Нема ништо поубаво од седење дома,читање книга под ќебенце,а под прозорец ти пее славејче. Преубаво чувство,преубава мелодија,инспирација за два-три збора поезија. Па кога ќе излезеш надвор и ќе го почувствуваш тој свеж априлски воздух,што мириса на расветани зумбули,исполнет со триста разни ноќни животинки кои ја прават ноќта исто светла и прекрасна како и денот.На небото полна месечина,а таму некаде по убавините на парковите некое момче симнува ѕвезди и изјавува љубов,додека девојката со цветови в коси се смее и ужива во среќата. Е тоа е светот што сакам да го гледам секој ден... Уживајте во пролетта,во убавините на природата и во љубовта! Добра Ноќ
Сите ми велат: "најди си другарки, не дреми дома". Но, од каде да г најдам? Да не се тие како мравки, насекаде? Не бре луѓе. Јас сум тоа што сум. Искрена, чувар на тајни, логичар и сѐ кажувам во лице. Кој ме сака, нека го каже тоа пред сите, којмрази, исто така. Зошто овие лаги? Не го разбирам ова. Затоа и не сакам да се дружам со некого константно, да ме врти ко прасе на ражнич. Ако ме препречеш, ти ќе се изгориш, не јас. Така, најдобро ми е дома. Имам занимација со брат ми, со кучето, мама и тато, сестра ми, Фемина и сл. Не ми е воопшто досадно. Уживам додека не е дошло она пеколно лето. Со училиште не се замарам. Си го определив животот: Понеделник-Петок, од 7:00 до 13:00- време е за школо. По тоа, го живеам животот на мој начин. Безразлика дали сум сама или не, никој не може да заклучи дека сум осамена. Не, всушност, мене ми се допаѓа онаа мртва тишина, и, оддеднаш оддекнува музика од компјутерот. И, за крај: Деновиве се чувствувам исполнето, заљубено, среќно, но, сеуште ја држам главава на врат. Никој не може да ми ја одземе. Mwah
Живеам за денот кога ќе им речам на моите „мамо, тато еве ви карти, еве ви пари и резервации, сакам да одите и едно 10тина дена да си ги одморите душичките и екстремитетите и да не мислите на ништо туку да уживате, еве ви од мене, јас честам„. Си се зареков дека од првата плата, колкава толкава, нема да си купам нешто што јас долго го сакам туку ќе им уплатам на моите еден одмор, на планина или море или бања што и душа сака.Само сакам да се одморат и да здивнат оти веќе личат на старци, а не на луѓе од 42-3 колку што се.Толку ми се кине срцево, луѓе значи не можам да опишам колку само ми е мака што ги гледам такви, сигурно не ни морам да ви опишувам, оти верувам и на повеќето од вас родителите ги има обележано тежок живот... Како и да е, одамна го немам слушано Тоше наш и сега во кола вртеа негови песни, татко ми често го слуша и си велам како судбината можеше да биде толку лоша, како човеков можеше да пее толку убави и емотивни песни, а сега веќе да го нема...ама не за џабе рекле Господ ги сака најдобрите крај себе. А јас сум си оптимист човек, па си се надам дека не сум јас меѓу тие, оти не ми се умира.Каков-таков животов, возбудлив е у пм.А и за недела дена роџендан славим на Велигден баш, радости. Не знам за вас ама јас со душа го чекам летово.Дали поради плановите за одмор на море кој го чекам веќе со години, дали само поради времево што е во шашаво расположение, кој знае...ама има да се стегнам во црна купача и да ставам на глава еден огромен шешир и да си ги самоманијачам резултатите од моето тринеделно лишување од мојата најголема страст-храна и напнување на мускулатурата. Знаете како јас ја издржувам диетата?Опсесивно кмишам на тумблр профили со прекрасни слики од храна и си замислувам како ги јадам и потоа одам во кујна и дробам марула салата и туна и си велам тоа е добро само на изглед сигурно нема добар вкус како салатава ииии така. Не реално многу ми е тешко, јас сум гурман човек кој обожава да готви и да јаде, мене ми светат очите на зелено пазарче како да сум во продавница на Зара, јас се губам кога видам добра храна и само размислувам на тоа како ќе ја изедам. Малку муабетов ми е неповрзан, ама се случи, а дојдов само да кажам дека еден ден ќе си имам ваква куќарка на езеро и со вакво дворче и ќе си седам таму на зајдисонце додека да умрам.
