Да се разбериме. Во 21ви век мажите сеуште му е најбитно жената што е со него да му оди по ќеф и да го гледа ко господ. Во една исповед на српски портал, сеедно е значи кој ја пишал и под претпоставка дека е вистина, еден тип свесно бил во врска со некоја што имала само основно одделение. Ајде батали тоа, ја вработил кај неа во фирмата, и дал задача нешто да одзема да собира. И тоа не го знаела. А типот не раскинувал со неа, САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО ЈА ЧУВСТВУВА КАКО ПОТЧИНЕТА НА НЕГО!! Значи, се двоуми дали да и раскини - само и само заради тоа што таа му оди по кеф, тој се осеќа како поголем од неа итн итн. И после ќе ми кажува некој - мажите сакаат еманципирани жени. Ма немој. Сакаат жени кој секогаш ќе ги гледаат како лица над нив во секоја смисла. А да си се вратам јас во праисторијата а? Некако испаѓа дека сеедно е во која доба се наоѓам. Барем тогаш нема да морам на работа да одам и да се трескам од земја со нерви на работа со шефови и слично.
Животот се случува. Понекогаш посакувам да можев целиот да го преточам во поезија. Бар за миг да ми биде полесно.
Пред да седнам на форумов имам 100 идеи што ке напишам во сдк,која приказна ке ја раскажам од мојот секојдневен живот,ама џабе бе седнувам и се блокирам ееееее животе скоте.
@macencef А да не генерализираш? Не секој маж сака мутава женска до себе. Знам еден куп машки што скаата жени со цврст карактер и со јасна визија во животот.
Хехехе затоа сите што не се мажени имаат факс, а тие што немаат сите се мажени. Размисли малку за ова....Колку побитен се осеќа мажот во врската - толку е подобро и за жената
@macencef јас стојам на тоа да не се генерализира. Факсот не е клучот на некој јак карактер да се разбереме, барем живееме у држава у која знаеме како се стекнуваат дипломи. Карактерно си значи многу. Амбициозен маж си бара амбициозна женска. А дургиве што ти ги објаснуваш ми се повише као со затуцан менталитет и со патријахални ставови. Кај нив немаш амбиција, немаш ништо позитивно.
Што ли нема да изјави човек,во што ли нема да верува,само и само да оправда одредени состојби во сопствениот живот. Ај што сам си верува,ама па што упорно се труди тоа да го наметне како апсолутна вистина
Било амбициозенили не - сака да се осеќа побитен од жената. Не дај боже да се осеќа инфериорно. Додуше ако така се осеќа нема ни да биди во врска со таква жена
Јас еве имам факс, а немам дечко. И сега шу прајме? Какви ликови има останувам запрестена ете тоа сакав да кажам.
Со мм никогаш не сме кителе за нова година, ниту пак не фаќало некаква еуфорија. Ама годинава едвај чекам да дојде времето, да си купиме секакви шарени работи, да ја накитиме елката, сијалички да светат и да се радува бебулето наше. Се е поинаку со дете, се гледа со други очи и од друга перспектива. Порадосна, пошарена, поубава...
Луѓе, кога ќе научите дека низ населено место не се вози со 80ка на час?! Можеби тогаш кога вашиот или животот на вашите блиски ќе биде загрозен, толку ли сте глупи па да морате да се учите само од своите грешки?! Ми го убија едното маче сега, идиот што покрај дворот помина како да е на автопат, а не на улица каде што максимум две коли може да се разминат! Мачето не беше ни на улица дури.. Не знам што да кажам, освен дека сум полна со лутина и се надевам дека кармата ќе го стигне. Нема живот што не е скапоцен!! Душиче..
Си доаѓаш од работа, а дома топличко, тишина, си легнуваш на тросед, се покриваш со меко кебенце, а мачето ти се стуткало в нозе си преде, те фаќа слатка дремка ........... и наеднаш ти титка виберот-на другарка ти и е досадно, ти титка месенџерот-колешка ти прашува дали ја исклучила климата, ѕвони мајка ти-те прашува дали си ручала, тропа баба ти-да види да не си го згаснала шпоретот
Сигурно сте забележале, има личности со кои ни лета времето. Ни еднаш, додека сме со нив не погледнуваме во часовникот. Губиме осет за време. Или се обидуваме да го запреме. А тоа лета како за инает. Пресреќна сум што имам таква личност во животот. И благодарна сум што е тука до мене. Опиена сум од среќа. Не постојат зборови за ова чувство. Како да е и повеќе од љубов. Наутро ги отворам очите и веднаш насмевка имам на лицево. Навечер не сакам да заспијам. Да, реалноста ми е поубава од сонот и не се срамам тоа да го признаам. Како да го скријам ова? Блесокот во очите ме издава. Не го чувствувам студот надвор, зашто се` во мене како да гори.