Јас сум од оние кои се фалат. Сакам да кажам што сум постигнала, што сум купила или добила. Но, не со пошироката јавност. Можам да им се пофалам на пријателките, колешки да речеме, роднините. Накратко луѓе со кои имам контакт и можам да испијам кафе или да отидам на ручек. Не гледам причина да се пофалам пред сите пријатели на фејс или инста, кои иако не се многу на број, сепак имам и пријатели и следачи кои ги познавам, да речеме иста генерација сме и имаме само едно "здраво". Искрено, иритатни ми се сликите од парфем, часовник, колачи со опис: #презент #фром #мај #бојфренд/ #хазбанд.
Многу ме нервираат луѓе кои си играат топло-ладно. Еден ден се однесуваат нормално, друг ден се сосема поинакви, злобни. Сите сме променливи во некоја мера, но ако некој ти значи, ќе размислиш два пати пред да кажеш нешто зајадливно и дрско.
Зошто се мачиш како зелена да се смееш кога ќе ме видиш не ми е јасно. Кого го лажеш бре, мене ли или тие околу ??? Не можам да те разберам ни некогаш ни сега, слеп до сега ќе видеше дека јас не се замарам со тебе, не те ни приметувам бре, ало.
Во моментите кога не знаеш што да обесиш на твојот ФБ ѕид, а мораш да го сториш тоа бидејќи еве цел час како те нема па луѓе ќе те мислат и штрапнуваш селфи/слика од кафе/ручек/песна/слика со некој ''многу'' паметен текст исклучиво на англиски јер превише си едуциран за на македонски, проследено со СРЕДА МИ Е, ПЕТОК МИ Е ... Само мене не ми е јасно што значи тоа да на некој му е среда или петок или има и други? И дали кога на тој/таа некој/а си на ФБ и е среда, на другите на кои не им е им е вторник? Ах, овој просто-сложен фејсбуковски свет...
Кога сме кај фацакнига веќе неколку поста... Годината е 2016та, мажите се манги, жените се јаки пичици. Некогаш и обратно, I'm not judging here. Истите тие јаки, без влакна на јазик, еманципирани и слободоумни личности, уште прават лажни профили пошто тој внатрешен планински порив, тој исконски опинок, е посилен од модерната фасада и мора некако да излезе на површина. 1. Некогаш е стварно многу провидно кој е зад нив. Are you even trying? 2. Зошто, побогу? И зар очекувате некој да ви се замара? Друго, во некој просек, за 5 така попаметни личности, има околу 87 морони. Многу ми паѓа чудно кога ќе кажам или направам нешто сосема обично и некој ќе рече демек „Леле, што си паметна“, а не знам, работата е у стил да им пратиш линк за инсталација на бесплатен софтвер кој и онака го има ко прв резултат на Гугл ако го пишеш името, или па ако ги знаеш заболувањата на штитната жлезда пошто мајка ти цел живот пие лекови за неа. Не знам дали мајтап си тераат или да почнам крст да си носам и да го лепам на чело секојпат кога ќе чујам таква глупост. Мајке му...
Да ја поседуваме моќта на огнот,многу нешта ке бидат поедноставни. Патот по кој ке тргнеме нема да може ништо да не расколеба за да се вратиме назад. Добро,и огнот застанува ако заврне. Понекогаш е потребно да има што да те успори или застане за да не претераме со нашата амбициозност ама не чини ни кога дозволуваме најситниот камен да ни ја заниша самодовербата.
Денес ми се случи најневеројатната работа на свет, која ме натера да верувам уште подлабоко дека навистина сѐ што ќе посакам или помислам, ќе се оствари. Според прогнозата, беше ветувачки ден, исполнет со сонце, кое најмногу ми го поткрева расположението. И цела весела, задоволна со себеси, исполнета со спокој, си дадов ветување дека со свесно и намерно контролирање на мислите, денов ќе го направам повеќе од прекрасен. Денот беше предвиден за шопинг (читај: бивши (кој од денес ќе го именувам со другар зашто не знам како поинаку) купуваше, а јас му асистирав). Решив да го оставам детето да си купи што му душа сака, наместо да му го наметнувам своето мислење, односно му давав сугесии, ама одлучив дека нема да се противам ако тој има поразлично мислење. Кој е главниот дел на приказната? Тој беше премногу загрижен за одењето во странство, фактот дека не знае кога оди, колку ќе се задржи. И додека господинот пробуваше, јас му ја држев папката со документи и љубопитна ко што сум, несвесно ја имам отворено и ми испаднало картончето кое му е потребно за подигнување на визата. Седнуваме да јадеме после долго шетање и него му текнува да провери во колку часот треба да ја подигне. На отприлика еден час од терминот, сфаќаме дека некој од нас (читај:јас) го изгубил ливчето. Почна да се нервира, да паничи, ни се одјаде на двајцата. Откако си ги присобрав мислите, сфатив дека со загриженост ништо нема да постигнеме и иако тој ја имаше изгубено цела надеж дека ќе го пронајдеме, јас бев убедена дека ќе се случи спротивното. Решив да не допира до мене неговата нервоза и сфатив дека дупло повеќе треба да верувам во она што посакувам да се случи, зашто тој нели немаше никаква надеж. Си велев : не се фокусирај на недостигот, мисли на крајниот резултат. Како поминувавме уличка по уличка, се замислував себеси како го наоѓам ливчето и со насмевка на лицето му го подавам и му велам "Ете, гледаш дека нема зошто да се грижиш?". Го поминавме најголем од местата каде одевме, на потрагата ѝ се ближеше крајот и во еден момент, на страна од пешачката зона, здогледувам ливче во непосредна близина на продавачите на ланчиња и забележувам шифра на него. Го одминуваме и го прашувам другаров дали имаше негова слика на картончето. Ми одговара негативно и му велам да се вратиме назад, мислам дека здогледав нешто. Го подигнува од земја и радосно извикува "Тоа е". Не бев изненадена, само бев среќна и подоцна му признав дека ја отворив папката, но чекав да го пронајдеме ливчето за да му признаам, за да нели не ме убие во моментот. Му велам - тоа што ти го изгубив ливчето е резултат на твојата загриженост за патувањето, а тоа што го најдов е знак дека сѐ што човек ќе насмисли, може да постигне. Претпоставувам дека повеќе нема да ми се смее на книгите кои ги читам. На толку изминати саати и на толку поминати километри, не знам и не ме интересира колкава е веројатноста дека ќе го пронајдевме. Знам дека истата веројатност ќе беше многу мала ако дозволев да ми ги пренесе неговите чувства на страв, грижа и недоверба. Како ми заврши денот? На секое застанување на семафор најдолгото чекање ми беше десет секунди, на секоја автобуска станица, буквално веднаш ми доаѓаше автобусот, сите луѓе кои ме услужија денес, беа бесконечно љубезни и и двата производи кои имав намера да ги купам, ги добив по цена на еден. Коинциденција, спој на среќни околности...don't think so. А да, да не заборавам, сосема неповрзано со муабетов. Ако некогаш користите јавен превоз и притоа вадите автобуска карта, при подавање пари на возачот, поздравете го со "добро утро, ден, вечер". Некои од нив ме гледаат толку зачудено, како да некој конечно забележал дека постојат, дека и тие се луѓе и неретко ми се насмевнуваат. Колку неверојатен ден!