Боже мој, не памтам кога последен пат сум пишала овде Животот е убав, тече. Многу љубов, насмевки па и солзи се споделени оваа година, како и да е можам да кажам дека до сега како што течат работите е една од најубавите во мојот живот. Секој ден се повеќе ме облева со љубов Не сум знаела дека постои вакво чувство, цело време сум создавала некоја искривена слика за љубовта, но сега сфаќам колку сум се лажела. Тој ме научи, но се научи и себе си. Ниту еден паднат колоквиум до сега, горда сум на постигнатото и најважно од се задоволна од изборот што го направив. Многу е убаво е да се учи тоа што се сака Периодов повеќе му се посветив па го подзаборавив форумов, сепак тука сум од време на време.
Луѓенца се топам кога некој ќе ми вике : дада Вики или па тета Вики Синчето на мојата најдобра другарка има скоро 2 годиники и научило да вика тете па денеска со другарка ми се видовме дојде кај мене со синчето леле срце убавооо ... Оди по мене цело време и само ми вика: тетее, тетее, а јас пак ќе му речам: ееееј тетино,абе овој се гази од смеење Деното ми го исполни со насмевки Исто така и многу сакам деца т.е помали деца од мене кога ќе ми се обратат со: дада Вики може оваа Абе со мерак им помагам и ги слушам што имаат да ми кажат Сестра ми пак не трпи многу деца и често се случува да ми каже : ти па дадо како можеш толку муабет да им правиш и да се замараш со нивните муабети Ама како бе да не се замарам кога со убаво ќе ми се обратат или ќе ме прашат нешто. Смешкајте се со секого и бидете добри нема поубаво чуство од тоа Добра ви ноќ
Јас навистина не знам што со себе. Толку сум изгубена, збунета, исплашена, на моменти не ми е гајле, на моменти плачам неконтролирано. Сакам дечко, нејќам дечко. Ќе се појави некој фин, згоден, убав и оппп или веќе нема да ми се сака, или упорно ќе му барам маана. Еве, на еден му најдов зошто е лав во хороскоп.Ме напнуваат лавовите, too much ми се. Не знам, дали да почнам да одам на психолог/психијатар, не знам колку и дали ќе ми помогне, кога не си го знам проблемот... Во животот е најбитно да знаеш што сакаш и да си одлучен. Кога животот ќе ти понуди нешто, да знаеш дали е за тебе или не е, и никогаш веќе да не се враќаш таму ако го одбиеш. Од сакам-нејќам се спобудалува...
Во последно време ми се случуваат многу лоши работи, особено во мојата фамилија. Убавото е што сите сме на куп, силни, посилни. Лошо е што лошото не спојува, но добро е кога знаеш дека што и да се случи имаш фамилија покрај себе. Во овие моменти човек може да забележи на кого може да се потпре на кого не. И жалосно е што јас не можам да се потпрам на Него. Почнувам дури да се смешкам зошто секој негов потег при такви моменти веќе ми е познат, предвидлив. Советот како - "Напиј се диазепамче и легни си", можеби е најдоброто нешто што го кажал во последниве неколку месеци. Можеби сепак тој не е Тој.
Ништо не може да го замени мирот кој го донесуваат боите на природата, мирисите од расцветаните дрвца кои го обележуваат годишното време... Само едно пролетно попладне поминато шетајќи, вдишувајќи го мирисот на јоргованите и уживајќи во сликата на зајдисонцето, и се е подобро. Сите стресови на игнор, препуштена на релаксирачките звуци на птиците. Пред некој ден дома купивме и озонер со мирис на јоргован, абе мераци сум, и собата си ја претворив во градина, уште да си засадам нешто... Некако посебно се чувствувам во пролет, најопуштено и енергично, ми дава посебен мир и чувство на слобода. А најубави ми се деновите кога уморна од учење ќе се препуштам на пасење на мозокот - со шпагети, убава музика и филмче... И така, деновиве сум ептен расположена за релаксирачка музика, се надевам и вие. http://www.youtube.com/watch?v=vN2Q62uMew0
Калимеро !!! Се сликнала со пура во рака, се сликнала со цвиќерата Прада, се сликнала со ајфон 5ка.... ,,На кафенце" во Солун и Софија - притоа сама на кафенце си седнала, и од километар можи сама си се слика,а? Ех мори, сигурно од дома што седиш ги имаш купено со ,,платата'' која ти течи од месец за месец ... Или мајка ти и татко ти ти ги купиле со платата од 9.000 денари... Спонзоруша со тапија брејј!!!! И нормално дека само мајка ти ќе ти остави коментар ,,Златна таа лепота моја"- на мама! Кога ќе научат модерниве девојки дека среќата не е во парите ? Па не се осмелувам да земам/ побарам пари од дечко што сака нека биде!!! А камо ли па работи кои јас не можам да си ги дозволам да ги барам да ми ги купи тој Чукни ја тиквата што ја носиш на раменици. Упс ....Празна е!
