СДК дека ќе си пукнам од мака. Колку и да се трудам јас да исправам некои работи знам дека ќе е залудно, зошто човек ако не се научи да цени на почеток, нема никогаш да ве цени. Често си мислам на минатото, па и на периодот кога бев дете. Ми недостигаат личности што никогаш веќе нема да се вратат. Ми недостига и тој, како мртов кога ти недостига...
Ми се врати вербата во човештвото. Одев брзо, доцнев за на факултет. Од дома зедов 500 денари, ама пошто немав време да ги ставам во новчаник, ги ставив во џеб (најголема грешка), барем во ташна да ги ставев. Одам, брзам и само слушам некој вика зад мене. Се завртив и гледам некој непознат дечко...викал по мене пошто ми паднале парите. Ги држеше во рака и трчкаше по мене за да ми ги даде, а можеше да си ги земе...слободно можеше да си ги земе и никој да не го види пошто само тој беше зад мене. 10000 пати му се заблагодарив, не знаев ни како да изреагирам, дали да му понудам да го частам нешто, дали не знам што... И онака денот не ми беше нешто посебно добар, ама тој ми го разубави. Не знам кој беше тој дечко, ама се најдобро заслужува. За некого може малку се 500 денари и газ си брише со нив, ама мене ПРЕМНОГУ ми требаа денеска тие пари. И продолжив со брзање, доцнев точно 30 минути (автобусите се криви, не јас), ми беше глупаво да влезам пошто знаев има веќе 100000000 души седнати и сигурно веќе ги прочитала по список. Ама ајде, влегов во преполната слушална и таман ја најдов колешката кај ми чувала место, ја слушам проф. моето име кај што го чита...па дали е можно И професорката задоцнила, влегла 5 мин пред мене, па затоа толку доцна ги читала.... П.С. Тие луѓе што ги гледате преку ден насмеани и весели, да знаете дека секоја вечер со солзи заспиваат...Највеселите преку ден, се најтажни навечер....
Немате поим колку често имам желба да ги гушнам луѓето. Блиските ги прегрнувам редовно, ама онака силно, за да почувствуваат колку ги сакам. Некогаш ненадејно, некогаш со најава, а некогаш срамежливо прашувам "Можам да те/Ве гушнам?" Си велам, што ако единственото нешто кое ги развеселило во текот на денот или им мами насмевка кога ќе се потсетат, е токму леснотијата со која изразувам емоции? Пред некој ден, еден семеен пријател, на мајка ми ѝ се жалеше за некои проблеми. Не можам да опишам колкава желба имав да го прегрнам, да му кажам дека сѐ ќе заврши добро, дека јас се грижам за него...но помислив дека не е моја работа. И така денес сеуште се прашувам, дали тоа малку ќе му ја намалеше тагата? Тетка ми ја пречекувам така што рацете ѝ ги обвиткувам околу нејзиното малечко тело, иако таа не знае да ми возврати, но не ми пречи. Со мајка ми ни е ритуал во секој миг од денот. Другарката која најмногу ја сакам, а преретко се гледаме, ја стискам ептен силно, за да надокнадам за миговите кога сме разделени. Него го гушкав на секое гледање. Ќе застаневме еден спроти друг во мојата соба, ќе го погледнев во очи, ќе се поткренев на прсти и се губев во некој друг свет додека рацете ми беа околу неговиот врат. И не го пуштав додека не почувствував дека повторно сѐ е добро во мојот свет. И кога и да се видиме, не си оди без да му се заблагодарам што одвоил време и без да го гушнам...иако повеќе не е моето сѐ.
Убаво детенце симпатично ама не е мој тип Смеѓ со плаво/зелени очи... Јас сум по црните, плус брадичка И овој имаше брада ама смеѓа накај плава... Абе каков и да бил, за мене најдобар излезе Замисли да е на форумов и тој...Фала ти уште еднаш дечко ако читаш! Јас сум Џоли што ми ги врати парите! Благодарна сум ти ПРЕМНОГУ....
