Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    97.445
    Значи да баталат жените тие што се интересираат за нив и да се затрчаат по мажите кои не ги рецкаат?
    Од каде констатацијава?
    А зошто тогаш постои една фраза која вика - ''Оди онаму кај што те сакаат, а не кај што те бркаат?''
     
    На Doozy, fallenangel, Kukla994 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lilianna

    Lilianna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
    Еднаш кога човек ќе се пронајде себеси, кога ќе открие каков посакува да биде и што сака да постигне, никогаш нема да најде изговор. А време секогаш ќе создаде.
    Кога сфатив дека вежбам, не само за да изгледам добро или не затоа што сите други вежбаат и најважно не затоа што морам, туку сакам, не ми беше тешко после осум часа физичка работа, да посветам време на себеси. Треба подлабоко да се бара причината - вежбам бидејќи сакам да се чувствувам удобно во своето тело, сакам да имам повеќе самодоверба, ме полни со енергија и ми ја намалува желбата за храна, особено нездрава. Дури кога доаѓа недела, која ми е ден за одмор, се фаќам како ми недостига таква активност, па некогаш не ја прескокнувам. А да не зборувам за чувството кога стануваш сѐ поцврст, кога со тек на време вежбите ти стануваат прелесни и бараш нови предизвици.

    Друга работа која почувствував дека ми е потребна е личен развој. Мислам на духовниот. Ја пронајдов врската со себеси. Ако имав обврски од 8 часот, станував во 6 за да го наполнам умот со позитивни мисли, за да си кажам дека се сакам себеси, дека сум вредна, уникатна, полна со љубов. Започнав подлабоко да го истражувам Законот на привлекување, зашто не ми беше доволна мислата дека сличностите се привлекуваат. Сакав да знам "како", "зошто", да ја осознаам суштината за да почнам да го применувам. И осознав дека негативните мисли и чувства не се ни малку "негативни", тоа е само еден назив за нешто кое не го посакуваме, но со зборот "негативно", му даваме преголема сила. Негативните чувства се всушност како некој аларм, кој ни кажува дека не се движиме во правецот во кој посакуваме. Тоа е нашата душа, која го има за цел нашето најголемо добро, која постојано нѐ буди и ни сигнализира да го тргнеме фокусот од она за кое размислуваме во моментот.
    Како започнав со некои техники, ми се откриваа нови и нови начини. Нови идеи, со чија примена се променив на позитивен начин. Мислам дека најголема мудрост е онаа да се живее во сегашниот миг. По природа бев многу нетрпелива личност, сакав да завршам повеќе работи наеднаш, онака рутински, со мозокот во некој иден настан. Сега ми е полесно да ги контролирам мислите, не дека имам апсолутна контрола, но кога ќе заталкаат, знам дека имам моќ да ги вратам на место. Алатка која тука многу помага е медитацијата. Иако сеуште сум почетник, можам да забележам огромни ефекти, особено во поглед на квалитетот на сонот, постигнувате мир, стабилност, рамнотежа, се будите со енергија, го намалува стресот.

    И сега, не мислам дека најголема цел ми е да им помогнам на другите. Всушност, е, но најпрво треба да си помогнам себеси, да се доведам во состојба на среќа и мир, за да можам на тој начин да им влијаам. И повеќе не сочувствувам кога зборуваат за нивните неволји, болест или сиромаштија. Со сочувствувањето, се фокусирате на недостигот од здравје, изобилство или што и да им фали, па така креирате уште недостиг. Фокусирајте се на решението, замислете ги потполно здрави, во изобилство од пари, среќа, љубов и единствено така ќе им помогнете.

    Најголемата можеби промена која ја почувствував, е колку одбегнувам да зборувам за она што го немам. Или за негативните настани кои ме опкружуваат. Не сакам дури ни да ја изговорам реченицата "Денес се чувствувам без енергија". Не сакам да му давам сила на она кое не го посакувам во својот живот и кога свесно и намерно го креирате својата реалност, нема поголемо задоволство. Не сакам никој да ме ислуша за проблемите, зашто не ми треба сожалување и знам дека сѐ ќе помине и е прикриен благослов. Не трагам по она чувство на еуфорија, полетност, радост, единствено ми е потребен мир и свесност. Свесна сум дека вестите не ми се во корист, па ретко го уклучувам телевизорот или читам дневни весници. Не читам портали со трачеви, веста дека некој славен пар се развел, апсолутно не влијае, ниту ми го подобрува квалитетот на мојот живот. Секој ден, малку по малку, учам како да владеам со својата психа, како да бидам попродуктивна, поконцентрирана, откривам работи кои ме прават среќна. Чувството да станеш личност на каква некогаш си се воодушевувал е неописливо. Или ако се опишува, најблизок збор би бил фантастично.
    Старата јас, по прекинот на една толку долга врска, би се прашувала секој ден дали донесе вистинска одлука. Дали друг ќе ја сака со ист интензитет, дали ќе се покајам? Но, откако почнав да си ја слушам интуицијата, откако почнав да носам одлуки според тоа како се чувствувам и за кои подоцна не размислувам, животот ми е поедноставен.

