Мултитаскинг со неколку скрипти околу мене, уз пут кафенце за секој случај да не призаспијам што од времето, што од коктелов од материјал во глава... Само да поминат добро утрешниве обврски, па ќе се препуштам целосно на празничната еуфорија. Ај држете среќа утре луѓе, ама онака силно стискајте палци...
КАко може секогаш кога ќе сакам да се истуширам , одам се спремна, влегувам, ја гледам стрелката од бољерот на 0 водата ми ја ивцицале до крај ??? Ееееееее ....... И сега ко веќе седнав на фемина како ќе станам пак ?? Ич не сте фер бре!
На вакво време да му е мерак на човек да се заглави дома пред компјутер и да пишува труд. Надвор ладно и врнежливо, внатре топло и удобно, башка си се снабдив со разновидни вкусови чај, па сега ги испробувам. Читам, преведувам, анализирам, пишувам, договарам средби со експерти во областа која ја истражувам... Па одвреме навреме ми доаѓа преку глава и си отворам сајтови на туристички агенции да си разгледам понуди. Надвор ноември, јас плажи разгледувам. Којзнае како ќе ни испадне летово, ама јас битно имам дестинации замислени во глава. Песок и море... А секогаш кога ќе помислам на излежување на плажа, ми текнува на баба ми која никогаш не ја сфати поентата на сончањето: А бре, да те казни некој со сила да се печеш како под вршник, ќе го колнеш дур си жив. Ама вака кога сам си се испружил - се сончаш.
Снег во април Не ми се верува дека и овоа дочекав да го видам. Баш беше убаво последниве денови, сончево, само за шеткање. Ајде ќе следуваат и уште топли денови Како и да е, мене доброто расположение не ме напушта. Коцките некако се редат полека, полека и тоа ме радува. За се треба трпение.
Добро утро снежно утро ! Не можев да се изначудам кога станав... Одвај си ги најдов чизмичките и јакната за на работа, таман ги спакував зимските работи ете ти ја зимата назат.. Ова како да е Божиќ Како и да е уживајте во денов и во утринското кафе јас веќе го испив.
savana и јас на лик на тебе си ги прибрав чизмичките си реков ајде пролет е иде лето, а не есен накај зима. Значи ние не треба отсега да се ориентираме според тоа кое годишно време е, туку според тоа што носи денот и што ќе биде прогнозирано за следен ден и така да си се обелкуваме. Што значи отсега треба еден поголем плахар или два за да може да ни ја собере цела облека ем есенско/зимска ем пролетно/летна за да не мора да ставам во ќеси и после да отпакувам/пакувам да се малтретирам.
Одам јас на продавница онака пенкалце да си купам и продавачкава ме гледа така зачудена, не знае пенкало што е, мислам како е можно?? дури се разбравме, се разбравме и уште така намуртена ми вика: Ааа стило да не бараш? ами кажи така да те разберам,, Добро знам дека така си ги викате ама не ми дојде зборот на уста, па да ти го кажам точно, за да ме сватиш,, оти инаку ти немаш слушнато, не знаеш пенкало што значи. Неверојатно
СДК колку не ми се стануваше сабајлето, надвор врне, дува, ладно а јас си се топлам во кревет. Ај што станав едвај туку не знаев што да си облечам за на работа . Како и да е може да се ужива на вакво време. Имајте убав ден сите
Во обид да го спречам повраќањето, се напив апче за алергија. 2 во 1. Фино. Се превртувам и препотувам, сон не ме фаќа. Кошмари наоколу и решително, една прошетка надвор. Барем со мислите. А во креветот некој странец. Силуета од некој непознат. Се смее и ги витка колената. Пропаѓа во длабок сон. Што по ѓаолите? Се` нека иде натака!
Убав,снежен,априлски ден!Полн со учење и решавање на задачи. А,бе луѓе кога порано баба ми,кога ми велеше дека во мај и април имало снег.Јас си мислев се зафркава со мене.Ах бе и тоа го видов.Вчера колку убаво сонце печеше,сега снегче паѓа.Ах бе ова времето за карање е!Кала,кала!
Сабајлево кога го слушнав дождот како тропа на прозорецот, ич не ми се стануваше од топлата постела. И така убаво си спиев. Милина Не знам за вас девојки, ама за мене најубаво нешто е спиењето. Од секогаш сум била голема спанка, и знам дека од тоа нема спомени, ама јас ако не сум добро наспиена и одморена, не сум ниту расположена цел ден. Ама морав да се спремам за работа. А надвор 10 степени еј! Средина на април, а јас повторно си ги облеков чизмите и зимното палто. Многу ме нервира времево никакво Се надевав дека ќе имам убав и сончев викенд за Велигден, башка и на гости ќе одам тогаш кај него. Најверојатно ќе се топлиме кај него дома со филмчиња цело време Туку, вие се подновивте ли нешто за празникот? Кај нас е традиција за Велигден нешто ново да ти купат и да го облечеш прв пат токму во недела. Имајте убав остаток од врнежливиот ден!
Таман мислев ќе се отерасам од блузи, џемпери, лакше ќе се дише, пак со нив Како што тргнало ќе ни треба само зимска облека што има врска, дали ќе се носи пролет ил лето...И времево откачи, во климакс е, се надевам ќе имаме пеколно лето, повеќе си сакам лето, нека не се дише ако треба, ама студов, аман веќе ми здосади ич не го можам. Тоа е, светот одамна променет, а сега и климата, не е за чудење...
