Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Абе дедо ми може бил ѕвер кога си го сменил презимето, ама јас си знам како ми е кога не може еден документ да ми помине без грешка.
    Ем буква по буква ќе им го спелуваш ем пак грешно...
    А што да кажат оние латино американцине со 2-3 имиња и презимиња?
     
    На SparkyAngel и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не е важно дали светот е против вас или не, се додека ја имате таа личност чија што поддршка ви е најзначајна.
    Таа личност која безусловно ве поддржува и кога грешите.
    Таа личност, која е тука за вас и ве поддржува откако ќе претрпите последици од грешките.
    Таквите личности се ретки. За жал..
    **
    Сакав да кажам и дека, многу мразам неизвесности... :(
    Брат ми на камера ми покажува какви патичиња ми купил. Стартки, два пара.
    Флуросцентно розеви и небесно сини.. :inlove:
    Уште сега ги обожавам :D
    Ама, да е иронијата поголема, ќе ги чекам уште многу време..
    Тек за недела, две ќе ми ги прати.
    Како ли да дочекам :worried:
    **
    И ме нервира времево, или нека врне, или нека не врне :D
    Вака измеѓу, ме нервира :emo:
     
    На SparkyAngel и poenta им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Почнав премногу да филозофирам. И тоа на некој мој начин.
    Ќе помислат дека ми „фали некоја даска“.
    А што ако не ми фали мене даска, туку на нив?
    Но, мнозинството не е како мене.
    Според тоа, ми фали даска. :D

    Што да се прави? Таков ми е суратот. :wasntme:

    Уште 11 дена до натпреварот.
    Ќе умрам од страв.
    Што ако ништо не постигнам?
    Лелее...
    Сигруно ќе добијам напад на паника и...и...и...И...?
     
    На Snow-Star и Elissa им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК коцките секогаш си се местат на свое место.
    QueenElena - не бери гајле сигурно ќе бидеш во топ форма, така те осеќам ;) ..Па да ни кажиш тогаш како си поминала.
    СДК ми треба некоја промена во животот, нешто што било само да е убаво и интересно.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.192
    Допаѓања:
    136.090
    Отсекогаш сум посакувала маж што ке почитува, работа што ке ме исполнува и дом кој е мојот мир. Имам се. Фала ти Господе за се што ми даде. Што ми ги исполни желбите кои никогаш не ги кажав на никој, освен Тебе.
     
    На mimiiiii, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Izaabella и 12 други им се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Уживам во прекрасното зајдисонце над сивилото на градот. Седам на прозорецот и со полн здив лакомо го дишам смогот. Прекрасен пејсаж на засолништето на наркоманите - изгорениот интернат отспротива. Уживам во сите непријатности на гужвата во овој град.
    Мрачните улици без улично осветлување, наплатувањето на паркингот во секој дел од градот. Има некоја удобна сива емоција во која се пронаоѓам себеси. Ми недостигаат сите чудни луѓе кои напаѓаат жени по влезови и манијаците на точаци пред полноќ. Загреаните парови долу во паркот, швалерајот кај тунелот и на Тумбе Кафе. Дотераните малолетнички пред Расчекор и сељаците од Милениум и Симбол, сите ми фалат. Анорексичниот лав и безобразните мајмуни во смрдливата зоолошка. Кучињата скитници, измет на страчки по хауби. Секое ќоше има свои спомени, некое рандом безвезно сеќавање. Секое испиено кафе на Широк Сокак своја арома, зачинета со мирисот на цигарите на пушачите околу тебе.

    Го сакам градов со цело срце и тој ме сака мене. Нема поголем локал патриот од мене. Го сакам РЕК, ги сакам Чкембарите ! Да живее Битола и јас во неа !

    http://www.youtube.com/watch?v=GuKemWmxnOI
     
    На ariela09, ilipili, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    СДК ми треба некоја промена во животот, нешто што било само да е убаво и интересно.[/quote]


    Промените зависат од нас самите,не очекувај дека друг тоа ке го направи за тебе. ;)
     