Mnogu sum si srekna i zadovolna sto sum licnost so siroki pogledi. Kusur nefakam i za sebe sum si centar na svetot. Toa me pravi da sum sekoj den raspolozena i zadovolna. Mnogu malku e potrebno da si zadovolen ama sekoj sam treba da si go pronajde.
Ги сакам деновите кога единствена грижа ми е да одберам подарок,разни украси и рецепти за мафини и роденденска торта за првиот роденден на внука ми. Што значи еден месец однапред јас ќе бидам зафатена и изполнета со насмевки и организираност се да биде совршено П.с колку тешко било да се избере торта,леле куќа да купував досега ќе се одлучев. Ама сите ги сакам,сите Се мислам помеѓу принцеза со круна и една со буфчиња,или пак со мики и мини,еве незнам Роденденот и го закажааа нејзините во игротека,ама јас како тетка и спремам домашна забава-изненадување
Единица мерка за очај се овие што на инстаграм ке ти кликнат фолоу за да откако им возвратиш го тргаат истиот и билдаат следбеници. Сериозно, кога ми раскажуваа дека намерно прават така мене ми беше научна фантастика и си викав дека преувеличуваат ама сега гледам се почеста појава е. Убаво си кажав дека лајковите се душевна храна за некого, и ако вештачко добиени 1000 следбеници го направат вашиот живот повреден, тогаш со задоволство ќе продолжам да ве кликам. Не уништија социјалните мрежи, го допираме дното. Ах да, а единица мерка за посакувана нафурана цура е нејзе да ја пратат 2000 а она само 20 души, воглавно Карлеуша, Кајли и Балмаин. Некако тажно ми иде на душичкава...
@manja666 јас некогаш ги одследувам некои членови ама обично и потоа ги банирам и членовите оти нејќам и они да ме следат, најчесто ради тоа што не ми се интересни постовите кои ги ставаат и едноставно не гледам причина да ги следам, но тоа е кога некој прво мене ми понуди да ме следи па потоа јас гледам што профил уствари има кога нема веќе да е прајвет. Некои членови едноставно се досадни, ставаат по 2000 селфиња на ден и мене тоа ми е банално, имав една колешка што го правеше ова и ја избришав, ме праша зошто и и кажав дека не можам во денот да гледам само нејзини слики на секои 5 мин, не си живееме веќе . А општо ако збориме да има такви што ова и ме намерата што го кажа ти, ама ретки се мислам, што знам. Мене инста ми е ептен интересна работа ама сакам да гледам квалитетни профили со убави фотографии, ако не е тоа немаат тоа нема зошто да ги следам. Ако некој смета дека јас не сум му интересна слободно може да ме избрише нејке да му замерам.
Ние луѓето не сме свесни што значи човек да е ЗДРАВ,да сме здрави и живи.Жалиме по скапи коли,големи куќи,скапи телефони,скапа облека.Искрено е жално затоа што некој луѓе немаат поткрив над глава,се борат секој ден за едно парче леб,а навечер кога ке легнат едино што посакуваат е топла постела.Ама аздиса светов а и ние со него.
Инстаграмџии = галамџии + чаламџии. Sorry инстаграмци, повеќето сте ок, но има и такви кои го покажуваат богатството, раскошот, силиконите итн. и со тоа билдаат општествен статус. Колку е површно тоа само! Имај си милиони, ќути си, свиркај си, трај си, шетај си го цел свет, кој сака да дознае во каква материјална состојба си или како изгледаш, ќе дознае! Ако некој копнее по виртуелна популарност по секоја цена, лајкови, followers, шерувања од луѓе кои ни ги знае нити ќе ги знае некогаш треба сериозно да заживее во реалниот живот! Ова општо кажувам не за тебе Мањич, се разбираме. Толку е џаболебарска и вештачка таа виртуелна популарност по социјалните мрежи што не може да се опише. Џабе 5000 пријатели на фб, ако кога ќе ти затреба помош ни 5 од нив нема да ти помогнат. Инаку назад во реалноста, туширање со ладна вода е одлична терапија и го јакне имунитетот. Во последно време минута-два откако ќе завршам со туширањето пуштам ладна вода и здрвен стојам додека водата ми тече по грбот и рамената. Организмот ми е благодарен после. Практикувајте го ова и ќе сте здрави ко дрен. Човечкото тело е совршенство на природата! И тоа е тоа за овој пост... имај фул петок и фул викенд со многу фул работи.
