Инаку, Бледскиот договор, потпишан меѓу СФРЈ и Бугарија во ’47-ма, е првиот пишан документ во кој Бугарија го признава постоењето на македонскиот народ и јазик. Али, што викаш, оризот можда е побитен.
Мислам дека ако можев да бидам друга личност и ако се запознаев со сегашната јас, ќе се гушнев и ќе се сакав себе си безусловно. Немаше да се обвинувам, немаше да се критикувам, немаше да бидам строга кон себе. Ќе си речев ти си толку посебна, толку мила, секогаш правеше најдобро што можеше, секогаш даде се' од себе. Немаше негативно да влијаам на себе со лоши зборови, ќе зборував само убави работи, ќе се смеев, зашто ќе се познавав себе си од внатре. Сега си размислувам, доколку би остварила средба со себе од нечија друга перспектива, не би си кажала негативни работи, нели? Тогаш зошто сега, кога сум едно со мојата душа и тело се загрижувам себе си со негативни мисли? Зошто се осудувам толку познавајќи се себе си? Зошто сум лоша со себе? Нема смисла. Како очекувам почит од другите ако самата себе не се почитувам? Како ќе сакаш некој ако немаш љубов за себе? На другите ќе им се допаѓаш онолку колку што си се допаѓаш на себе си.
Сабота. После сработената работа на репертоар ми се старите македонски хитови. Ги имавме многу. Ареа, Марјан Стојановски, Сашо со „Пијан и млад“...и ме обли некоја тага. Носталгија за тогашното време. Поинакво време. Време во кои постоеја вистинските човечки вредности, а не постоеја овие модерни технологии кои од ден на ден заземаат сè поголем замав. Од најмладите па сè до повозрасните. И време во кое постоеше навистина квалитетна музика и текст. Музика која ќе ти се врежи во главата и несвесно си ја потпевнуваш во себе. Музика која ќе ти ја прегрне душата, а срцето ќе ја почувствува соодветната емоцијата. И така сам затворен во овие четири ѕида, со носталгичност ќе послушам уште некоја песна присеќавајќи се на некои моменти. Моменти кога бевме посреќни и кога ситници ни беа доволни за да имаме насмевка на нашите лица, а вам ќе ви посакам убав остаток од викендот каде и да сте. И почесто присетувајте се на минатото. Убаво е.
Сакам да имам личност покрај мене што би и можела се да и кажам што чуствувам, што ме мачи, што ме прави тажна. Да можам да и кажам се што ми лежи на душата без да ме прекорува само да ми каже јас сум со тебе, не грижи се, се ќе биде во ред. Иако имам одредени личности во мојот живот, но тие не се соодветни за да би можела се да им кажам.... Толку работи ми лежат на душата што веќе се претешки за чување што ќе почне да ми се крши душата на милион парчиња..
@Marjan007 најубав ник дефинитивно, само една замерка имам што немаш и за ептен фраерски и бондовски да е. Не Џејмс Бондовски, туку бонд како врска, двовалентна дека е појака, а нели ти најјак си. Би ти посветила песничка од СИДО, ама нема со твоето име, верувај сум барала хахахха. Да те поздравам само, да не речеш сум те заборавила, а верувај јас никогаш не заборавам, да не заборавиш ти ?
Мислиш дека ништо не се променило оваа година, а штом погледнеш наназад гледаш промени. Луѓе со кои си бил близок, повеќе не комуницираш. Но, си запознал и се зближил со нови луѓе кои внеле свежина во твојот живот. Стекнати нови искуства и научени нови лекции.
Пупи, кога мачката застарува глувците започнуваат оро да играат, но забораваат најбитното дека таа е сеуште ловец, а тие следниот плен. Можеби моето форумско мозоче не е во употреба, но далеку од тоа дека заборавив се тука затоа во име на сите пријателства што ги имам тука, а најбитно во име на нешето пријателство да дигнеме пивцето и наздравиме !!! П.С. Немав прилика но еве јавно честитики и од мене Пупи за новото нешто кај тебе, се надевам за брзо ќе дочекам и покана за свадба... Убава ви вечер.