    На Elissa, ozbilnazena и poenta им се допаѓа ова.
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Што е со времево,зима ли е или пролет?Сакам сонце,не треба вака во април,не,не,не :x .
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Сама сум во ноќта.
    Темнината ми го гали лицето.
    Одекнуваат зборови и се кршат како парчиња од стакло околу мене.
    Далечината е обземена од мирисот на расцутениот јоргован.Разноликост од хартија во боја ми се лизга низ тенките прсти.Птиците си поигруваат на небесната шир.
    Прашината низ бранови ги замаглува убавините на полињата.
    Дали некој ме препознава во хоризонтот?
    Чувствувам странец во душата.
    И вртам грб на сопствената сенка.
    Ја напуштам старата нишалка и посакувам да ја видам исчистена од спомените.
    Изгрејсонце...Росата ми ја измива грижата од лицето.
    Студената вода од стариот бунар го плакне сувото грлото и ја лизга заробената тежина.
    Вегетирам како лист на туѓо стебло.
    Некаде ја губам трагата без да сакам.
    Сепак живеам...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Хипстер, се пронајдов во ова и јас :D
    Иста ситуација, скроз. Ама остај то, кај нас во сите документи различно не пишува, ела па погоди кое ни е :!: :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    23.521
    Пол:
    Женски
    Ме обзеде некоја летна носталгија.
    Ми недостасува летото.
    За мене,секое лето е нова приказна.Нови случувања,нови доживувања,нови авантури...
    И нема да се жалам од никакви училишни обврски ,ама само во лето можам да зедам здив.Летото за мене е период без проблеми,грижи...само одмарање на мозокот.И секоја пролет со цело срце го очекувам летото бидејќи секогаш знам дека тоа лето ќе биде посебно.И знам дека ова лето ќе биде посебно.Всушност,ова лето за мене претставува почеток на нов живот.Но сега,не сакам многу да мислам на тоа.
    За сега само продолжувам напред,со полна пареа.
     
    На QueenElena и Emma4 им се допаѓа ова.
  12. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Си велам кога помина времето... Со брат ми заедно ги гледавме сите албуми со слики и касети,од пред многу години. Ја гледав касетата од мојот прв роденден. Се смеам и си ввелам зарем ова сум јас? Каква сум била тогаш, а каква сум денес. Бев едно мало, буцкасто, бело бебе. :D Едно нешто што приметив е како мали многу сме си личеле со брат ми, денес не, ама порано да. Сликите и видеата се голем спомен, сите работи минуваат, дури и луѓето си одат, само тие остануваат како спомен. За жал сум чувствителна, па не издржав да не испуштам некоја солза. ;( Не знам зошто, во себе носам еден голем страв, сеуште непознат. Се плашам кога јас и брат ми ќе пораснеме да се одалечиме како што е случај со мајка ми и вујко ми, татко ми и тетка ми, татко ми и чичко ми...... Мајка ми вели, ќе пораснеш ќе видиш како е, сега така збориш, ама луѓето и времињата се менуваат. Знам дека луѓето и времињата се менуваат, ама тоа никогаш нема да го дозволам. Чудно ми е. Нема да дозволам да се одалечам од брат ми и да се гледаме еднаш месечно. Сум одела на гости по неколку дена, на екскурзии, на турнеи и ми беше многу тешко. Немаше со кој да се карам како и обичо, немаше со кој да се смеам,немаше со кој да се тепам, немаше со кој да го правиме сето тоа што го правиме заедно. Јас и брат ми сме толку поврзани што никогаш ништо не може да не одалечи. И 100 години да имаме секогаш ќе бидеме еден покрај друг и во добро и во лошо. Не дека не ме нервирал, едно 100 пати во денот сигурно и затоа се тепаме, ама покрај се многу го сакам. Таа врска помеѓу нас е нераскинлива без разлика на се. Го сакам најмногу и не знам што би правела да го немам...
     
    На Dream-Girl, Srckata28 и Elennaa им се допаѓа ова.
  13. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Кога си дојдов од училиште првото што во направив беше токму ова:
    Трчав по скалите барајќи ја мама. Таа бараше некакви клучеви, но јас не ѝ дозволив да си заврши работата. Ја изгушкав силно, како да ми е ова последен ден во животот и ѝ кажав: те сакам мамо!
    Иако не сум емотивец и тешко се поврзувам со кој и да е, сепак една е мајка. Со неа имам изградено најцврста врска. Поцврста од што и да е. Еднаш, бев. а гости цели 21 ден. Кога ја видов мамичка не издржав, а да не заплакам. Таа е секогаш овде за мене. Заедно сме учеле, сме играле, секогаш е овде да сподели совет и да ме гушне. Мамичка моја. :l: Не сакам никогаш да ја изгубам. :(
     
    На T.e.d.d.y и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.007
    Допаѓања:
    16.111
    Почнав да пишувам,можда ќе ми помогне малку...денес си отворив блог....еве дел од текстот...само не сум сигурна колку ќе ви се допадне...

