Треба да е човек задоволен од она што има, што не значи дека треба преку леб, погача да бара.Секако дека е најважно здравјето и сл., ама се е обратно поставено.Едно ливче хартија што му прави на човекот, за во транс да паѓа, па дури и да го троши цел свој живот за тоа ливче хартија, за кое велам ќе да е со сваровски кристали чим толку му привлекува внимание на човекот.Арно е да се има, колку да се преживее, но да се има премногу и да не знае човек што да прави со истите, не разбирам.Сето тоа оди до таму, што и она кое го има човек, го чува за себе, не го споделува со други, како да парите вечно ќе ги има.Уште пострашно е што според парите се цени човекот, а не според неговиот карактер.Можеби и веќе се изгубени некои вредности во животот, нешто што станува реткост.Веќе се придава важност на материјалното, премногу дури, колку што до сега сум забележала, се губи духовноста, човечноста, тоа веќе е апстракција.Убо е човек да има и се, ама треба со усул малце, оти секако дека на било каков начин, ќе му избегаат парите на човекот, оти и се за давање, не за чување.Работава ко во Египет некогаш, кога ги погребувале фараоните, со се триста тракатанци ги погребувале, демек да им притребале за на оној свет и што остана? Ништо, си стојат тракатанците, арно ама луѓето ги немет.Затоа нема потреба човек да се приврзува многу за парите, важат за овој живот, не за кога ќе го снема човека.Само секој различно размислува, секој си има своја вистина.
Животов ме blown mind-ува. Каква среќа доживеав вчера! Прошетка од сништата, се изгубив во сопствениот град, само Месечината ми шепотеше дека сум тука, во својот свет, своето срце. На сигурно и на смешно ќоше од нереалноста. Многу инспиративно и истовремено опуштачки. Има луѓе на овој свет со нормални потреби и соништа. Што сакаат да го сменат светот. Од кои учиме секојдневно, и покрај тоа што нивните нежности и наивности се гледаат и под Месечината. Му благодарам на вчерашниот пасус во книгата на животот. Многу корисно, прецизно и на моменти ќе си помислам, лудо искуство на среќата. Кога ќе ти кажат дека во себе носиш мирис на детство и вечна радост, како да не се почувствуваш прегрнато од Вселената? Читам и скитам. Ми мириса на зелен чај и јорговани. Како и дошло до тоа, го прегрнувам со сета своја желба. Пропадната сум во одлуки кои чекаат пресек, во немир што не се споредува со ништо налик предменструално аждаење, ниту на ѕвезди лаење. Ми се случуваат нови луѓе и нивните рефлексии во моите внатрешни огледала. Се разочарав и одразочарав за кусо време. Нема што да се губи, кога веќе правта паднала од нас. И кога си добар личен слушател и нуркаш во себе, да. Има солзи, има ништа што те стопираат, па те пуштаат, оти само така решиле. Тоа е што е - дадено и одземено. Животов, е една прекрасна фрка што мириса на омекнувач. Ленор, најпросто. Јована дури од Истанбул ја сака мојата книга. Вели, во Љубов се зачувува и најосаменото срце, како во топла кутија во градниот кош. Не ја познавам, ама и верувам. Впрочем, толку многу луѓе не ги познавам, а веќе им верувам. Онаа, чиста верба дека можеме да постигнеме многу повеќе заедно. И си учам нови финти низ животов. А човек, сонува додека е див, необрусен и вреска од животот. Те чекам, знаеш. Да се видиме подлабоко од очите. Ми рекоа дека личам на песнава, како профил. Пак нуркам. http://www.youtube.com/watch?v=rumNQRfCoqw На чудесен начин се отворив, катарзично дури. До сите мориња стигнав, само со мисла и убаво ми е.
Колку неубав ден... Неубав дури и за понеделнички стандарди. Полн со нервозна малодушност, досаден, млитаво-зајадлив... А колку е убаво времето. Се чувствувам како да го пропуштам денот. Жртва сум на семејни и едукативни домги, пријателски патетики, а во последно време и досадните семејни легенди на соученичка. Никој од соучениците не се осмели да прокоментира нешто за изборите. Се знае зошто. Строго беше казнувано тоа лани. Сакав јас да прокоментирам, но се воздржав. Имам што да изгубам. Но да не префрлам за сВе. Веќе потрошив пола ден на „зајадливо мизерување“. Втората половина ќе биде непонеделнички убава.