Ве има насекаде. Парови цврсто фатени за рака. Толку цврсто што прстите ви побелеле. Вие насекаде се појавувате заедно бидејќи нели вие сте неразделни,вие не можете ни минута еден без друг. Секој ден објавувате заеднички слики на социјалните мрежи затоа што вашата љубов треба да се покаже и докаже. Вам не ви треба ништо друго,никој друг. Сте заборавиле на пријателите,прошетките,излегувањата... Сте заборавиле на времето во кое сте уживале сами со добра книга или добар филм.Сте заборавиле на сето тоа бидејќи нели се работи за љубов а за љубовта вреди да се жртвуваат сите други добри работи.Каков апсурд. Љубовта е чувство кое те вивнува горе,чувство кое те спојува со универзалните сили.Таа е чекор кој води до осознавање на слободата а не чекор до нејзино угнетување.Но вие сте далеку од тоа сознание.Вие гледате на вашиот партнер како на своја сопственост. Како на некој уникатен и луксузен предмет кој го покажувате насекаде. Тврдите дека е ваш а сепак се плашите дека ќе го изгубите. Така се раѓаат опсесијата и љубомората.Наеднаш заборавате дека довербата е главната алка од која се состои љубовта и почнувате да се давите во вашите стравови и несигурности. Ех парови на модерното време...До кога ќе ги следите вашите опсесивни идеи за љубовта? Кога ќе сфатите дека вашиот партнер е и ваш сопатник,ваш другар,ваш придружник. Држете го вашиот партнер за рака но со тоа не му покажувајте дека е прикован цврсто за земјата и за вас. Држете го за рака со намера заедно да вивните во височините, заедно да го истражите универзумот. Не се плашете да имате доверба во него. Оној кој ве сака нема да ве напушти,нема да погреши, нема да ве испушти.Сакајте го вашиот партнер,поминувајте многу време со него но не заборавајте дека вие имате свој живот кој не се состои само од него. Од време на време дозволете си самотија. Бидете сами со себе,правете работи кои ве исполнуваат. Само така ќе бидете достојни во очите на партнерот, во очите на љубовта и во сопствените очи.
Не оди пред мене, може нема да те следам... Не оди зад мене,може нема да те водам... Само оди покрај мене и биди ми пријател.
Сакам да кажам дека само оној кој некогаш сте го сакале и повеќе од себе може да Ви покаже како треба да бидете сакани, може да Ви покаже што заслужувате, може да Ве ослободи....
Неколку збора за вредноста на луѓето. Гледам, гледам и дојдов до заклучок. Многу често луѓе кои не вредат, себеси се сметаат за нешто wow и многу луѓе кои реално се бесценети, скромно се ставаат себеси на понизно место. Е тоа многу говори за нив и за реалноста кој е кој и што е што.
Додека беше: И лајкнал слика, песна, статус, одма отворила каталог за невестински фустани, сега дојде ред: Му лајкнала слика, песна, статус, одма бира костум Where is this world going? Низбрдо, that is.
Утрото ми се разубави со прекрасна вест, мојот најдобар другар станал татко на принцеза. Нема поголема радост од тоа кога ќе слушнам убава вест за мили личности, барем тие да се среќни, барем ним да им се случуваат убави настани.
Кога ќе видите некој како седи задлабочен и несвесно се поднасмевнува, да знаете дека се сетил на некој момент кога не можел здив да земе од смеење. Мене ова ми се случи на македонски денес, кога ми текна на зборот г'спапир што го прочитав вчера во Граматиката.