А тек што би кога Џенифер Анистон би дошла при нашиот менталитет, каде бракот или мајчинството се сметаат за животно дело? Зошто и придава значење на негативната публика само не знам
Здраво дечки, после некое време! Како сте? Ве читав колку можев.. Мене ме немаше една недела, а може и повеќе не знам.. немав нешто посебно да ви кажам освен дека... ќе се заљубам..готова сум Пробувам да бидам претпазлива, да се заштитам себеси, да го запознаам подобро... Секакви има денес.. точно е дека се плашам, да. Но, одам понатаму па што сака нека биде Добра ви ноќ
Времево какво е Ако си расположен секундарно паѓаш во депресија, а ако си веќе во депресија може и да се убиеш... Станав сабајле требаше на некое глупо предавање да одам, видов врне истура, ми пристуди и си се вратив во топлиот ми кревет. После дури попладнето појдов до продавница, си купив некои глупости, си направив какао, пуканки, чипс со мене, кока кола (многу здраво, јебига) и се изнагледав филмови... Која мрза ме има фатено...омалаксана сум, ми се спие.... Цело тело ми се мачи за да дојде таа величенствената црвена глупачка, и никаде ја нема Имам кажано дека неќам да сум женско? Епа еве пак кажувам
Ако се сметате за голема мрза оти не сте избришале прашина еден ден, ако сте отишле со истите алишта надвор, не сте си зготвиле јадење и други тешки ,, гревови ,, , само нека ви текне на мене и на тоа дека три дена по ред одам кај мајка ми да ме исчупа, али ме мрзи да и легнам у скут... Повелете и друг пат, Со почит, ваш Чубака.
Се мислaм и пaк немoжaм oдгoвoр дa нaјдaм , секoгaш дa влoжувaш и дaвaш мaксимум oд себе a зa вoзврaт дa ти биде врaтенo сo неблaгoдaрнoст , рaмнoдушнoст , дaли и вooпштo некoгaш ќе се нaучaм декa нa некoи рaбoти немa испрaвкa , еднoстaвнo дa се нaвикнеш декa пoстoјaт луѓе кoи се себичнo , декa се грижaт зa сoпствени интереси , пa дури и дa ги oствaрaт ќе преминaт преку тебе , зaтoa е пoтребнa пoгoлемa кoнтрoлa нa сoпствени емoции , зa нa крaј дa немa рaзoчaрувaње ..
Многу ми е грда слика кога гледам жена или девојка како пие пиво од шише,онака кога ќе го накрене ко мажите Ми текна на ова оти се почесто гледам во кафич или некаде по гости вакви ситуации. И сега не да испадне само осудувам или се правам дека јас не пијам,и јас пијам алхохол и тоа како И јас си сакам пиво,ама да се разбереме јас си порачувам цела кригла голема и топ ми е Е сега од страна гледано и за мене некој може ќе рече дека му е грда слика да види девојка со кригла,ама ми е гајле,како што не им е гајле на овие погоре опишаниве И така...
Денес ми беше еден од оние денови, во кои уште при будењето си помислив: „Леле, денес морам да се исплачам јако.“ И така и би, зашто внатрешното претчувство ретко кога ме излажало, а да ме прашаше некој зошто плачам - немаше да имам поим да објаснам зошто и како. Душа ко грутка почва, полна црна кал. Вака некако би било она најсоодветното, кога би требало да си ги опишам чувствата. Се прејадов од голтање безвкусни кнедли. Мислиш конечно завршиле, а всушност си „лапнал“ уште една онака непланирано и ко во магичен круг одново и одново кркаш уште една и уште една и друга нова по последната. Велтшмерц пуштено на најјако, баш како за пред пречек на зима; не дај Боже да пипнеш, ќе се направиш утоп од солзиштата кои ми изнакапаа денеска насекаде. А сиротиот златен, во очаен обид да ми ги исцеди последните напливи на меланхолија, ми вели дека сум личела на Бамби кога очите ми се полни со солзи и наместо тоа, ми текна на Бамби и студената зима кога остана без мајка, па уште толку ми се сневесели целото битие. Па кој ти е крив велам, што не знаеш да речеш дека имам убави очи како на срна и како тие очи не треба да плачат; Бамби, па Бамби... Сиротко Бамби , мислам дека душата денес повеќе ме боли за Бамби отколку за било што друго.