Значи така одело тоа? На мене се учеше што треба- што не треба, на мене ги испраксира последиците од неговото патолошко лажење, ја злоупотреби мојата љубов, толеранција и слободата која му ја давав, ги прокоцка сите шанси, се излудува со други додека беше со мене, ме уништи емотивно и психички- растур направи, па сега таа ЛУДАТА ја фрли во некое ќоше- ја шутна, и ќе гради сериозна врска без лажење со нова- НОРМАЛНА девојка. Е баш убаво! Веќе забележав дека за неа прави работи што за мене можеби и никогаш ги нема направено. Продаде 3 години и повеќе, за некоја што вчера ја запознал! Пред неа папучар, а мене ми глуми "фраер". Не заборавај дека јас те направив тоа! Да, од нашата врска ти излезе како фраер, а јас излегов понижена и оцрнета глупача што веруваше дека со љубов може да направи се! СЕ! Не сакам да си ги валкам рацете и да мешам прсти во тоа, но ти посакувам и оваа лепотица и секоја наредна да ти вратат за сето она што ти ми го имаш направено мене, нека те довлечкаат до дното- каде што сум сега јас... Не мораше да заврши вака, ама ете, за разлика од тебе, јас сум барем искрена. И СДК дека ова ме плаши. Поминаа скоро 3 месеци а јас сеуште ги имам овие глупави и негативни чувства во мене. Се чувствувам чудно, никогаш и никому не сум посакувала ништо лошо, ни на најголемиот непријател, а сега нему му посакувам... Давам се од себе и се мачам, ама не оди... Сакам да си ја вратам самодовербата, да се научам повторно на самоконторла, да го исфрлам сето ова од мене и се да заборавам... не оди... ама ќе продолжам да се трудам. Ова е едно недефинирано чувство, не е омраза, ова е бес, неправда, болка на една одамна срушена девојка, ова е СЕ во ЕДНО, сеуште не најдов соодветно име за ова внатре во мене. А она што најмногу ме плаши е мислата дека зад сите овие чувства, се уште се крие една огромна љубов за некој што не ја заслужува, за некој што никогаш ми нема дадено една добра причина да го сакам!
Danilela Секој човек во животот барем еднаш имал лошо искуство. Секој човек барем еднаш доживеал неправда. Барем еднаш му е скрешно срцето. Но, што фајде од кукање и плачење? Само себеси си правиш лошо. Зарем тој ги заслижува твоите солзи, твоето внимание? Како велат доброто со добро се враќа, лошото со лошо се враќа. Не грижи се, има Господ, се се враќа, се се плаќа. Но немој и ти да се извалкаш. Тој испаднал еден обичен кретен, но ти биди тоа што си, не троши време за него. Знаеш, се се случува со причина. Тоа што се случило морало да се случи. Понекогаш, ние луѓето немаме контрола над работите. Не зависи се од нас. Почни од почеток. Ти храбра и цврста девојка, ти го можеш тоа. Нема повеќе негативни мисли. Занимавај се со нешто што ќе ти го одзема вниманието. Од денес ќе отвориш нова книга, нов почеток. И не заборавај ти си најважна, тебе треба да ти е убаво, не вреди да трошиш време за некој кретен. Времето е скапо. А брзо лета. Се поминува. Се останува некаде таму во минатото. Но најважно е да научиме од грешките и да не ги повториме.
Незнам како да почнам... неправди насекаде. Солзи ми течат од нервоза, едвај стигнав од факултет до дома, а да не се обрукам пред сиот народ да си плачам по пат. Сега дефинитивно од дното на душата го мразам денот кога стапнав на скапаниот факултет. Се умислуваат големите професионалци, многу организирани, учени, а всушност никој не знае кај тера. Сето тоа со врски и после нормално за некому мајка за некому маќеа. Ама тркалото се врти...
Данилела, а што ти направи добро за себе си во таа врска? Те приморал да го трпиш тоа? Скршена си, ама залудно му посакуваш лошо и го обвинуваш, ти си го направила тоа по свој избор заради нешто друго во себе, а не заради него.
