и наеднаш БУУУУУМ!!!!!!!!!!!!!!! Колку ли може да те разочара навидум глупа вест? Ако одиме на принцип со скала од 1 до 10 мене може да ме разочара 10*(ѕвездава до основно ни ја даваше наставникот по хемија ако имавме тест без грешка, во сучајов разочарување без грешка). Онака релаксиран муабет со дечко ми, од каква беше неделава до моментот каде што сме сега и зошто сме сега баш таму. И наеднаш тој ми кажува за ОВА и јас пропаднав. Не знам да кријам емоции и не знам да се преправам дека се ми е топ. Не го можам јас тоа... Само знам едно нешто ќе се прашувам до крај на вечерта, ЗОШТО ТОА СЕ СЛУЧИЛО. Верувајте ми, можев...имав реали шанси...ја имав љубовта за тоа.
Утре сабајле полагам... Ништо не знам. Денес плачев. Се капев и буквално најмногу до сега коса ми падна. Ко ја собрав еден прамен имаше така подебел. Се насекирав многу... Вторник сум на доктор чекам да видам таму шо ќе ми кажат... Знам дека не треба да се стресвам дополнително оти така уште поќе ќе ми паѓа, ама не можам. Не знам шо се деси вака наеднаш во еден месец скоро една четвртина од косата ми падна. Од друга страна сум возбудена утре одам Скопје на Иан Гиланнннннннн Дип Прпл муце. И Скопје ќе спијам кај другарки... Супер план. Само ми тежи на душа ова со косата, макар шо ќе пробам да не мислам на то..... Иф јор ливиг клоус д дор... Ајм нат експектинг пипл енимор.
Поголема иронија од тоа да сакаш мачки најмногу на свет, и да си алергичен на нив Н Е М А ! А колку сакам да си го земам мачорот и да го изгушкамммм.. и после вела вечер нема да можам да дишам
Решив подалку од фб, не знам филм ме мавна Толку бев заразена, не дека има нешто посебно ама ај да се уклучам да видам по еден сат излезена ај на фб, на минута да се уклучам Сакам шо е можно помалку да дремам, за сега ми оди добро, абе инает да не ме фати Јупи! НЕ мислев дека ќе издржувам по толку сати, по цел ден да не се уклучам, ама и да не ме копка, да немам желба. Интересно ми е вака, не се тагнуваш, те нема на фб, не се чекираш, не објавуваш слики. ЌЕ видиме до кога ќе издржам, една недела помина
Спојлер @deskarada Еве ме 2 месеца издржав, нема слики, никој не ме знае каде,кога и со кого сум излезена.. Back in 90s Конечно приватност!
Внука ми толку се приврза за мене,што упорно на 5 секунди по цел ден вика само тете,и пушта рачиња упорно накај мене. До скоро викаше мама и тата,сега за жива глава не ги спомнува А јас по цел ден и викам ах ќе те изедам јас тебе,душа ми е,радост ми е
Не сакам кога некој близок прави планови или само кажува дека ќе си оди одовде. Не сакам. Не сакам да изгубам никој, не сакам да се оддалечам од никој. Толку ли е лесно да речеш ,,Нема овде пари, ќе одам да работам и живеам некаде во Европа". Парите се поважни од љубовта на вашите блиски и сакани? Од местото каде сте израснале, каде сте проживеале толку многу? Јас никогаш не би го оставила сето тоа ни за сите пари на светот. Што ќе ми се пари ако не можам да минувам време и да се смеам заедно со моите сакани? За среќа не е потребно многу. Се е пролазно. Се минува. Животите се гаснат. Треба да бидеме еден крај друг. Можеби е тешко, можеби нема добра работа, ама човек со волја ќе си се снајде. Овде. Крај саканите кои немаат цена.
Луѓе што само на зборови се силни а не докажуваат ништо на дело од тоа што го кажале,врска немаат од животот. Цело време само: јас,јас,јас ... аман не сме ние другите изгубени знаеме и ние нешто
Нормално е да ти недостига некоја личност со која си доживеал убави моменти. Мене ми недостига моментот кога му залепив шамар и кога го удрив. Инакууу либето знае се, си кажуваме и побизарни работи. Такви си сме. Ми вика кој прв помисли на бивши ќе купи чоколадо и кока кола и нема да му даде на другиот. Бивши? Кој ? Каде ? Дај од чоколадото
Извинете, не знам кај да пишам, но итно ми треба бројот од Тања Турунџиева-нутриоционист, ви благодарам многу.
И јас се пријавувам во клубот на они што имаат седнато сами на кафе во град. -Welcome Ceca -Добро ве најдов п.с. не е страшно плус сите што го имате направено или ќе го направите истото обавезно да се чекирате ако не на фб тогаш овде на фемина, битно списокот да се прочисти да се знаеме колку сме таман до 11ти. Инаку фетиш/мој тип/ги обожавам/паѓам на нив/ги преферирам се момци родени во 80те
Пред некој перидот мислам дека и тука имав пишано за една девојка и нејзиниот статус на фб. Кога и се роди внука од сестра, го имаше сликано рачето на бебето и долу пишала: My granddaughter Заборавив на неа некое време и гледам сега низ фб, пак ми изелзе таа со бебето сликана: My granddaughter <3 She is my sweaty girl Леле ќе си умрам, не можам Се уште ја нарекува granddaughter, па згора на се и sweaty.... Ја познавам девојкава, не е ретардирана, не е малоумна, ама изгледа глупава е ко дрво, ко ѕид, ко бетон, ко амеба... Зошто пишуваш на англиски кога не знаеш, амебо една? Се изнасмеав ама после ми текна дека е полнолетна, дека и таа може да гласа на избори, и дека од нејзинот глас зависи мојата иднина и иднината на нејзината granddaughter...