Последниве две години научив, дека без секого се можи. НЕ знам од каде ми текна ова баш сега. ама денеска толку прекрасно се чуствував сама бев излезена земав некој работи и толку добро чуство, како некогаш сум мислела дека без некоја личност не ќе можам да преживеам Еве ме сега подобро од било кога, со поголеми амбиции и цели
Сум станала толку досадна личност. Од излегувања, идам во кино. Од слободно време, спијам, евентуално читам. На date бев во парк во 11 сабајле. Полека ама сигурно се претворам во пензионер.
@crimson А кој тоа така те лаже Кримке? Знаеш дека денешните излегувања и забави се состојат од 99% од луѓето во 99% времето да висат над телефоните и да идеш на вистински дејт е ретко, а уште покул што бил во парк. Така да, пензионер јес, ама може Американски, наш сигурно не
Не се жалам, убаво беше. Тоа со висењето на телефон на излегување ми е толку тажно, кога ќе се фатам и јас да го правам тоа ми иде сама да се удрам по рака.
Кога ќе се разбудам наутро, си велам себеси: Луѓето со кои ќе се сретнам денес ќе бидат неблагодарни, арогантни, нечесни, љубоморни и зловолни. Тие се такви бидејќи не знаат да направат граница помеѓу доброто и лошото. Но, јас го имам видено убавото во доброто, грдото во лошото и имам препознато дека грешните имаат природа слична на мојата – не иста крв, но ист ум кој го поседува божественото. Така, никој од нив не може да ми наштети. Никој не може да ми наметне грдост. Ниту пак јас можам да му се налутам на тој мој роднина, ниту да го мразам. Ние се родивме за да работиме заедно како две нозе, раце, очи и како два реда заби – горни и долни. Неприродно е да си пречиме еден на друг. Да бидеме лути некому, да му свртиме грб: ова се пречки.
Утрово, средувајќи низ дома, помеѓу куп стари книги, наидов на парче хартија. Како да знаев дека ќе ми го направи денот, нестрпливо и со доза на возбуденост почнав да го одвиткувам, приметувајќи го и препознавајќи го мојот детски ракопис. Back then, имав огромна желба да пишувам, а истата беше хранета со пофални зборови од страна на наставници. Поради тоа, претпоставив дека е еден од многуте напишани текстови и со насмевка почнав да читам. Тогаш сфатив дека тоа што го држам во раце, всушност е листа на животни цели за кои сум сонувала во тое време. Тотално имав заборавено дека сум пишувала вакво нешто, но читајќи ја содржината на листот се сетив на моментот. Бев пред завршување на основно, па моите веќе неколку пати ме имаа седнато на разговор на тема живот, со цел да донесеме одлука каде да продолжам со средно образование. Инспирирана од тие разговори, седнав, ги сумирав на хартија моите најголеми желби и си ветив дека постојано ќе се борам за исполнување на истите. Читајќи ја листата, се почувствував малку разочарано од самата себе. Не дека дел од тие соништа не сум си ги остварила, ме мачеше мислата дека девојчето кое го пишуваше ова можеше и заслужуваше повеќе од она што до сега јас успеав да и го пружам. Интересен детал е постоењето на едно ново парче хартија. Навидум различно, а сепк толку исто со оваа што утрово ми стоеше пред очи. После сите разочарувања и неуспеси што ми се случија во последноте четири-пет гoдини, пред некој месец размислував како да дојдам до решение. Седнав и си напишав цели чие остварување ќе ме донесе до посреќен живот. Туку, се наежив во моментот кога сфатив дека голем дел од точките кои се наоѓаат на oваа листа, се идентични со оние од онаа што ја најдов сабајлево, пишувана од 14 годишно девојче. Цел ден си велам, Пурпл, крајно време е сериозно да се фатиш за работа, да не се најдеш себе за десет години повторно пишувајќи ја истата листа. Поука на денот:
Се чудам и никако не може да ми стане јасно, како на некои луѓе не им трне јазикот од континуираното лижење позадини... Да повториме - слаткоречивост и апла лижење га*ови, не е исто. Некој тука гадно измешал поими. Зошто бе и јас не сум таква понекогаш? Од лижење позадини, позната ми е и добро ја владеам единствено онаа „лижење на обвивката за отварање чашка (овошен) јогурт.“ Греота.