    Тие повторно се сретнаа зад факултетот.Тој ја зеде нејзината нежна рака во својата и нежно ја стегна. Неговото срце чукаше со огромна брзина. Слушајќи си го пулсот,неговите образи се зацрвенија. Таа не беше сигурна што прави. Ниту тој. Се заврти и ги стави неговите раце околу нејзината половина. Не верувајќи што и се случува,не знаеше како да реагира,се чуствуваше исплашена и беше во безумие...што прави тој?
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Во сонот,
    и не само тогаш.
    Во мислите
    бараше.
    Кога утрото се руменееше,
    кога сонцето најсилно блескаше
    осамена се запати-
    бараше.
    Се изгуби во недоглед
    во бездната на очајот.
    Во потрагата-
    токму кога тргна да најде,
    да има,
    да открие.

    https://www.youtube.com/watch?v=7pA5UhNaYw0

    „Преубава си!“ ѝ рече.
    „Не, најубава!
    Малку поправена од последниот пат,
    но сè стои на младоста!
    “.
    „Лажеш идиоту!“-му врати.
    Се смееше.
    Да, таа се смееше.
    Таа љубеше, сакаше.
    О, Сатано, таа сакаше!
    Таа веруваше.
    Нему му веруваше.
    Со блаженство и бол,
    чувствуваше потстрек
    и потсмев.

    Длабоко во сеќавањето
    лежи цедилката на времето
    која допушта само ретко
    да се повторат грешките.
    Можеби и беа грешка.
    Но, нивното се повтори.
    Ретко, но сигурно.

    Сега кој ќе победи?
    Надежта или Очајот?
    Просечноста или Совршенството?
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и QueenElena им се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Пак заборавив како се ставаше тикер |(
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Девојките со облини се поубави! Да да.
    Вие што имате облини, среќни сте.
    .. а јас ви љубоморам.

    Еве убавина.
    [​IMG]

    Радувајте се на своите несовршености, тоа ве прави посебни. Никој не е правен од пластика, по нечија мера, па да биде совршен.
    Живи луѓе сме.
    Научи да живееш со тоа што го имаш и доста копнееш по туѓо.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda, Izaabella и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Најголем дел од учениците велат: Зошто го учиме ова, што ќе ни треба ова во животот? Не знам зошто, никогаш не сум помислила такво нешто. Да, кога ќе отидам во продавница нема да треба да знам како се решава една равенка или неразвенка, кога ќе се вработам нема да ми треба да знам исто така многу работи што се учат во школо. Ама, ако тоа не ни е потребно, зошто учиме? За, знаење затоа. Ако размислам малку поубаво, навистина вреди што одиме во школо. Може некои работи нема да ни треба за понатаму, но се што учиме, го учиме за сабе. За нас, за наше знаење. Школото, факултетот е едно скалило погоре во животот. Не за џабе се вика образование. Исто како што во школо учиме некои непотребни работи, учиме и многу потребни работи. Учиме јазици, тоа и те како ни треба, по македонски учиме за употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, интерпунциски знаци и мн др работи што навистина ни се потребни во понатамошниот живот. По Географија учиме за државите во светот, за континентите. Стварно би било срамота да не знаеме кои држави се наоѓаат во кои контитенти, кои се главни градови. Зарем треба да сме неписмени?
    Точно е дека не секој може да има 5-ка, не може секој да биде одличен, но секој може барем малку да научи, барем општите работи. Имам еден другар во клас и тој ден требаше да да правиме тест и му велам што научи од темата? И тој ми вели ништо, не рзбирам тоа. Како не разбира? Како може? Само треба да седне да го загрее столчето малку, барем за 2-ка секој може. Само што не на секој му се учи.
    Искрено многу ми е криво што попуштив во прва година. Многу. Ќе се обидам да го поправам тоа што може да се поправи.
    Само што сите учат за оценка. Не може се да не интересира, се да сакаме да учиме, но нешто сигурно има што го сакаме. Не на сите ни одат сите предмети. Ама од 13 предмети сигурно барем еден би не интересирал.
    Ако си научиш за себе си научиш. Ти ќе имаш знаење. Јас се обидувам да се водам спрема ова, барем од сега па натака... :)
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Никогаш не ми станало јасно онаа плачење кај наставници за секоја ситна расправија. |(
    Не сме второ одделение.
     
  20. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога гледам филмови некој се заљубува во некој и тоа е тоа хепи енд , нема караници се сакаат без престан , прават свадба (обично е дрим вединг).Зошто така ние неможеме никогаш? :^)
    Остајте тоа што си правам филмови , паднав по скали се удрив ме шиеја на аркадата , ногата ми е удрена цела сум разглобена , сега по цел ден дома ќе седам и ќе ви досадувам овде.
    Многу сум мрдната , од прав пат кој се сопнува незнам ! :envy: