Кога знаеш дека доволно си простувал на одредени луѓе?! Кога знаеш дека си ги искористил сите ресурси и дека нема да има позитивен фидбек? Кога можеш да си препишеш на себе дека сега е доволно? Кога е навистина доволно и кога е моментот да запреш? Зошто секогаш морам да си ги оправдувам туѓите постапки за да не ме погодуваат толку?! Им молчам..ме потценуваат. Ја сум дефиниција за тоа дека добар и будала е те едно исто.. Кога ќе ја научам лекцијата?!?!?! Ми иде да си залепам шамар на себе за да се освестам! Една од поубавите слики што сум ги видела последно време Ми фали времето кога се играше оксан по цели ноќи.
Уште еден, незнамкојпоред, апел до граѓаните што користат интернет и одбиваат да се соочат со потешкотијата наречена инсталирање кирилица - користете бар sh, ch, dz, итн. кога пишувате. Значи многу двосмислености се јавуваат. Ми пишува познаник еден што е загреан за другарка ми, па каже: preprati i ja slikata kajso klecam Таква поспана, се загледувам во телефон... пак погледнувам, потстанувам, ги напрегам очите... не бе, клецам си пишува. Мозоков во некое полусвесно стање ми се активира. Си викам, каква слика од клецање? Што збори овој? Кога ми пратил бе такво нешто? Таква конфузна, не знам што да вратам... кога ми текнува дека погоре ми прати слика пред новиот мотор каде клечи. Прво си умрев од смеа на збунката, па после малце од срам што мозокот така ми процесира информации. Али озбилно, bottom line, нема да ве убие ако пишете буква плус и спасите невина душа од премислување и дешифрирање.
Значи стално читам хороскоп и не го сфаќам сериозно ама поточен од она за денес што го прочитав, здравје. Е, не е розево за жал, ни близу до розево, труло и шупливо е.
Би си ставила турбан или некоја капа, марама, небитно што, оти вечер сум на слава кај што се пуши, ама онака - саглам. Јас како непушач после собирања каде се пуши внатре се чувствувам како пепељара, особено го главата. Ај ќе се истуширам, ама косава моја долга не можам секој ден да ја мијам...
присуството на бог може да ти го промени животот Спојлер Го видов на ФБ кај девојка ,која немала глас да пее , почнала да верува во Бог ,и како од нојќ добила повеќе и повеќе сила во гласот нејзин и сега е на пат да биди пејачка за кое и сонувала долго време и убаво пее и во живо , да напоменам девојката е од Campos dos Goytacazes Рио,Бразил. Но е битно тоа што е црнка ,расата нема никаква врска ,гласот е преубав
Ајде да пишам еден краток апдејт! Магистрииираав! Се помина во најдобар ред, темата самоуверено си ја презентирав добив позитивни критики...и сега деновиве малку ми е чудно што немам "занимација" . Освен што пракам cv-ja гледам да се надоградам да прочитам колку што можам повеќе книги за personal development. Инаку сите ме прашуваат како се осекам, што да кажам исто како и предходно само една "обврска" помалку. Моите периодов не се финансиски во можност да ми купуваат со подароци, некако дома никој освен дента ништо посебно и не ми обрна внимание, бидејки тоа секако се очекувало од мене. Се надевам дека ќе им помине неизвестиов период и ќе можеме како порано да се радуваме. На крајот на денот материјалното ништо не значи се се надокнадува. Периодов што следи имам многу планови. И сум посебно возбудена во врска со тоа! Се надевам на позитивни постови престојниов период. Останете ми во добро расположение!
Ах како ми иде онака да си се напијам мераклиски тек тогаш мислам дека ќе ми дојде подобро на душичкава, и дека цела тешкотија ќе излезе така од мене има све да ми биде рамно, прамно тек тогаш Да пробам или не? Што се мислам и јас незнам. Море ќе си се напијам малце винце ајт
МЕ претицува полиција на полна линија, па и типаците без светла пуштени и после ќе те запира тебе дали возиш исправно и дали си исправен
Ооо кога се нема избор, од две зла помалото... Спојлер: Мала доза хумор за да се насмееме оти ме уби досада на форум Заклучок подобро магаре да ти го бапне, барем задоволна ќе си бидеш. Змија ако те касне нема лекосвен ако твојата крв е поотровна па она да си го добие. бабе не си таква да се лутиш ама да си речам дека само се зезам.
Абе види вака душо..магаре ако ти го бапне, ќе бараш после змија да те апне, за да ти ги скрати маките