Само мене ли грдо ни изгледа чоукерот? Особено теткински испеглана и зафенирана коса и чоукер... Знам дека е модерен, ама ми нема ништо модерно у него. Сакам да сум глупа како конверзацијата што ми искочи на фб пред малку. Храбра мајка постира за постпородилната депресија, другарка и искача со тривијалности како подубедување што е тоа, типа не и била миена косата од немање време, а друга пишуе дека штом така не сака да раѓа. Ах господе колку си неправеден. И со некои вакви имаш еднакви шанси за живот.
Здраво! Кој мене оговарал?! Јас сум од погоре опишаните (ок, да бидам искрена, независно од амбалажата, можам секако да пијам пиво, но централа си е централа) , ама те частам за живели. За тоа што не ни е гајле! Твоја М,
Тешко е, ама за инает на тешкото, да бидеме расположени и среќни! Еве шаренило и засладување кога надвор се е темно и матно
Кога патувам со автобус на работа(што е реткост) се осеќам како да патувам во друг град,а работата ми е на само 30 минути одалечена.Едноставно во главниов град Скопје,кога ке падне дожд е општи хаос.Насекаде коли свират,пешаци избезумени трчаат,застој на колите,колони огромни едноставно катастрофа.
СДК читајќи за изборите во Америка и за Трамп заборавив да се вклучам на фемина, сега дури ми текна o инаку и јас за него бев повеќе.. друго ми беше муабетот имаше еден виц Здраво имате ли од тие јакните со розево крзно? - Да имаме. Е па сите да ги запалите Друго не знам што да кажам со сите истиот муабет, леле времето леле дождот и тоа па тоа, досадно
Го достигнав врвот во чување животни, кучката ми се одзива на мац, а мачките уште малку да почнат да лаат.
Сакам да кажам дека се обидов да пишам „статус“ ама не ми стигна па ќе се доискажам тука. Немам читано весник одамна, а на факултет секоја Среда има Битолски весник. Еднаш зедов да го читам, и се задумав на неколку статии, вика се „ставаат нови автобуски станици“ и си прам, „да вистина“, па гледам на сликата оние првите, портокалевите. Абе не да сум се збунала. Па гледам над статијата, пропуштениот дел ... „Времеплов - Месец,Ден, 197-некоја“,
Секогаш пред да се пожалите дека ништо не ви иде во животот, само затоа што нешто ситно не ви успеало,помислете дека наоколку има многу луѓе кои имаат постојани падови,но не се предаваат. Секогаш кога ќе се пожалите дека немате пари за да искочите или да си купите нешто што одамна сте го посакувале,помислете на тоа дека некој нема ни за јадење. Секогаш пред да се скарате со најмилите затоа што во тој момент немале да ви го овозможат тоа што сте го посакувале,помислете на тоа дека некој нема ни половина од тоа што вие го имате. Се во животот се случува со причина.Во животот има и успеси и падови.На никој не може секогаш да му биде лошо или да му биде секогаш добро. Само останува на вас како ќе се изборите со тоа.. Бидете благодарни за тоа што го имате и ценете го тоа. Сакајте ги најмилите и секогаш пред да се скарате со нив помислете на тоа дека вие сте најсреќни што они се покрај вас. И запамтете, од вашето лошо,секогаш има полошо.
Колку е убаво кога ќе си отвориш душа и ќе признаеш гласно некои работи во кои и сам се лажеш почесто... Јас можам, јас сум силен, а уствари братче се повеќе креваш бело знаменце. Периодов што следи ќе ми треба голема поддршка. Морам да престанам да си ја анулирам и игнорирам. Кога може некој да се треска од земја за дечко, зошто јас да не за цел еден живот? Пред три години колку се беше поинакво... Денес жива гладна. Ама тоа е... Утре е битен ден. Посакувам многу среќа.