    Не, не, воопшто не звучам ко мотивациските говорници или извадок од некоја self help книга. А што се однесува до мајка ми, мисли дека сум зачленета во некоја секта :rofl:.
    Туку:

    [​IMG]
    Зашто со себеси сепак ќе го поминете остатокот од својот живот. Затоа, нека биде уживање!
     
    На Asterion, LUCI 99, Wahnsinn и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    173.018
    Пол:
    Женски
    Ништо не разбирате..
    Типот од приказната погоре не ја отпуштил таа со основно затоа што тоа му е фетиш.. Или не сте слушнале за такво нешто до сега(facepalm) Нив ги пали тоа што имаат некоја потчинета, некоја во стил (скоро) на робинка, што ќе прави како што ќе и кажат, за да не ја изгуби работата - затоа што друга работа на такво исто ниво нема да најде ни за 5 животи..

    ПРАВИОТ маж никогаш не би погледнал жена што самата себе не се става во категорија - еманципирани.. жена што се потценува самата себе..
    Оние мулињата што немаат грам мозок, што јас не ги ни сметам за прави мажи, имаат проблем околу тоа жената да е пообразована од него, да е понашетана, да има поголема плата..
    На прав маж тоа не му е никаков проблем...

    Е тоа сакав да кажам..
    А на страна од ваквите, има некои жени што се преценуваат.. тоа со еманципацијата им мавнало во глава, па мислат ако имаат факултет или мастер го фатиле Господ за онаквите.. Е на тие жени им посакувам некој со основно образование, да се спуштат малку на земја..
    Ниту образованието те прави погоден за партнер, ниту платата, ниту ништо.. ако не си материјал скроен за живот во заедница, никогаш нема да најдеш погоден партнер, сите ќе имаат по некоја маана во очите на бирачот...
     
    На Annath, Doozy, Aleksandar1212 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Мислев дека лошите работи се нешто што се доживува само на сон,и дека се што те мачи и повредува,останува само во сонот...
    Потоа посакуваш да ги отвориш очите,трепнуваш и нив ги нема.
    Си велиш,добро е ,помина,само еден лош сон беше,си велиш никој и ништо не може да те повреди вистински сега кога не сонуваш и ти се отворени очите.
    Ех,само да беше така.
    За жал,лошите сонови се почесто ги сонувам и доживувам со широко отворени очи.
    Живот.. :)
     
    На winter flower, iloveyou29, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    80.019
    Пол:
    Женски
    Има луѓе што не ги сакам ама сум љубезна па не го знаат тоа.
     
    На winter flower, elimkd, shz и 6 други им се допаѓа ова.
  6. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    14.392
    Пол:
    Женски
    Бидете внимателни,
    луѓето кои еднаш, два , десет пати ве повредиле со една „финта“,
    ќе го направат истото во првата прилика.
    Не дозволувајте им, бидете помудри од нив,
    згазете ги и смешкајте се под мустаќ!
     
    На winter flower и Dust им се допаѓа ова.
  7. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Тука сум и ви пишувам дека со нетрпение чекам покана за кафе од еден дечко.:coffee:
    Не е овој како претходниот. Знае што сака, има некоја замисла за иднината. Супер е за да си направи човек солиден разговор. :l:
    Се надевам дека ќе ме плени и мене и моето срце, се надевам дека ќе ми ја стопли душата и ќе ме освои како ниеден пред него. :nod::hug:
    Спремна сум за нов почеток.
     
    На Wahnsinn, Tajnaotrovna, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Си учел со денови и недели, не си спиел цела вечер од трауми, цела скрипта од 100+ страни прочитана (само си викаш, 2-3 насловчиња да прескокнеш пошто не се битни), и баш тие ебани глупи насловчиња ќе ти се паднат да ги раскажеш, пошто всушност биле битни за професорот...

