Ме фаќа носталгија за старите убави времиња,каде што немавме интернет,каде што дружабата беше на бетонот,сите бевме насмеани и среќни со едни исти игри,жмурка,џамлии,камај камај,жмурка на топка,граница,долга магарица,фудбал,кошарка.Ееее стари убави времиња,фалат многу фалат. А денеска кога пораснавме сите на своја страна,пола и повеќе од пола ја напуштија државата,кој заглави на коцка,кој заглави со кредити,кој заглави на дрога,кој на ракија,не се исти оние ликови кој бевме како мали,али живот за некој мајка за некого макеа.
Колку што мразам кога ми кочи компјутерот или интернетот или мозокот кога играм, ништо толку. Па по долго време денес реши драгоцениот ВИП да направи мала пауза од интернет и кабловска телевизија од пол сат. Викат не било страшно, е јбг брат, Морганата моја од база не мрдна ради тебе. Е после рестрикција за играње. Е рестрикција за играње. Па утре надежно ќе си го преинсталирам компјутерот па денес затоа малку да расчистам т.е. да архивирам слики ваму и таму, вака некогаш скитам по стари CDs и наоѓам стари слики, интереси. Ете последно најдов тон слики од Casi Angeles, реално ... живот ми значеа, еј. И форматирав глупи CDs ама ... овие немав душа. Абе илјадници слики од сите мали видеа, па дури и најдов некои мои чудни почетоци на работа на фотошоп па смеј се за тоа колку глупи сликички сум правела. Па многу другарки, па дури и дечко ми ми се чудат зошто си архивирам работи вака, ама знам дека немам душа да ги избришам, а сакам да ги чувам во секој случај.
Оваа недела сакам да одам кај баба ми, па уште сега планирам што да облечам за да не забележи дека сум малку ослабена. Веројатно најсветлите фармерки што ги имам и некој поширок џемпер ќе завршат работа Ја обожавам, кога и да и се јавам неколку пати ќе ми се заблагодари што сум се јавила.
Да не знаеш кога било полошо образованието...денес, кога секој си прави се што сака, или пред 10тина год, кога се јадеа шамари Сега ги гледам овие помаливе немаат ни почитување, ни разбирање спрема наставниците. Им било досадно за време на часовите на првачињата, се си знаеле, си излегуваат од час, досадна била наставничката, никој не ја слуша... Многу се опуштени, и на родителите не им е гајле, а наставниците не знаат што да им прават....не смеат да им се дерат, не смеат да ги тепаат...и се е отидено у пм. Порано па, шамари се јадеа и не им беше гајле на учителките кој со кого си заминал за дома тоа па катастрофа... Ми текнува кога бев забаваче, учителката ме удри. Таа објаснуваше некоја игра...мене во меѓувреме ме тргна за коса некое девојче, па јас да не останам покуса, почнав да ја бркам низ училница, па учителката почна по нас да трча...не фати и двете не удри, нели да се знае кој е маж во куќата Алоооо, 5-6 годишни деца сме биле... Мене дома не ме удриле, таа ќе ме удира еј човече...прв пат одиш на школо, нови деца, нова средина, нова учителка и таа те удира Не толку сило, ама ме удри бе. После со братучедите се изгубивме, пошто учителката дундата ја болело кој со кого си заминал за дома Чичко ми бил на предна врата, а ние сме заминале од задна и се изгубивме. Тројцата заедно учевме (тие браќа близнаци, јас нивна братучетка), фатени за раце, одевме по улици и плачевме... Мислев дека во друга држава се наоѓаме, а ние одма зад школо сме биле Трауми се тоа еј...тогаш за учениците, а сега за наставниците...средина нема....или ти е лошо или најлошо Тогаш голема слобода имале наставниците да плескаат шамари, а сега домашното воспитување е во минус.
Ми иде да си искочам со некого, некого чиј допир ќе ме пецне како струја да поминала низ мене. Па да си муабетиме и да си нарачаме јадење и да уживаме во зададената атмосфера. И тоа е тешко, бидејќи нема таков.
@JollyGirl И јас на таа тема се чувствувам, не како од друг век, туку од друга ера. Денес најсвеж пример додека чекав еден пријател на автобуската, застануваат толпа девојчиња околу петто одделение и си коментираат како денес имале тест македонски и се смеат пошто не знаат кој бил на тој фамозен тест. Си бираат на кои часови да одат, чиниш надпросечни по однесување, а они под нивото на морето баш. А за цигари и дечковици, бреј и ново оро ќе изиграат. Денес, не се само децата, туку и неписмените кадри што наводно се таму да ги описменат. Оттука, speaking of неписмени, СДК: И милионит пост да се избрише, пак нема да ја смени неписменоста кај некој, особено што се дрзне да коментира дека па и професор бил. Што би рекла Дана, "Скриј се зад мониторот"
Собираш се во себе, трпиш , кутиш, се затвараш во соба и се јадеш од внатре, се истураш врз перницата и полесно ти е за момент. Само за момент додека повторно не слушнеш хистерични гласови од другата соба. Се чудам и се изненадувам само од себе, колку можам да истрпам, а да не полудам. Се чудат и они очигледно па ме тестираат до кај можам да одам.
