Im se zablagodaruvam na site clenovi za nivnite lajk poen4inja a voedno i napomenuvam deka ne sum vozvratil na niedno. So, don't bother with that...i bez toa e ok vo vashe drushtvo.
Убаво е да се сонува. Убав е ефектот на добрите соништа. Кога ќе се разбудиш, со првото кафе или пак во текот на денот кога ќе се сетиш што си сонувал и БУУУМ за миг си повторно во цонот. Онака со мерак си го завршуваш баш како што ти сакаш. Можеби му додаваш грам драматичност, ако воопшто е и потребна. Убаво е да се сонуваат и лоши соништа. Ако ништо друго нивна задача е добро да не ,,дигнат'' од кревет и да не потсетат дека тие всушност и се само сонови.
Ne mozam da razberam kako nekoi lugje spijat mirno. Kako ne im e griza za svoite ne dela? Se odi vo pogresen pravec
Понекогаш очите го издаваат она што сакаме да го премолчиме. Убава жена секогаш насмеана, дотерана од глава до петица, права дама. Животот беше суров кон неа го изгуби единствениот син имаше некои 20тина години. Ја видов пред некој ден сеуште убава, на лицето насмевка ама во нејзините очи ја видов нејзината тага, нејзината болка. Посакав да ја гушнам да можам да земам малце од нејзината болка, да и кажам дека се ќе биде во ред ( иако знам дека нема да биде). Само поминав покрај нејзе и со поглед и кажав она што го мислев и чувствував.
Ськ дека иако периодов ми е турбулентен, наогам време за себе. Сфатив дека не семоj го заслужува твоето внимаие и твоjaта помош. Во тешки моменти ке видиш коj ти е приjател коj не.
Сакам да кажам пред се,здраво на сите мило ми е што станав член на форумов.Се надевам дека ке имаме пријатна и убава дружба. Имајте убав ден,и верувајте во самите себеси.
Сдк колку лежев викендот слободно можам да се пријавам во Ц Гора на маратонот за лежење... Сега цела недела е пред нас, конечно се решив да почнам со вежбање, баш да видам дали ќе почнам или послабо. Не оваа среда, другиот петок така излезе оваа мојата. Од лежење аир нема, од спиење исто како викаше Џинџич - нема спавање спавачемо кад идемо у пензију, и си отиде човекот пред пензија... Леле кај забегав со муабетот, ај добар ден, ми треба уште едно кафе...
Знам дека и претходно имам мрчено за ова, ама многу ме нервира тоа што луѓево некако немаат навика да употребуваат апострофи при пишување, особено на буквата е. Не за џабе се ставени! Тој не виде како ние физички се пресметавме. Тој нè виде како ние физички се пресметавме. Знаете колку голема разлика има меѓу овие две реченици? ОГРОМНА! Само заради една мала, ама многу битна цртичка. Ве молам користете ја.
Од многуте турболенции и лоши периоди низ животот единствено нешто што воочив е дека човек без спокој и мир е за никаде. Постојаните мисли, исчекувања, надежи и прашањата в глава се навистина грозно чуство кај секој од нас без разлика дали кога ќе си легнеме во црната ноќ или ќе се разбудиме со сончевиот ден, ако тие лоши емоции и тоа грчење на нашиот организам е присутен во нас не можеме да се насмееме од срце и да кажеме дека сме исполнети и среќни. Нема ништо поубаво од чистата совест и мирот во себе што ќе си го стекнеме ние самите со нашите постапки и нашиот живот.. Ако си мирен и спокоен одвнатре ќе зрачиш со истата топлина и однадвор без разлика на подемите низ животот.
Најголем фетиш моментално ми се едни чизмички на Биана. Значиии ќе си пукнам од мака што не се стрпив и што си купив други, а можев тие, баш тие... Пред неколку години за роденден си купив едни 13,5 цм високи со платформа, преудобни и кога ги купував продавачката запрепастено ме праша каде ќе одам со нив. Сега овие ги сакам исто со малку платформа и со подебела штикла Лани имаше едни секси високи исто љубов на прв поглед... Морам да си купам шолја со Дедо Мраз. Со нетрпение чекам зима и снег и роденден. За да си бидам in the mood for winter ми треба таква шолјичка. Сакам и капче црвено како на Дедо Мраз со пуфка на врвот. Само сакам јас нешто што човек ќе бев ...
Со фемина ми почна најголемата промена во животот. Помина циклусот од 7 години, а започнува една нова етапа. Можда и ќе заврши со фемина, кој знае, ќе видиме. Како и да го вртиш, 7 е златен број за секаква промена, убава, неубава... Уште малку па официјални 7...
Она кога ќе се заборавиш, нурната во добра книга и случајно гледаш дека веќе се разденува ,зошто видот ти откажува веќе... Стануваш и пак ја грабаш, нестрпливо да го дочиташ крајот.
Пред некој ден истото го направив до 4 часот читав и во 7 часот кога станав да се спремам за на работа прво што направив ја зедов книгата да ја дочитам. Цел ден после на работа спиев со отворени очи ама важно го прочитав крајот.
Не знам зошто ама последниве 2 години многу ме нервира кога некој користи латиница. Мачно ми е за читање, ме нервираат s ко ш, c ко ч и слични букви . Ги терам сите блиски да ми пишуваат на кирилица. 2-3ца опраив ама со другиве шо да праам...
It's my birthday, it's my birthday, I'mma spend my money. Официјално сум 15 години. Не ми се допаѓа бројов. Ми личи на checkpoint. Денов ми помина лежерно, некако ништо не ми се прави. Соучениците ми купија торта. Ја оставивме училницата малку празна, кога се вративме тортата ја немаше сосе вилушки, чинивчиња и балони. Најмногу ме израдуваа честитките од волонтерите на Peace Corps, некои од нив се веќе во Америка, ми фалат многу. Сепак, помислата да му оставиш впечаток на некој толку за од крајот на светот да оддели време да ти пише... Ме радува тоа. Како и да е... подобро да одам да решавам задачи физика. Looks like the only thing I will be spending is four hours worth of curvilinear circular motion. Едит: Откако го напишав мислењево, добив Општа граматика на подарок. Денов инстантно ми тргна на подобро. Спојлер: П.С @AnaKarenina, веројатно мислеше на надреден знак. Апостроф за друго се користи.
Денес прочитав дека ако вежбаш во хеланки и спортски градник си курва. Една од многуте добри страни на живеачката во Македонија, секој ден си учиш по нешто ново. Како така жена во теретана, па и облекла 'провокативна облека' што и ја собира потта и обезбедува мобилност при вежбање. Срамота...па и меѓу мажи ... Од утре сите жени што вежбаат во теретана, задолжително во бурка, за да не му засмета на некој загорен и сексуално да го надразни. По можност и зглобовите да се покриени и никако да не вдишува и издишува длабоко(асоцира на одреден животински чин).Зошто крвта од мускулите му оди на друго место и мажјакот полн тестостерон, не може да вежба. Очигледно за одредена група мажи, жена во теретана претставува само сексуален објект и дистракција при вежбањето.А, ние па еднаквост ќе сме барале, ова, она...