Ми стигна нотификација за втора годишнина на Фемина. Брзо поминува времево. Се сеќавам како вчера да беше. Ама ништо не е исто. Добро освен местото каде што живеам и пријателите со кои се' уште сум блиска. Минував низ тежок период, како и секој ноември последниве шест години, ама тогаш освен дечкото ретко се гледав со други луѓе. Ретко се смеев. Скоро и не одев на предавања на факултет, некои предмети не ги ни полагав, се имав забаталено себе си. Се имав ставено на второ место. Не мислев на себе и на својот развој. Денес се' е поинаку. Почнав да ги прифаќам поразите и да се борам уште повеќе. Кога и да паднам, станувам повторно со крената глава. Научив да се сакам и да се почитувам. Научив да се опуштам и да бидам онаа која што сум без разлика на притисоците. Не се пронајдов се' уште целосно, но на добар пат сум. Си продолжив со факултетот со многу повеќе сила и енергија и еден куп ентузијазам. Почнав да исполнувам многу од моите цели и да работам на себе. Оние кои ме сакаа, продолжија да ме сакаат, но многу и си заминаа од мојот живот. И благодарна сум за нивното заминување. Ме направија посилна и похрабра. И посреќна. А најмногу сум благодарна на новите личности кои ми влегоа во животот. Баш вчера имавме прекрасна дружба со две феминки кои ми станаа блиски сосема случајно. Никогаш не очекував дека ќе запознаам лично, а уште помалку дека ќе се дружам редовно. Благодарение на форумов запознав навистина прекрасни девојки.
Па видете, ние што имаме родено по две - три деца, а пред тоа сме студирале и имаме диплома па и со макотрпно заработен висок просек без да следиме "шема" на студентски забави и такви ми ти нешта, студиравме само со цел во прашалниците кои ги пополнуваа сестрите во претпородилната соба кога раѓавме во полето за образование да ни го штиклираат 'високо', не за друго, особено никако за да работиме негде, па не сме луди, чим три деца ни биле приоритет во животот, пфф, каква работа..
Жал ми е за новите генерации заглавени во технологијата,заглавени во мобилните телефони.Немаат дружба надвор,све им е врзано преку,вибери,месанџери,инстаграм и уште еден тон виртуелни апликации.Како може да не ви е здосадено бе од тоа телефоните?како може да не сакате да имате дружба на улиците? Дали јас сум од таа стара генерација што израсна на бетон,и со еден тон модрици на телото од секакви детцки игри,па сеа све мислам дека на новава генерација им фалат овие работи.
Колку една "обична" порака може да ти го разубави денот. Нормално, ако е од специјална личност. Имајте убав ден и сакајте. Зашто се` друго е помалку важно.
@ЕденЧлен и по умот им се познава колку технологијава ги кочи. Во контекст на муабетов, ќе кажам нешто што веќе подолго време го мислам. Не сте богати со многуте пријатели кои во прва прилика би ви забоделе нож во грб, туку со оние двајца, тројца кои се секогаш тука за вас. Имаше една слика, но не можам да ја најдам. Човек со 20 пријатели умира и на погреб му доаѓаат двајца само. Човек со тројца пријатели умира и на погреб му доаѓаат тројцата. Потесен круг на пријатели гарантира поквалитетен и посреќен живот, а пред се ВЕРНОСТ!
Секој има проблеми. Не зборувајте секому за своите проблеми. Зошто ? Бидејќи на 80% од луѓето не им е гајле, а останатите 20% им е драго што имате проблем
Рефке, ова твоево денес на своја кожа го осетив, ама обратно, за среќа. На 80 посто им е криво, а на 20 не им е гајле. Не дека имаш потреба од тоа, и без тоа или си среќен или си во проблеми, само им ја гледаш мизеријата. А после истите ќе ти речат кога си несреќен уз лажен смешак - ах колку сакам да се радуваш, кога си ти среќна и јас сум. Ташак мој. Ама ако... Ако тргнува едно по нагорна линија, верувам дека се по него ќе тргне. Ко со три лоши рака под рака, така три добри.