@theowndemon до брат ти Нека не се нервира, kids are cruel, навистина, ама подобро сам, отколку во лошо друштво на лажни луѓе
Инспирирана и изреволтирана од многу нешта кои ги дознав во последниве неколку недели, а беа кажани од една лицемерна личност, по не знам кој пат ќе кажам дека е подобро да си тивок, отколку уста да ти падне од зборување сѐ и сешто, а на крај пак ништо од кажаното да нема смисла. Е од некој ваков се изнаслушав такви глупости, човек глава да го заболи. Не верував дека во животов ќе сретнам вакви луѓе. До кога бе повлечените и тивки луѓе ќе ги етикетирате како заостанати, прости и уште милион вакви епитети, па и уште со такви навреди?! И тие размислуваат, и тие многу нешта знаат, само не сакаат да трошат време зборувајќи со површни луѓе. Како може некој да има толкава смелост и дрскост да зборува така за некој што не го познава ни 10%? Се мислам што сѐ ќе слушнам следен пат. Не, дрдорење и зборување бесмислици кои така лошо им делуваат на мозочниве клетки не ве прават попаметни и покул. И не, умилкувањето и глумењето социјализиран урбан човек не ве прави достојни за восхит, едноставно простотијата е видлива, глуми колку сакаш. Она заостанатото и плиткото поединци не можат да го искоренат од внатрешноста. Вратете се назад во пештерите, таму припаѓате. Никој не е совршен, не се дрзнувајте да коментирате нечиј карактер кога ни сами не сте ги увиделе вашите маани, колку сака нека звучи ова како клише. Мизерија. Колку ниско. Ама мило ми е што имав шанса да видам какви луѓе постојат, се изненадив, но сепак знам дека барем имам пример каква не треба да бидам.
Ужасно посакувам да бидам силна како баба ми. Никогаш не сум и го рекла ова, и нема ни да и го кажам. Може има и посилни од неа, може има и силни колку неа, ама јас лично посилна жена од неа НЕ познавам. Колку ја фрлал животот на земја, колку имала тажна судбина, ама не се откажала. Да биле други на нејзино место, мислам одма би се откажале од животот. Плус го гледав прееска филмот slumdog millionaire, и им се восхитував на децата колку се храбри. Одма помислив дека јас да бев на нивно место, ќе се самоубив без да размислувам. Како ќе успеам? Како ќе се борам? Мене од ветер ми е страв, а тие мали деца по возои пораснаа, цел живот така беа фрлени... И има уште мноооогу вакви случки што животот решил да им биде маќеа. Ги неќе бе тие луѓе ете... Сите исто се раѓаме и одеднаш едни стануваат кралеви, а другите слуги. Без да те праша некој нешто, те фаќа животот и те ака од земја. Те МРАЗИ животот. На едни ќе им пружи и од пиле млеко, на други нема ни корка да им даде. Зошто? Зошто на едни им е се подредено како што треба, а на други низ нос се им излегува? На едните коцките им се наместени во секое поле како што треба, а другите бел ден не гледаат.
Скоро секогаш на другите им ги објаснував моите избори. Да ме разберат, да ме прифатат, да ме поддржат. А колку било убаво да не си ограничен, да си слободен да го мислиш, чувствуваш, правиш она кое сакаш, без грижа дали некој се согласува со тебе. Раскинав со него после толку години и само неколку луѓе знаат. Зашто тие неколку кога дознаа, почнаа да ме тешат со - Ама кај ќе најде тој како тебе, тој изгубил, немој да се замараш ... А во суштина јас ја донесов одлуката, второ дај Боже да најде и поарна, а не како мене, трето никој ништо и никого не изгуби. Зошто за таква значајна и промислена одлука од моја страна, некој има потреба да ме теши? Најомразена реченица ми е онаа на мајка ми - Има и полошо, океј е детето. Друга работа која не ме интересира кој како ќе ја сфати е што тој и понатаму постои во мојот живот. Ми е најдобар пријател ко што ми беше и пред тоа, сакам да има на кој да му раскаже како му поминал денот, сакам заедно да вкусуваме специјалитети, сакам да му раскажувам за моите планови... А дали некој може да разбере дека јас повеќе не сум го погледнала со очи полни љубов, дали некој мисли дека надеж му давам, дали некој смета дека пријателство после врска не постои, тоа ама баш не е моја работа. Веќе не ми е гајле што други имаат идеја како да ги трошам заработените пари, не ми е ни гајле дали јакната ми одговарала со нешто ако ми е мерак да ја носам, не должам објаснување зошто сакам да имам рамен стомак, ниту што на некои луѓе им е смешна идејата, целта на моето постоење да е да помогнам некому. Вчера му кажувам дека не се замислувам во канцеларија, облечена во сако, со картичка со моето име, поминувајќи надмено како да сум нешто повеќе. Не ме интересира ни сметководство, ни финансии, ни за мене бесцелни пресметки и да, не треба да ви е гајле зошто сум го одбрала факултетот и што и дали сум мислела притоа, ниту ќе се задоволам со мислењето дека секоја професија е за да се заработат пари, а притоа да не се ужива. Ми вели - епа добро тогаш, што тебе те прави среќна и си реков, ако почнам да зборам за мир во светот, за желбата да усреќувам луѓе, да делам совети, насмевки, ако му кажам дека сакам светот да го направам подобро место и не постои поблагородна цел на постоењето...нема да ме сфати. И не ми е ни гајле повеќе што ми се смеат, што мислат дека фантазирам, што не прифаќам дека животот е тежок и треба да се работи било што, не ми е гајле што мисли дека мојот сон да живеам покрај море му делува преамбициозен, не допира ништо до мене, ако јас силно верувам во тоа која, каква сакам да бидам и каков животот да ми биде. А речениците како "среќата кратко трае", " има и полошо", "зар мислиш мене лесно ми било", слободно задржете си ги за себе. И најважно, не чувствувам никаков револт пишувајќи го ова, само енормна среќа од чувството да си задоволен со себеси и да веруваш во убавината на твоите соништа, макар бил единствен.
Не е виц, туку е вистински коментар од фб... Некоја моја рандом пријателка на фб, оставила цртеж нацртан од ќерка и (што има 7-8 год.) и читам долу коментар: Некоја жена: -Леле зарем е можно Ева да е твоја ќерка? Колку што е убава, толку е талентирана и паметна. Мајката: -Фала <3 ми значат убавите зборови... ПРЕВОД: Зарем е можно од ваква грда и глупа жена, да излезе толку убаво и паметно девојче Абе може не мислела лоша ама Ајде и онака планирав по втор пат да го деактивирам профилот. Се надевам овој пат ќе издржам подолго време без него.
Дожд. Никогаш порано не го сакав. За некое чудо, во последно време, убав е. Иако сум летно дете, сеуште сонцето наjмногу го сакам. Е снегот мислам дека секогаш ке е во оние работи кои никогаш нема да ги сакам. Добро утро и убав ден на сите
Сакам есен и сакам дожд,сакам кога надвор врне а јас седнат на прозор гледам како внре и некаде замислен со паметот низ облаците талкам,и ги барам оние кој прерано не напуштиле.Знам дека еден ден ке се сретнеме пак,и дека еден ден ке бидеме повторно заедно,а до тогаш ке си ги спомнувам и ке си ги негувам во моето срце и душа.
Бегајте подалеку од тие кои Ви ласкаат и кои на името ви додаваат ,,-че,, (Летче, Жанче, Стојанче...) Тој што знае да ласка знае и да клевети
Не ги употребувам речениците "Се плашам да бидам среќна" или "Се прашувам што следи ако сега ми е толку убаво". Не сметам дека ако уживаш во некои моменти, подоцна треба да ги отплатиш, па побогу по која логика и кому му должиме ако си дозволиме малку радост!? Не се плашам да се опуштам, не мислам што после ова, не мислам дека позитивните мисли, случувања траат кратко. Зашто среќа е кога со затворени очи гледаш кон сонцето, а во глава го слушаш звукот на брановите. Среќа е кога му ја замислуваш насмевката и неговите раце околу тебе. Среќа е да знаеш да уживаш во тишината и природата на животот на село. Среќа е да пиеш кафе со мајка ти, не заради кафето, туку за да имаш на што да се сеќаваш кога повеќе нема да биде покрај тебе. Среќа е со насмевка да се сеќаваш на нешто кое те растреперило, а притоа да не жалиш, туку да го чекаш одново. Среќа е тушот со млака вода после исцрпувачко вежбање. Среќа е да имаш мачори кои секогаш ќе ти даваат безуслоцна љубов. И не сметам дека треба овие работи да ги отплатам, напротив, им се радувам на уште многуте кои следат.
Роднини , какви-такви наши се. Бог ни ги дал и нема бирање. Дистанца. Дај Боже цела убавина на свет нека е нивна , да не се занимаваат со наши животи.
Дали сите македонци сте вакви или што е работата?? До кога ќе молчите? Во чаршија е нападнат македонец 18 години од страна на 2 албанци, се бори за живот.... Пред некој ден исто во автобус искасапија македонец мој врсник.... Како можете вака незнам.. како е можно...
Провоцираат, одкако тој не им вратил, пришле до него и со нож го нападнале... И мане ме имаат неколку пати провоцирано, последен пат пред 2 часа во автобус...
Зашто мене никој не ме провоцира?зашто мене никој не ми се врати со нож? Не се мешај кај што не ти е работа,и не си барај само проблеми во животот.Никој не те пипа без ништо,така да све ова што се случило имало некаква позадина.
Верувај дека не е така.. како да ти објаснам незнам.. едноставно доаѓа до мене и вика што ме гледаш, бара ситница да се тепа.. кој го гледа бе човече, до него ли ми дошло да го гледам... Ова е одсекогаш вака овде, ниеднаш не слушнав македонец да нападне албанец НИКОГАШ... 2 години сум тука и албанците се изживуваат врз македонците, убиваат, касапат, прават терористички акти... и немој те молам да ми кажеш дека се тие во право.. толку.
Не можам да останам имуна на вакви глупости Каква позадина би била оправдана за некој да те нападне со нож и да ти го загрози животот? Свесно ли го пишуваш ова?? И мене ме имаат бркано албанци на битпазар со нож, сакаа телефонот да ми го украдат, среќа имаше во близина такси влегов внатре ми ја отвори врата и ми украде златно ланче од врат