Џабе се парите, луксузната куќа, скапа кола, доколку немаш семејство... Таков пример имам баш, џабе има пари човекот, кога со жена му живее формално, колку да се рече, ќерка му кај баба и порасна, ретко ја гледа, стално ноќе касно си доаѓа, така да доколку немате семејство немате ништо, ама баш ништо и никогаш не посакувајте да сте некој друг, затоа што всушност не знаете каков е тој човек и неговиот живот. Отидов да си се дружам со книгите.
Си размислувам како во најголемата светска и должничка криза само банките во Македонија не претрпеа некои посериозни штети и загуби,додека скоро сите светски реномирани банки ќе банкнотираа и да не беше подршката на тамошните влади би банкротирале-одговорот е лесен-само кај нас,провизијата за услуги,каматите за разно разни кредити итн.итн.се енормно тоест ненормално високи-кој го дозволува тоа кај нас банките да се понашаат како лихварски фирми,ни одалеку не личат на банки,па барем фирмите и називот да ги сменат да не не залажуваат демек биле банки жими ашимов-нешто е ненормално тука-но тоа е тоа-македончето се може да истрпи, зараем не издрживме 500 год.под турско ропство. Селфи.........Лајк.............Коментр.........Кисчеееееее.......Таг.......Селфииии......Емоцииии....Тагирање..... Топ си...... седам во кафе бар......И пијам лимонадаааа Си седиме со..... ...... кај мене дома и пиеме кафенцееееее Со ...... ........ и .......... .......... сме во кафана ............... и јадеме пицааааа ! Аххх колку убаво си поминуваме со ...... .......... , ...... ......... , .......... , ......... и 10 други во пицерија ............ ............ пиеме винцееее и јадеме палачинки...... ПУ ПУ ПУ ! Да ви се плукнам више...... Само тоа правите , по паметна работа немате ? Како може само во денот да мењате по 10 дестинации само за да ги импресионирате другите ,? Т.е да ги импресионирате оние кои што не би ве ни погледнале , наместо да уживате со оние кои ве сакаат вие во секој поглед се трудите да ги импресионирате другите... и да баш ни е гајле на сите дали Петко јадел пица, Рајко пиел узо, Милка јадела палачинка ? А ние не јадеме нели ? Па нееее....Исто како да не јадеме шттом не се тагираме по 100 пати во денот ние не јадеме, не пиеме , не спиеме ....Само вие јадете и пиете.... Јадеме и ние али јадењето како што знам е потреба , и услов за да преживемее а не фалба или фб статус за да ги импресионираме ситеее.... Сигорно секој ден не јадете пици , незнам само зошто не се тагирате и кога дома јадете паштети ... .... ... Се чувствува прекраснооо..... ........ ......Се чувстува привлечно..... .......... ............ Се чувстува заљубено... Ахам знаеме знаеме , знаеме сите како се чувствувате , и ја се чувствувам прекрасно и заљубено и се , само да знаете да не ме мислите во случај да ве интересирра.. Но ако толку се чувствувате прекрасно и заљубено како имате време на секоја минута да споделувате чувства ? пишувањето како се осеќате ни најмалку нема да ве усреќи... Оној кој што навистина е среќен не кажува јавно за цел свет да го знае тоа , туку си уживка некаде во среќата... Никогаш не ми стана јасно едно нешто : дали ние што не ставаме филинзи по фејзбук сме безосеќајни , или ако постојано не пишуваме што јадеме дали ние сме вечно гладни ? Иако ние што не се тагираме никогаш , зарем само дома седиме ? Живот , живот а не фејзбук... Премногу значење му дадовте на тој фб , премногу врски си растуривте поради тој фб , многу фамилии растуривте, многу моменти пропуштивте....Но , само едно да знаете ФЕЈЗБУКОТ НЕ ВИЕ КРИВ ЗА ВАШИТЕ РАСТУРЕНИ ВРСКИ , ТОА САМО ДОКАЖУВА КОЛКУ СТЕ НЕЗРЕЛИ И СКЛОНИ КОН ТУЃОТО... многу се нервирам кога некој ке ми дојде дома и ке ми рече леллеле ти се молам ако може.... ( Јас очекувам да ми рече една чаша вода) но не....Може ли пасворд од вифито ? Наместо да се направи моабет, се користи чат.... Аххх бе луѓе бе , освестете се бе , животот ви помина на тој пусти фб , што фајде од тоа ? вие си знаете.....додека гледате каде даљ се тагирате јас гледам да си поминам убаво
Во светов постојат премногу глупави луѓе. За едни мајка, за едни маќеа. Епа не е ферски така бе. Или мајка или маќеа. Ебате будалите ебате. Како ми идеше да и ја шлапнам една да ја освестам малце
Денес конечно после две недели доцнење конечно добив. Уште некој ден и крај на моето страдање и бесконечен ПМС, кревање и спуштање температура на секои 2-3 саати, нервоза , несоница, болки грчеви. Домашниот лек сепак се покажа ефикасен конечно да ми пукни циста на јаник без пиење апчиња и дополнителна подуеност и нервоза и неподносливост.