    [​IMG]

    Инаку не знам како не им е глупо и срам на тие студенти што СЕКОЈ ИСПИТ препишуваат (facepalm)
    Му останале уште неколку предмети, значи дошол скоро до диплома, а тој уште си поминува така што си препишува.
    Седнал во последните редови и во скут си ја отворил книгата, си пишува гајле си нема, и само ѕирка да не дојде некој...ко во средно или основно кога препишувавме (lalala)
    Ајде сфаќам има тешки предмети, и јас некогаш си носам мали ливчиња за да се потсетам, ама секој испит бе (facepalm) како не ви е шубе, не знам.

    Или тие повозрасни вонредно што слушаат ( една има со мајка ми врсничка), седна пред мене и си го извади телефонот да препишува, па дури на асистентката и беше глупо да и рече пошто типкава може мајка да и биде (facepalm) Ја гледа дека препишува и на крај веќе и рече дека ќе и го земе тестот :worried:
    Зини земјо голтни ме...јас се засрамив во нејзино име...

    А за тие на медицина да не правам муабет.
    Бев кај другарка ми на гости, а таа има цимерка што студира медицина, и ете ја девојката доаѓа дома радосна дека цела скрипта ја направила во едно ливче, па уште ни се фали нас...
    [​IMG]

    Е во тоцкаво ливче ја испечатила села скрипта и ќе оди на испит...ало, медицина учиш :drunk:
    Снајди се, па живеј...
     
    На Ketchup, macka91, LittleChili и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.205
    Жена му на бившиот ме додаде на фб пред неколку месеци. Мене незгодно, ама ај си викам, нека...шо знам, не ми смета ич.
    Пише статус дека се пронашла во 2016. Ваљда дека годинава стапија у брак.
    Се прашувам дали да и пишам дека маж и на времето ме тераше да одам кај Иван Исцелител за синуси, јер он крајници излечил кај него, мајка му го носела... ама да не го разочарам девојчето.
     
    На Annath, LUCI 99, Mama25 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.596
    Пол:
    Женски
    Kazi i lilit
    Kolku porano doznae tolku pomalce ke ja boli :D
     
    На Ketchup, Tajnaotrovna, Kukla994 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.205
    Абе ко со камчињава ова, да не се заебеш... ама она више се заебала.
    Па ко ќе дознае дека мајка му и по бајачки оди...

    А и муабет ќе ми извадат дека ми е криво, а он на мене драг другар, а успат едно драго поред сите услови - сакав да и ја видам фацата на мајка му кога се венчале, сигурно била прајслес. :D
     
    Последна измена: 16 ноември 2016
  12. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    СДК НЕ МИ СЕ УЧИИИИИИИИИИИИИИИ ФАЛА ПРИЈАТНО
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата на Марли се влоши.. Кашла ненормално. Бевме на ветеринар и ни напиша и антибиотици и други апчиња некакви,.. Утре ќе станам од 9 да одам да ги купам... Во меѓувреме му давам Ц витамин и чај од бел слез попара со лепче... И од време на време шуруп за кашлица за луѓе. Му помага.
    *Се од наведеното е безбедно и проверено од ветеринар.*
    Ама една добра вест имам!
    Има начин да се вакцинирааааа :dance:
    Сменав ветеринар сега оти минатиот некако не ми се допадна.. Се плашеше од Марли, а овај уште поќе од него. И скроз напнато беше...
    И овај ветеринар кај шо ојдов сега имал стрелки онакви како tranquilizer да дувни со цевка од далеку и да го заспие. И после ќе го вакцинира од беснило, чипира, и ќе му бувнам уште некоја вакцина ако е можно поќе наеднаш. I'm relieved... (y)
    Прво да ми оздрави сега, и јас да соберам пари :lol:. Ама ќе биди кога има начин вака!

    Друго... Се истрижав. Не кратко колку шо мислев ама сепак истрижав добри 15тина цм. Од коса до половината, сега сум негде.... Таму горе.
    Малце жал ми беше ама ете... Кога паѓа шо да му правам.
    Јас планирав до рамена да се манам оти така многу ме бендисва... Ама дечко ми ме премисли ми рече немој толку кратко ќе престани да ти паѓа за месец-два ќе плачиш по долга коса...:lol:
    И ајде си реков.
    Мразам буквално ваква должина. Или долга или кратка. Вака на средина ми е без веза...
    Ама ајде се надевам оние чудата шо ги пијам користам ќе делуваат за брзо.

    Сега со фен се дувам оти КАМЕН Е! :|
     
    На Anabelle.Amorette, Chica.Loca, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Неможам да останам рамнодушен и да не ми забие срцето силно,кога ке видам невино лице,човек со болест(даунов синдром),така ме заболува душава и се натажувам и во моментот само ми доаѓа една мисла, Господи давај им здравје на луѓето само да се здрави и живи,и чувај не од злото на ѓаволот.
     