Long time no see... Немам одамна пишано во темава.. а па и немам инспирација. Станав рано сабајле, уште во 6 саатот. Тропањето на олуците ме разбуди. Дождот. Станав со огромна насмевка на лицето. Се надевам дека нема ништо да ми го расипе расположението денеска. Полна сум со позитивна енегија, убаво ми е вака, нека потрае. Си лежам под ќебе,со топло чоколадо во рака, и омилената серија. Уживанција. Не дозволувајте тмурново времево да ви го расипе расположението. Ви посакувам на сите да имате убав ден. Позитивен, весел, исполет со многу љубов, и нешта кои ве прават среќни.. баш како и мојов.
Единствена ли сум што уживам во ваквото време Можеби единствена но не сигурно сум од оние ретките кои сакаат дожд и студено време Се разбудив и осетив дека надовр врне премногу силно тропаа олуците надвор. Си се насмевнав ,среќна сум, убаво ми е + и вакво време абе совршеност За разлика од оние кои што си ги имаа средено плакарите на време па целата зимска облека им беше спакувана и тргната од плакарите, јас во оваа работа за овие денови си имам олеснување. Затоа што плакарите сеуште не ми беа средени туку трупав пролетни алишта кои ги носев откако времето беше топло Несакам лето ,неможам да ги поднесам летните температури ,потта кои ми течат по чело додека шетам или додека седам некаде надвор и од жештина неможам убаво воздух да си земам,таквото време ме гуши не се чуствувам убаво. Сакам лето но да сум си цело време покрај море да удираат бранови на мене да ја чуствувам свежината од морето и да си се ладам секогаш кога ќе почуствувам дека главата ми гори. Еее така би преживеала Ах така кој не би преживеал Ручекот се спрема јас како и обично во оваа време денот сум сама ,но ќе чекам да си дојде барем сестра ми за ручек ,па одам да ги сменам моите да дојдат да си се одморат малку.... Вие феминки имајте убав ден и не очајувајте поради времето туку напротив уживајте затоа што за некој месец ќе го бараме ваквото време
Времево не да откачи - полуде Април месец, а снег да се врне како да е зима. Чудно. Во Гостивар врне снег и не престанато со врнење од 23 часот до сега. Бело, бело..... Ајде кој е за снешко нека иде кај мене Јас зимската облека ја скалдирав хеххе мислев нема да ми треба, ама се излажав очигледно. Во минатото барем се знеше кое годишно време од кого почнува, кога завршува и кои се нивни главни обележја и карактеристики. Денес се измеша се, не знеме веќе кое годишно време сме. Така е кога ние луѓето си поигруваме и одиме против мајка природа. Последиците сепак ќе си ги трпиме и сносиме со нив. Додека се освестиме за сопствените постапки отидна возот. Ке дочекаме можеби и такви денови кога ќе се менуваат сите годишните времиња само во еден обичен ден.
Да ги имав сите обврски завшено ќе бев пресреќна што врне, што ќе си се замотав во ќебенце и ќе си организирав филмски маратон Кое срце јуначко ќе ме крене сега да бркам административни тракантанции? Од сега ми се мати на гужвата во пошта Кој на што си се нафатил, тоа ќе си го крка. Штотуку се самопредизвикав да кренам коски и да шлапкам по вирчињата, да се отарасам од обврските што побрзо и да почнам да ги со уживам денов. Од сега се радувам на ладното кафенце што ќе ми прави друштво кога конечно ќе се уковтам на кауч и нема да мрднам се додека не направам дупка на сунѓерите (а може нема да се мрднам ни тогаш). Дождот оправдува мрзоволност само кога задолжителното е тргнато од дневен план п.с. М,
Лелееее лудо време како да е Божиќ а не Велигден! Па ако фати вакво грдо не ќе може ни за 1 и 2 Мај негде да се оди
Го сакам ваквото време само кога сум дома, во мојот сакан кревет со шоља чај и добра книга. Но не ми се допаѓа како денес што беше. Отидов и се вратив од школо цела мокра и смрзната. Тоа не ми се допаѓа. А и чадорот за малку ќе ми летнеше и ми се расипа. И згора на се не носев јакна, а сеуште не сум целосно оздравена. А да ме прашаш зошто не носев јакна, тоа е интересно, е стварно зошто? Кога треба не носам, а кога не треба носам. Така ми почна денот од сабајле. Имало вистина во тоа, денот по утрото се познава. Денес се уверив во тоа.
Епа кога купува јогурт од Реплек така е Реплек бе Реплек, прв пат слушам дека и јогурт продаваат. Којзнае што купила оваа Ехх, неможам да се изнасмеам. Јогурт и нафта, хммм, нафтата е милион пати поскапа од јогуртов па малку ми е нелогично да ја ставаат во смесата... Или им праи антиреклама или е неверојатно гупава, којзнае рацете на што и мирисале или евентуално чашата што ја миела со вода која можеби тече низ зарѓани цевки, или амбалажата можеби на нешто мириса којзнае во што ги транспортираат некои кутии и сомнителни камиони-фрижидери, ама да пишеш нафта -нафта бе нафтаааа! Ќе се убијам!