Мациии ќе треба многу да чекаш, неколку години се во прашање, ама верувај за тебе специјално ќе има гајба со пиво, до кое ќе стои најзгодната девојка со темен тен и кафена коса, така надарена како што сакаш. Ќе ти биде на располагање и секаква услуга хахаахах Фала инаку и на главче и да не бркаш толку глувчиња, само мачиња со шарени опавчиња
Да си носам и прстен да знаам, зошто ако е такво маќе за брзо ќе се преселите на веселба и на друго место .
Бледски договор не без причина се вика така, пошо е договор, документ, не е соодветно за улица, барем јас така мислам. Улица и објекти се именуваат најчесто по личности за да им се укаже чест за нивните дела, вака му укажуваш чест на договорот. I don't see America naming their streets 'first amendment'.
Lilianna прекрасно кажано и пред се инспиративно Истото и јас се обидувам да го направам во последниов период. Се обидувам да се прифатам себеси таква каква што сум, со сите несовршености. Сфаќам дека навистина не може секогаш да се биде оптимист и дека е во ред да се има и денови во кои немаш никака желба за да направиш било што. И да, во ред е да се налутиш ако некој те повредил, тоа не те прави лоша личност. Уште еднаш ќе кажам навистина ме инспирира со постов и ти благодарам за тоа
Спојлер: Некаде морав да се искажам, се чувствувам глупаво и помалку вредно Не знам што да речам и дали има зборови како да се нарече ситуацијата кога наводниот другар покрај кого бев во најтешките денови, кого го охрабрував да го направи тоа што го прави среќен, кога бев покрај него кога сите негови другари го одбегнуваа, го отфрлија па дури и дотичниот со кого нон стоп се слика, шета по кафулиња, ресторани. Не знам што толку се промени од март месец па до сега? Му посакакав добредојде нему и на неговата девојка беа на брод, му пишав да пиеме кафе, ме праша дружиш со дотичниот хххх на што одговорив се немам раскарано со него, но два пати го сретнувам низ град, таман да го поздравам си ја врти главата, ме одбегнува! Одговорот на моето прашање повелете дојдете на гости или да испаднеме да пиеме кафе беше ај ок ама преку недела! А што ја шуга имам па преку викенд не може! Или срам и понижување ви е да ме видат со вас на кафе? И сега гледам слика на фб дотичниот х другарот со девојката нон стоп излезени. Ахм ок ќе пиеме кафе на 30 февруар пошто сум ту бизи со дотични особи и јаспа само тој ми е термин посебно за битни личности кои ме дискриминираат и ме сметаат очигледно за лепрозна ама касно сум сфатила. Никогаш не сум ги сакала две глупи поговорки од типот руба краси, руба гнаси и парите го вртат светот ама со секој нов ден се уверувам дека не било напразно речено и дека секој те проценува по облеката и парите! Бев првиот противник за тоа луѓето да се проценуваат по материјалното и сеуште сум, од причина што некој е сиромашен, не заработува или дури и да заработува ги остава своите пари за домот, како јас на пример приоритет ми е домот, се одрекувам од секоја заштеда, кратам од себе за да има дома. Доволно е да бидеш среден, чист, испеглан па макар бил облечен во униформа секој ден. Но се почесто во себе си велам секој човек има цена со која можеш да го купиш! Секој ден кога и да се завртам нон стоп гледам убави девојки, облечени скоцкани, скапи автомобили и се потврди тоа што го пиша еден член на една тема Јованоти мислам беше и во последно време си повторувам да имав пари, ќе имав се, ќе ги купев луѓето, пријателите, ќе купев сопруг, швалер, дете, роднини, браќа, сестри, комшиии, ќе ги купував луѓето! Нивната љубов, пријателство, ќе беше лажна и свесна сум за тоа , но вака во моментов немам ниту лажни, немам никој и ништо. Ако претходно бев цврсто уверена дека дека имам добра душа и други квалитети по кои вистинските луѓе кои не гледаат површно на работите ќе знаат да ги проценат сега се повеќе сум уверена дека ништо од ова не е вистина на моја жал тзатоа што освен душа, искреност, насмевка, радост, знаење немам што друго да понудам!
