Цвеќево чувар куќа, ми овенува по не знам кој пат.... не знам што правам погрешно... ************ Туку друго ми беше муабетот. Секогаш кога седам на балкон гледам од карши зградата лета по некое најлонче полно ѓубре надолу. Нема врска што има контејнери карши..долу под зградата имаа напраено цела депонија. Ја покрија со земја, ја израмнија ама попусто, летаат кеси секојдневно. На страна тоа, зградата е дувло на проституција, наркоманија и оружје. Јавна тајна. Полиција не помислува ниту да се приближи. Закон таму не важи. Брат ми ја вика гето. Цивилизација? Што е тоа? Уште пред да се руши куќата за да се изгради зграда, во неа живееше истото "проблематично" семејство. Во војната 2001, една ноќ после полноќ го викнаа татко ми надвор. Бараа да му ја купат пушката. Се сеќавам на бледиот поглед на мајка ми и стравот во нејзините очи додека татко ми беше надвор со нив. Бевме во тешка финансиска криза таа година. Ги памтам неговите зборови кога се врати... кажа дека не може да живее со фактот дека неговата пушка убила некој, а посебно кога пола фамилија ни беа по касарните. Рекол дека одамна ја има продадено..и и рече на мајка ми дека ќе се снајдеме за пари. Тие секогаш си беа поддршка еден на друг. А така и би. Се снајдовме и преживеавме и без тоа. Овие денови посветени на мртвите секогаш ми оживуваат некој спомен од поодамна. Додека ја спремам корпава со храна за утре..се потсетив на ова.. Татко ми го нема одамна..ама пушката сеуште е тука, единственото што ми остана од него. Драга ми е. Ја купил кога положил ловечки испит. Кога прв пат бил на лов нишанел во срна. Немал срце да пука. И иако никогаш после тоа не бил на лов повторно, секогаш се грижеше за неа, ја чистеше и одржуваше редовно. Го зезавме за тоа. И тој се смееше, па ќе ц'цнеше, ќе ја занишаше главата и "не е лов за секого" -ќе промрмореше. Мајка ми се плашеше од неа. И само ради неа ја чуваше расклопена на делови. Таа е најневината пушка на светот. Ниедно живо битие не станало нејзина жртва. Сакам само да знае дека во душава една свеќа е секогаш запалена за него.
http://www.libertas.mk/petnaesetmes...itis-ne-dobilo-na-vreme-antibiotska-terapija/ Strasno.. Premnogu se potresov. Srekja sto navreme vidov kolku e strucna doktorkata pa malata ja ispisav od kaj nea. I na nas ni bese maticna. Kerkata sakala da bide kako mama, doktorka pa ajde zosto da ne. Eve sega na dusa ke i stoi maloto nevino dete !!!
Партиските ,,војници,, да оладат малце со споделување линкови кај што се фали нивната партија и нивниот придонес за државата. Доволно е што нивните медиуми трујат, не морате и ,,војската,, да го прави истото, ко да ние немаме очи и не знаеме што се случува околу нас.
Листа на работи што требаше да ги завршам денес: 1. Нож забиен до коска во рака- DONE 2. Одење во болница, матичен и шиење- DONE 3. Враќање дома, два прста изгорени на пегла- DONE Листа на обврки на моето семејство: 1. Баба ми сред бел ден ограбена од цигани- DONE 2. Татко ми во гуша се фати со рандом човек поради лошо паркирање кај нас пред порта- DONE 3. Тетка ми мускул истегнала на работа, не може од кревет да стене- DONE И еве така ние низ дома добри...вие арни сте? П.С. Пишувам со еден прст ЖИВОТЕ, права кучка си некогаш, знаеш?...Гони се у пичку матер, ок?
Сдк1 ...Секој град е убав,( дури и како Струга немат друга) ама Охрид е најубав Сдк2..Толка пораснав и сеуште имам страв од полицајци, хехехе...
