Недела е ден кога имам безброј идеи што сакам да правам, но ништо од тоа не реализирам заради мрзливост
Македонско девојче https://www.youtube.com/watch?v=-tTciCMzKvw https://www.youtube.com/watch?v=cK_0eLUBc9M&feature=share
Имам една личност у живот ( роднина ми е, не дечко), која после одреден период кој го поминав прекрасно со неа и кај неа на гости само исчезна од мојот живот.... Некако плукна на сето тоа што го правеше и збореше за мене... Исчезна, ни трага ни глас. Ме фати носталгија денес за неа и за периодот што го поминав таму... Се прашав, ако би ми се појавила пак у живот, длаи би и простила? Би и. Ама нема да е исто, ке биде со недоверба овој пат. Ја најдов на скајп, и наместо да и го тргнам прозорецот сум си го оставила така и работејќи без да видам и пуштив фајл наместо на шефот, на неа.... Не знам... Како универзумот да се зафркава со мене. Не очекувам ништо, не очекувам контакт со неа, не очекувам да ми пише.... не очекувам ништо. И мислам дека немаше потреба од таква утка да направам... Ама ај, Универзумот белки знае што прави... Ке ми останеш само у сеќавање, и покрај се што направи сепак си ја задржувам убавата и позитивната слика за тебе. Секогаш мислам на тебе со љубов и се прашувам како си, дали си подобро, дали си жива.... И покрај твојот игнор не можам да те гледам негативно, жалам, не сум како вас, не сум.
Преку ден не мие ништо среќна сум, ама затоа па навечер ми доага секогаш она тешкото. Ах како ли јас ќе издржам.
Форумов во последно време стана прав двобој. Толку негативна енергија по сите теми, толку напукани личности, што едноставно те тера 5-6 пати да размислиш дали да влезеш. Ако напишиш некое размислување што е малку поразлично од останатите, одма сите ќе скокнат исто ко чоек да си убил...или сите се премногу напнати, или јас воопшто на газ не го ставам форумов Не знам зошто толку сериозно го сфаќате форумов. Врие со негативна енергија...Кај да влезам гледам неколку души се навредуваат, се контраат, па дури и почнаа да се расфрлаат со податоци од приватниот живот....збогум анонимност мизерии живи Ако ставиш лајк на едниот член, ахам од кај него си....Извинете како од кај него?? Не разбирам... Едноставно сум се сложила со мислењето или ми се допаднал начинот на размисување и сум ставила лајк...што е тоа ОД КАЈ НЕГО?? По партии да не се поделени луѓево?? Исто многу ме нервира надополување или цитирање во оваа тема. Ова е ко личен дневник, ко некое место кај што можеш да си кажеш нешто општо- безврска и ти иде некој те цитира, па се надополнува трет, па ете го и другиот и што стана од темава? Замисли дома си водиш дневник и последно си пишала дека летово планираш да одиш во Лондон.... го оставаш дневникот на маса, ти го зема мајка ти и долу ти пишува: Ејјј и јас сакам да одам во Лондон...па брат ти долу се надополни:, Ајде ви уплаќам и идеме хехе...
зашо бе некои луѓе едноставно не се научија да користат интерпункциски знаци и да користат цитати или да означат некого во нивното мислење? се осеќам јас како дебил кога ги читам овие луѓе. под „луѓе“ мислам „една членка“
Да се следеше некој правопис, или пак некое од основните правила на форумов, ако немаше луѓе кои своето лично незадоволство и фустрации не ги лечат врз останатите членови, ако немаше мажи кои дошле да бркаат швалерки, и девојчиња кои не знаат што е вагина, а што матка - ама битно останале трудни, пола и повеќе од форумџииве ќе ги немаше. И поарно ќе ни беше. И не е проблемот во нив, туку во @Mihajlo и сопствениците на сајтов. Битно лапај си парички од реклами и посети, а нас кој не врти. Со дел од тие парите можеш да вработиш еден модератор, плата нека му биде 12,000 и нека се вклучува неколку пати дневно да го зачисти форумов од глупости . И тоа не од овие троловиве кои лажат, и трудниве малолетнички - туку од овие редовниве кои се ситат на туѓата несреќа, фаќаат сеир, лечат комплекси, се лигават и се прават вечити жртви, кои се живо и диво осудуваат, а за нив не смееш ништо да кажеш,шират омраза ,се однесуваат ко малоумни, а сакаат да ги перцепираш ко арни, и секако оние кои до толку не го сфаќаат форумов пресериозно и имаат и живот надвор од него, а ова им е само за забава, па ти пишуваат лични пораки зашто си рекол оти мислењето им било дебилно.
Ти си мојата душичка па дури и кога ме будиш а кога премногу ми се спие..Се правев дека спијам, и само слушнав како рече ,,нека спие дадичка, само да покријам да не и е ладно,, Душичка мала, те сакам како родено братче и секогаш ќе те сакамм <3
Дали по некоја логика на јазикот би ми било граматички точно ако напишам дека најубаво ми е навечер кога денгубам? Ако да, онда: - најубаво ми е вака навечер кога денгубам. Ноќ. Тишина. Празна соба, полна душа. Со љубов, ваша М,
Не го сакам воопшто ненадејното и случајно прекинување на контакт со луѓе кои ми биле блиски,независно дали се работи за роднини или пријатели. За жал се поголем замав зема ваквата ситуација,и како по обичај ќе резимирам настани и ситуации ,ќе барам вина и грешка некаде во себе,ќе се обвинувам. И не дека јас сум безгрешна,не сум,но никој не сум го напуштила така и оставила на половина пат,како искористена стара крпа. Грдо е чувството,да знаете само. Па уште и кога некои одеднаш ќе посакаат да ви се вратат,а не се повеќе истите,поминало време и ве направило уште подалечни поотуѓени...што се случува потоа? Потоа настапува она во името на старата слава,во името на некои стари денови и времиња,а уствари ништо не е исто,не може да биде.. Замижуваш,се правиш како ништо да не било,и чекаш да испаднеш будала по втор пат
Koga ke se skaras so tatkoti I tolku ke se iznerviras sto odma resavas da se spakuvas I da zamines bilo kade ko nekoj pubertetlija , pominuvaat dva saati ti vo istata soba so istite misli no seuste tuka so ocite poteceni od solzi #kesipuknam
Одсекогаш го чувствував притисокот да бидам како другите, да се однесувам како другите. Размислуваш што да кажеш за да не бидеш осудуван, исмејуван и се претопуваш во толпата, оставајќи ги настрана желбите и соништата. Секој човек е единстен и уникатен на свој начин и во тоа лежи убавината. Боли кога ќе ти кажат: - „Зошто не можеш да бидеш како неа/него?“ Почнуваш да се однесуваш како другите, како што „би требало“, но во душата чувствуваш немир, не си таа личност што се претставуваш. Глумиш додека не ти здосади и на крај си велиш: - „Доста е! Повеќе нема да бидам она што не сум, да го сакам она што не ми се допаѓа, само за да не бидам будала, чудак во очите на другите!“ Денес се прифаќам онаква каква што сум, одлучив повеќе да не им придавам значење на туѓите мислења и се чувствувам многу посреќно.
Дали универзумот сака да ми каже дека деновиве ќе ме повикаат на интервју за работа, или сите овие знаци од утрово се само случајности? #ГлупостиСоКоиСиГоЗамарамМозокотПредПолагање Убав работен ден луѓенца