Мирис на овошен чај,миризлива свеќа,гледам во пламенот низ каминот,тој гледа тв,тишина е,ама онаа пријатна,ги сакам овие моменти на спокој и мир. Само уште еден ангел ни фали да ја прекрши тишината,да ни ги исполни целосно срцата. Верувам дека еден ден Бог ќе ни подари
Има жени зборуваат постојано за своите деца,некои за своите мажи,што со оние што зборуваат постојано за пари? Е како што? Обично тие се оние "најскромните".
Можеш и умееееееш, сега си само у фаза кога си уморна и мрзелива..ке напуниш брзо батерии , слушај ја бабе
,, Дојдов, видов, изедов! ,, - Гош, 2016 * секогаш 4 дена ( и во текот на истите ) пред да добие. И секогаш на диета онака ,, спонтано ,, ,ми текнува да се ставам тој период, па после дебела сум била! Кркај гуде едно, да ти се плукнам во паметот!
Нешто што особено многу ми го привлекува вниманието во последно време е дека после секое раскинување бившите партнери почнуваат да се обвинуваат меѓусебно за тоа кој е виновен за крајот на врската. Нормално е кога сме повредени, гневни и лути да обвинуваме некого за тоа, но „најсмешни“ ми се обвинувањата од типот дека партнерот не се борел доволно за врската, а најчесто тоа го кажува токму оној кој навистина не се борел за таа врска да опстане и да биде нешто трајно и убаво. Ако сакаш некој да се бори за да те зачува покрај себе, треба да бидеш таква личност, личност која вреди да се има покрај себе. Но не можеш да бараш некој да се бори за љубовта и вниманието за кои знае (најпрво како љубовен партнер но исто така и како човек) дека ги заслужува, а ти постојано одделуваш само трошки од себеси, од душата и љубовта која ја имаш. Не сме птици, луѓе сме. (Па дури и птиците љубат понесебично од нас). Љубовта е двонасочна улица, подарувај за да добиеш, почитувај и прави компромиси, ако сакаш да бидеш човек вреден и достоен за љубов.
Обично кога некој за некој друг вика да се собере, најчесто он е најрастурениот. Се изнаслушав контрадикторни глупости. Како треЌа страна, се чудев дали да кажам - омужи се, ама јави ми се кога ќе се разведеш, да не испадне не сум ти кажала. Никој никому не треба да му се меша, тачно, ама некои работи се гледаат од авион со време. Кратка приказна како полека,но сигурно почнува да ме боли Тасе за другите, а уште помалку да ми е жал. Помеѓу ајде што чекаш дур си млада раѓај и леле не можам, никаков овој мојов, кај да одам со дете кажани од една иста особа, мене ме фаќа гласна смеа. Нема врска муабетов со форумов, реалност е. Поразрушени личности од оние кои се доживуваат поголеми кога имаат повеќе пари и да нема... Пари се битна работа и чинат среќа, ама не те дефинираат. И вака некако одлучив да ставам крај на едно пријателство без трошка жал.
@galapce Галапче, секој има различни приоритети И подобро отворено да зборува за нив, отколку латентно. Повеќе треба да се цени таквата отвореност, отколку да се глуми лудило само да не речат другите нешто
До пред некој ден бев слаба,паѓав,и паѓав,упорно и упорно,тонев,идев надоле,ретко искажувам што и како ми се случува да таков тип сум на девојка затворена во себе,сакам секој проблем што го имам сама да го решам.Од кога почнав да се искажувам што и како ми лежи на душа ми стануваше се полесно и полесно на душава.А поготово овде многу се олеснувам.Затоа вечерва се решив се да се изнакажам.За да можам конечно една вечер убаво и мирно да спијам.Деновиве бев премногу,нервозна,напната,повредена,и разочарана,сакав да бидам сама,далеку од сите,да исчезнам,да почнам од почеток ,за прв пат во мојот живот јас паднав,и тешко застанав пак на нога.Порано не бев ваква бев силна девојка, бев секогаш позитивна,секогаш се смеев,секогаш бев расположена,ништо и никој не можеше да ме повреди,едноставно не дозволував,а сега дозволив да бидам повредена.Да ми беше тешко за саканата личност многу.Не викам не си признавам.Вечерва сватив дека не вреди човек за никој да плаче и да се нервира.За машко па ич.Оној кој вистински те сака никогаш нема да те повреди и да те натера да плачеш.Сум изгубила две најмили личности во мојот живот за кои ме боли душата тоа се мојот татко,и мојот дедичко.Животот и не мие баш лесен,сум добивала , и губела,и т.н.Јас имам за кого да живеам имам прекрасна мајка,сестра,и внука.Покрив над глава имам,моите најмили се секогаш покрај мене,среќна сум што ги имам.Си ги сакам највеќе.Душата би ја дала за нив .Несакам ништо друго од животот,и никогаш не сум барала ништо само моите најмили нека ми се живи и здрави.Останатото ке си дојде.Ама од вечерва ке бидам онаа истата девојка што беше порано,ке научам да бидам силна,нема да дозволам повеке никогаш да паднам,а ниту некој да ме повреди пак.Сум доживеала многу работи во животот и добри и лоши,секогаш кога и да паднев јас ке станев.Така и од вечерва ке биде.Сакам да се заблагодарам на сите што ми помогнавте и што бевте со мене во овие тешки денови,што не ме оставивте сама.Вистински пријатели сте,и ако не ве знам ама многу ми значите,и многу ве сакам,овде се осекам како дома да сум.И не се каам што го направив профилов.Ама ич.Така да дај боже на сите нека вие убаво од се срце ви го посакувам тоа.И Сега конечно ке можам мирно да спијам.Добра ноќ
Си читам за национални економски реформи и сфаќам дека апсолутно никаква врска си немам што читам. Мислам дека нуклеарна физика да беше полесно ќе ја сфатев. Десет страни не можам да ги скапирам. Со мене нешто не е во ред или?! Можеби треба да се напијам, па да читам и да сфатам.
Жал ми е за оние луѓе кој се во еден тон свој проблеми,а мудруваат на другите како не требало вака,не требало онака. Што е убав овој свет онде гомно овде цвет.
Господе, зошто ме создаде ваква? Олку нежна, оклу кревка? Врискањето на непознато дете од улица ме мачи со денови ... а може плачело зошто сакало смоки црвени, а му купиле зелени! Насолзените очи на мажот во болничкиот хол... болен ли беше? Загубил некој свој? А може тукушто се породила неговата жена и оди кон кафана да почасти! Девојката која дечкото ја исфли од кола и си продолжи а таа трчаше по него и липаше?? Каков злобник! Или можеби сирот тој, туку што му признала дека го мами и има друг ?? Зошто Боже ме создаде ваква? Ме боли туѓата болка, ме печат туѓите солзи, ме крши туѓата загуба, ме дразни туѓата неправда... Зошто Боже мене која ме создаде ваква, ми даде ваков тежок благослов, да ги гушкам пред заспивање овие три насмевнати лиценца жалејќи ги што не можам да им дадам се' што заслужуваат, а на некои други им го ускратуваш тоа право, на трети дозволуваш да гледаат пред очи како им згаснува детскиот живот...!? Зошто ме создаде Боже ваква? Олку нежна, олку кревка? Зошто!?!?!