Одам до продавница ај да си ја заблажам малце душичката со нешто блачко. Патем мајка почна да ме кара што секој ден јадам се повеке и повеке хахаахах
Го гледам Чаки на ТВ. На репертоар следат: Сам во темнината 2 Колиба на стравот 2 Опседнати Опседнати 2 Ќе биде долга ноќ...бар ако не ме стрефи срце. Ако не пишам неколку дена да знаете. Хорор оврдоуз. Болна сум и сама сум. Главава ми е тешка не можам супа да си напраам. Да беше Чаки овде..него ќе го пратев. #хаха #немадаспијамвечерва
Ме убива неизвесноста што се должи на последните случувања од деновиве и цел ден си мислам ќе биде, нема да биде, ќе биде, нема да биде и накрај што ќе биде.. епа ќе биде тоа дека ќе паднам некој предмет дека многу размислувам наместо да учам
Никогаш не е доцна! На 22 години решив дека е време да научам да се шминкам. Да се разбереме, знам да ставам кармин, туш, моливче, пудра... ама време е да го усовршам и тоа другото, сенките, руменилото, па што ми одговара на очите, на косата, на тенот... Ај маки. Досега не се замарав, си викав природно си е природно, ама сега... женичка сум.
Кажувај на која програма одма! Толку сум напната што ми се чини само хорор филмови ќе ме извадат од калта.
На М-филм. Има хорор маратон вечерва.. Не знам колку ќе ги биде овие.. ама и онака нема што да се праи. Еве cabin fever 2 почнува.
Ако ти е за утеха.. од ова до сеа што го видов.. филмов е глупости... не пропушташ многу Ќе барам нешто друго и јас. А ќе вратам назад на haunting in Connecticut 2.. првиот веќе ми е глеан. Имај добра ноќ.
И многу неба минаа,и многу војнички чизми ни ги изгазија дворовите,и многу птици со црни крилја небаре смртта поминаа,од оние светли години.Кога ќе го добиеш писмово,ќе знаеш под небото дишам,потоа ќе го уништиш.Тогаш јас го носев името на пролетта,сега ткаам црнила.Ова тло среќа не видело,ниту пак за милијарда ноќи под фенери, ќе види.Еднаш ти реков годините и да ги молиш,не се враќаат,сега знам дека ноќта е иста.Како здивот на маката,какп насмевката на смртта кога ќе надвисне над тебе.И кога ѕвездите ќе згаснат сеќавај се.
Денес во теретана две теткици и така почнува оваа моја дневна приказна...едната на едниот крај од теретаната другата на другиот и си муабетат ок де се довикуваа, а во позадина радиото на мах вклучено и не беше толку лоша оваа стуација се додека не дојде една прчла и се здружи со нив и ми се нафрлија. Пробуваа буквално да ме избркаат од справата на која вежбав БИДЕЈЌИИИ прчлата морала баш тогаш баш на таа справа да вежба и така вашата феминка се заинати оп проработе мојот хороскопски знак и уште пола саат за инат вежбаше баш на таа справа малку себично од моја страна ама немаше да бидам таква доколку најфино и културно ме прашаше уште колку планирам да вежбам на таа справа,а не да правеше сојуз со двете теткици...Зар до тука стигнавме?!? Правење заговори за обична работа?!? За справа во теретана?!? А што остана со оние поважните работи, што ли се прави за нив, се гази ли по човечки души? п.с. мааалце ме болат мускулите
Се додека ти е топло на душата не е важно колку е ладно надвор Во ситници наоѓаш убавина,се смееш сама и зрачиш со позитива
позитивно изненадена од тоа колку можеш задоволно да излезеш од интервју за работа..... и благодарам на девојката што денес го водеше интервјуто ...... без оглед на резултат што ќе испадне и благодарам што успеа да ми го разубави денот, а радоста потекнува од една таква ,,чудна,, работа
Од 30 дена во месецот,29 дена одам на работа онака прилично средена. Со една цел,дека некаде случајно ќе го сретнам симпатијата,во кој сметам дека сум прилично заљубена,а не сум го ни бацила. 29 дена,нит го сретнав нит го видов. Денес решив да ризикувам,излегов од дома исто,како кога одам до продавница по леб. Малку е да кажам дека не личев на ништо. Малку е да кажам колку не очекував дека ќе го сретнам. Малку е да кажам колку не бев спремна,и колку беше касно за финтата," извини не те видов" Прости ми симпатијо,ме фати толкава трема шо заборајв како се викам,инаку и во живо сум многу кул. Испаничена цела и ѕвонам на другарка ми да ме утеши. Па добро бе аничка ми вели,не е страшно,нека се навикнува малку и грдичка да те гледа
„Дома“ може да биде и човек. Не во форма на дечко, сопруг, љубовник, туку најдобар пријател. Го гледам, и дома сум. Инстантно. Љубов што не е романтична, без еротски чувства, без желба да биде возвратена. Ама полно срце „дома“.
после 3 и пол години обиди, од кои 2 и пол активно лечење на стерилитет, јас денес се чуствувам сосема сигурна дека повеќе несакам да лечам стерилитет. т.е не сакам деца. Зошто морам да имам деца? Ако не треба да имам, нека немам. Што можам да сметам Ако досега си бев така среќна и задоволна од животот, ми правеше кејф секоја нова пица, трчењето со моето куче, седење на балконот пиење кафе и зјапање во облаците... Зошто сега треба да сум тажна што мојта матка не е склопна кој креирање и задржување на ембриони. Можеби тоа навистина не е за мене. Можеби само треба да си продолжам да си бидам среќна и задоволна како до сега
ААААааааааааааааааааааааа луѓе паничам Косата ми испаѓа цела леле ќе останам келава. На 8ми сум закажана за тироидната претпоставувам дека е од хомоните толку ми нема паѓано никогаш ми е страв буквално да се чешлам така шетам не чешлана. Шо да прам не знам купив шампон додуша само 4 пати се имам измиено до сега ама нема никаков ефект, ќе одам среда на доктор нека ми препорачат нешто апчиња, ампули не знам оти.... Аман аман аман
Same. Кај и да поминам има мои влакна. А долги плави, нема шанси да не ги видиш. Среќа не сум нечија швалерка.
Никогаш толку не ми паѓала. Буквално одам и сеам коса на сите страни. Стварно сум загрижена Не за нешто друго грда гла имам нема да ме личи келава
Добра ви вечер. Седнав ве изначитав како што е редот, и сега да ви пишам збор-два. Октомври мрш таму од утре ! Многу глупав месец. Ми е страв уште овој саат ипол додека да помине.. Па и последниот ден мораше да се деси нешто грдо. Ајде, не е лошо, ај да не се жалам Да ви каже Ванзин не е баш сигурна дали освен еден член никој друг не ја знае и затоа не ми се пишува се до детаљ, а имам за кажување Нејкам да се откажам од профилов и да почнувам со нов, не И така. Доста е. Имајте пријатна вечер
Iskam da kazam deka mora da go zaboravime ona "so mlad duh sum"...pa da se ponasas kako nedonosen. Ili "mladalacko oblekuvanje",pa da pozajmuvas obleka od kjerkata. .. .. Ami ako deteto vo tebe ne porasnalo togas obesi se na cickata na majka ti i uzivaj.. Izgledaj i odnesuvaj se vo sklad so godinite.