До тука било...жал ми е моја пријателке...Те гледав како сестра, како најмилото нешто, душа ќе дадев за тебе..Ама до тука било.. Никогаш нема да те заборавам, а како би можела, те познавам уште од детенце, од деновите кога ги учевме првите букви, до миговите кога за прв пат сме се заљубиле, до колешки на факс.. Секогаш ги сакавме истите работи, ти секогаш најдобро ме сваќаше зашто уствари сме многу слични и го мразам тоа сега. Жал ми е што цел ден ќе мора да го минувам со тебе и запознавам уште повеќе, ти стана или си била најсебичното нешто. Ми влезе под кожа, ми стана слаба точка, зашто те сакам како сестра, и сега ми е тешко да се навикнам без тебе иако ме повредуваш. Свесна сум но не реагирав, но тука беше крајот. Не ми треба повеќе никој, не ми требаш, и онака одамна не сум се отворила пред тебе од страв дека ќе бидам критикувана. Доста ми е од твоето детско однесување, доста ми е од твојата злоба, доста ми е.. Поминав многу години со тебе, но не е важно тоа..Навистина си злобна, повеќе нема да помагам некому кој не сака да си помогне.. Ги изгубив најубавите моменти само заради тебе, а ти немаш ни два часа да одвоиш за мене. Готово, отварам нова страна, одлуката која сакав да ја донесам пред многу време..Но никогаш нема да знаеш за оваа одлука, само ќе чуствуваш и ќе мислиш дека сум сменила а јас само ќе се оддалечам од тебе како никогаш досега.. Вистина било кога викаат човек најдобро ќе го спознаеш кога же почнеш да живееш со него, а криво ми е што испадна вака, но ти ова го заслужуваш.
@fallenangel Ејнџл, што се замараш мор? Зошто си набиваш комплекси на пониска вредност за некој што не вреди или грубо кажано, на кого не му е гајле за тебе? Сврти си таму нов лист, опкружи си се со луѓе што те заслужуваат & most of all, have a drink
Еее не вредат и не им е гајле ама не сакам ко ќе им е тешко да идат мене да ми кукаат, не сум социјален работник, ниту психолог, ниту психијатар! Не ми е денот за повеќе сум за кафеповели ако си за, благо нешто посебно нема освен ананас и банани.
Ги знаете оние луѓе кои маста ќе ви ја извадат, ќе ве цедат психички, ќе ве лажат, ќе ви се дерат, ќе ви мрчат позади грб додека си ги оштрат ножевите - пред да ви ги збрцаат?! Па кога ќе им воочите што ви прават, се страшно ,, изненаѓенИ и увеѓенИ ,, ? Па почнуваат да цмиздрат и да се лигават со нивните лажни солзи, додека ви велат дека не го очекувале тоа од вас и дека ве сметале за подобар човек? Почнуваат одма жртви да се прават, се жалат дека се они биле добри и наивни и сите нив ги искористувале, па затоа немале жив човек за пријател?! И секако, очекуваат да им се извините, за да продолжи вашето ,, пријателство ,, или роднинска ,, врска ,, ?! Yeah, right !
Кога ќе пристигне на последна станица автобусот вие патниците или шоферите отворете ги прозорците за да се пролуфтира, потоа при тргнувањето ќе си ги затворите ако има потреба. Многу неубаво чувство и миризба, потенцијално и опасно, кога влегува човек во автобус со истрошен кислород.