    На ♡BuBaLe♡, winter flower, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    9.936
    Пол:
    Женски
    Знаете што? Јас сум ви еден коцкар. Да, коцкар сум. Си го коцкам живото и шансите. Како да имам цела вреќа до мене. Ако ми е, се ако ми е до сега што ми се случило што толку наивно гледам на луѓе и што испуштам други подобри. АКО МИ Е!
    Ке си се коцкам, ке ми дојде памет на 60год. Нека ми е....

    Имаш време Аме, имаш шанси, кај си се забрзала па ти? Иди откачувај секоја една можност што ти се пружи, па утре нова вреќа можности!

    Да, тоа сум ја.
    Глупача!
     
    На Viktorijaaa5, winter flower, purple..m и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Секоја Мајка е лавица за своето дете,ама јас имав Татко лав.
    Фала ти за се тато,фала што си секогаш покрај нас,и не се откажуваш од нас и покрај се што ти направивме.
    Ти си најдобриот човек на планетата,ти си ист како бабичка која ја сакав најмногу на свет,многу сакав да можам да бидам како вас :(

    Среќен роденден тато,и уште многу години да бидеш здрав и жив покрај нас :)
     
    На Viktorijaaa5, purple..m, Mama25 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.205
    Некогаш подзаборавам зошто не отварав душа секому, уствари подзаборавив отворена врата во последниве три години нон стоп. Па душава промаја ми ја фати
    Толку беше екипо, шанк затвара, продужуете со јадење немиен. Кој не цени, ќе си го крка. Добро, не сите - само особа А, особа Б, лично сама со себе, сакана екипа тие се тие, нема што тука, рандом екипа, меех мање више битни.
    Како го добиваш од глава од реалност со здравје, така поише ти оди памет колку луѓето се гниди. И кога ги сакаш се гниди. Ама ок е да продолжиш да ги сакаш, ама од дистанца и да ги гушкаш само со стап онака буц-буц.
    Што убаво било вака...

    Абе ќе ти променат малку терапија за тироида и одма се осеќаш подобро.
    А башка што одма на слабеење те тера само од себе. Со другарка ми зборам од сабајле и е треќа особа неделава што ми вика - д бич из бек. Ваљда да.

    Си имам една маана. Заборавам туѓи грешки и брзо простувам, ама животни дешавки многу памтам. Еве на пример го памтам ланскиот денешен ден. Мислев од кожа ќе си искочев и одма влегов у ситуацијата непотребно. Абе вакви работи ич да не памтам и ќе ми биде топ.
     
    На purple..m, Mama25, Lady Phoenix и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Dve novi aktivni temi na forumov...
    Aj za arno neka e.
    Se podobruvame :clap:
    :d:
     
    На purple..m, Tajnaotrovna, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    А од каде пак твојата констатација дека со мојата објава токму тоа го мислам ?
    Кој дел од мојата објава светка со тоа дека треба да се батала тие, а да се трча по нив ?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Можеби не толку долгометражни глупости, ама нафрлан пост од секакви рандом срања може да испадне од напишаново.

    Човек со годините се менува и неспорно е дека може да изненади со скриени намери и карактерни особини кои може да ве фрапираат. Ама мислам дека е крајно дебилски да го тупат за бифшиот, изразито кога станува збор за долгогодишен партнер, каква стока од човек бил. Пред луѓе да се дискутираат неговите невкусни навики и девијации во сексот, слабите страни на неговиот карактер и физички недостатоци. Ако тој бил таков, а ти беше со него, толку време do you realize каква будала правиш од себеси ? Веројатно не.

    Друга тема е, со другарка ми. Ме кладе во мисла со муабетот дали ако се запознаевме денес ќе станевме другарки пак. Вели, низ ироничен насмев, не. Иако е еквивалентно чудна како мене. И разглабував тука како би изгледало потенцијано другарување.

    Здраво тоа сум јас, имам многу тетоважи, пирсови, сакам да читам и да експериментирам со фризурата. Користам рекреативни наркотици, имам љубовник снајперист. Работам в комарџилница, хоби, се занимавам со хипноза. Зависник сум од секс и да не се лажиме, не сум со намера да се излечам.

    Има уште многу ама кој и да е до тука треба да е избеган.
     
    На Snow-Star, purple..m, Lady Phoenix и 12 други им се допаѓа ова.