Каква год работа да си имате, ако шефот не ви дава LOVE day, отказ да си дадете, сместа! Love - Leave Office Very Early!
За точно 10 минути треба да заминам на училиште, а јас уште по пижами и бушава коса сум, и немам ни алишта одбрано што ќе носам,а гардеробот внатре ми е како бомба да експлодирала. Деенес ме мрзи да живеам! Ај добар ден.
СДК - општата култура на народов се гледа по болници, судови и други јавни установи. За жал, во последниве 5-6 месеци сум чест посетител на такви установи (и здравствени и од друг хм, „формален“ вид), можам да речам дека просекот ми е еднаш неделно, што значи дека 4-5 часа месечно губам во некаков ходник и чекам, додека околу мене има секаков „примерок“ за анализа. Мислам... нивото на услуги е сосема друга тема на дискусија, иако воглавно не е лошо, било и полошо, а може да биде и подобро. Ама немање на основна, елементарна култура на моите мили и драги сограѓани што се мотаат таму, ми е дно дна. И тие луѓе ја прават државата. Да, пред да се оди по такви места СЕ БАЊАМЕ. Ако сме малце поеволуциско напредни, ставаме и дезодорансче. Да, се носат чисти алишта и прибидејќи не одиш во маалска крчма, носиш нешто попристојно. Не, влечалки и чорапи не се категорија пристојно. Не, нема да влезеш побрзо внатре ако висиш на нечија врата. Да, малце е непристојно кога му висиш над глава на некој што пишува, повели, седни. Не, нема потреба да одиш некаде со членовите на потесното, а богами и поширокото семејство. Да, свекор ти е пошироко семејство и не, нема потреба свекор ти да чека ред со тебе пред да одиш да си го рашириш ваџејџето кај гинеколог. Дај бе опрајте се. И избањајте се.
@Doozy а што велиш ти за маж, двете близначиња, свекрва, свекор и таа со големото меше? Влегувам јас, гледам полна ординација, ама тоа да ти биле две жени за преглед, сосе пошироката фамилија.
Од моментот кога место ,,другари и другарки,, станавме ,,господа,, многу работи тргнаа во крив правец. Некои помислија дека ако се ,,флитнат,, парфем ќе се изгуби реата која ја шират наоколу. Некои пак помислија дека ако ,,тате,, им купи јака кола, дека коњот сам ќе ја ора нивата На некои пак фризерајот им стана неделен ,,оброк,, и задоволување на нагонот за озборување.Мислат дека времето поминато на фризер и чекирањето дека се таму ги прави нешто подобри На шопинг се купува брендирана гардероба на која незнаат брендот да и и го изговорат. ..... ..... Така да...почитувани ,,другови и другарице,, придавката ,,господин,, нека не Ве дига во облаци. Носете скапа гардероба, возете убави коли....ама од време на време потсетувајте се во кој подрум сте ги оставиле опинците со кал.
Загледувам по бутици за облека, интернет страници ама ништо не ми се допаѓа. Сакам крзно и носам крзно ама убаво што потсетува на маче, ама ова крзно што го гледам на јакни, фустани не ми се допаѓа. Дали сум пребирлива или па немам буџет за шопинг покрај други непредвидени трошоци што излегоа па се така си на гледање и плакнење очи си останувам. Стигна сметката за телефон, дојде време да се глупост платине дека не е многу ама не е ни малку.
Е, боли острината на јазикот, боли. Човек што највеќе премолчува, има и највеќе да каже. Молчи, штити ги, давај шанса да се исправи кажаното, ајде не е страшно, ајде глупост е само, ама кога ќе ти одврзат јазик, следи онаа одглумена занеменост, па дури фактор изненаџен и увреџен како ти сето тоа го имаш приметено, мислиш дотогаш не се знаеле што мустри се, па сега некој ги просветлил. Убаво ми рече другар, вика ти самата не си свесна каква вербална моќ поседуваш, а не ја користиш за ништо, туку кој не те знае, мисли дека си глупава и крената. Е, и тоа боли... ама буди од сон. Полошо и од безопасната на која си го боцнав газот пред некој ден. И еве, сакам да почнам со тој социјален експеримент т.н. тотална искреност. Забележиш ли нешто - тресни без филување. Не зборам да си ѓубре, туку да не си магаре. Држете ми палци. Малце страшно делува, али да видиме до кај носи.
Прилично соодветен сликовит одговор на она кога некој ќе ми постави прашање во врска со тоа колку практикувам физичка активност...
Едни ми велат многу сериозно сум ја сфатила работата,други факултетот,а јас си мислам животов...чувствувам како да нема да имам време за се што планирам и само брзам и трчам. Спојлер Во последно време некоја свадба ми се врти во глава или заеднички живот се дечко ми,дали дека сите околу мене се мажат\женат,деца раѓаат
@crimson не чекај кога се работи за чевли,штикли, чизми, одма да си ги купиш, после да не се каеш ако ти ги купи некој друг, вистинска љубов е тоа
Ми вели - ''Со тебе е толку лесно да се договориш.'' А јас само реков дека животот и така е премногу комплициран за да дополнително го отежнуваме со договори за убави работи. На тоа се вели само ДА!
Понекогаш така уморно ќе застанам до прозорот каде што дрвото со зимски плодови ми ја одразува на еден начин душава што ѕирка секојдневно и неуморно со неговата убавина и вечност и ќе почнам да размислувам, да се присетувам, меланхолично да мислам на најразлични етапи од мојот живот. Во тој миг, барем за момент би сакала со нешто да отпатувам таму некаде, само за малку, за миг.. за 5 минути, да допрам и да го почуствувам мирисот, па да се вратам во сегашноста назад. Колку и да сме биле таму некаде среќни или помалку среќни без разлика.. понекогаш човек сака да се наврати на одредени спокојни спомени и да ги доживее. Таму некаде, на различно тло, на различна грутка и на различен начин. Неуморно ќе се присетувам и ќе си мислам на тие денови.. па потоа ќе запрам и за миг ќе посакам да отпатувам некаде далеку. На еден ден, час, на места кои ми будат убави и спокојни чуства, на места каде што сум дала се од себе, да променам, да сменам да изжвеам па пак да се вратам. Се навратувам на реалноста и всушност сваќам дека овде сум најсреќна, само што авантуристот во мене.. таа неуморност од различното од другото тло некогаш е посилно од самото чуство и емоција во мене. Сакам да живеам, да се смеам на глас и неуморно да пеам насабајле додека го правам кафето и неуморно брзам за некаде..