Се заљубувам три пати дневно, во рок на 10 минути. Аи луда главо. Сите се разубавиле или јас сум ги намалила стандардите? Мора нешто од тоа да е. А како и да е, не е на добро. Сериозно треба да го сфатам школово, до сега бев на relax mode ама се ближи крајот. Ги броев деновите, почнав од почетокот на второто полугодие. Имаме уште 39 денови, можеби е и грешка проценка. Е сега, 39 дена да поправам нешто околу 10 оцени. Како да го загреам столчето? Да го извадам надвор на сонце пред да учам? Како функционира тоа? Не ми е јасно. Мразам мразам и мразам турбофолк. Сите си имаат стил на облекување, стил на однесување па и стил на музика. Ама турбофолкот не можам да го разберам, се ежам од самата помисла. Фуј. Спротивно на ова. Многу сакам тивки прошетки. Особено сега во ова време. Јас сама, темница, мириса на дожд, времето ладно.. Убавини. А оној што вели Македонија не е убава сигурно не бил на планина или низ ливади со цвеќе. Ах патриоти. Форумот не е активен или мене така ми изгледа? Дај луѓе превземето нешто. Да не дозволиме да пропадне фемина. Приметив последнава недела, ама сериозно е веќе. Сите си заминаа.
Кога луѓево ќе научат дека во реченицата:`` Вам ви е лесно. ``Ви и е се пишуваат одделно. А,не :Вам ВИЕ лесно. Вие е заменка од второ лице множина. И реченицата ја губи смислата ако е вака напишана. Освен тоа кога превземате текст, коректно е под текстот да напишете чив е и да наведете извор од кој е превземено. http://www.mkd.mk/kolumni/ti-so-svojot- ... jot-laptop А,ова болдираново е цитат од Ацо Шопов, односно оди вака Ако носиш нешто недоречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабоката тишина - тишината сама ќе го рече. - Ацо Шопов
Не е ништо ова,има некои кои пишуваат „мајками“,„таткоми“... Или пак нешто во стилот „тисе молам“ ... Боже... А,инаку пред некое време Нана19 збореше дека сме се правеле „паметни“ за ѕвездички.А,сега?Не верувам дека има друга причина зошто би некој копирал цитат односно текст.
Ви текнува на имињата на Памелче симпатиите? Епа кај и да сум,и ја ќе почнам да бројам...Само што,јас ќе си напишам и држава до секое име.За секој случај.
Последниот што влегов во пеколот заборавил да ја затвори вратата очигледно, па од 9иот круг на пеколот испаднале сите инсекти и дошле да ме вадат од памет!!
Можели барем еден ден форумот да помине а некој некого да не провоцира ? Цитира ? Напаѓа ? Има друга тема за Правопис па таму поправајте грешки и пишувајте ПРАВИЛНО И ПРОПИСНО....Ова е тема СДК кој што сака да каже....И од каде сака ке превзема и ке постира !
Не е точно. Друг пат постирај си во соодветната тема. А другите кога ќе забележите вакво нешто само пријавете го и ќе се префрли во соодветната тема.
Исплашена и тивка. Го бараше она по кое одамна копнееше. Некој го украл, нејзиното царство на галежите. Се чувствуваше како некој се потсмева, и се прашуваше од Бога или од Сатаната ѝ е земено царството. Само тој очај шета по сегашноста, и бара рака за галење, воздишка за милување.