Патувањата го прават животот поубав. Само шо се вратив од едно патување поточно нешо ко екскурзија, бидејќи беше организирано од школо ама одевме за да правиме проект, па нешто измеѓу значи. Толку јако си пројдов, толку спомени ми останаа, еден од најдобрите викенди у мојот живот дефинитивно. Ми се погоди друштвото, местото, а и милион глупости ми се десија. Само мене може одма 2мин после влегување у собата у хотел полначот за мобилен да ми експлодира, а ја дур сфатам шо се дешава помина време... Ама да не ми се дешаваа тие несреќи немаше да има кој да ги смее другаркиве у соба де. Сеа утре на цел клас коа ќе ме кажуваат , резили... . Се ќе беше боље без српско у автобус ама нели возење со автобус на екскурзија не е возење ако не се пее српско. Убаво си поминав само ме натажи тоа што сите шо ги сметам за блиски, шо рака у оган за нив би ставила буквално, не ги интересираше ни како сум, а јас кога се на некое патување одма ме интересира како поминале, каде се сместиле, дали се добри...Барем видов на кој колку му значам. Сега така сум уморна одам креветот одма да си го фатам, ќе спијам ко заклана дефинитивно после толку шетање.
Јас да ви кажам дека Софија е град за визионери. Не знаеш каде да се свртиш попрво. Но затоа најдобро капучино се пие во Starbucks
За мене еден дупли чивас може ли? Ок,фала Слободно прогласете ме за кралица на глупостите и плиткиот памет,па јас не познавам никој друг што си го упропастува секојдневно животот повеќе од мене! Секоја вечер пред да заспијам велам нема пак,и оп ете пак и пак Проклето нека е се..сакам да заспијам и утре кога ќе се разбудам да заврши овај кошмар.. На здравје Добра нок...одам да сонувам
Сакам да ги прашам маживе на форумов да ми препорачаат асален машки брич , за ефтини пари. Значи аман веќе од овие ,, женски ,, производи ! Не, нејќам розев брич со мирис на росна ливада , кој го рекламира жена која 100 посто има ласерска депилација на цело тело ( кхм, Џенифер Лопез ! ) , и се бричи на рекламата на веќе бричена нога, па за 300 денари можеш само бркот на Горде еднаш да го избричиш! Сакам брич за тие пари брада ко на Гоце Делчев три пати да ја мафне! И сакам црн брич бе, мразам розево! Може еве барем со светки да биде , сепак сум јас само една нежна дама, со грешка у хормони, која сака да се избричи ко чоек, од прва! Фала многу, пријатно .
Мене ми треба твоьата рака на моьата за заедно да чекориме кон звездите, тебе space shuttle да те транспортира до нив. 2 месеци. Уште толку време,тоа е се што имаш од мене.
Во среда конечно ја бранам магистерската! Со полу затворени очиња ви пишувам, до сега факав забелешки за презентацијата. Викендов веќе и ми отиде, не прошетав никакде посебно, останав школски дома. Периодов што доаѓа ќе надокнадам, ветувам. Одамна не сум се уклучила на фемина, ама ветувам периодов почесто ќе си шкрткам на темава. Добра ноќ, отидов на спиење.
Кој се лично и персонално, со целото негово лик и дело, е виновен за ( политичка ) состојбата во Македонија : Бранко Црвенковски; Американците; Турските серии ( предходно беа шпанските ) . Добро, за второво сте до некаде во право. . .
СДК, станвам и гледам 9 саат и разочарана немам време за разонода кога испаѓа ... Се сменал сато. Мразам да се успивам така да вака менвањето иди таман за мене.
Дефинитивно овој на Вилкинсон - бричот со 5 жилети е околу 250 денари, а пакување од 5 жилети за него ти е од 30 до 80 денари, зависи од марката. Го користам со години и убедливо ми е најпогоден - единствена "маана" му е што ќе ти треба малце навикнување на него али, по мене, се исплати. Башка, и црн е.
После некои зборови и осудувања што ги имам слушнато си се прашувам како би требало да се однесува една девојка од речиси 18 години. Јас сум требала да се срамам што на неполни 18 години уште сум носела патики и што не сум носела штикли, да се срамам зошто за секојдневно само скромно се шминкам односно нели не ставам кило пудра, да се срамам и зошто не сум била толкав љубител на сукњи....Ај.да не набројувам повеќе... И реков прво однесува, а пишував за стил на облекување. Ама ете, така ме дефинираа, повторувам дека не се однесувам прикладно како за 18 години, туку уште сум била како дете. Не сум била демек женствена? Ако знам и во поскромен стил да се истакнам повеќе отколку некои накинџурени, можам само да им свртам глава на тие што ме осудуваат. Инаку пак, гледам колку нив карактерот, не облекувањето, со тие осудувања им доликува на возраста.
Некои утра се потешки од ноќта - тогаш ни станува јасно дека она што блескало во ноќната темнина е невидливо пред дневната светлина!
Она кога другарка ти се грижи за твојот живот повеќе отколку за сопствениот Фала ти душичке што се споредуваш со мене, навистина многу ми значи Аман веќе до каде ќе стигнеме со вакви луѓе во нашава мила Македонија
Од заборавени, па случајно најдени работи, пари во џеб ми се на прво место, чоколадо во ташна на второ, а сега си најдов и заборавена козметика Точно една година си стоела во комодата во дневна Кога лани се вративме од Германија, пола куфер ни беше со ствари од dm, Müller и Rossmann, секој си зема тоа што му треба, а тоа што остана го наредив во едно шкафче, како резерва. Си имав залиха долго време, па кога ми се потроши, почнав да си купувам тоа што ми треба и скроз заборавив на таа козметика. Денес барајќи нешто друго, си ја најдов - баш како што сум ја наредила Лелееее, викам, јас заборавив на овие работи... А татко ми: Јас не сум заборавил, ама ништо од тоа не е за мене Па почнав да си разгледувам што сè сме купиле, од маски за коса, лосиони, гелови, млеко, кремови и други женски дрангулии. Ко мало дете си се израдував И сега си мислам да си сокријам некои такви работи, пример да си ставам пари во некое тенко палтенце што знам дека нареден пат ќе го облечам здравје на пролет. Па тогаш да се изненадам кога ќе пикнам раце во џеб
Гош - * препотена се враќа од играње со другарчињата надвор. Мајка и - ,, Ти реков да не трчаш надвор, испотена си цела, ќе настинеш! После по лекари ќе акаме! ,, Гош - ,, Ама мамо, ме бркаа група Албанци со дебело кривично досие! ,, * се извлекува во последен момент. Спасов поднесе кривична пријава, со туарегот бегал од „насилници-Албанци што го нападнале“
Ме плаши, затоа што е ново. А не дека старото беше добро, ама ете, навика. Ме праша зошто изгледам срамежливо, а јас се плашам. Не сум срамежлива, само навикната сум на мојата тишина.