Во еден ден слушнав убави вести,три жени од поблиските роднини се бремени. Ако,само нека се шириме,нека не има во поголем број!!! П.с @Madam-A живели да смо живи и здрави још година 100
Смартфонов ме отепа! Кога стиснал некој "ми се допаѓа" одам да видам што е , милион правописни грешки . На PC ретко седам. Редактирање после 1 ден нема... тоа е . Очилата така за украс стојат на биро. Туку за друго дојдов. Преслаба сум на стари, изнемоштени лица . Срце ми се распарчува кога ги гледам изнемоштени. Две женички во поодминати години , под рака носеа дедо, кој со сиот напор чекор по чекор , една мала патека ја изоде. Сакаш да помогнеш, а не знаеш како. Со сликава се присетив на дедо ми, кој не е веќе со нас. Ми фали ужасно многу. Се молеше секоја вечер пред Икона, за сите .Не беше човек кој говореше многу . Ќе кажеше една реченица, но вредна за 100. Знаеше да ме насмее од срце. Од него и баба ми (која е сеуште агилна , ведра и грижлива мајка/баба/прабаба)земам пример како човек треба да се бори со сите невољи што ги носи животот. Не знам како она успеа 5 год. без него?!?! Брак со 4 деца (од кое едно со хендикеп) , финаниски средства минимални, оддалеченост подолг период поради работа и ред др.драми што им ги приреди животот...Дедо ми последните 3 години ги помина во постела , стануваше само за да не види нас , да ни прикаже нешто, да не фати за рака. Љубов до неговиот последен здив, до ден денес (иако не е меѓу нас, знам дека не чува од горе) Љубов кој секој би ја посакал. Љубов која денес ретко може да се види. Некој ќе каже : -еххх, дај Боже и ние да ги дочекаме нивните години, што толку жалиш, ние сме поболни од нив... Јас ќе си премолчам , си влегувам во неговата соба , си лежам на неговиот кревет. Можда за некој е несфатливо , но сеуште го чувствувам неговиот мирис. Ја чувствувам и тагата и болката на баба ми која не ја покажува пред нас. Се трудам со некоја глупава шега или мој личен успех да ја насмеам, да и потполнам празнина во срце. Да не бидам неблагодарна, среќна сум за сите спомени од детството што си ги чувам длабоко во срце поминати со нив. Да можев бар на еден ден да се вратам во детството кога мислев дека се е вечно...
Каков кејф имам мачево да го сликам и да го ставам тука, ќе се стопите. И после не знаеле животните, ти лежи кај што ти е болно бе. А се стуткало како ѓеврече, розев уш штрчи, и со едното ноџе за очи се држи светло да не му оди. Сакам да заспијам...О.О Ќе правиш медитации со години кога ти треба јако, трт, ни тоа не можеш.
@Lilit кажит! Има Рима и пат до Париза! Што СДК јас... дела полесно е да го смениш светот отколку некои луѓе. Друго... молкот и тишината ги издава виновниците. Трето... љубовта е во воздухот и во допир со кислородот зачнува пламен. Четврто... викендов ќе се опуштам со после напорната недела која уште нејќе да помине. Едвај чекам! Петто... што и да е поминува. Животот поминува, а камоли нешто што е составен дел од животот. И шесто... Спојлер 666 Собери ги сите бројки на тркалото на рулетот 0 + 1 + 2 + 3 + ... + 35 + 36 и добиваш 666. И после ќе каже некој не било ѓаволска игра. Спојлер Се зезам седмо е последното... Спојлер Бројот 7 е ангелски број според нумерологијата и многу позитивен број. Затоа запирам тука и одам да спијам.
СДК дека имам 44 години...познати како најгрди години и години кога човек по втор пат го ,,бара,, својот идентитет Некое доба кога човек е сеуште млад и сеуште има желби, но веќе е стар за остварување на истите. Штета..бар да имам 10 години повеќе, староста да ме ,,штити,, од побуни во главата или 10 помалку за сеуште да ми биде сеедно. Инспирирана од Меша Селимовиќ
Можеби си моќен денеска но утре не,времето и околностите постојано се менуваат.Додека птицата е жива јаде мравки,а кога ке умре мравките ја јадат неа.Од едно дрво може да се направат милион кибритчиња,но само едно запалено кибритче може да изгори милион дрва.Затоа никого не омоложувајте и не повредувај.Можеби си мокен денес,но запомни времето е многу помоќно од тебе.
Дали американците се свесни која привилегија е и одговорност да си Американец? -Значи граѓанин си во највлијателната држава во светот и со својот глас носиш одговорност за цел Свет. Од друга страна барем сфаќам дека не само кај нас се 90% од граѓаните себични морони. Господ нека ни е на помош на сите!
Велат дека кармата враќа и таа наплаќа. Ок, а што е тогаш со добрите луѓе на кои им се уништува животот? Значи за нив било сеедно што биле добри - на крајот пропатиле повеќе отколку другите. Јас велам - ќе бидам одсега натаму себична кучка, бидејќи не ми се исплати да бидам добра. Секако, ако нешто ми се случи лошо - нема да биди многу поинаку и да останам добра. Некои работи те менуваат засекогаш
@macencef Точно е, кармата враќа и наплаќа, ама не секогаш стасува навреме, па понекогаш за грешките на некој, плаќаат неговите потомци