jas od sekogas sum se nervirala za primerot koj go dade pogore za bezdomnite i gladni. simpatijata dali me saka ili ne - na vtor plan mi bilo. verojatno ima vrska so makite koi gi imam videno od mnogu mali godini...
Во контекст на интровертнноста...и јас сум интровертна, и тоа морам да признаам малку повеќе. До скоро таа моја особина ја доживував како непосакуван дел од себе, дури се мразев себе зошто сум поразлична од многу мои врсници. Имам свои места на кои сакам да одам, длабоки теми на кои сакам да разговарам, не можам и на секого да се доверам. Боли она чувство кога мислиш дека сите те сметаат за чуден, кога упорно се обидуваш да најдеш некого поразличен, ама сфаќаш дека не можеш да се прифатиш таков. Измачуваат сите тие обиди да се вклопиш меѓу луѓе кои се поразлични, обидите да ги имитираш оние кои се отворени и кои пак не знаат како е да бидеш затворен во себе. Би ми рекле некои смени се, биди поотворена...Не, не е работата да се смениш кога веќе си навикнат така. Доволно е да пронајдеш една личност која потполно те разбира, со која ги делиш оние најдлабоките особини, која ќе те натера да се прифатиш со интровертноста после сите оние прашања и размислувања за себеси. Сепак можеби потребна е малку храброст и за ова. Тешко е да прочиташ некој што не се доверува, но некако на оние кои се затворени полесно им е да ги спознаат луѓето, кога веќе толку долго се спознаваат себеси.
Еднаш еден професор на предавање ни рече дека професија која е дел од медицината значи и оставање на поголем дел од социјалниот живот настрана и скоро целосно посветување на самата професијата. Влегувам пополека у тие води и ете, почнувам да ги согледувам и да ги живеам овие негови зборови. Немам време, немам време за другари/ки, за дечко, за типот што цело време ми е посветен. Немам време, од каде? Битно ми е ова што го учам, навистина сакам да си го посветам животот тука. Си ја сакам идната професија, тука се наоѓам. Никој околу мене не успева да ме разбере. А не можам да си го откажам сонот ради другите... И така сум била поголем дел од животот сама, може така и треба да биде. Да се посветам тука па можеби ке се најде некој со кој ке сме у исти води и на иста фреквенција. А вака ми е тешко, ми значат луѓето ама не ги гледам, не ги слушам. Само мислам на колоквиуми, на тоа што треба да научам и да сработам. Сакам максимумот да го дадам тука, а цената можеби е нула социјален живот ради тоа.... Спремна ли сум? Според напишаново, ќе да сум...
Никако не можам да разберам луѓе што не сакаат да напредуваат, да се надградуваат, да работат на себе, и сето тоа го сметаат за нормално. За нив најголем успех е да му бидат потчинети на мажот и да се задоволат со дај шта даш. Во природа на човекот е да учи, да се развива, на каков начин тоа е негово, ама да не правиш ништо со себе.. не бе.
@mynameislove Да бе, ќе ти мисли она за надоградба, додека му бара пари за улошки Може, ама од надоградба само за на нокти...Sadly.
Знак дека турските серии ги убиваат мозочните ќелии е прашањето кое и го поставив на мајка ми по гледање на турска серија Парампарче.Прашањето беше следно: Спојлер да имаш прилика дали би ме вратила на мајка ми која ме родила.Одговорт беше некакво си такво си мое си. Не сум нормална знам.Позитивно ненормална. Какви влошки, каква надградба евтино е тоа, има некои на повисоко стрелаат. Кај нас во град едно време надградбата почнуваше после мажачка и за кола се полагаше ко свадбен подарок тоа ќе му дојдеше.Се е полесно друг кога плаќа, а не мама, тате, па учи за стипендии не знам што.
Денес размислував за љубовта,за луѓе од моето опкружување кои имаат погрешна претстава за неа.Има едни кои уште не се зближиле со личноста,не ја ни познаваат доволно,ја идеализираат,во мислите си прават сценарија за идеална,совршена љубов,а личноста од другата страна можеби не ни помислува на тоа,а тие мислат погодок таа е,а всушност зад тоа стои монотонија од моменталната врска,подолго време сингл или едноставно заљубени во поимот љубов.Други пак кога партнерот ги игнорира,игра со нив топло-ладно,ги прави љубоморни,им ја крши самодовербата,ги повредува,тие емоции ги поистоветуваат со љубов,се трескаат од земја го/ја сакам. Трети пак се у швалерски шеми,забранети љубови,тие пак,адреналинот го поистоветуваат со љубов.Различни возрасти,различни гледишта,а ништо од тоа не личи на љубов.
сдк... во некои теми форумов се претвори од „споделување искуства“ и „поддршка“ и „туѓо мислење“ во „лицемерие“, „утеха“, „глума“ ... „лудило“.
Колку е убаво кога имаш некој до тебе што секогаш е позитивен и оптимист. За ова ли се секираш?....Ништо не е тоа....Ќе помине...Се ќе биде ок....Верувај, се ќе се среди....Ич не се нервирај....Овие се глупости, ич не им посветувај внимание.... Вака кажани работи ти даваат самодоверба и позитивен став. Колку и да ти е тешко, колку да си осамен и тажен, сепак кога ќе слушнеш некој дека ти вика ич да не се секираш, одма ти доаѓа сила и оптимистичка мисла. Посебно е добро вакви зборови да ги применува секој доктор. Треба да знае со збор да лечи, да се осетиш сигурен и безбеден. Исто и во семејството. Ако гледаш некој твој близок се спрема за на интервју, испит, тест, нова работа, раскинал со дечко/девојка, или го изневериле..... речи му дека се ќе биде ок, а и да не излезе нешто како не треба, тогаш нема потреба од нервоза...ќе имаш други шанси, среќата ти стои. Толку е тешко тоа да го кажеш? Ќе ти се скриши јазикот ако речеш така, и ако му дадеш утеха на некој човек?
Уште една од редот на ноќи кога во себе вриштам и посакувам да можев да ти кажам колку те мразам. Сите трауми и стравови кои се креирале во мојата "детска" глава. Секоја нејзина солза. Секој врисок. Сите ноќи поминати без сон. Секој гаден поглед од тие проклети зелени очи. Камо да можев да ти го кажам ова. Да ја имав таа сила, а да го немав стравот.
Сакам да кажам дека ми е криво шо периодов можам да си дозволам да бидам само во темава, и ретко подалеку, ама се надевам дека наскоро ќе можам. Сакам да кажам, исто така, дека веќе се врзав за кучката, а услов за да остани со малите и мајка ми да не ја исфрли надвор е да најдам соодветен дом за неа. Искрено не знам како ќе се одделам. Изгледа ѝ е прво мајчинство, па малите излазуваат надвор од куќарка и често неможи да ги прибери внатре. Постојано јас или брат ми ѝ ги подаваме и си ги зема. Најчесто ми се караат со мачките околу храна ама мислам дека навистина им оди заедно. Претпоставувам доста пишам за сега, останете ми поздравени.
Купив детски приказни од книжара за ќерками да и читам , отворам и мирисам, вртам следна страница и со носето навнатре душкам ли душкам. Онај мирис на ново. Нова блуза,фустан, .... таа пријатна миризба, а посебно од тетратките ,учебниците нив највеќе ги мирисав. Памтам секоја година на почеток како ги пазев тетратките ..леле Првите неколку дена, пишувано читко и убаво мислиш везени се буквите ... А потоа неполни две недели .. мислиш оро играат Сето изнапишано набрзина посебно кога професорот раскажува ние мора да пишуваме, абее .... што побрзо : D А после некој месец зависи ситуација тетратката станала сештологија нема што нема Од напред Трговија и Маркетинг, одназад Устав , па на средина друго Ех спомени
Одамна не сум видела дама,значи во буквална смисла на зборот од начин и стил на облека до говорот и држењето на телото,беше во позрела возраст,ама доста природна и симпатична,значи до толку ме фасцинира нејзиниот став,и дури и држењето на приборот,однесувањето на маса и ред други пропратни ситници Женава е Македонска снаа ама од Полска,се сретнавме случајно на слава кај заеднички пријатели. Ме интересира @Vitaly сите Пољакинки ли се вакви? Ако да ,секоја им чест. Многу како народ одсекогаш ги сакав и сеуште ги сакам луѓето од Словенските групи на народи,а посебно Русите и Србите,ги сметам за најголемо Православно семејство,тука исто спаѓаат и Пољаците,Украинците,може затоа оваа ми западна во око
Има секакви, но повеќето се такви, многу внимаваат на својот изглед, како се однесуваат, посебно со машки... Како народ сите Словени сме слични, само што американецот ги става прстите кај што не треба и ни прави меѓусебно да го мразиме својот братски народ... Ги сакам и јас и Русите и Србите и вас Македонците бидејќи уште ние останевме правите православни држави, на другите им наметнаа нов календар, икони им тргнаа од црквите и така натаму... Се надевам барем овие три братски држави ќе се здружат... другите се окупирани веќе за жал..
Далечината не е апсолутно никаква пречка за љубов. Некои и близината ги двои, додека други далечината ги спојува. Не е ни до љубовта. До двајцата кои се сакаат е и како тие го чуваат и негуваат она што го имаат.
Зарем сеуште мислиш дека ме држи адреналинот и емоциите за тебе?Жал ми е душо времето наше помина,све испари како капка вода.Животот е краток,не ме чекај не се надевај на подобро утро со мене,едноставно живеј си го животот на свој начин и уживај во него,затоа што е еден и за жал реприза нема.