Oвoј Ерaзмус прoект гo видoв oд другa перспективa, рaзличнa oд aктивнoстите тaму, секoјдневниoт флерт, дружење. Не јa знaев девoјкaвa oд Мaкедoнијa, јa упoзнaв нa местoтo нa oдржувaње нa прoектoв. Уште првoтo утрo кoгa јa видoв и кaжaв декa имa истa фaцa, исти глaс, нaсмевкa, веѓи, нoс, oчи кaкo сестрa ми. Сaмo кoсaтa и вoзрaстa ги рaзликувa. Мoждa некoј друг дa ги види нa сликa ќе рече декa не се тoлку слични, мoждa декa не сме нaјблиски сo сестрa ми(никoгaш не сме биле дури и кoгa билa нa нејзинa вoзрaст, a сеa и се глеaме еднaш у три месеци)нaпрaи дa јa гледaм девoјкaвa кaкo близнaчкa нa сестрa ми. И декa супер би билo и сестрa ми дa дoјде некoгaш нa утринскo трчaње сo мене, дa пoмине пoвеќе време кaкo штo пoминувaше девoјкaвa и се нaдевaм ќе дoaѓa нa кеј нa трчaње сo мене.
Здраво Темава ја отворам, ве читам и се некако само истите работи се вртат. Еве јас немам ни што да пишам повеќе, скоро се е кажано тука Периодов ми се насобраа некои работи.. добро е не се жалам. Ќе се издржи се, ништо страшно Сфаќам сериозно колку ми е битно оваа година да се сконцетрирам на една единствена работа и денеска добив пофалба дека одлично го правам тоа Продолжувам понатаму и одиме до крајната цел Знам дека ќе има пречки додека ја постигнам саканата цел.. вистината е дека што и да посакаш да правиш, со што и да се одлучиш да се бавиш-ништо нема да биде лесно ! Одам до крај. И крај.
Плитки,празни погледи на минувачи. Индиферентни седенки. Никој за ништо не заинтересиран,под изговор секој си има свои проблеми. На никој не му се расправа а секој со секого се расправа. Знаеме да кажеме,какво време дојде. Не, времето не дојде,ние се движиме низ него. Ние одлучуваме низ каква толпа ке се движиме и каков човек сакаме да бидеме. Полесниот пат секој може да го избере,под изговор, како за сите така и за мене. Така ние го креираме Времето.
Марли пак ми кашла ... Аман брееее амаааан. Каква мајка таков син Нежни сме двата. А да знајте каква куќарка му купив....... Мислам знајте бе слика имав клаено. Огромна е мене ме бери внатре и со врати. Внатре е претопло и не дува и идиотот спие на цименто на промаја. Додуша навечер спие во куќата, ама преку ден и вака ова време дури има луѓе/кучиња надвор нема шанси. Седи пази кој врви... Кашла корни и се дави. Утре на ветеринар сме закажани. Џабе кога не можат инекција да му стават.......... Пак антибиотици ќе ми пишат. Немам пари Денес само 1500 дадов за мене. Ах... Ама ќе најдам Ако треба ќе позајмам. Преѓе бев сама дома и си го зедов внатре ако ме видеше некој од домашните двата ќе спиевме надвор вечерва. Ама не можам бреее сакам внатре да ми е... Аххххх ќе дојди денот ко ќе си живеам со Марли негде сама. Размислувам да заминам Словенија другата година Боже здравје... И најголемата тага во срцето ми е за Марли. Не за татко ми, брат ми, дечко ми со кој одам 3 и пол години..... Марли! Две години треба да седам таму на мастер. Ама си ветив дека при првата шанса ќе си го земам. Работам онлјан посекако, и уште поќе ќе работам. Макар и после тие две години ако имам шанса да останам и да се снајдам тогаш ќе го земам. Само да ми го чуваат тука. Срцето ме боли и внатре во душатааа ми гори.
Сфатив дека без разлика, кој колку ни наштетил треба да живееме со него. Прости му, здраво и чао. Нека види како е да си човек. Нека почувстува. И на крај од каде знаам утре, другиден можи ќе ми се најде.