старост!? Многу тажна глетка...уште потажни збрчкани лица... не можев да заспијам вчера. И уште ги мислам. Колку животот е запечатен во оваа земја. Ќе имаме ли ние избор некогаш? Тиња...и само тиња... Ќе правам сендвичи и топол чај вечер, во случај пак да ги видам. Зборувајте ми за 9та економија во свет после!
Пак денешниот ден дојде. 15та година од ко почина мајка ми. Wow. 15 години. Кој би рекол..... Во пракса ми изгледаа на 30. Мислам дека почнувам да сум среќна на сеќавањето на неа. До многу брзо ми беше болно сеќавањето... Само сакам да ја запознаев подобро. Можи ќе ја запознаам еден ден. Таму некаде.
Кога нас ќе ни се "тропнат" гости, макар и да не ни е до тоа , можеме со насмевка и колку-толку нешто на трпеза да ги дочекаме и да дремеме до ниедно време, па и со насмевка ги испраќаме . Амаа затоа кога на нас ни се иде некаде , тие се уморни, нерасположени, ненаспани... Си гледаат у мобилен, ги вртат сите социјални мрежи. Ех будала ја, седи со нив до 2,3 миј тањири, чисти. Од денес вака ,
Само што го изгуглав лекарот кај кој имам закажно. Убав да ти бил... Мислам дека нешто ке ми се слоша у ординација кај него, некоја топлина ке ме фати, нешто ке се гушам.... кхм каде бе само површински преглед кај него... пф
Прееска мајка ми чистеше низ подрум и низ некои стари работи ми ги нашла тие сликички од детска пошта (така ли се викаа? )....Леле кои спомени ми ги врати Не можам да опишам колку се израдував. СУм ги заборавила дека постојат и буквално ко мало дете се израдував кога ги видов. Со сите дизни јунаци имам сликички, со ликови од некои серии, со животни, со барбики...еххх бе детство мое Имам и да се сменам ако сака некој Одма си ги прибрав сите во соба кај мене, за кога ќе имам време да ги разгледам подетално и ќе ги зачувам, па кога ќе имам ќерка ќе и ги предадам како аманет Нема да ми бара станови и коли, туку мајкината убавица ќе биде задоволна со детската пошта на мајка и Инаку ми текна во времето кога за прв пат по школите наместиија компјутер за секое дете. Бев почеток на средно тогаш и во последните часови имавме математика, решававме задачи. Пробав да решавам ама изгубена концентрација, ми лета паметот и си зедов си пуштив фемина форум, ама мислам не бев зачленета тогаш. Си читав нешто и туку одеднаш во ново прзорче ми стигна порака: Кој си ти? Ги реши задачите?....и јас гледам се чудам кој ми пишува, одма го исклучив екранот, и проф. вика: Кој гледаше на фемина досега? Сега тој истиот го исклучи екранот.....сите ќутат и ајде јас си кажав, не ќе се кријам.....и пак ми вика: Ги реши задачите? или бараш помош на фемина? Ќе излезеш на табла? После дознав дека секој проф кај него на компјутер следел кој што правиме ние на нашите....кај него на екран како во мали прозорчња му биле отворени сите наши компјутери После машките почнаа порничи да пуштаат на одмор, па сите ги фатија, па викаа родителска за порничите, а таа се запнала зошто ја фемина сум читала
Колку што може личност со своето присуство и енергија да ти влијае позитивно на психа, така двојно повеќе може да те спушти на дното со својата негативност и песимистички став
Знаеш дека си претерал со денешните коктељи, кога од страна во Активни теми: Дали сум бремена? последна пишувала izmislena, а ти читаш: Дали сум измислена?
@Summerlover ти па само коктелчиња пиеш, не ти текнува да викнеш некогаш, јас на пример сум супер друштво за пиење хахахах Инаку врв на пијанство е да се удриш во објект и да му кажеш извини