Денес се затворив во својата соба едно два саати прво еден саат вежбав а после одржав цел концерт со се кореографија пред замислената публика во мојата глава
Ми беа потребни 26 години за да сфатам дека е во ред што не сум совршена. Да престанам да барам од себеси повеќе и повеќе, да не си поставувам превисоки стандарди. Убаво е да се трудам да бидам оптимист, но сосема е во ред во некои денови да не сакам да станам од кревет. Да не ја наместам постелата. Да се плашам да се погледнам во огледало. Денот е повеќе од одличен ако успеам да вежбам јога, нозе и стомак, орбитрек и да скокам на јаже. Но, ако не успеам во сите, да бидам задоволна и само со истегнување. Да прифатам и дека иако само недела ми е ден за одмор, смеам и друг ден да немам волја за вежбање. И да ми биде океј дека не секогаш ќе вежбам од мерак, без да го погледнам саатот. Има денови кога се терам со сила, но битно напредувам, нема ништо лошо во тоа. Во ред е ако има денови кога сакам да јадам и пица, но и благо, во ред е ако не постојано имам желба за овошје или храна која ми дава повеќе енергија. Во ред е ако не секое утро станувам во 8, во ред е да не ми се пишува листата со благодарности, да не ми се медитира, да не си кажувам позитивни афирмации, да си дозволам да се чувствувам онака како што ми иде од внатре, без постојано да ги бркам среќата и позитивните мисли. Во ред е и што до оваа возраст имав сосема поинакви планови за насоката во која сакав да ми оди животот, но не се исполнија. ОК е што уште не знам што сакам, што ме исполнува, која сакам да бидам. Во ред е што изгледам како што јас сакам, иако сите ми велат дека сум претерала со слабеење. Зашто не ми се објаснуваат моите избори и зашто јас си знам како се чувствувам подобро. Во ред е и си простувам што порано не открив кога сум престанала да го сакам и нема веќе да се прекорувам за годините кои му ги потрошив. Во ред е и да бидам лута на некој кој ме повредил, тоа не ме прави лоша личност. Во ред е да не можам секогаш да му се радувам на дождот, да не уживам во капките со убава музика, туку да оставам да ме депримира. Во ред е и понекогаш да ми недостига некој на кого не му е грижа за мене, во ред е да се прашувам како ќе изгледавме заедно, што ќе се променеше кај мене, да му се лутам затоа што не ми даде шанса да му покажам колку можеше да биде сакан и среќен со мене. Во ред е и понекогаш да не ми се станува на постари во автобус, иако не сум уморна. Во ред е да престанам да очекувам буквално секогаш да бидам паметната, зрелата, енергичната, насмеаната, љубезната, во ред е да не знам кој ми е следниот чекор... Кога учев во средно, ако утнев еден збор од лекција од три страни, ја повторував одново. Губев толку време заради еден збор. До таа граница одеше мојот перфекциозам. Повеќе не чувствувам грижа на совест зашто не си ги исполнувам стандардите. Не се казнувам за секоја мала грешка. Има една реченица која ми е многу моќна: "Повеќе не чекам да бидам совршена за да се сакам". Само штета што ми требаше толку време...
Чекав од понеделникот професорот да ми ја пише оценката во електронско досие и секој ден го потсетував. Да се разбереме, оооогромна работа е тоа да внесеш оценка, не може туку така, едно 2 минути ти требаат. Кај да ги најдеш тие 2 минути во денот?! Ај што ми го утна прво бројот на индекс, сега и оценката ми ја утнал. Има на факултет некој одговорен?! Пола професори не внесуваат оценки, пола администрација не знае што и како работи.
@kjukli Затоа јас го земам индексот, гледам да ми се пишани тука оценките и директно им го носам во студенски прашања. Му одам кај човекот што стои кај компјутерите, му викам види кои оценки не ми се внесени, и пиши ми ги те молам Тој си потполнува, а јас си стојам на стол потпрена.... Пошто знам некогаш и да бидам бучна и да не се тргнам од ред додека не ми ги пишат, едноставно им ја кочам цела работа...па за да не се расправаме одма си превземаат работа Покажи им заби...Не се бркај со професорите...
Аааааа мисли си дека ќе ти ги внесе жената на студентски! Нема шанси. Не ти го ни гледа индексот, само досието. Мора лично професорот да ја пише..
Дали тоа само јас ( и четврт милион народ минимум ) , прметив дека уствари снимките на Димчета се од тоа како бега од Алфите, а потоа они го апсат? ! Па сам си излезе од колата , уште пред да дојдат, за да не го затепаат! И кој тоа бега од криминалци, и кога ќе го застане полиција, не бара помош, туку и од нив бега? ! Еве, и тоа да е вистината, јас би си помислила дека Диме имал нешто што крие од полицијата , па и од нив избегал. Дрога можеби. И да , ќе замарам со ,, политика ,, , оти она ми го замара животот, и мојата и вашата иднина зависи од неа. Фала многу, пријатно .
Епа штом е кај вас така, сега удри нова тура за да го бркаш професорот Ако немаш предавања повеќе кај тој професор, тивко е*и му мајката п.с. Како беше онаа клетва? Да даде Господ, свекрва да ти биде некоја што работи на студенски прашања
Не верувам дека криел дрога ама дека сакал да ја сокрие швалеркатакоја патем можеби е малолетна или некоја евтина .....во секој случја се штител за да не му се уништи репутација и углед.
Да ми е жива и здрава ама многу е напорна. Верувале или не, ама после некои муабети не само што се осеќам како да треба да одам на рехабилитација, туку сакам и да се изолирам во некоја пештера извесно време за да одморам малку. Како бе вака луѓево немаат селекција што и колку зборат? Зашто мислат дека мене ме занимаат секакви содржини? ЗАШТО? Ај да ги обвиниме бојата на гласот и брзината на зборувања, ама и за тие карактеристики луѓето треба да се свесни. Па каков е тој муабет бе кога збориш ко навиен, а од другата страна имаш само: мхм, да, у право си, да да ... епа доброоооо, и такааа, епа тоа еее... Како после сите обиди за откачување луѓево не губат осет дека премногууууууууууууу останале на телефон? Не ги гори ли на уво? Не им фаќа пена устата? Алал да им е на упорноста. Браво. Не знам што да кажам друго. Можда пак и до мене е што вака се наелектризирувам. Ох... колку само ми фали тишина во животов. Треба некаде да си напишам некое правило, рецимо: Ако ти зборувам, зборувај ми. Ако ќутам, ајде да ќутиме заедно.... па да го раздавам како флаер и да служи како упатство за моја употреба. Сакам џин сега одма! #немогу Среќа, петок е . Убав викенд народијо! Ваша М,