Убав муабет туку ја заборави миризбата на детската пошта.. тој слатко благ вкус на едно дете што извира од слатките задоволства и потези низ животот. Животот на неговата наивност и невиност.
Кога се изјаснуваме на тема КОЈ/А СУМ ЈАС - нашиот идентитет за заробен од стегите на изјавите од типот - син/ќерка на.. - маж/жена на... - ученик/студент/вработен во... - член на... - жител на... и.т.н. ... Сериозно, КОЈ/А СУМ ЈАС!?
Многу ли бараме?! Многу ли е да посакуваш мир, спокој и среќа? Многу ли е да посакуваш солидна работа која само ќе ги задоволи месечните потреби,многу ли е да се има една своја сопствена соба која што ќе ја нарекуваме наша куќа? Многу ли е... Здравјето е најбитно и нека не служи сите,ама неможеш да си здрав ако немаш барем дел од оваа што го споменав погоре... Лошо е што во нашава држава оди се во надолна линија па баш и неможе да се успее. Џабе е многу труд кога истиот не го плаќаат колку што вреди,џабе се сите желби ако нема кој да те мотивира и да ти помогне,џабе е убав денот кога не гледаш светла точка во него. Ќе чекаме,ќе бараме начин,можеби ќе го изодиме потешкиот пат но верувам дека секој ќе има еден ден онаа што го сонува,дека ќе работи тоа што го исполнува и после работа ќе има каде да се врати и кој да го пречека дома.
Уште едно бебче во фамилија. Да е жива и здрава, ни донесе еден куп насмевки и радост на сите. Едвај чекам да одам за Белград да ја видам!
Точно... Миризба, разни бои, милион спомени... Ги разгледував попладнево и за момент потонав во минатото се исклучив од се и си гледав... Само никако не можам да ги најдам стотиците украсни и шарени салфетки, и плус илјадниците новогодишни честитки што ми ги праќале ги имав зачувано, наместени по години, убаво во пакетчиња затворени ама... Жива ќе се изедам... Туку да не знае некој дали постојат уште такви сликички? Како мали тефтерчиња се продаваа. Пример купуваш тефтерче од црвенкапа и има 10тина сликички на него, за да можеш да се менуваш... Немам сретнато никаде во последно време. Ги прашував моите од каде ми купувале ама не се сеќаваат. Дали по книжари, дали по тезги стварно не знам
Ако во Македонија во месец ноември ти се пријадат сочни мирисни јагоди,гарант си трудна. Ако чистиш ноќе или си мрзлива и скиташ преку ден,или си сексуално исфрустрирана.Друга работа е ако ноќе исчистиш има шанса да биде еден саат чисто.Или не дај боже да се затвориш за маж ти преку ден дома...да се видите на дневно светло во очи.Срамотилаци,па како така...??? А јас луда денес заплетов шал,читам книга од библиотека додека мачката ми преде во скутот.За инает на Македонија. А би побегнала од се и од сите а како кога се и сите се во мене. Отидов да видам да не ми расне нешто од садоперот.
Деновиве покрај што си добив нова и освежена фризура, па и гратис настинка ми подари фризерката Настината дошла на работа и јас баш бев таа среќливка за да ме шиша Поштено ми се искива у фаца.... додуша убаво ме среди ама сега од насолзениве очи не можам да си се видам најсјано и не можам да си се израдувам на новата фризура....а да ги тужам јас цел фризерски салон? Пред очи не и се гледаше битно си работеше типкава. Па и јас еден јак имунитет што го имам, абе на газ да паднеш...еднаш да ми кивне во мене и толку ми фали И на крај уште вика: -Леле извинете јас сум настината, ама и вас да ве фати ништо страшно, само обична настинка е....ќе помине.... -Јас: ХАХАХАХАХАХАХА... п.с. Мајка ми прееска ми вика ќути ќе зборувам на тел, и се беше тишина, само ја слушам: -Ало? Госпоѓа Катерина? Кај си ма пиздо... Госпоѓа и пизда Барем знам дека не сум посвоена....
Sdk deka edvaj cekam da zavrsi kolokviumskava nedela da dojde vikend i da se ispijancam obicno ne sakam da se pijancam sakam malku za dusa da se napijam ama sega saka shots da ljokam brate do 100 i nazad
Чувството кога во недела наутро уште неосвестена од кревет брзам да каснам лажица мед,и така експресно ми паѓа цела тегличка на омилените пижами. И така цела бев излепена со мед,што уште ми фалеа пердуви од кокошка да ставам,како што направија едни психопати во една шпанска серија
СДК дека и јас сакам да е тоа време да едвај чекам да заврши колоквиумска за мојот мал ритуал, не мора да се испијанчам. Последен колоквиум и правец во Табернакул или Три. Се частев книги, си купував некој топол наптиок, грицки, дома на терапија бањање долго, некое благо домаќе и под ќебе гњурење и читање убости.
Сакам да ... се жалам, абе најлоши се оние на LoL, не е еднаш кажано. Не еднаш се имам изнервирано после игра вака. И згора на тоа доста играта му ја вадев доста ми играја мајтап дека сум силвер, а не сум. А и сакам да кажам ... тој период од годината е кај шо кога шеташ надвор и мириса на зима, на снег, а упорно врни дожд. Оди најди логика. И во последно не знам дали мачката ми се претвора во куче ама ... еволуција? Или не функционира така? Мутирање? Мушмула, мушмула, мушмула. Останете ми поздравени
Кога човек упорно се храни со трошки од минатото и се грее со жарчиња од сеќавањата за некои минати времиња најчесто е со болна сегашност и неизвесна иднината.