Ај добредојдов по вторпат. Сакам да кажам патешествие било емаил отварање (после долгооо време). А причина за нов профил ,комшивчево тинејџерче ми беше на гости и си седна а фемина отворена и ааа ти си вака и вака на фемина. И така,не дека срцево си го отварам на форумов ама сепак ...
Што се случува со овогодинешниве слики на матурантите од моето поранешно средно уличиште сум запрепастена. Па добро бе нели им е јасно на тие што ги сликале оти си сакаат луѓето слики за да разделат на класот на најблиските за спомен да ги памтат какви што се а не некоја нова личност да гледаат на таа фотографија. Ај фотошоп за некои делови по малку , со мера ама досега не сум видела на слики од матура и ефекти некои без врска да се додаваат Па не се ова слики за инстаграм ! Никогаш не ми била јасна потребата радикално да го менуваат природниот изглед на матурантите , ама стварно мислам на баби , дедовци делат слики ученициве , стариве луѓе кај не догледуваат па уште ќе се чудат внукот/внуката да не им дал слика од некој соученик , пошто не личат на себе си.
^ Морав да надополнам. Исто, кога бев јас матурантка не сликаа до гради или мааалку подгради, а овие денеска матурантиве фотосесии професионални прават. Можеби урамени слики ќе даваат. Разбирам креативно табло и се` тоа ама па дотеран од дома да одиш на сликање за табло, во високи потпетци... Страшно.
Луѓенца мои, јас бегам за празнициве накај Брно и Краков, па затоа нема да сум активна, ама ќе најдам време да ви пратам слики и од градовиве и од логорот Аушвиц, ако сакате. Останете ми поздравени, па се читкаме. Ве сака Кајли!
Велигден ни тропа на врата... Започнав со Велигденското чистење низ дома. Додуша, повеќе е пролетно чистење. Го обожавам делот кога 50% од работите ги фрлам во канта и просторот се испразнува и освежува. Го користам ветрот за побрзо сушење на работите на тераса. Музика во позадина. И секако, си размислувам какви колачи ќе правам, или торта, дали бојата за јајца убаво ќе се фати...ги пребројувам парите... И се потсетувам како и лани направив многу јадења и половина се фрлија. Оваа година не правам многу, ќе направам нешто помалку и полесно. А, и да не се прејадуваме со сила. Ем ќе си заштедиме пари. За брзо доаѓа и 1 Мај, и тогаш се трошоци. За новата година го истресов кесето, после се тресев јас. Си иставив поука.
И мене ме понесе оваа еуфорија кон Велигден. Пресреќна сум што сум прва смена и ќе можеме слободно да си вапцаме јајца со мајка ми. Вчера цел ден на интернет го потрошив за барање на нови идеи. Во саботата направивме кифлички во форма на зајчиња и пилиња. Ах, со душа чекам. Мајка ми купила сликички за јајцата, ама мене никогаш не ми се доста. Уште ќе си купам. Сакам наџиџано да биде се'. Вечер ќе барам уште рецепти... па, па, па.
It's funny how someone who was just a stranger last year, can mean so much to you now. It's terrible that someone who meant so much to you last year, can be just a stranger now. It's amazing what a year can do. Нели..
Каде оди времето кое поминало до сега? Каде заминуваат годините? Каде се оние стари времиња за кои секогаш копнееме? Каде?
Идам и јас.... Да го пречекам дечкоми... Да се видам со блиските.... Да го прославиме празнникот.... Имајте најубави велигденски празници....Поздрав од мене се читаме после 10 дена....Бајјј
Она чувство кога ќе гледаш добар филм и се смееш до солзи. Не можам веќе, шминката ми се размачка. Немам шминка де, лажам, ама се пресмеав луѓе. Не знам од кога вака не сум се смеела, значи другарка ми од сега ќе ја слушам. Она ми го препорача, али јас си викам глуп е овој, така ми личеше, гледајќи ја уводната шпица, па и тие од сител не знаат примамлива реклама да направат. Ама пуста досада, што да правам, ај си го пуштив и не згрешив. Леле уште не можам да се соземам, кога ќе ми текне на некои сцени умирам од смеа... По толку учење математика и низ глава ми се вртеа формули и се филмов добро ми дојде. Ама и учењето се исплатеше, така да ништо не било џабе... Ех да беа сите денови како овој, немаше да има солзи. Уживајте во сончевиoт ден, уствари дождливиот де...
За сите свои проблеми си имаме некое решение.Какво и да е,големо,мало,надреално,не возможно,па дури и критично,си го имаме зацртано во главата. И тогаш доаѓа некаква повлеченост од наша страна,некаков страв.Збунувачки е. И се плашиме.Многу.