Месецов не можеше да започне подобро. Надвор студено а во мене само топлина. И љубов. И ништо друго не ми треба, ништо друго не барам, само тие очи да ме гледаат секој ден. Нема ништо поубаво од близината на саканата личност.
Ајде фемина чекам месечен хороскоп за Ноември да си прочитам, да тргне месецот како што треба, а не од сабајле да ги слушам мајсторите на комшиите како менуваат врата 5 саати. После нервозна и под стрес. Ами како ? Такви се условите. Сабајле исто кафето не ми се погоди, воопшто не беше како што треба. Имам големи очекувања од овој месец, во поглед на некои работи. Многу глупости почнав да сонувам, што дури страв ме фаќа да не почнам да се губам меѓу сонот и јавето. Нескафе сега или после ? Ами ај за пола саат.
Ако навистина нешто ме убива, тоа е монотонија. Би спакувла куфер, би облекла удобни чизми и топол капут, патот под нозе, таму некаде...
Моментот кога ќе ти текне дека веќе 5 години, другарката од детството не е помеѓу живите... 5 години...кога помина толку време? Како вчера да беше кога ја дознав веста, како вчера да беше кога времето запре, кога нозете ми се пресекоа, и рацете ми затреперија... Ја видов мајка ти и затоа се сетив на тебе...Колку е слаба, пропадната и остарена....А како да не биде таква? Ти толку млада ни замина, не напушти...срцата ни ги распрчи на сите, а посебно на мајка ти и брат ти. Уништени се тие двајца.... Имењачке моја....Синооко ангелче...зар требаше толку рано да заминеш? Ми текнува на сите моменти поминати со тебе, на сите игри, на сите глупости, на сите тие смеења и по малку карања Тоа беше прекрасно детство. Мило ми е што се запознав со тебе, си играв, ми беше другарка, и да знаеш дека имам преубави спомени со тебе...Мило ми е што и ти имаше убаво и среќно детство....Никогаш нема да те заборавам. Не може да се врати времето ама затоа спомените вечно ќе живеат...
Овие од топлификација знаат ли дека ако има сонце надвор , не значи дека е топло и дека треба да пушти малце или ич парно?!?!?
Сакам да кажам дека ми се смачи, ми се плачи, мака ми е ама решив денес се шо ми остана да научам за утре само да повторам и решив. Сега си прам 10 минути одмор оти то е, немом поќе. Ама ајде уште мало и ко ќе му влезам на сериите ... Како ништо да не било, пупу, помина замина. Останете ми поздравени.
"Не беше најубава, ама на мене ми беше најдобра.", сериозно некојa паѓа на оваа патетика и "поетичност"? Like really?
Ова ми е најглупаво нешто што може да го каже некој. Што си трошиш време на личност што не е најубава во твоите очи?
Деактивирав и вибер и фејсбук и месинџер,не ми преостана сега ништо друго освен фемина Ајде да видиме до кога ќе издржам,посебно без фејс. И друго,по 2567 пат се докажа точно она дека сите животни промени и навики,без разлика дали се работи за позитивни или негативни,започнуваат со кратење на косата,со менување боја и сл. Па така и јас денес си ја скратив косата,и тоа сама и супер испадна,не да се фалам Донесов некои важни одлуки,само се молам да ме држи и утре истиот памет....морам,морам!!!
28 часа од 24 во денот се чувствувам како пречуствителна, и секој од тие часови таа чувствителност ја чувствувам како терет, чат пат и ја обвинувам зошто не е арогатност, зошто не е злоба како кај другите. Но денес штом слушнав „Нежоста на кожава твоја не е ништо спрема нежоста на твојата душа“, знаев дека добро е што сум таква, совршено е што сум таква!!!
Ма јок бре,не ме премислуваш Ќе си стои деактивиран подолго време,до наредната измена на фризура,и тогаш ќе ја ставам
Ништо, ама баш ништо што предизвикува среќа и позитивна самодоверба (што не преминува во ароганција) кај една личност или група луѓе, при што не се повредуваат ничии чувства - не оправдувам да биде предмет на исмевање или хејт. За сè што ви личи на помодарство, мејнстрим, лигаво, барање внимание, не знам какво... ја имате опцијата да не обрнувате внимание. It's just as simple as that...